Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Суплементи, исхрана, наука

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.512
31.981
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Нема прекумерна тежина.
6a624d5d89a1adaf99bd5ea3ed4fcb7a.jpg


Sent from my Mi Note 10 using Tapatalk

До суплементот не е, онда се работи за нешто друго од набројаните.
 

Mister

hello world
27 јануари 2012
165
101
Како го зима? Време во денот, дали со оброк, ако да тогаш каков оброк, детали...
Детали немам, у тоа време на паника не внимавав со каква храна ги пие. Зарем треба да се замараме толку за типот на храна со која се пие вит Д.

Сестра ми асимптоматски помина со многу ниско ниво на Вит Д исто. Под 20.
Сакам да кажам, можеби и нема толкава улога во борбата со ковид витаминот.
Некако паѓаат во вода теориите

Sent from my Mi Note 10 using Tapatalk
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.521
SK
Кои теории? :)


Зарем треба да се замараме толку за типот на храна со која се пие вит Д.
Па да.
Пошто ако твојата сопруга витамин Д не го зема со оброк, или ако не јаде оброк побогат со мрснотии (сирење, јајца, путер, авокадо, или нешто трето), тогаш витаминот Д нема да се абсорбира како што треба. Веројатно и на кутивчето пишува некоја препорака во оваа насока.
 

Mister

hello world
27 јануари 2012
165
101
Па нели затоа се и самите во маслино масло, за да се абсобрира полесно.
И да јадеше баш се и обилно

Sent from my Mi Note 10 using Tapatalk
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.521
SK
Комплексни работи се овие, од каде да знаеме што сѐ се случува со даден човечки организам. Во случајов, јас најмногу би типувал на ова што го реков (а не звучиш баш сигурен што и како се јадело и дали сигурно со оброк е земан витаминот Д). Или пак се работи за посериозна дефициенција со витамин Д па треба поголеми дози/периоди на суплементација.

Овде само дискутираме.
Како и секогаш, најдобро е да се консултира писмен доктор/нутриционист.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.467
11.538
Скопје
или ако не јаде оброк побогат со мрснотии (сирење, јајца, путер, авокадо, или нешто трето), тогаш витаминот Д нема да се абсорбира како што треба.
Е колку треба масти да има оброкот за да се абсорбира вит д?
 

Mister

hello world
27 јануари 2012
165
101
Тоа јасно, него како тие со сериозна дефициенција така лесно го проаѓаат вирусот?
То е друга тема веројатно

Sent from my Mi Note 10 using Tapatalk
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.521
SK
Тоа јасно, него како тие со сериозна дефициенција така лесно го проаѓаат вирусот?
То е друга тема веројатно
Повеќе фактори влијаат во исходот, иако за тој еден фактор (вит. Д) се знае дека е важен фактор... Како што велиш, тоа е цела една обемна (и друга) тема за дискусија.


Е колку треба масти да има оброкот за да се абсорбира вит д?
Не би знаел, не сум имал потреба да истражувам затоа што секако јадам доволно масти (посебно во доручекот).
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.467
11.538
Скопје
Не би знаел, не сум имал потреба да истражувам затоа што секако јадам доволно масти (посебно во доручекот).
А дали си истражувал колку витамин д ќе се абсорбира во организамот ако го изедеш со многу мал оброк, како 10 бадеми на пример, споредено со помасовен оброк од 600-700 калории во кој би биле вклучени и бадемите?
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.521
SK
Гледај, ако се обидувам понекогаш да помогнам некому (колку што можам, па макар да не е многу), тоа не значи дека имам желба да си го губам времето со твоите заглупувања... Но во ретроспектива, никој не ми е крив што ти реплицирав.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.467
11.538
Скопје
Гледај, ако се обидувам понекогаш да помогнам некому (колку што можам, па макар да не е многу), тоа не значи дека имам желба да си го губам времето со твоите заглупувања... Но во ретроспектива, никој не ми е крив што ти реплицирав.
Сериозно прашувам. Ако мислиш дека не е важно и е заглупувување ондак е тоа најголемата иронија што си ни ја приредил на форумов, некогаш (имајќи в обѕир за какви детаљи си се фаќал и за какви се не баналности си дискутирал).
 

Chicco69

lurker
21 април 2016
648
3.080
Жена ми беше позитивна, пиеше по 4-5к единици Д.
Денес правеше тест, после месец дена.
Д витаминот 22 а граница е од 25-100

Sent from my Mi Note 10 using Tapatalk
Слабо е тоа. Како што кажа и Локван, треба правилно да се зема (со мрсна храна, најдобро со главниот оброк). Може да има проблеми со апсорпција, (жолчка и панкреас, дигестивен тракт).

Пре/пробиотиците се исто така многу важни, а сега е баш сезона на природно ферментиран зеленчук. Кефирот е одличен од секој аспект (идеално домашен, да не биде пастеризиран или било како термички обработен).

Секако нека си продолжи со 5000 ИУ дневно и обавезно К2 МК-7. :)

Моментално сум на 5000 на ден, ама би скокнал и на 10000, со оглед на тоа шо периодов не можам да видам сонце преку ден.


Без направен тест, може е мудро да се држиш на постоечката доза, особено ако саплементираш неколку месеци во назад. Ако сепак решиш да одиш на 10000 ИУ, обавезно во комбинација со К2 МК-7 и внимавај да не претеруваш со многу калциум.
Десетина дена да направиш буст, па продолжи си со 5000ИУ. Сонце гледал или не, исто ти се фаќа. Д витамин од сонце се создава од крајот на април до почетокот на септември. ;)

Пожелно е да се зголеми и внесот на витамин А (природен ретинол од џигер, јајца, зголемен внес на бета каротени, моркови, тиква и сл.). По можност подалеку од витаминот Д (во друг оброк), затоа што се антагонисти.

А дали си истражувал колку витамин д ќе се абсорбира во организамот ако го изедеш со многу мал оброк, како 10 бадеми на пример, споредено со помасовен оброк од 600-700 калории во кој би биле вклучени и бадемите?
Тоа второто ти е посигурна опција. :)
10 бадеми со минорната количина на масти може да не направи тригер жолчката да испушти киселини, или пак панкреасот ензими. Постои ризик саплементите да ти завршат во вц шоља, наместо да се апсорбираат во тебе.

Од друга страна мрсен оброк или чаша јогурт/кефир ќе го активираат дигестивниот систем до максимум. Во краен случај земи само лажица маслиново масло или путер и пак лапни си ги бадемите. :)
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.521
SK
Сериозно прашувам.

Се фокусираш на небитни/погрешни моменти. Едноставано земај витамин Д со оброкот во кој јадеш најмногу масти и тоа е тоа. Нема потреба од комплицирање.

Инаку ја знаеш онаа со тролот детето кое викало волк?
Така и со тебе човек не може да знае кога се глупираш а кога ненамерно кажуваш глупости.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Avid

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.521
SK
Каде си видел дека обилен оброк намалува абсорпција на витамин Д?
Ако си нашол таква информација и јас би сакал да ја видам...
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.467
11.538
Скопје
Каде си видел дека обилен оброк намалува абсорпција на витамин Д?
Ако си нашол таква информација и јас би сакал да ја видам...
Колку што знам, за секои апови важи тоа, ама не знам конкретно и во која мера.
 

Mister

hello world
27 јануари 2012
165
101
Како е можно да немам антитела а дома жена ми беше пред месец дена позитивна.
Како може да не ме фатил вирусот. Сега проверив антитела и 0.0 igg.
Многу чудно

Sent from my Mi Note 10 using Tapatalk
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.908
5.628
10 бадеми со минорната количина на масти може да не направи тригер жолчката да испушти киселини, или пак панкреасот ензими. Постои ризик саплементите да ти завршат во вц шоља, наместо да се апсорбираат во тебе.
Во овој случај и добро е да е тригернато жолчното ќесе, кое преку повратна спрега ќе излачи токму колку треба жолчка, и ќе помогне во емулзификација на мастите, што е многу битно за абсорпција на липосолубиналните витамини, меѓу кои и Д. Но да со повеќе храна, има некои почетни недефинитивни студии дека е подобро. А во ВЦ шоља ќе завршат барем 50% од суплементите (нели затоа и се дозволуваат кај многу од нив дози од стотици и илјадници пати повисоки од потребите), така да тука нема спас многу, вц шољата е најсуплементиран орган :).
Колку што знам, за секои апови важи тоа, ама не знам конкретно и во која мера.
Да, секој медикамент па и суплементиве имаат препорачан начин на конзумирање. Во случајов со моменталните појдовни студии (не е дефинитивно ништо сеуште), се смета дека е најдобро да се зема со најобилниот оброк. Но, и така овде сѐ се суплементира во мегадози така да колку и што и да јадеш после извесно време ќе се постигне саканиот ефект. Нели, збориме за особи без некое генетско или метаболно пореметување во абсопција.
 

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.776
3.496
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Како е можно да немам антитела а дома жена ми беше пред месец дена позитивна.
Како може да не ме фатил вирусот. Сега проверив антитела и 0.0 igg.
Многу чудно

Sent from my Mi Note 10 using Tapatalk
Најчесто треба и ти да бидеш позитивен. Имам другар што нема доволно антитела а беше позитивен и го прележа со мали симптоми (вкус и мирис). Дури и пиеше сумамед "за секој случај" терапија што ја даваат.

И сега има шанси повторно да заболи.

Роднина мој (маж и жена) мажот позитивен, жената не, а заедно спиеја (како што кажуваа).

Вирусов е непредвидлив и буквално руски рулет се симптомите.


Испратено од Poco X3 NFC преку IT.mk форум апликација
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.782
15.881
youtu.be

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.521
SK
Најчесто треба и ти да бидеш позитивен. Имам другар што нема доволно антитела а беше позитивен и го прележа со мали симптоми (вкус и мирис). Дури и пиеше сумамед "за секој случај" терапија што ја даваат.

И сега има шанси повторно да заболи.
Роднина мој (маж и жена) мажот позитивен, жената не, а заедно спиеја (како што кажуваа).
Вирусов е непредвидлив и буквално руски рулет се симптомите.

Тие со спремен и здрав имун систем често не развиваат антитела.
Антителата се дел од секундариот одговор, од стекнатиот имун систем. Но кај тие што имаат здравје и имун систем во одлична состојба, кај нив примарниот дел - вродениот имун систем - се справува со вирусот пред неконтролирано да се размножи. Што е причината да не се развијат антитела.

Ова е и добро, и лошо. Јасно е зошто е добро, а лошо е што не е развиен имунитет. Утре може да се случи имунитетот привремено да опадне заради х причини (на пример, настинка, грип, или нешто трето), и тогаш кога истата индивидуа ќе дојде во контакт со SARS-COV-2, тогаш ќе се случи потешка болест.
 

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.776
3.496
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Исто така да се надоврзам на @Lokvan е тоа што матичните лекари не се замараат многу па одат по некој нивни “алгиритам“ на давање лекови, па така да многу луѓе што од симптоми имале 1 ден темепратура и цел период изгубен мирис и вкус, пиеле Сумамед што реално како еден од најјаките антибиотици се дава во најтешки ситуации. Ама многу луѓе мислат дека ако кренат темепратура дека е готово и се “дрогираат“ со лекови, а уствари во тој процес телото и организмот се бори со вирусот и најдобро е (колку се може) овој процес да се надгледува без некои јаки антибиотици, освен парацетамол, и секако РТГ снимка после 3-4 дена за да се види дали има некое воспаление на бели дробови (пневмонија на пример) и после овој период може да се оди со појаки лекарства.

Не сум испитал витамин Д тоа е добра работа да се испита (ама не ми се оди по лабаратории), инаку јас сум повеќе да се јаде овошје и зеленчук отколку суплементи, па така да минатиот месец бев на цитрон, јаболка и банани буквално секој ден. Си правев овошна салата. Плус дома имаме киви и добро дојде во исхраната.

Многу битно е да не претераме со витамини да не дојдеме до хипервитаминоза, од тоа што знам дупли и јаки дози се земаат само кога пациентот е позитивен, инаку во нормални случаеви да не се претерува.

Ова се накратко совети кои ги добивав од близок лекар и истите ги пренесувам.
 

Avid

senior
21 јануари 2009
6.467
11.538
Скопје
Не сум испитал витамин Д тоа е добра работа да се испита (ама не ми се оди по лабаратории), инаку јас сум повеќе да се јаде овошје и зеленчук отколку суплементи, па така да минатиот месец бев на цитрон, јаболка и банани буквално секој ден. Си правев овошна салата. Плус дома имаме киви и добро дојде во исхраната.
Јади овошје и зеленчук во големи количини и пак нема да внесешен дитамин Д доволно.
 

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.776
3.496
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Јади овошје и зеленчук во големи количини и пак нема да внесешен дитамин Д доволно.

Sorry доколку звучеше дека витамин Д се внесува преку овошје, не го мислев тоа, требаше точка да ставам после запирката. За витаминот Д мислев да се испита и да се користат суплементи за негово покачување доколку е потребно. Не е баш препорачливо да се пие на своја рака, ама со оглед на тоа што послабо сме на сонце, освен со некоја исхрана (месо) најдобро ќе биде и суплементи.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно