Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Жалби од Повик за модератори 2019

Статус
Затворена за нови мислења.

Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Некој изгледа со сила ќе го прави MPix модератор. :innocent: Падна на тестот регуларноста на изборот.
Откако Mpix падна на трето место, во рок од 15-20 мин доби 4 гласа, а последните 2 дена ниту еден, анкетата беше мртва(барем што се однесува на првите 3 места). Некој будно следеше да не се промени редоследот, па откако се промена, веднаш реагираше, да речам - се разоктри :) Чисто да остане ова запишано тука да се знае како се избира администрација, на сила. :geek:
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.786
33.903
roka.mk
Ај те молам, вакви моабети нема да толерирам и тоа може да те кошта дискфалификација 12-тина часа преде крај.
Јас будно ја следам темата и одговорно тврдам дека исто толку гласа доби и ти. Ни ти немаше нитуе еден глас последните денови и M.pix прд тебе со неколку гласа, доби ти гласови доби и он. Како што ги доби ти овие гласови (вероватно договрени пошто и тебе ти беа од еднаш сите), така и останатите. И те молам, се знаеме немој вакви испади... уште помалце прст да вперуваш во админинстрација.

Благодарам.

П.С сите нови членови кои ќе се регистрирааат од овој момент, ќе бидат одобрени дури утре после завршувањето на гласањето т.е после 08:40
 

Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Ај те молам, вакви моабети нема да толерирам и тоа може да те кошта дискфалификација 12-тина часа преде крај.
Јас будно ја следам темата и одговорно тврдам дека исто толку гласа доби и ти. Ни ти немаше нитуе еден глас последните денови и M.pix прд тебе со неколку гласа, доби ти гласови доби и он. Како што ги доби ти овие гласови (вероватно договрени пошто и тебе ти беа од еднаш сите), така и останатите. И те молам, се знаеме немој вакви испади... уште помалце прст да вперуваш во админинстрација.

Благодарам.
Мене ми е битно само дека ја разоткрив шемата. :)
Точно е дека замолив неколку пријатели да гласаат за мене. Само 4! :) Доволно за да предизвикам итна реакција. Да речам симулирав промена. Но, тоа не беше со цел да добијам модераторски статус. Туку да го разоткријам вашиот план. Твој или на некој друг, не знам чиј. Не велам дека е твој. Целта е да не бидам јас модератор, нема да ви играм како ќе свирните. Секако ќе го одбиев тој статус, имам премногу обврски( за оние кои не знаат да читаат меѓу редови - ми се изгуби желбата да модерирам форум полн со хејтери на кои им е побитно некој да им прогледува низ прсти. Точно е дека имам премногу обврски, но факт е дека главната причина е во тоа што објаснив тука и во следниот коментар). Но, непоштеноста излезе на виделина благодарејќи на мојот "зафат".
Дискфалификувај ме те молам, ама коментарите нека седат. Нема ништо против правилата. :) Мислев дека постои искрена обострана почит.
 
Последна промена:

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.786
33.903
roka.mk
Можеби и некој друг замолил да гласаат за него... што не е јасно?
Успат поздрави ги @pirateMan и @Joshua и кажи им нека се вклучат активно во темите не само кога треба да гласаат за тебе.
Не очекував вакво нешто од тебе.

Коментарите ќе ти стојат нема да ти ги бришам. Само имав повисоко мислење за тебе... а за некој сериозен кандидат за модератор ова е недопусливо, само да знаеш дека ова што ме обвини ти е најлошото нешто што си го направил. Очекувам јавно да ми се извиниш.
 

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.961
6.054
Skopje
Мене ми е битно само дека ја разоткрив шемата. :)
Точно е дека замолив неколку пријатели да гласаат за мене. Само 4! :) Доволно за да предизвикам итна реакција. Да речам симулирав промена. Но, тоа не беше со цел да добијам модераторски статус. Туку да го разоткријам вашиот план. Твој или на некој друг, не знам чиј. Не велам дека е твој. Целта е да не бидам јас модератор, нема да ви играм како ќе свирните. Секако ќе го одбиев тој статус, имам премногу обврски. Но, непоштеноста излезе на виделина благодарејќи на мојот "зафат".
Дискфалификувај ме те молам, ама коментарите нека седат. Нема ништо против правилата. :) Мислев дека постои искрена обострана почит.

Мислам дека не е О.К. да се повлечеш. Можам да го разберам твојот став, и секако да го испочитувам бидејќи доаѓа од сериозен член на форумов, но што со другите (истотака посериозни) членови што сме го дале својот глас за тебе, т.е. те испочитувале и сметале дека треба да бидеш еден од модераторите?

Едит: веќе те симнале...
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.069
14.167
Секако ќе го одбиев тој статус, имам премногу обврски.

Јас сум тотално разочаран од настапов. Пред се заради тоа што многу членови го дадовме гласот за тебе. А ти немаш време. Ова е навистина многу несериозно.

А ако не се лажам ти беше меѓу првите три односно двајца што ќе влезат или трет со можност во нареден период.
 
28 јануари 2017
2.056
4.717
Ресен
Секако ќе го одбиев? Зошто би се пријавил тогаш, не ми е јасно? Јас гласав за тебе и испадна за џабе, потполно се сложувам со @gokica.

Самата постапка шо ја кажа за гласањето од негова страна (и другарите) поради било која причина влева недоверба, и да не побараше да го тргнат од потенцијален модератор, не вервам дека ќе добиеше.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.786
33.903
roka.mk
Јас ви се извинувам на сите што гласале за него, во негово име. Пропустот е наш бидејќи сметавме дека треба да му дадеме шанса , сметајќи дека е коректен и покрај тоа што му е дупли акаунт, и покрај тоа што има и предупредувања... ајде пресеков и реков ќе го ставиме дека си го мери со останатите....

Али очигледно луѓето не се менуваат колку и да мислим дека смениле....за жал.
 

HardCorec

poweruser
4 ноември 2013
3.599
5.545
dominion.mk
HardCorec's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 12400F
Motherboard
Asus B85 Pro Gamer
Storage
SSD Kingston 2TB
PSU
Cooler Master B500
RAM
HyperX Beast 4x16gb
Video card
GTX 1660 Super
Case
Cooler Master HAF
Mouse
Asus Echelon
Keyboard
Cooler Master Storm
Monitor
Philips 276E
OS
Windows 10 Pro 64bit
Ми отиде гласот во неповрат... ц.ц.ц.ц
 

Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
За сите кои гласаа за мене - ви благодарам за довербата.
Вината за моето откажување барајте ја во моменталната администрација која се погрижи да го намести изборот. Јас ви приложив доказ.
Искрено - не ни сакам да бидам модератор на форум на кој не владее објективноста ниту има некакви принципи. Ова што се случи денес е срам. Ама ретко кој го има. Гледате и сами се гласаат членови кои немаат никаква активност. Бројот на мислења, допаѓања и поени се ирелевантни. Секој гледа низ призмата на сопствениот интерес и гласа за ликови кои се или отсутни или недефинирани. Не сакаат личности со интегритет и кои во даден момент ќе санкционираат без пристрасност. Самото тоа што јавно си кажуваат за кој гласале, појава која во школо се нарекуваше - лижење, е смешна во најмала рака. Ама тоа е тоа, да знаеше овој народ да избира... :)
Останете поздравени и се гледаме ;)
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.493
Скопје
Џанки е стара гарда и би требало да си ја врши работата ко шо треба.
Шифти е топ океј смирен момак, го знам у живо, кој ако биде изберен се надевам ќе биде поактивен во темите и ќе заборави на огласи.
Костиган најмалку ми се свиѓа од кандидативе ама доследен е во ставови и би требало да си ја врши океј работата.
Пулс е топ супер момак помага кај ќе стигне не се експонира многу, овде иде мојот прв глас.
Корун е најјокеј лик и од Кајгана го знам одамна и секогаш сум имал исти ставови така да овде оди мојот втор глас.
Тупакан е топ типче, еднаш го видов, би бил океј за модератор и тука оди мојот трет глас.
Стеф маја е океј лик но некако не ми е доволно активен али секако би бил ок за модератор.
М пикс исто како стеф треба да биде поактивен (ете го вајкинг се прашуе кој е), го знам у живо и е супер момак, доследен, би требало да биде добар модератор.

Стварно се добри кандидативе јеботе.
И морам да признаам дека муабетот „немаше да прифатам и онака имам обврски“ е НАЈЈАК.
Пошо ти не се пријави сам, те предложија.
Пошо немаше обврски пред да се пријавиш, а животот како живот спонтан, никогаш не знаеме кога ќе излезе обврска од хартивчето што ќе го отвориме од чоколадната бонбониера.
Вината за моето откажување барајте ја во моменталната администрација која се погрижи да го намести изборот.
Јас вината ја наоѓам во обврските.
 
Последна промена:

Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Ај приложи го уште еднаш бидјќи никој нигде не виде доказ.
Објави ја листата со кој кога гласал и нека видат сите. Со време и никнејм.
Со тоа што не знам кој ќе верува дека и таа листа нема да биде фабрикувана после ваков испад со рачно додадени гласови или гласови од ваши акаунти, веднаш откако тој кој требаше да биде втор падна на трето место.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.493
Скопје
рачно додадени гласови или гласови од ваши акаунти
Друже што тресеш бе жити се, ова навистина се сериозни (и бесмислени) обвинувања за кои скоро невозможно е да имаш доказ.
Го разбирам Фаталити колку е повреден од зборовиве.
Јас би те банирал.
 
28 јануари 2017
2.056
4.717
Ресен
Никогаш се немаме “сретнато“ во темиве али бидејќи го пратам цел форум одкако се зачленив и не ја знам пред тоа историјата, одлучив да гласам за тебе бидејќи ми изгледаше како што кажа @Avid доследен во ставовите.
Не сум прозван нити треба да се мешам ама кога ќе се сетам заебан, ми се јади малце бурек.

За сите кои гласаа за мене - ви благодарам за довербата.
Пу пу не важи.
Вината за моето откажување барајте ја во моменталната администрација која се погрижи да го намести изборот.
Ова паѓа во вода со тоа што кажа дека си немал време а си се пријавил, double damage. Зошто би имало гласање ако веќе однапред се знаеле кои 2ца треба да се модератори, можеше да се гласа само за 1.
Не сакаат личности со интегритет
Убав пример за интегритет ни даде, аферим.
 
Последна промена:

toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
За сите кои гласаа за мене - ви благодарам за довербата.
Вината за моето откажување барајте ја во моменталната администрација која се погрижи да го намести изборот. Јас ви приложив доказ.
Искрено - не ни сакам да бидам модератор на форум на кој не владее објективноста ниту има некакви принципи. Ова што се случи денес е срам. Ама ретко кој го има. Гледате и сами се гласаат членови кои немаат никаква активност. Бројот на мислења, допаѓања и поени се ирелевантни. Секој гледа низ призмата на сопствениот интерес и гласа за ликови кои се или отсутни или недефинирани. Не сакаат личности со интегритет и кои во даден момент ќе санкционираат без пристрасност. Самото тоа што јавно си кажуваат за кој гласале, појава која во школо се нарекуваше - лижење, е смешна во најмала рака. Ама тоа е тоа, да знаеше овој народ да избира... :)
Останете поздравени и се гледаме ;)
Упорно си се запнал за народот, а зборуваш за објективност и непристрасност. Не сфаќам зошто упорно квалификуваш и генералзираш. Конрадикторен си со ставовите. Свесен си дека штотуку им плукна во лице на сите оние ~70 члена шо гласале за тебе и упорно тераш приказна дека администрацијата имала нешто против тебе. Спомна нешто докази, а не ги видов никаде? Теоријата за „полнење“ гласови беше доказот? Нешто Fatal1ty ко да рече за тебе, а ти потврди. Шо знам...

Што има врска кој колку е активен и што впрочем за тебе е појдовна точка за активност? Мислења секој ден на рандом теми што во најмала рака се на маргините помеѓу корисно и „уз-муабет“? По што ја измери активноста на компетицијата и која е таа призма-бенефит за станување модератор?

Сега барем сфаќам зошто не ми даваше одговор на дозина цитати што во неколку наврати ги споделив. Си немал време.
 
7 февруари 2013
948
1.086
@Costigan_Jr Јас гласав за само еден член, невидов во моментот дека може за повеќе, можеби ќе ти помогнев со глас. Ама и да небеше модератор сега ти, сигурен сум дека ќе имаше дефицит на модератори и Калчо ќе те ставел тебе како трет, или барем ќе беше ферски поради тесниот број на гласови ако некој овдека се побунеше или побараше.
Вака сам што се одкажуваш поради немање време е .... #nocomment
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Можда си има молено да гласаат за него, можда имало налив на гласови се може.

И јас гласав за @Costigan_Jr да не биде овде дека бранам на слепо. Лично сметам дека М.Пикс не е уопште ни блиску доволно активен за да биде модератор ама нема да има штета од тоа само администрацијата ќе изгуби пошо ќе им треба активни модератори очигледно и ќе го стават и третиот сигурно побрзо.

Муабетов е претеризам у секој поглед и треба да се прекрати одма. Администрацијата можеше и без гласање да си избере модератори, си имаат право ама ете сакаа да дадат шанса. Нема потреба да се мести ништо лол.

Сеа јес да се имале испади на непотизам со тоа огласите и други ствари кои ги имаме потенцирано ама овде мислам дека едино шо може некој да мести е да моли за гласови и да добие... и тоа е валидно (едит: у смисла валиден начин да се победи).

Првиот коментар коа го прочитав ајде мислев револт малце, ама инсистирањето на местење и начинот на кој се напишани коментарите е стварно премногу. Мислам дека никој нема да замери ако се се прекрати тука.

Молам сите, да прекратиме вакви муабети до тука :)

Разберете го и Костиган, можда стварно сакал да го добие тоа второ место и наливот на гласови стварно му е неверојатен. Ама Костиган ако можам ја да верувам дека нема местенки а знаеш колку ја замарам за неправилности, се надевам и ти ќе оставиш простор за doubt и дека ќе прифатиш веројатност дека едноставно немало среќа овој пат :)

ЕДИТ/Дистракција: Има поинтересни работи ало!!! Синоќа сум стаил матична у замрзнувач 5 саати да седи еј (се осеќам некако гордо на ова и се ситам тука на форумот ама уште не сум ја пробал да не е цркната хахаха) ! Кај е галамата неверувањето и изјавите дека сум местел за тоа а??? КАЈ Е ДИСКУСИЈАТА? :D
 
Последна промена:

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.786
33.903
roka.mk
Објави ја листата со кој кога гласал и нека видат сите. Со време и никнејм.
Со тоа што не знам кој ќе верува дека и таа листа нема да биде фабрикувана после ваков испад со рачно додадени гласови или гласови од ваши акаунти, веднаш откако тој кој требаше да биде втор падна на трето место.
Пошто немаш искуство да ти објаснам:
xenForo секоја анкета ја зачувува во дури три табели во база.
Во првата ги зачувува сите генерални информации, како: наслов, одговори, кога да се затвори, дали да може да постави повеќе од еден глас, вкупен број на гласови во самата анкета и слично.
Во втората се запишуваат response, т.е кој член како поделил гласови ова се зачувува во BLOB фајл.
Во тратат се сите опции во една анкета посебно кој како ги поделил гласовите исто така во BLOB формат.
Сето тоа скрипта го калкулира за да може да ги распредели процентите (што стојат покрај гласот). За некој да додае еден глас на некој треба во исто време да направи измене во сите три табели, со што треба да се додаде ИД на корисник и корисничко име во BLOB фајлот и истиот да го реаплоадира. Дали ти стварно мислиш дека некој би го направил сето тоа само за да те порази тебе? АКо не сакав немаше ни да те ставам на листат, имам доказ за причината поради која немаше да бидеш во листата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно