Ron26
poweruser
- 4 мај 2019
- 2.251
- 2.687
Науката е базирана на докази и претпоставки. Консензусот се базира на докази и заклучоци од научната фела, значи многу луѓе. А претпоставките служат за поставување на нови хипотези. Проблемот е што луѓето се неписмени и не знаат што е хипотеза, теорија, претпоставка, доказ, заклучок.
И не, не живееме во општество во кое се ВЕРУВА дека земјата била рамна. Живееме во општество во кое се знае, односно консензусот вели дека земјата е сфероид, докажано повторно и повторно и повторно.
А тоа дека има идиоти кои контра сите докази ќе блујат идиотштини онлајн е сосем точно, за тоа зборував погоре. И затоа сега имаш необразовани идиоти кои им веруваат на вториве, јер нели оние научницине се зли и јадат бебиња за појадок.
зошто тогаш хипотези и претпоставки се презентираат како закони пред народот? Не е тоа малце претерано? Според некои хипотези и претпоставки може све да се тврди. И сеа тие претпоставки му ги фрлаш на народот како докази и вистини.