Chicco69
lurker
- 21 април 2016
- 648
- 3.080
Мене долгогодишен златен стандард ми е мултито од ЛЕФ (капсули, таблети) и на сите го препорачувам. Се рекламира како Two-Per-Day, а повеќе е всушност One-Per-Two-Days.Ми треба нешто мултивитамини/минерали, ако нема доволно во претходните може и + Б комплекс+аминокиселини и плус нешто Омега по можност од Крил потекло.
Сите компоненти се во квалитетни форми и да, делува концентрирано ако се земаат по две капсули/таблети дневно, но еднаш на два дена е сосема доволно (така и јас го користам). Постари лица што имаат намалена апсорпција, спортисти и сите што имаат зголемена потреба можат да саплементираат еднаш дневно, особено ако не внесуваат посебно одредени витамини и минерали.
Крил варијанти на Омега 3 не сум купувал, едно поради цените (многу се поскапи), друго имаат многу малку ЕПА/ДХА во себе.
Од 'класичните' омеги, мој фаворит е Омега 800 од ЦГН. Всушност според сертификатот повеќе е омега 950.
Нивни бренд е, што значи е шипинг сејвер, а доволно е лесен за да може да се комбинира со други производи. Германска технологија (KD-Pür® Concentrated Fish Oil Processed in Germany), триглицеридна форма, за мене секогаш е прв избор...
Од другите би можел да ги препорачам Jarrow (120/240 ком.), ЛЕФ, Natural Factors (има и помало пакување од 120 ком.), како и нивната конентрирана варијанта.
Омеги што имаат помалку од 600 мг ЕПА/ДХА не вреди ни да се погледнат. Такви генерички варијанти има и кај нас.
Јас лично не би саплементирал со витамин А, но Now и Natural Factors се бест бај во таа класа. Еднаш до 2х неделно е сосема доволно. Бета каротени од храна (два моркови дневно
Од витамин Д најчесто го купувам нивниот од ЦГН, затоа што е квалитетен, но и шипинг сејвер. Имаат и помало пакување. Now е исто топ избор од 5000ИУ, евентуално најпотентната варијанта, која може да се користи за убрзано зголемување на нивото на Д или пак да се зема на два или 3 дена за одржување (така е уште поисплатлив).
Јас сега земам 5000 и 6000ИУ дневно (5000 + 1000 од горе споменатото мулти од ЛЕФ секој втор ден).
Инаку витамините А и Д, заедно со К2 се во синергија и пожелно е заедно да се земаат (плус магнезиум), особено К2 (МК7) заедно со поголеми дози на Д. Летоска го отрив овој К2/МК-7 и топ е за парите. За жал во моментов го немаат на лагер. Често сум купувал и Супер К од ЛЕФ, но сепак мислам дека дозата на К1 е преголема за секојдневно саплементирање...
Моментално има едно трајалче од ЦГН за $2.00, за подигање на имунитетот (комбо од Ц, Д, селен и цинк) кое вреди да се земе ако имате место во корпата.

Concentrated Fish Oil Processed in Germany), триглицеридна форма, за мене секогаш е прв избор...