Kolku ti se fati carinata za mehanizmot ?Ај да споделам јас мое искуство, пошо пред некое време го гледав истото.
нашиве компании сите ми се видоа скапи, и си земав од Ikea.gr Bekant mechanism само, за 330 еур. На граница удрија еден печат за Tax Return, и во Скопје во менувачницата карши поранешно Горки (центар) - ми вратија некои си 40 еур назад (Global Planet или така нешто), значи 290еур не сметајки го трошокот до Солун и потенцијална царина на нашата граница.
Еве како изгледа само механизмот (и мојата импровизирана иверка)
Супер лесно за монтажа, за 10 мин готово, без потреба од додатен алат.
Пошто таблата/плотната беше поскапа во Икеа, а и немаше логика да ја носам у кола за Мк, имаш во Скопје фирми како Солопром, Новомак, Мегатехна кои ќе ти исечат и направат по мерка.
На тебе останува само да одбереш дебелина на иверката/медијапанот, дезен и боја (верувај дека ќе се изгубеш кога ќе видеш колку избор има).
За регуларна иверка колку што би ти било потребно за таа маса, 160х80 и 18мм стандардна дебелина иверка, пола табла + додатни услуги ќе ти чини од прилика 4000мкд.
Јас завршив у Мегатехна (позади Меркур, кај Алфи центар, у Автокоманда), и за второво биро со малце покомплексна шема на иверката и 25мм дебелина - ме чинеше околу 5500 мкд (плус си го искористив остатокот од таблата за полици на тераса.
Било каде и да идеш ќе седнеш со некој од вработените и на лице место им кажуваш што како ти е потребно и ти цртаат шема како ќе изгледа.
Значи да сумирам:
330еур - 40еур + 70еур = 360еур до завршен продукт и малце желба за DIY.
Кај е ова точно? Кај стара ванила негде или?во Скопје во менувачницата карши поранешно Горки (центар)
Не платив ништо царина за механизмот.Kolku ti se fati carinata za mehanizmot ?