Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Прекинувач 12V/40A

coNNectMKD

user
13 март 2017
1.317
1.552
Skopje
Каде можам тука кај нас да најдам прекинувач на 12 волти - 40 ампера?

Најмногу што најдов на 12 волти е 24 ампера и ми се стопи, уредот работи на некој 36 ампера.
 
Solution
Можеш обичен мрзливец да ставиш ако не е битен изгледот. За 220v/16A ќе работи без проблем.
Абе не лупајте глупости во вати се мери не во ампери. 1 ампер на 220 и 1 ампер на 12 волти не е исто.
Прекинувачот е парче бакар. Не може да ја измери струјата. Материјалот се грее буквално како грејач - во зависност од тоа колку вати поминуваат низ него.
Прекинувачот е рангиран (rated) за толку и толку ампери и за толку и толку волти. Не се кажани само амперите, зошто би се замарале со волтите ако не се важни.

Дај не трескајте глупости! Ако протекува струја од 40 А, тогаш прекинувачот МОРА да биде најмалку од 40 А, независно од напонот на кој работи уредот! Не си играјте со животот, пожари настануваат баш...

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Па не ми личи дека се неколу уреди, ќе беше кажано „Лед панели со плочи“ наместо „Лед панел со плоча“ - тоа е/се главните потрошувачи. Картичката со ви-фи и 4Г модулот трошат ептен малку струја.
Аман де coNNectMKD, ќе кажеш нешто поконкретно за тој уред/уреди, или да се откажеме од помагање?!
Ако се неколку панели/плочи, или ако е еден панел/плоча што може да се подели на, да кажеме, четири дела што независно можат да се напојувааат, тогаш може напојувањето да се подели на „секундарната“ страна на четири дела, секој со само 1/4 потрошувачка на струја, па проблемот веднаш е четири пати полесен за решавање.

Како и да е, останува прашањето - Зошто е потребен прекинувач на „секундарната“ страна, на излезот од напојувањето (12 V - 40 A), кога прекинувачот може да биде на „примарната“ страна, каде имаме 230 V влезен напон и најмногу 3 или 4 А влезна струја?!
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.342
5.370
Скопје
hackitfree.github.io

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Од акумулатор е напојувањето!
Чинам дека станува збор за рекламните панели на такси возилата. ;)
Е па тогаш има два независни ЛЕД панела (лев и десен), па може инсталацијата да се подели на два дела, секој по 20 А - така е многу посигурно.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.766
15.850
youtu.be
Зависи каква е завршната изведба на целосниот склоп. Инаку да, подобро е да се подели на два дела т.е. два преклопника.
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.317
1.552
Skopje
Ме фативте :D

Имаме 2 панели од Кина првата нарачката што беше и се директно врзани за акумулатор со фабрички прекинувач на панелата (на кровот). Процедура е возачот да излага да пали/гаси панела од надвор па сакавме тие да ги направиме со дупли/двоен кабел на прекинувач внатре во кола (до седиште, под волан итн итн).

Новите панели/билборди што ги имаме (ако сте ги виделе, црните тенките) се тип-топ направени со фабрички прекинувач внатре на упаљач. Па според нив се ориентиравме. Единствено што ме буни е што новивте имаат дупло поголема потрошња на струја а користат (според мене) едноставен/обичен прекинувач. А со кинези за да се објасниш што и како ти треба и бараш, тешко е, многу натегавање.

Screenshot_1.png
Мислењето е автоматски споено:

Па не ми личи дека се неколу уреди, ќе беше кажано „Лед панели со плочи“ наместо „Лед панел со плоча“ - тоа е/се главните потрошувачи. Картичката со ви-фи и 4Г модулот трошат ептен малку струја.
Аман де coNNectMKD, ќе кажеш нешто поконкретно за тој уред/уреди, или да се откажеме од помагање?!
Ако се неколку панели/плочи, или ако е еден панел/плоча што може да се подели на, да кажеме, четири дела што независно можат да се напојувааат, тогаш може напојувањето да се подели на „секундарната“ страна на четири дела, секој со само 1/4 потрошувачка на струја, па проблемот веднаш е четири пати полесен за решавање.

Како и да е, останува прашањето - Зошто е потребен прекинувач на „секундарната“ страна, на излезот од напојувањето (12 V - 40 A), кога прекинувачот може да биде на „примарната“ страна, каде имаме 230 V влезен напон и најмногу 3 или 4 А влезна струја?!
пс: неможе да се подели, функционира све како еден уред. Внатре во боксот има повеќе елементи кои се врзани за трафо (10/30V DC | 5V 40A) а од нив излагаат кабли за до акумулатор и прекинувач (фабрички) горе на конструкцијата. А ако те интересита што има внатре (во зависност од моделот): 6 или 8 лед модули, 2 напојувања, матична, вифи модул, 4г модул, „send/receive“ картичка и други ситници.
 
Последна промена:

coNNectMKD

user
13 март 2017
1.317
1.552
Skopje
Тоа кабле на сликата носи 40А? 0.75mm2?
Да. А пример пред година дена кога сме тестирале такви кабли воопшто неможат да издржат и не ни даваат слика. Минимум ама апла минимум беше 2x0.75. Како ова малечково работи не ми е јасно (ама не се ни разбирам во струја и вакви работи така да...).
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.891
5.601

40A na 0.75 ни теоретски а камо ли практично. Плус ако иде од упаљач од кола, и не е модификуван нема повеќе од 20А низ него, почесто и на 15А се. Ограничени се со осигурач. Освен пак ќе речам ако не сте смениле и осигурачи на колите за да влечат 40А на упаљач, што е екстремно погрешно и опасно. Башка пад на напон ќе има тука тешко недозволив.

Sent from my Телефон using Tapatalk
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.111
6.057
Или кина лед и напајање и декларирано на ХХХW а има 96W. Не велам дека е така, ама не би ме чудело.
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.317
1.552
Skopje
40A na 0.75 ни теоретски а камо ли практично. Плус ако иде од упаљач од кола, и не е модификуван нема повеќе од 20А низ него, почесто и на 15А се. Ограничени се со осигурач. Освен пак ќе речам ако не сте смениле и осигурачи на колите за да влечат 40А на упаљач, што е екстремно погрешно и опасно. Башка пад на напон ќе има тука тешко недозволив.

Sent from my Телефон using Tapatalk
Не бе не, не сме модифицирале ништо. Не чепкаме тоа, пишав погоре за што ми беше потребен да не се повтарам 5 пати досаден ќе бидам. Префрламе прекинувач за да не биде надвор на панела и да станува возачот - за да биде внатре во кола.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.891
5.601
Не бе не, не сме модифицирале ништо. Не чепкаме тоа, пишав погоре за што ми беше потребен да не се повтарам 5 пати досаден ќе бидам. Префрламе прекинувач за да не биде надвор на панела и да станува возачот - за да биде внатре во кола.
Тогаш уредот нема шанси да влече над 15 еве 20А, без да гори осигурач на колата. Едноставно во секоја кола нема појак излез за струја, не сум видел искрено ниеден упаљач џек на кој пише дека држи 40А.

Sent from my Телефон using Tapatalk
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.317
1.552
Skopje
Тогаш уредот нема шанси да влече над 15 еве 20А, без да гори осигурач на колата. Едноставно во секоја кола нема појак излез за струја, не сум видел искрено ниеден упаљач џек на кој пише дека држи 40А.

Sent from my Телефон using Tapatalk
Јасно јасно, ја само пишав како функционираат и која струја влечат. Како е ова поврзано на упаљач не знам, така фабрички ги добивме.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно