Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Mеханички тастатури

thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
Ај нека е со среќа. Не знам од каде е нарачана ама ако е од сајт како али имаш два дена да се премислиш и да бараш рефунд ха ха :) Не знаев дека е празник па се чудев зошто капачиња кои ги нарачав не тргнуваат.
Да од страната, од таму и видов ова
1759766684031.png
има и на Али разни Аула но или се огласи со малку нарачки или модифирани со некои нивни no-name switch-ови, па да не ризикувам, гледам дека праќаат преку DHL, ваѓда има шанса да ме акнат со 25% царина...?
 
Последна промена:

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.215
2.644
Да од страната, од таму и видов ова
Погледнете го атачментот 154415
има и на Али разни Аула но или се огласи со малку нарачки или модифирани со некои нивни no-name switch-ови, па да не ризикувам, гледам дека праќаат преку DHL, ваѓда има шанса да ме акнат со 25% царина...?

па најверојатно ќе те репнат ДХЛ. Затоа од Али се нарачува преку пошта.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Според цената на транспортот ми изгледа дека е преку пошта а не DHL експрес. Но кој ќе го знае. Се надевам нема да имаш дополнителни трошоци. Преку алиекспрес ништо не се плаќа дополнително.

Инаку за таа цена можеби си можел да нарачаш тастатура со било кои свичеви. Плус и 110 рипер свичеви за некои 20 долари. Сето од алиекспрес. Но нејси вака барем си нарачуваш од изворот па ако има проблем можеби ќе имаш и подобра поддршка.
 
Според страната е Express Shipping - DHL, така да ако акнат царина тоа е ќе платам..... ај барем брзо ќе стигне ваѓда
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Кратка споредба помеѓу AULA F75 и Keychron V6 Max / Q6 Max

AULA F75 во азија се продава за 30-50 долари. Во другите делови од светот е 80-90 долари заради шипингот. Дури и кај нас има релативно добра вредност заради тоа што е квалитетно изработена, доаѓа со одлични свичеви, стабилизатори и модови за звук. Плус е безжична односно нуди 2.4 гигахерци и блутут конекции. Батеријата е одлична и може да трае долго а плус ја има во повеќе варијатни кога станува збор за бои.

Пластиката на куќиштето е поквалитетен ABS кој ги апсорбира дел од звуците на копчињата. Самите копчиња се поставени на флексибилна плоча која дава мекост при куцање. Заедно со зарезите во PCB нуди многу мек одзив при притискање на копчињата. Споредено со Keychron jupiter red копчињата за нијанса полесно се стистаак. Но ова е скоро незабележително.

За љубителите на RGB, ледовите може да добијат поголема волтажа и светлото е многу силно на максимум. Има повеќе степени на осветлување за разлика од стандардните 3-4 степени во овој ценовен ранг. Единствено најнискиот степен на осветлување за некого може да е многу силно. Споредено со Keychron каде RGB може само малку да жари на најнискиот степен.

Доаѓа со Cherry профил на копчиња кој е стандарден за најголемиот број на тастатури. Овој профил може да даде повеќе кремав отколку тропкав звук. Повеќе доаѓа до израз пластика во звукот ако може така да се изразам. Но вградените материјали за звук во овој модел вршат одлична работа сето тоа да се слуша сосем различно и да зафоцолува. Свичевите се фабрички подмачкани, многу лесни за притискање, линеарни и се со изразен звук. Имаат водилки за светло до дифузер кој ја распоредува светлината од ледовите рамноменрно. Се мислело на многу работи а звукот при куцање е уникатен што дава посебно задоволство. Сите свичеви кои се вградуваат се многу слични со тоа што мислам дека Reaper има најкарактеристичен и уникатен звук на тропкање со сосем мал пинг.

Софтверот ги нуди сите современи погодности. Меѓутоа мора да се инсталира. Негативно е што интерфејсот е рудиментарен.

Со маки тастатурата може да се отвори. Меѓутоа не е препорачливо зашто производителот не предвидел отворање.

Keychron тастатурите (V и Q) морам да кажам дека од повеќе аспекти се на малку повисоко ниво. Почнувајќи од пакувањето па се до самата тастатура.

V Max има куќиште од пластика. Q Max е квалитетен алуминиум. И двете доаѓаат со бејзик гатерон свичеви. Кај мене се со црвени јупитер гатерон свичеви. Но може да се купи со кафени и со банана јупитер свичеви. Мојот избор се црвени зашто сум љубител на линеарни. Банана се најпопуларни и тие се тактилни, а и малку потешки за притискање. И овие татстури нудат иста конективност како и AULA односно 2.4 гигахерци и блутут. Со тоа што Keychron има декларирана брзина од 1000 херци безжично. За АУЛА нема таков официјален податок.

Внатрешнота кај двете е исполнета со пена, силикон и пластични фолии. Но едоставно звукот не е на ниво на AULA. PCB не е „сецкано“ како кај AULA туку е стандардна плоча. Па не може да придонесе за ист тип на флекс.

Keychron V Max има еден слој пена помалку споредено со Q Max. И двете имаат пластична плоча над PCB исто како и AULA и исто како и AULA имаат gasket mount. Ова значи дека плочата не лежи на ивиците од куќиштетоо директно. Туку е поставена на силиконски држачи. Q Max има двослоен гаскет маунт односно и алуминуимските капаци се раздвоени со силикон за да се елиминира било какво пренесување на звукот но и помеко куцање.

Батеријата трае до една недела со RGB а може да трае многу подолго без него. Горе доле мислам дека сите три тастатури имаат слично траење на батерија која е кај сите 4000 милиампер часови. Време на полнење е 6-7 часа. Мислам дека дефаулт ваерлес брзина на Keychron e 250 херци. Ми личи дека и AULA има толку според трошење на батерија. Но кај Keychron може да се смени и флешне фирмвер со 1000 херци. Кај AULA нема таква можност.

Кеychron има свич за мек и виндовс. Aula нема таков свич но може да се селектира истото преку шорткати односно притискање на комбинација на свичеви.

Кeychron има поголем избор на RGB модови за разлика од AULA која не е сиромашна но сепак ги има стандардните патерни кои се присутни кај мнозинството тастатури што е сосем доволно. Нивото на осветлување има повеќе степени и од АУЛА. Едноставно е пософистицирано од тој аспект кај Keychron.

RGB фабрички е далеку послабо споредено со AULA. Станува збор за софтверски лимит на волтажата со цел да се штеди батерија и самите ледови. Прочитав дека со промени во фирмвер лимитот може да се отстрани кај Keychron. Меѓутоа јас лично немам потреба да се занимавам со ова сега.

Ме бендисуваат многу капачињата. Двете во мојот случај се со OSA профил кој е лично креација на Keychron. Само од овој профил има провидни за V и Q сериите. Нарачав KSA профил кој е исто чедо на Keychron и кој е уште повисок профил па ќе видиме.

Куќиштето кај двете е со поизразени рабови. Може да се отворат и во пакувањето доаѓаат штрафцигер, имбус и резерва штрафови. И двете имаат низа додатоци како што се капачиња за мек и за виндовс ОС. Плус имаат дополнителни адаптери за ваерлес донглот. Keychron V Max доаѓа со два ваерлес донглови USB-A и USB-C кои со магнет се ставаат во самото куќиште. Q Max има само USB-A донгл и нема простор каде да се смести во металното куќиште.

Софтверот е QMK/VIA а си имаат и соодветен keychron online launcher. Практично се што треба е да ја поврзете тастатурата со кабел и да отворите во Chrome браузер launcher. Опциите се такаречи бесконечни. А најдоброто е што фирмверот е опен сорс па може да се репрограмира по вкус на корисникот. Се разбира ако имате време и познавање.

Најлошата страна на Keychron се стабилизаторите. Иако се заштрафуваат на PCB мислам дека тастатури од 1000 денари имаат подобри стабилизатори кои се заштрафуваат на плоча. Не дека не може да се користат. Меѓутоа многу звецкаат од старт. Бараат подмачкување или „водоводџиски“ мод.

Е сега најважната разлика помеѓу V и Q серијата е звукот при куцање. Едноставно пластиката на V Max придонесува и има некој шуплив одек. Не е огромна разликата. Дури можеби на некого ќе му се допаѓа повеќе. Меѓутоа алуминиумско куќиште освен што го амортизира звукот во внатрешните празнини исто така не дава да се прелева на биро. Па така звукот е неверојатно контролиран. Ги слушате само свичевите и капачињата. Додека пластично куќиште додава на звук.

Дали вреди да се доплати разликата од V Маx до Q Max? Овде зборуваме за diminishing returns. Во поглед на материјали и изработка сигурно не. Проблемот е што транспортот на тастатура која е двојно потешка е двојно поголем. Сигурен сум дека баш транспортот игра најголема улога во разликата во цена. Проблемот е штом еднаш пробате алуминиумска тастатура потоа е тешко да се вратите на пластика. Барем со мене е така.

Предности на AULA F75 наспроти Keychron V Max:

  • поефтина
  • Карактеристичен звук со фабрички капачиња и свичеви (значајо погласна од Keychron со црвени свичеви). Keychron нема можност да го произведе истиот таков невообичаен звук.
  • Има одлични стабилизатори
  • Капачињата се со релативно добар квалитет
  • свичевите се линеарни, многу мазни и лесни за притискање
  • посилно RGB
  • во пакувањето доаѓаат два резервни свича што не е случај со Keychron

Негативности:

  • Не се отвора
  • Софтвер
  • тркалцето односно knob-от е со многу малку тактилност и изгледа како едвај да се држи на тастатурата за разлика од она на keychron кое е многу рафинирано
  • Профилот на капачињата може но и не мора да е негативност. Сепак станува збор за рандом капачиња кои ги има скоро на сите тастатури за разлика од Keychron чиј профил има соодветна скулптура. Чери профил нуди помек звук за разлика од повисок профил кој нуди по-камчест звук.;-
  • Латенција и херцажа при жичано и ваерлес поврзување се непознати за разлика од Keychron каде има декларирано 1000 херци на жица и 2.4 гигахерци ваерлес.

Ги користам напоредно Q Max и V Max (до душа повеќе Q Max) и до сега не сум наишол на проблем со дво клик со кој овие тастатури се преплавени. Моја констатација е дека најчесто проблемот се јавува кај моделите со банана свичеви. Кај мене се црвени. Па ќе видиме.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Скоро сум сигурен дека го имам одговорот за проблемот со V6 Max и Q6 Max. Plate, Sound Absorbing Foam и Pet Film создаваат преголем простор помеѓу свичот и PCB. Бејзик свичевите на Гатерон како што се red, brown или banana имаат од фабрика за нијанса пократки пинови. Па лесно излегуваат од сокетот. Kопчето кое прави проблем лесно треба да се притисне за убаво повторно да пропаднат пиновите.

1760362676330.png

Чаре е или да се извади foam и / или pet film. Или да се стават друг тип на свичеви.

Мене сеуште ми се нема случено. Но гледам дека по форуми најчесто ова е лекот. Едноставно со користење кратките пинови подизлегуваат и немаат добар допир со сокетот. Не треба којзнае каква сила. Само малку повеќе да се притисне копчето и би требало да работи како што треба.
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.098
2.341

Погледнете го атачментот 154604

Скроз да се извади case foam?
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Скроз да се извади case foam?

Само тенкиот слој помеѓу пластичната плоча и PCB-то. Онаа што ѕирка кога ќе извадиш свич.

1760523993195.png

Но јас прво би пробал со притискање на копчето кое прави проблем. Малку да подвлезе поубаво би требало да работи добро. Па потоа повторно доколку се случи истото.
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.098
2.341
Само тенкиот слој помеѓу пластичната плоча и PCB-то. Онаа што ѕирка кога ќе извадиш свич.

Погледнете го атачментот 154669

Но јас прво би пробал со притискање на копчето кое прави проблем. Малку да подвлезе поубаво би требало да работи добро. Па потоа повторно доколку се случи истото.
Океј, немам ни јас проблеми ама добро е да се има како информација.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134

thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
20251020_093440.jpg
Конечно стигна, за сега е супер, свичовите сеуште не но дури и со овие belebog reaper е доста океј, многу различен звук него razor-от, поиште така "thonk-y"
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Погледнете го атачментот 154779
Конечно стигна, за сега е супер, свичовите сеуште не но дури и со овие belebog reaper е доста океј, многу различен звук него razor-от, поиште така "thonk-y"

Со здравје да те служи.

Со „мазните“ свичеви на гатерон ќе има стишување и покремав звук:

View: https://www.youtube.com/shorts/4bkM8XZy0PY

Меѓутоа нема да е претерано тивка повторно.

Единствена причина зошто мојата аула F75 стои неупотребена во фиока цело време е нејзината гласност со фабричките свичеви. Звукот е феноменален и различен од сите останати тастатури. Но е гласна. Посебно ако си во средина каде има и други луѓе околу тебе може да е напорно за нив. Синот не ми дава да ја продадам а не ја користи ни тој :). Ако ми текне ќе и ставам сајлент свичеви.

Јас нарачав Gateron Oil Kings и Chosfox Dune Fox свичеви се со цел да добијам длабок и истовремено тивок, ненападен звук на двете мои Keychron тастатури. До душа тие ионака и сега се тивки. Но како и да е ќе споделуваме импресии.
 
Да и оваа е доста погласна него blackwidow v3, но океј сум со тоа, засега све супер (иако да тркалцето за звук можеле да направат малце по солидно и тактилно како што е на razer-от) но освен тоа супер све, само батеријата, никад не сум имал безжична тастатура, наполнив до 99% од кутија, исклучив од кабел, и сега за само 3-4 саати се намали на 87%, RGB ставив јачина од 5 до 1, но пак, треба многу посилна од ова да е мислам, се надевам дека е нешто проблем со калибрација зошто е нова и ќе се нормализира за 1-2 циклуси, а не лоша среќа со батеријата...
 
Искрено за батеријата не сум истражувал. Ако не се лажам во твојата има две идентични батерии. Па полнењето и самото отчитување може да е покомплицирано да го прочита. Од она што сум разгледал блиц по форуми мислам дека ќе остане така да паѓа нагло до некој процент после секое полнење. Сепак ќе видиш сам најдобро. Дури и да има таков проблем би требало да те трае долго време. Не оставај тоа да ти крши мерак. Ќе ја полниш за нијанса почесто. А и секогаш може да си ја користиш со кабел.

Тркалцето е најслабата карика кај овие тастатури. Како на ветер да стои. Меѓутоа брка работа што е и најважно.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Seneca: кастом тастатура од 3,600 долари (со куќиште од титаниум чини 8,000 долари):

Интересно видео за дизајнот на истата со фокус на стабилизаторите:

View: https://www.youtube.com/watch?v=N3FEv1qw4_w

На крајот има и мал сегмент на звукот при куцање.

Еве со друг микрофон;

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Не дека има интерес но сепак ете ќе споделам плус сознание.

Во хобито се повеќе галама се крева околу новиот производител на свичеви HMX. Многу ги глорифицираат па реков ќе пробам и јас. Одлуката падна на Chosfox Dune Fox кој е всушност проект на Chosfox во соработка со HMX.

Ги нарачав од алиекспрес и стигнаа за 18 дена:

Доаѓаат убаво спакувани во кутија а самите свичеви се во пластична тегличка:

Dune2 sml.jpg

Кај механичка тастатура нема да знаете што пропуштате се додека не пробате нешто подобро.

Keychron Max тастатурите веќе доаѓаат со пристојни Gateron свичеви. Кај моите две јас ги имам Gateron Red. Заљубен сум во линеарни сега за сега.

Dune ја има во две варијанти. 45гр и 55гр тежина на актуација. Јас ги земав полесните. Но од прва забележав дека за нијанса сепак се малку потешки од црвените. Посебно после првичниот од надоле,

Звукот е сличен црвените со само малку и скоро незабележително повеќе високи тонови кај лисицата. Скоро исто се гласни и нема некоја разлика. Пријатни и за во канцелариска атмосфера.

Ако гатероните се мазни, Dune Fox се многу помазни. И уште поважно нема никакво клатење на стемот. Практично има само од надоле без никаков дополнителен звук или движење од страните. Како во мед да пропаѓаат при куцање. Не знам како да опишам но како да имам друга тастатура која е уште попремиум.

Овие свичеви се мидрејнџ по цена. Но според чувство при куцање дефинитивно спаѓаат во делукс категорија. Добивате многу за цената од некои 3 долари за 10 парчиња. Топла препорака за секој кој сака стишан кремав звук и премиум чувство при куцање. HMX навистина се фантастичен производител кој одлично си ја знае работата.

Еве малку повеќе детали:

1761663467012.png

Наредно ми следи искуство со премиум свичеви кои се и двојно поскапи од овие - Gateron Oil Kings. Баш сакам да видам зошто толку ги фалат и нив.
 
thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
Прв пат местам hotswap копчиња и од сите што можеа да се расипат, левиот ctrl некако цркна... не работи... сега не знам, ваѓда ќе треба да ја отварам и да гледам по PCB, ццц среќа

20251029_110734.jpg
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.480
2.927
Прв пат местам hotswap копчиња и од сите што можеа да се расипат, левиот ctrl некако цркна... не работи... сега не знам, ваѓда ќе треба да ја отварам и да гледам по PCB, ццц среќа
Да, ваЉда ќе треба да видиш.
(иако, во краен случај се живее и со еден бубрег, пардон, ctrl дугме) :)
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Прв пат местам hotswap копчиња и од сите што можеа да се расипат, левиот ctrl некако цркна... не работи... сега не знам, ваѓда ќе треба да ја отварам и да гледам по PCB, ццц среќа

Погледнете го атачментот 155023

Или не си го достегнал убаво свичот да легне, или си му искривил пин додека си го ставал во лежиште. Извади го свичот и погледни ги пиновите. Спореди како се пиновите насочени кај исправните свичеви. Ако се искривени полека со клешта или со рака пробај убаво да ги исправиш за да може да влезат во сокетот. Ако евентуално во процесот ти се скрши пин, тогаш тој свич е за фрлање па ќе треба да ставиш друг свич. Затоа пополека со исправањето на пинови.
 
Пробав разни свичови, никои од нив не работат, проблем е со самиот сокет некако, ја отворив други и пак ја вратив, све делува океј од доле, пак ctrl не работа, не се живее без ова копче, можеби ќе треба да ја носам кај некој што работи со ова да го види сокетот или сам да пробам нешто, но не знам што му е... жално
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Пробав разни свичови, никои од нив не работат, проблем е со самиот сокет некако, ја отворив други и пак ја вратив, све делува океј од доле, пак ctrl не работа, не се живее без ова копче, можеби ќе треба да ја носам кај некој што работи со ова да го види сокетот или сам да пробам нешто, но не знам што му е... жално

Ако е се во ред со свичевите и убаво до крај ги внесуваш во сокетот да легнат, тогаш можеби е мостот под сокетот откачен. За тоа треба да се отвори тастатурата и мостот да се прелеми. Ако имаш леткум по дома и си вичен со тоа можеш сам да го средиш. Во спротивно треба тастатурата да ја однесеш во сервис. Па таму да го прелемат. Може сервис за било која електроника вклучително и за мобилни.

Само внимавајте кога ќе ја отворате да не скршите некои од пластичните држачи. Изгледај видео како отвораат Аула па ќе ти биде појасно. (уствари ако добро разбирам од второ читање веќе си ја отворил).
 
Све ок беше за кратко, дури и успеав ctrl да поправам, кога он/офф switchot за уклучување на тастатурата ми се скрши скрос, пробав да ја залепам со лепак, па да ја стопам да се комбинира пак, на крај успеав да летне скрос од PCB-to, нешто вака:
1761741003737.png
врз све тоа беше заглавено во некоја меѓу-состојба кога се скрши па сега тастатура е на некаков boot-loop, не се ни активира, тоа е ќе ја носам до некој сервис кога ќе имам време ако не може да се спаси евнетуално некоја нова ќе земам до пред нова и ова за резервни делови, цената кога си играш со тоа што не разбираш, видов tear-down видео но не спомна дека on-off свичот може да се скрши ако не внимаваш.... тоа е
Мислењето е автоматски споено:

+ само да додадам да го прифатев скршениот свич да е активно 24/7 само и да не пробав да го поправам со лепаци и лемење кога неам поим за лемење сеуште би ми фукционирала

цената на хибрисот
 
Последна промена:

Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.278
11.752
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Следен чекор на баналностите со механичкиве тастатури.
FB_IMG_1761779086444.jpg
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.692
12.532
Skopje
www.wemaxa.com
Следен чекор на баналностите со механичкиве тастатури.
Погледнете го атачментот 155068

Не разбираш ти, кога кликаш, свичот забрзува со 2G првите 13 микрометри, па после со 4G наредните 2 нанометри за потоа да следи пригушен клик од 37 децибели што ќе слета на тап удар од 32 децибели за ултимативен баланс. Само на таков начин пената од старбакс латето до тестатурата не ми деградира. :)

Нејсе, кај мене се новите Динамо свичеви, малце се напорни за кликање ама генерираат струја и ми ја полнат батеријата.
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно