Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Слободата на говорот во модерното информатичко општество

  • Ја почнал/а темата zlaki
  • Време на почнување
Z

zlaki

Гостин
малку да начнеме од она што значи слобода на говор,достапност на интернет како универзално право на сите,поседува ли владата право да превземе мерки кон одредени лица од социјалните мрежи и дали истите се кршат со правата и условите на самите мрежи,како е во другите земји со контролата над интернетот односно социјалните мрежи,дали искажување на било каков револт кон влада и политичари кои се од јавен вид се казниви за корисниците на социјалните мрежи..Ова колку да влеземе како увод на ова -https://www.24.mk/obvinitelstvoto-oformi-predmet-za-govorot-na-omraza-vo-vrska-so-pozharite-vo-grcija ../
Обвинителството оформи предмет за говорот на омраза во врска со пожарите во Грција
Какво е вашето мислење ??
 
Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.395
12.062
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Ебати слободата на говор, ја има веројатно премногу. Луѓе умираат таму во агонија, а дебели партиски типчиња и недоебани женчиња незадоволни од својот неуспех во сопствениот живот, на кои единствен допир со писменост им е супа со букви се курчат преку тастатура.

Вистински македонци за жал. Не влада да се вмеша, не обвинителство, абе Ким јонг ун треба да ни дојде да не масакрира како кинески кучиња. Нека се грци што сака нека се, луѓе се да му се сневиди. А најтрагично е тие што ширеле говор на омраза пред некое време се вратиле од одмор таму или се спремаат допрва да одат, или во најмала рака биле некогаш.

Истото е и на форумов. Биди незрел и навредувај некого, добиваш бан. Едноставна и ефикасна политика.
 
Sonic.01

hello world
5 јули 2016
215
642
Ова со законов е глупост, нарушување е на право на слобода на говор, секој треба да има право слободно да се изразува. Тоа што треба да се направи е Фејсбук како приватна фирма да си се огради од овакви дебили што ја злоупотребуваат таа слобода и да ги банира, да им брише профили.
Реално идиотски е вака да вреѓаат по интернет, ама исто така е идиотски и да казниш некого поради тоа што толку му се способностите за изразување. Башка тука постои уште еден проблем, а тоа е дека секогаш постои онаа можност власта или луѓе врзани со нејзе да го злоупотребуваат овој закон за лечење комплекси и гурање пропаганда и цензура.
Такада со законов ништо не се решава, само се нарушува слобода, ќе се реши работата кога на балканец ќе му никнат бар 2 мозочни клетки да почне да размислува со логика и морал.
 
Potop

hello world
26 декември 2013
378
498
Ширење на говор на омраза, расистички, ксенофобични материјали преку компјутерски систем е кривично дело што се казнува од 1 до 5 години. Ништо спорно според мене. Инаку ова е од 2014 не од сега. Колку треба да се ретардиран да се ситиш на живо изгорено 4 годишно детенце? Не во затвор у лудница би ги ставил сите. Па уште и мешање на Господ во целава работа, ја штител Библиска Македонија, ги казнувал за неправдите кон нас... отиден народ сме ние. Убаво го спомнаа Ким погоре или тоа или неколку напалм па да не срамнат со земја.

Испратено од SM-G935F преку IT.mk форум апликација
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.614
3.266
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Интересно е што го спомна напалмот затоа што навистина нас не гореле со напалм Грците пред едно 60 години (веројатно ти е криво како умните Грци не пуштиле малце напалм и нагоре во овој дел на Македонија? тогаш планетата земја ќе беше среќно место за живеење). Се разбира јас сум против вакви навреди, чисто од цивилизациски аспект, инаку има многу оправдан гнев кај многу наши луѓе и политичарите треба да се среќни ако се се сведе на навреди и клетви на фејсбук. Да резимирам, јавна осуда на навреди, но никакви казни или закани за прогон.
 
Potop

hello world
26 декември 2013
378
498
Јас само кажав како е законски. Не гледам каде спомнав грци уште помалку дали биле умни или не. А за ова дали ми е криво ќе го сфатам како реторичко прашање. А ако оправданиот гнев кај тие многу наши луѓе го гледаш од политичка гледна точка, прогон од Егејска Македонија, име... тогаш малку сме ги помешале работиве.

Испратено од SM-G935F преку IT.mk форум апликација
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Се разбира јас сум против вакви навреди, чисто од цивилизациски аспект, инаку има многу оправдан гнев кај многу наши луѓе и политичарите треба да се среќни ако се се сведе на навреди и клетви на фејсбук.

Па моменталните Македонци само и за тоа ги бива, навреди, клевети и јачања на фејсбук. Ова е длабока тема за дискусија, но слобода на говор секогаш се изведува под одредени рестрикции, како што напоменаа и погоре. Не може некој да повикува на убиства пример и да се вади на слобода на говор.

На социјалните мрежи им треба огромна регулација, но за жал законите секогаш ќе бидат позади технологијата...
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.614
3.266
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Да, сите тие коментари се резултат на политиката и историските разлики. Секако, јас никогаш не би реагирал така, а на луѓето што објавиле такви работи би им укажал да не зборуваат така затоа што не е во ред и не е цивилизациски иако од другата страна имало не само лоши зборови туку и лоши потези заради кои сме страдале и уште страдаме како држава и народ. Најинтересното е што сега ќе се создаде фама од одредени медиуми кои како едвај да чекаат да се случи вакво нешто за да може да кажат "ете видете какви гомна сме" и ќе сакаат цел свет да дознае за ова. Ваква самоомраза ретко се гледа на друго место. Бидете реални, колку луѓе напишале вакво нешто? 5?10?20?еве 100 нека се. Колку луѓе користат социјални мрежи во Македонија? Затоа најдобро е да се игнорираат или ете еднаш да се спомене дека не е во ред и толку. А не сега двонеделни дебати, трескање од земја и тн. И да не заборавиме, во Грција едно време втора најјака партија беше Златна Зора, сега е трета. Апла нацистичка партија со ставови кои ниедна наша партија официјално ги немала никогаш, луѓе излегле гласале за неа, илјадници луѓе. Ај ептен ја отерав навака натака, како и да е, јас сум против кривични за т.н. говор на омраза освен ако некој не повикува да се оди ваму или таму и да се ликвидираат луѓе, но тоа е веќе друго кривично дело.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.614
3.266
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Па моменталните Македонци само и за тоа ги бива, навреди, клевети и јачања на фејсбук. Ова е длабока тема за дискусија, но слобода на говор секогаш се изведува под одредени рестрикции, како што напоменаа и погоре. Не може некој да повикува на убиства пример и да се вади на слобода на говор.

На социјалните мрежи им треба огромна регулација, но за жал законите секогаш ќе бидат позади технологијата...
Па не знам кои се тие моментални Македонци. Еве јас сум Македонец и не навредувам, не фрлам клетви и не се јачам. Имам круг на пријатели и роднини кои не го прават тоа.
Инаку да, темата е длабока и се разбира не е НАЧНАТА кај нас прво, дебати се водат со години. Во сегашнава политичка ситуација (под сегашна мислам 25 години) рестрикции во слобода на говор кај нас се знае што значи - замолчување на секој што мисли поинаку. Тоа за убиствата ти кажав, за тоа нема збор.
Потребна е регулација на социјалните мрежи ама од некој андроид не од луѓе, затоа што луѓето се пристрасни :) Еве на пример, има многу медиуми со фејсбук страници кои не ги бришат коментарите иако нема збор дека се навредливи а прават апдејт на вести секои 15 минути. Па не може страна со 100,000 фанови да нема администратор кој ќе ги чешла коментарите.
 
Мислам дека мешаш неколку работи и концепти на тоа како правен систем функционира, односно казните:

1. Да, има мала група процентуално која навредува, но таа група е најгласна и од надвор изгледа како сите да го правиме тоа, односно таа група не отсликува пред други нации како народ. Ова е исто како да кажеме дека убиствата на луѓе се процентуално 0,1% од вкупните жители на РМ, па нема зашто да се замараме и да казнуваме.
2. Фасцинантно е како во Македонија кога треба да се реши некој проблем, одма се јавува човек што ќе каже „Абе ние ова не сме го решиле, не па сеа други работи“. Пример, за сирените вчера прочитав муабет „Е де, сирените ќе ги хејтаме, кога секој ден џамииве растур прават“. Перспектива и дистанца, нешто кое неверојатно малку го имаме...
3. Казните не се само за кога ќе згрешиш, туку се показател за тоа што се случува ако се однесуваш непримерно. Односно, кога ќе казнат неколку луѓе за коментари по социјалните мрежи, ќе видиш како сите други ќе почнат попримерно да се однесуваат и сами ќе внимаваат. Односно, нема да има потреба од регулација, бидејќи казните водат до саморегулација кај народот - се плашиш да не те казнат.

Сега бев во Русија, таму има систем дека за било која Интернет конекција (дали е дома, на гости или ви-фи од кафич) мора да биде потврдено со телефонски број. Потоа, ако има индикации за некое однесување, нивното МВР бара од операторот и ја добива цела Интернет историја во последни 6 месеци.

Ова не значи дека они ќе бараат и чешлаат 6 месеци кај секој граѓанин, но кога знаеш дека тоа е можно, повеќе внимаваш на глупостите кои ги правиш онлајн.
 
Sonic.01

hello world
5 јули 2016
215
642
Еве во мојов случај имам дедо што останал сирак, од цела фамилија само он и брат му се спасиле, другите стрелани. Ич не ги сакам грците ама исто така не гледам поента во плукање по нив во овакви моменти кога гинат невини.
Ама од друга страна тоа што некој идиот ќе пише некоја глупост или некој што има мака ќе се пожали не значи дека наштетил на некого, игнорирај го, ако спама избриши му го акаунтот, што би се рекло на нашки тури му к**.
Со оваков закон само штета се прави особено во денешно време кога секој од сеживо е увреден. Денес е пошто некој малоумен плукал по луѓе што гинат, ама утре ќе му текне на некој да тужи пошто не мислиш како него или пошто едноставно си кажал свој став.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.614
3.266
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Мислам дека мешаш неколку работи и концепти на тоа како правен систем функционира, односно казните:

1. Да, има мала група процентуално која навредува, но таа група е најгласна и од надвор изгледа како сите да го правиме тоа, односно таа група не отсликува пред други нации како народ. Ова е исто како да кажеме дека убиствата на луѓе се процентуално 0,1% од вкупните жители на РМ, па нема зашто да се замараме и да казнуваме.
2. Фасцинантно е како во Македонија кога треба да се реши некој проблем, одма се јавува човек што ќе каже „Абе ние ова не сме го решиле, не па сеа други работи“. Пример, за сирените вчера прочитав муабет „Е де, сирените ќе ги хејтаме, кога секој ден џамииве растур прават“. Перспектива и дистанца, нешто кое неверојатно малку го имаме...
3. Казните не се само за кога ќе згрешиш, туку се показател за тоа што се случува ако се однесуваш непримерно. Односно, кога ќе казнат неколку луѓе за коментари по социјалните мрежи, ќе видиш како сите други ќе почнат попримерно да се однесуваат и сами ќе внимаваат. Односно, нема да има потреба од регулација, бидејќи казните водат до саморегулација кај народот - се плашиш да не те казнат.

Сега бев во Русија, таму има систем дека за било која Интернет конекција (дали е дома, на гости или ви-фи од кафич) мора да биде потврдено со телефонски број. Потоа, ако има индикации за некое однесување, нивното МВР бара од операторот и ја добива цела Интернет историја во последни 6 месеци.

Ова не значи дека они ќе бараат и чешлаат 6 месеци кај секој граѓанин, но кога знаеш дека тоа е можно, повеќе внимаваш на глупостите кои ги правиш онлајн.
Изгледа не сум внимавал додека бев на факултет (Правен) иако сум дипломиран правник? :p
1. Не се согласувам дека било која мала група на луѓе не отсликува надвор. Некој што коментирал кај Миленко на профил, ќе биде предмет на светски интерес? Не, освен ако 20 медиуми не го пренесат тоа и ако ОЈО не почне да апси. Е тогаш ќе се дознае насекаде иако пак ќе кажам такви коментари има буквално секаде и во најразвиените земји. Дел од тие луѓе се исфрустрирани за сосема десета работа а вака се празнат, дел сакаат да добијат внимание на чуден начин а дел ете се изнервирани од политичката ситуација и на сосема погрешен начин пробуваат да се побунат. Убиствата не ги мешам со фрлање клетви освен ако не најдеш податок според кој добар дел од убијците прво започнале со фрлање клетви па после станале убијци.
2. Тоа е вистина. Треба да се почне со реформи ама системски. Многу работи се поставени наопаку и потребен е еден јак ресет во кој ќе учествуваат (речиси) сите заедно (зборувам за општествени фактори - политички партии, институции, организации и тн.). Вака со спорадични мерки само повеќе револт се создава и се чувствуваме како да постои двоен аршин (а и реално постои).
3. И за ова си во право, со тоа не мислам дека треба да се почне од овој случај. Потребен е некој конкретен случај опиплив со нешто за што сите ќе се согласиме дека не само што не е во ред туку и треба да се казни.

И за крај, па добро Русија и не е некој репер за демократијa, нели?:) Такви системи можеш секаде да инсталираш дури и полесно во развиените земји ама си се прашал зошто ги нема (барем официјално)? Затоа што ќе почне да се злоупотребува. Еве дури и подзаскриено, јас верувам дека на запад ги пратат на интернет, мобилни и тн. секој втор муслиман. Оправдано? Не знам баш. Ефикасно? Ќе видиме. Такви следења создаваат револт според мене.
 
Друже, ако си правник, што тогаш продолжуваме со муабетов? Говорот на омраза е забранет во Република Македонија со закон од 2014, а ти викаш „ако е мала група на луѓе не е проблем не треба да се казни“. Како можеш да релативизираш закони според субјективни параметри - колку е тоа „мала група“, кој дефинира и кој одлучува?

Еве извадок:

„Од февруари 2014 во Република Македонија стапија во сила нови законски одредби кои забрануваат и казнуваат говор на омраза и ширење на материјали преку интернет кои промовираат или поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз која било дискриминаторска основа.“

Кога не се почитуваат свесно закони, тоа е најголемиот проблем. Останатите твои поенти со hard reset или наоѓање на дело за кое сите ќе сме се согласеле дека е за казна повеќе ми звучат како бајки отколку да имаат допир со реалноста. Правник кој вели дека законот не треба да се почитува ако е мала група луѓе, него да се игнорира. Што е следно, ако е кражба до 1% од имотот на жртвата не е страшно, да игнорираме?
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.614
3.266
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Друже, ако си правник, што тогаш продолжуваме со муабетов? Говорот на омраза е забранет во Република Македонија со закон од 2014, а ти викаш „ако е мала група на луѓе не е проблем не треба да се казни“. Како можеш да релативизираш закони според субјективни параметри - колку е тоа „мала група“, кој дефинира и кој одлучува?

Еве извадок:

„Од февруари 2014 во Република Македонија стапија во сила нови законски одредби кои забрануваат и казнуваат говор на омраза и ширење на материјали преку интернет кои промовираат или поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз која било дискриминаторска основа.“

Кога не се почитуваат свесно закони, тоа е најголемиот проблем. Останатите твои поенти со hard reset или наоѓање на дело за кое сите ќе сме се согласеле дека е за казна повеќе ми звучат како бајки отколку да имаат допир со реалноста. Правник кој вели дека законот не треба да се почитува ако е мала група луѓе, него да се игнорира. Што е следно, ако е кражба до 1% од имотот на жртвата не е страшно, да игнорираме?
Не сум идеалист, а во правото изгубив верба брзо време откако дипломирав и видов на дело што се случува. Се е голема шарада, а правдата зависи од врски, пари и влијание. :)
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Не сум идеалист, а во правото изгубив верба брзо време откако дипломирав и видов на дело што се случува. Се е голема шарада, а правдата зависи од врски, пари и влијание. :)

Ако е така налет, тешко сите нас...
 
Justice for All

hello world
10 септември 2010
405
251
Говор на омраза е живи глупости и не треба да постои. Тоа што ни треба е чиста заштита на слободниот говор запишана во Устав, ко во Америка. Ова се глупости што ни идат од ЕУ.
Можда не знаете што се случува на пример во Германија. Луѓето што ја кажуваат ВИСТИНАТА во врска со имигрантите во Германија добиваат тужби за говор на омраза. Ако не можеш да кажеш каква е состојбата фактички не можеш да се справуваш со реалните проблеми. Орвелиански ми е целиот концепт.
 
Jedah

user
6 ноември 2007
1.333
2.326
Jedah's setup  
Processor & Cooler
CPU AMD Ryzen 5 5500 6-Core 3.6GHz (4.2Ghz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: M.2 Corsair NVMe MP510 240GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
G.SKILL Ripjaws V Series F4-3200C15D-16GVR 16 GB (8 GB x 2) DDR4 3200 MHz CL15
Video card
ZOTAC GAMING GeForce RTX 3060 12GB GDDR6
Case
XIGMATEK MOON KNIGHT 4XRGB FAN MID-TOWER
Mouse
Logitech Optical M100 USB Black
Keyboard
E-YOOSO M-11 60% mechanical
Audio
Logitech S-220 2.1
Monitor
LG 24'' Full HD IPS Monitor with FreeSync™ (24MP60G-B)
OS
Windows 11
Секој има право да го искаже својот став и не смее во никој случај да биде санкциониран поради тоа.
Тој скапан закон за говор на омраза беше донесен 2014 год. и законските измени беа донесени во итна постапка, без претходен консултативен процес со сите чинители. Сега изгледа добро им дојде на акутелниве да шерифуваат со тоталитарни алатки да воведуваат ред и мир во државава.
Денес во оваа земја не можеш да направиш комична емисија во која ќе бидат исмејувани одредени личности и настани затоа што тоа може да биде протоклкувано како подривање на националниот интерес и можат да те стрпаат во затвор. Тоа го има во Русија, каде за ебана јавна интернет конекција ете морало да оставиш Тел Број, демек пази што правиш.

Е сега, коментарите за настаните во Грција се слика на дебилизмот кај одредени квазинационалисти кои мислат дека со тоа ќе испаднат поголеми македончиња од останатите македонци.
Во Америка пред 7 год. вриеа социјалните мрежи затоа што се створи вирален говор против Јапонија кога им експлодира Фукушима. Нискоинтелегентните го преплавија Web просторот со " Remember Pearl Harbor? This is revenge bitches!!!"

А не толку одамна кога Скопје го тресеа земјотреси или при секои + 250 PM10 честички вире по Facebook како "провинцијалците" се ситат на "елитистите"
"Цркнете скопјани сте се собрале на едно купче. Лула се лула. Трчајте таму во бетонската џунгла ќе умрете од простотилак"

Да не зборам за стандардниот говор на национална омраза кој катадневно се шири помеѓу албанците и македонците на сите можни социјални мрежи.

Говор на омраза е кога одредени личности преку социјални мрежи повикуваа на рушење влади и со мегафони се переа мозоци. Кога имаш толпа на луѓе која сака да влага во јавни институции подгреана од партиски мегафони.
Кога јасно и недвосмислено правиш поларизација на општество за исполнување на свои цели.

Мада кај нас така функционираат законите. Не можеш по магарето удри по самарот.
Обично ќе го репнат 3 години затвор тој што продава штека цигари на Бит Пазар како репер и ука и поука за тој што шверца комбиња со по 40-50 пакети.
 
Sonic.01

hello world
5 јули 2016
215
642
Говор на омраза е живи глупости и не треба да постои. Тоа што ни треба е чиста заштита на слободниот говор запишана во Устав, ко во Америка. Ова се глупости што ни идат од ЕУ.
Можда не знаете што се случува на пример во Германија. Луѓето што ја кажуваат ВИСТИНАТА во врска со имигрантите во Германија добиваат тужби за говор на омраза. Ако не можеш да кажеш каква е состојбата фактички не можеш да се справуваш со реалните проблеми. Орвелиански ми е целиот концепт.

Е баш за овакви работи зборувам, од обичен закон за казнување на малоумни дебили прераснува во закон за заштита на лесно навредливи луѓе па на крај стига до закон со кој може да си ја штитат пропагандата и да ја цензурираат вистината. И тоа што викаш ова се дешава во земји со многу по развиена свест како Германија и Франција, кај нас како што едвај чекаат да те репнат со казна и да ти перат мозок оваков закон одма ќе се злоупотреби.
 
mviktors

user
25 октомври 2012
1.144
1.719
mviktors's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5600X & Noctua NH-D15
Motherboard
ASUS TUF GAMING B550-PLUS
Storage
1TB 970 Evo + Samsung SSD 500gb + WD10EZEX 1TB
PSU
CM Vanguard 750W
RAM
2x8GB Kingston HyperX Predator
Video card
EVGA GeForce RTX 3070 Ti FTW3 ULTRA
Case
CM Storm Scout 2
Mouse
Logitech G305
Keyboard
A4Tech B120 Bloody
Audio
JBL LSR305 & HyperX Cloud Pro
Monitor
LG 27GL850 & Dell U2412M
OS
Win 11 x64
Кога го видов првиот пост, претпоставив дека дискусијата ќе води кон дневна политика и препукување, ама темава гледам се спомна и на сајтот на ит.мк и мислам дека вреди да се појасни.
- Слобода на мисла - апсолутно граѓанско право - никој не може да го оспори и да го ограничи.
- Слобода на говор - се третира како политичко право, во одредени случаи може да биде предмет на ограничувања и рестрикции кои мораат да бидат тесно толкувани.

Дискриминаторски и говор на омраза е еден од ретките случаи каде што се ограничува слободата на говор. На социјалните мрежи освен што имате права да искажете став, мислење, имате и одговорност за искажаното. Критика кон носители на јавни функции и политичари не е говор на омраза. ЕСЧП е со став дека „границите на прифатливата критика се пошироки кога целта е политичар отколку кога се работи за приватно лице“. Ама затоа расистички, ксенофобичен и говор што повикува на насилство и линч е.

ОЈО што не си ја бркало работата изминатиот период и не постапувало по поднесени пријави, претставки и не реагирало по допрен глас а цело општество смрди на омраза, не значи дека сега треба да седи со скрстени раце. Посебно што е факт дека по искажан говор на омраза од истиот лик што сега се спомнува, имаше криминал од омраза изминатите години.

И не, ова не е наша измислица со закон донесен од 2014, туку е утврдена пракса од пред повеќе децении од ЕСЧП и меѓународни тела во кои што членуваме.
 
Не треба, ама зошто еве ради баланс не отвори во исто време неколку истраги за сосема спротивни случаи? Вака изгледа дека некој е заштитен, а друг дискриминиран. Т.е. не изгледа, туку сите знаеме дека е така. Смешно ми е во ситуација кога постојат зони каде не смееш да прошеташ со маица Македонија во државава (а да не зборуваме за странство) од страв да не бидеш избоден, да правиме муабет за клетви на Интернет. Според мене ако го затвориш и тој вентил само полоши работи може да очекуваш, ама ајде ќе видиме.
 
mviktors

user
25 октомври 2012
1.144
1.719
mviktors's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5600X & Noctua NH-D15
Motherboard
ASUS TUF GAMING B550-PLUS
Storage
1TB 970 Evo + Samsung SSD 500gb + WD10EZEX 1TB
PSU
CM Vanguard 750W
RAM
2x8GB Kingston HyperX Predator
Video card
EVGA GeForce RTX 3070 Ti FTW3 ULTRA
Case
CM Storm Scout 2
Mouse
Logitech G305
Keyboard
A4Tech B120 Bloody
Audio
JBL LSR305 & HyperX Cloud Pro
Monitor
LG 27GL850 & Dell U2412M
OS
Win 11 x64
Не треба, ама зошто еве ради баланс не отвори во исто време неколку истраги за сосема спротивни случаи? Вака изгледа дека некој е заштитен, а друг дискриминиран. Т.е. не изгледа, туку сите знаеме дека е така. Смешно ми е во ситуација кога постојат зони каде не смееш да прошеташ со маица Македонија во државава (а да не зборуваме за странство) од страв да не бидеш избоден, да правиме муабет за клетви на Интернет. Според мене ако го затвориш и тој вентил само полоши работи може да очекуваш, ама ајде ќе видиме.
Од старт не се сложувам дека треба да се отвараат постапки ради некаков баланс. За секој експлицитен говор на омраза треба да се реагира, без исклучок. А од негде мора да се почне. И не се согласувам дека смрт за Шиптари, Каури и разни пароли се вентил, поише го гледам како цевка со говна од која никој не излегува чист.

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно