Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

VGA to HDMI

Laze

hello world
4 декември 2008
233
1
Дали некој пробал да го поврзи компјутерот (VGA излез) со телевизор (HDMI влез), поточно со ваков кабел
hdmi-vga-lg.jpg
или мора да се поврзе преку конвертор ??
 

lynx

poweruser
4 септември 2008
3.722
3.574
Со ваков директно не верувам дека ќе ти работи, се работи за аналоген излез да дава слика на дигитален влез. Или ти треба некој активен конвертор или пак графичката да има функција да пушта дигитален сигнал преку аналогниот излез.

Ова ти е нешто слично со ситуацијата од VGA-to-SVideo со еден обичен кабел.
 

Steff_Maja

poweruser
30 мај 2010
4.174
1.710
Вака ако поврзуваш, слика никогаш нема да добиеш.
Ти требаат конвертори кои се прилично скапи, т.е. од 50е нагоре.
 

angjeleski

hello world
23 април 2007
202
11
Ова е како да мешаш бензин со дизел преку едно црево. Не бива ваквата конекција (иако од тоа што можам да видам од кинезите, не би ме чудело еден ден и вакво нешто да сретнам). Значи има конвертори како што кажа членот над мене кои се прилично скапи.
 

Laze

hello world
4 декември 2008
233
1
VGA to VGA неможам, затоа што немам VGA влез на телевизорот, a пак немам HDMI излез на компјутерот :), значи ќе си купам ковертор :)
 

uradi_sam

hello world
30 јануари 2009
179
110
Скопје
Пробано, по грешка земен кабел и се случува катастрофа нормално, некоја кафена или розева слика,
земи си конвертор :)
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.392
12.333
Скопје
androgaming.com
VGA to VGA неможам, затоа што немам VGA влез на телевизорот, a пак немам HDMI излез на компјутерот :), значи ќе си купам ковертор :)

Па добро што графичка имаш мајку му? TNT 2 M64? DVI излез имаш ли? Ако имаш DVI тогаш купи еден конвертор од DVI на HDMI а не од VGA.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Офтопик

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно