Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

mdeni

senior
24 септември 2012
6.086
6.019
Не треба 5kw.
И 100kw клима да ставиш ако ја ставиш на слаб вентилатор нема да греее.

Климата грее со проток на воздух. Ако нема проток не грее.

Џабе е се друго.
 
ante1

read-only
11 јануари 2017
49
100
Не треба 5kw.
И 100kw клима да ставиш ако ја ставиш на слаб вентилатор нема да греее.

Климата грее со проток на воздух. Ако нема проток не грее.

Џабе е се друго.
Посебно во простор од 44м2...каде има должина преку 10м ако се земе целиот простор...Мислам на протокот се разбира, дува најжешко во прва и втора но не доволно да се дистрибуира топлината...Минимум 3та брзина за тој простор, кога не сте во просторот ноќе стави ја во черврта и види изутрината..Ауто како што кажав дува силно на почеток потоа намалува..
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.086
6.019
Најстрашно е што може некој озбилно да прочита и да рече стварно требало 5.5kw клима. Па ќе ја пушти на втор вентилатор.

Па на форуми ќе му речат 7kw дека требал да земе. А уствари она не дувала.

Па некој 7kw ќе земе клима на минимум ќе ја пушта. Внатре мраз. Ќе троши ко улава од што неможе да модулира сиротата.

И после муабети "дрво си е дрво". Запали си букичка рак на плуќичка.

А се што требало е 3.5kw на последен или претпоследен вентилатор. И тоа најефтина некоја од 35-40000 денари. Смешка од простор хансолот на прст ќе го сврти ако заврти на 2000w компресорот. Ама зошто е на слаб вентилатор не ни крева над 700-800w кај него.

Просто е. LOMO ECO 09 ќе загрее таму на најсилен вентилатор. И нема да се мачи на ова време, не само што ќе згрее.
 
moni moni

read-only
27 септември 2017
33
27
Да дадам апдејт за грее ломо лцлх 3,5
греам 45-50квадрати цел стан ,низ цел стан е 25степени преку ден ,навечер спуштам на 21 и не се уклучува воопшто Таа темература од 25степени дома ја постига како од шала на овие темп сега што се
Сега уште некој ден ке стигне сметка со струја па ке знам и колку има потрошувачка
 
Beelzebub

read-only
10 јули 2017
25
12
Околу проблемот со непостигнување темпертура кај Хансолот, конечно видов 24,25,26с, на 27с више не можев да поднесам ја смалив на 23с. Е сега, колку тоа може да го забележам за успех кај Хансолот на надворешниве 5-8с преку ноќ и 6-10 денска температура - воопшто. Сепак, покажа дека оди и над 22-23, само не на минусни температури. За сега нека пирка 22-23. Од викендов па натаму се прогнозираат пониски температури па ќе имам померодавни услови за да ја тестирам како ќе се покаже на минус.

Околу сетингот, сега на топлово надвор ја постига зададената и понатаму и со ајфил (на минус не можеше) и без него и тоа на среден вентилатор очигледно нема потреба од силување на времево пошто е топло.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.086
6.019
Силување за една клима е да работи на слаб вентилатор.

Кога е вентилаторот до крај климата е најрастеретена и најефикасна.
 
sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Околу проблемот со непостигнување темпертура кај Хансолот, конечно видов 24,25,26с, на 27с више не можев да поднесам ја смалив на 23с. Е сега, колку тоа може да го забележам за успех кај Хансолот на надворешниве 5-8с преку ноќ и 6-10 денска температура - воопшто. Сепак, покажа дека оди и над 22-23, само не на минусни температури. За сега нека пирка 22-23. Од викендов па натаму се прогнозираат пониски температури па ќе имам померодавни услови за да ја тестирам како ќе се покаже на минус.

Околу сетингот, сега на топлово надвор ја постига зададената и понатаму и со ајфил (на минус не можеше) и без него и тоа на среден вентилатор очигледно нема потреба од силување на времево пошто е топло.
Некако не ми се поклопува матемаиката, на -15 треба да качуваш на 25-26 без проблем со тој модел, ке троши повеќе ама ке испорача топлина.

Мој совет додека си играш прва-втора брзина и намали покачи Т, прекршената цевка знае да намали проток и да е голем проблем, се има случено ова, па ако сумјаш во такво нешто не е грешка да се провери истото.
 
Нема уште таков студ за да пробам со појак издув па да констатирам. Иако лаички речено со ајфил и аутофан би требало да го подеси издувот и да затоплува над 22-23 за 8 часа на +/-0 надвор. Ама не сакам ништо да претпоставувам додека не ја пробам и варијантата да ја пуштам без ајфил на 28 со јак издув цела вечер 8 часа кога е поладно надвор, сабајлето ќе покаже. Ако пак не крева температура ќе се бара грешката во монтажата или во климата.

Како вичен за ова, како се проверува дали е прекршена бакарната цевка? Местото каде што единствено може да е прекршена е сосема непристапно за дофат и ревизија. Дали ќе треба целосно да се демонтира цевката меѓу внатрешна/надворешна единица или постои и друг начин да се констатира преку издув или некако поинаку...?
 
SuperMitre

read-only
27 септември 2017
39
61
Скопје
@Beelzebub мислам дека не разбра добро што ти препорачуваат, пушти ја преку ден (сега во моментот) да работи на најсилно фанот и на поголема температура 26-27 па и повеќе за да провериш дали работи климата како што треба. Ако во просторијата за некое нормално време се качи температурата, тогаш малку намали за да одржува температура по желба. Ако и понатаму не ја качува температурата во просторијата тогаш има некој проблем. Мислам дека нема потреба да ја пушташ цела ноќ со 28 за да откриеш дали е во ред или не. И плус, батали го Ifeel сега додека пробуваш со јак фан и спушти ја перката во најдолна позиција за да дува долу да го загрева ладниот воздух.
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Прво како информација, во СЕТЕК клими на попуст (сеуште на нивната страна) Ariston Haier, Panasonic... убави цени! тоа како добра, а лошата е што денес велат последен ден од роденденски цени и врие кај нив...
Второ, си купив Хаиер Тундра AS12TA2HRA/1U12BE8ERA
3,5ка на попуст за 22,500 Ден (па јбг во клими.мк 26,000е во енергија исто толку) вака монтажата ќе ми испадне фри ....но може и многу да ме чини! За монтажа ми дадоа 3-4 опции (кооперанти на СЕТЕК) би замолил за инфо ако некој чул дали некој од овие е поквалитетен од друг, бидејки ми дадоа цена од 3,200 -3,500 за монтажа како препорака мислам ...
1, Фригосовски 2,Климонт 3 4 5 Дац, Аце, Љубе (физички лица!?)...
не се уопште про овие од СЕТЕК, ама ај чоек да не е негативен ама ти дава само фискална и ливче со список на 3-4 монтери ... или да не го тупам толку да го зеам најскапиот, бидејки монтажата ми испаѓа фри! Ама дали па и тоа значи добра монтажа!?
Петка-глава вртам.... сепак викендов ако некој сугерира ... ќе бидам благодарен. :)
 
Beelzebub

read-only
10 јули 2017
25
12
Петка-глава вртам.... сепак викендов ако некој сугерира ... ќе бидам благодарен. :)

Честито, добро да те служи, супер цена.

Не знам никој од овие да ти препорачам.
Ама топло ќе ти препорачам дека монтажата ти е 50% од климата и да си избереш добар и проверен монтер, не гледај 300ден. рзлика, неа ќе ја преисплатиш на долг рок ако е квалитетна монтажата. Послушај паталец. И најскапиот материјал во погрешни раце е џабе фрлени пари.

Сподели искуство за Хаерот, ќе биде од значење, многу се зборува а малце се знае.
 
Фала ти, да се враќа со убаво!
Неее за цената на монтажа реков дека не значат ништо тие 300 Денари, свесен сум дека е многу битна монтажата но како се непрофесионални во СЕТЕК, некогаш може да значи кај нив и поскапо а понеквалитетно! Јас би прифатил да биде и поскапа но да стои позади монтажата фирма, а не вака како што ми даваат броеви и имиња на монтери...Дац Аце Љубе што верувам на малкумина им значат! На пример GREE во тој поглед се повеќе професионални, мислам дека и клими.мк се нивни дистрибутер и стојат зад монтажата... меѓутоа ај белки ќе се погоди.... со петка-глава! :) Прашав еден од монтерите... вакумирале, бакарни цевки, изолација на истите .... тоа е, како и сѐ денес “како се погоде“
 
zlatko.

hello world
24 јуни 2008
81
30
Убава цена за Тундра AS12TA2HRA/1U12BE8ERA, штета што нема повеќе, @Antropos добро нека те служи, во иднина пиши нешто ако можеш, нека има повеќе кориснички искуства за овај модел.
Доста интересна тема, советите од поедини членови ме натераа да размислам за поставување на додатна изолација на таван и на изолација и на ѕидови, пошто имам преголеми загуби во оваа стара градба - полна цигла.
Споредувајќи ги изолациските материјали и нивната улога за заштеда при загревање и ладење, со поставување и те како можеме да ги намалиме трошоците за истите. Кај мене при поставувањето на пвц дограма и на 10 см камена волна на таван се осети разлика во неколку степени но имам се уште загуби и треба уште повеќе . Се одлучив за плус додатни 10 см (сега вкупно 20 см) се надевам дека ќе ги намалам губитоците .
Не е лошо да се постават информации за пресметка за губитоци и сл. пошто вака, грубо, дефинирање кој клима уред, со колкава јачина и за кој простор е НЕиздржан. Значи зависи од многу параметри и за секого 20 м2 поединачно варира, не може да биде за секого исто. Како што реков јас имам преголеми губитоци со полна цигла, со ПВЦ без изолација на ѕидови. Мој пријател постави ПВЦ дограма и изолираше исто ѕидови со 10 см стиропор и 20 см таван, сега има многу подобрување од предходно, имавме слични параметри на губитоци, сега каде каде е подобрено кај него со изолацијата на ѕидовите. Со поставувањето на Вивакс Аефи 2.5 за 20 квадрти прошлото зимо на тие минус температури помина без проблем. Задоволен со потрошувачката-тогаш на тие минус Т-18 сметката околу 2500-2700 ден. просек за 3 мес.
Значи велам дека изолацијата е нај битен фактор за економичност. Овој параметар е за него и важи само за него, и не мора да значи дека јас или некој друг би поминал исто така . Мој заклучок е дека не може да се дава совет без да се види просторот од страна на монтер или стучно лице . Оние груби информации, ПРЕПОРАЧАНА ПОВРШИНА: 25 м2 35 м2, за 40м2 , декларисани на продажните етикети од страна на продавачите и производителите се релативни и за секого не важат. Секое купување на клима уред од ракав без проверка од страна на стручно лице или монтер е ризично, затоа што купувањето на клима уред што не е соодветно избран за просторот нема да ги задоволува, нарочито, потребите за греење за тој простор, или нема да грее или е пре-димензиониран уред кој ќе исклучува и нема да биде економичен.
Тука на оваа тема може да се постават многу информации за пресметка за помош при правилно димензионирање за потребите за загревање или ладење. Давајте такви информации што повеќе и подетално, исто така и корисничките искуства се добредојдени за помош при изборот. Како и да е почнете со размислување за изолација на вашиот простор ако сакате да се греете и ладите НАЈ-ЕКОНОМИЧНО

Одлични информации е-книга ТЕРМОИЗОЛАЦИОНИ МАТЕРИЈАЛИ
Код:
http://www.tfb.uklo.edu.mk/app/webroot/uploads/obuki/materijali/%D0%A2%D0%95%D0%A0%D0%9C%D0%9E%D0%98%D0%97%D0%9E%D0%9B%D0%90%D0%A6%D0%98%D0%9E%D0%9D%D0%98%20%D0%9C%D0%90%D0%A2%D0%95%D0%A0%D0%98%D0%88%D0%90%D0%9B%D0%98_%D0%95%D0%9A-4
 
goran_bitola

read-only
6 јули 2013
14
5
Bitola
Gree Hansol -30 Не е пуштена повеќе од месец дена пошто не сум вселен во станот уште , цел ми беше тест на мерачот и разнобројни коментари како неккои неможат да се стоплат и поплаки од млак воздух на издув оа да сподрлам искуство понатаму се детално околу неа ,внатрешна тем. беше 14.5 степени и ја активирав ауто фан и на 21 и за 3мин почна млако не ладно а за помалку од 10мин мерам 56степени издув и крева нагоре до 62 , тоа е за мене одлично
 
Атачменти

  • IMG_20171216_144333.jpg
    IMG_20171216_144333.jpg
    2,3 MB · Прегледи: 50
  • IMG_20171216_143952.jpg
    IMG_20171216_143952.jpg
    2 MB · Прегледи: 51
  • IMG_20171216_143528.jpg
    IMG_20171216_143528.jpg
    2 MB · Прегледи: 52

maci

poweruser
2 април 2008
3.388
975
Денес ја расклопив мојата ЛГ,па да споделам слики.ја отворив да видам дали има изолација на компресорот.
Муабетите грејач на компресор или ладен старт се небитни и се маркетинг трач муабети.
Единствено има логика грејач на долниот дел на надворешната.
Сакам да кажам не паѓајте на муабети дека ако има грејачи е појка,нема врска.
Ладен старт е уште една лага.
Фреонот на собна температура си е бајаги минус(-50 тропам,ако не и повеќе)и компресорот е предвиден за таков начин на работа.

9fa6d98966baabec97ab6060b8246107.jpg
1e5607087101717f3435b8b4491d604e.jpg
9c27a1a10aa424acd9880f9677b1a11b.jpg
4b194471e22ad30d619ee8e1bddb7ded.jpg
3158e111e544d6671d8389cdeef53f9f.jpg
a4dfcdca7cf3d54ae47736bf3b151d8b.jpg
82979471ad725035f0f2bef7fece1f4e.jpg
8c3a23a5340f92539b7f24995500fce0.jpg

Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
 
vito02

read-only
16 декември 2017
1
0
Здраво, зедов Haier 3.5 kw од сетек и имам дилеми околу моделот. Климата што ми ја доставиа не е иста со климата шо е на сликата на страната од Сетек. И на интернет од тоа што можам да видам, не е истиот модел па сега имам дилеми и дали воопшто е тој модел AS12TA2HRA/1U12BE8ERA Ќе може ли некој да стави тука слика од климата?
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.388
975
Која е оваа ЛГ и колку пари?
Z12EM.NSH
22к,ама од кај јужниот сосед :)
Гледам и овде ја имаше во нептун,незнам дали е иста т.е двореден изменувач и 970гр фреон.
Кај другите 3.5 приметувам имаат околу 800гр фреон.
Дали од шемата се гледа дали е со капилара или ЕЕВ?
18810240b4ff92c6acb103778a64bbe3.jpg
0b3bd6e3bca56f706e63cd2c7bda0036.jpg
 
alkibijad01

hello world
8 октомври 2016
365
403
Z12EM.NSH
22к,ама од кај јужниот сосед :)
Гледам и овде ја имаше во нептун,незнам дали е иста т.е двореден изменувач и 970гр фреон.
Кај другите 3.5 приметувам имаат околу 800гр фреон.
Дали од шемата се гледа дали е со капилара или ЕЕВ?
18810240b4ff92c6acb103778a64bbe3.jpg
0b3bd6e3bca56f706e63cd2c7bda0036.jpg
Горе десно на шемата се гледа EEV.

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk
 
  • ми се допаѓа
Реакции: maci

mdeni

senior
24 септември 2012
6.086
6.019
Која е некоја многу ефтина клима со најниска модулација?

За загревање влез. Зимно време да е ставена на 18ц да грее, а летно време на 30ц да лади.

Некоја 09 што модулира под 100w има? Ќе работи на минимум 90% од времето. Од овие ефтиниве вивакси, грее, хаиер, маиер.
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.388
975
Мислам дека модулација од 100 вати нема од ефтиниве клими

Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
 
alexandar11

hello world
11 јануари 2010
463
210
Здраво, зедов Haier 3.5 kw од сетек и имам дилеми околу моделот. Климата што ми ја доставиа не е иста со климата шо е на сликата на страната од Сетек. И на интернет од тоа што можам да видам, не е истиот модел па сега имам дилеми и дали воопшто е тој модел AS12TA2HRA/1U12BE8ERA Ќе може ли некој да стави тука слика од климата?
Со која слика од страната на Сетек? Стави слика и од климата што ти ја доставиле.
 
DJAMBAZ

hello world
15 февруари 2011
191
145
Прво како информација, во СЕТЕК клими на попуст (сеуште на нивната страна) Ariston Haier, Panasonic... убави цени! тоа како добра, а лошата е што денес велат последен ден од роденденски цени и врие кај нив...
Второ, си купив Хаиер Тундра AS12TA2HRA/1U12BE8ERA
3,5ка на попуст за 22,500 Ден (па јбг во клими.мк 26,000е во енергија исто толку) вака монтажата ќе ми испадне фри ....но може и многу да ме чини! За монтажа ми дадоа 3-4 опции (кооперанти на СЕТЕК) би замолил за инфо ако некој чул дали некој од овие е поквалитетен од друг, бидејки ми дадоа цена од 3,200 -3,500 за монтажа како препорака мислам ...
1, Фригосовски 2,Климонт 3 4 5 Дац, Аце, Љубе (физички лица!?)...
не се уопште про овие од СЕТЕК, ама ај чоек да не е негативен ама ти дава само фискална и ливче со список на 3-4 монтери ... или да не го тупам толку да го зеам најскапиот, бидејки монтажата ми испаѓа фри! Ама дали па и тоа значи добра монтажа!?
Петка-глава вртам.... сепак викендов ако некој сугерира ... ќе бидам благодарен. :)
Дац сум јас и сум последен на листата како најскап бидејки ставам 3м цевка.
 
Последни теми

Офтопик

Последни огласи

ит маркет

На врв