Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
LED - EDC лампи, батерии, полначи - генерална дискусија
VTC5 нема, башка се и скапи за намената. imr-cgr18650ch била со цена од 6 евра, а сега е на пола цена. Ја препорачуваат за цигари по другиве форуми. Никаде на интернет не најдов споредба на овие две. Единствено е што се 10А.
Може ли некој да објасни што им е разликата на овие две батерии?
Страшно јака светлина од така мала лампа. Од Хонг Конг до дома требаа точно 10 дена, браво за hkequipment.net и за @psyside за асистенцијата при шопинг
Еден бед е што двата резервни гумени О прстени и врвката за на рака ги нема (вината е или кај кинезите или кај нашите цариници), но што е тука е, ако се среди ок, ако не да сме живи и здрави.
Најтопло ја препорачувам на сите кои имаат потреба од мала но ултра јака лампа која без проблем се носи во џеб/педеруша.
После оваа лампа ќе паузирам со купување, бидејќи имам помала за во џеб (оваа) и поголема кога има потреба за озбилно светење (Fenix TK75 ~4500 lum.).
Штотуку ми стигнаа 2х Samsung ICR18650-26F батерии.
Планот ми беше да ги користам во LED лампата што ја нарачав од ebay. Генеричка т.е. UltraFire со CREE XML-T6 LED.
Полначот што го добив во пакетот со лапата може да го видите на сликата заедно со батериите.
Проблемот е дека UltraFire батериите што ги добив полначот ги полни без проблем, но со новиве Самсунг има некој проблем.
Прво батериите се значително поголеми и тешко влегуваат во лежитата, друго, и побитно, диодата свети како да се полнат, но батериите и после 12 часа не се наполнија (барем диодата не светна зелено за завршено полнење).
Не сум многу упатен во тенологијава со LiIon батерии и полначи па затоа барам совет тука.
Знам дека најдобро би било да набавам квалитетен полнач, но во моментов тоа не ми е приоритет.
ledlenser se mn poznati vo nivnata izrabotka, mn profesionalni vojnici gi koristat istite, no za kvalitetot vo odnos na drugite ne bi mozel da ti kazam pocekaj go @psyside
Ахам, имаше еден пријател пред 5-6 години модел за на глава, моментот го осетив на шара у една недојдија, дали беше толку мрачно или светилкава беше толку "гласна" незнам. Знам дека беше многу напредна светилка за тоа време. Ја поставив на широко и доловуваше ефект како на @psyside направијата, floodlight ако така се викаше.