Nedelkovski
read-only
- 6 октомври 2010
- 23
- 0
Прочитав негде дека лап топите можеле да се користат и без батеријата односно може да е приклучен во струја без неа..Има ли некакви постаптки или само да ја извадаме батеријата од лаптопот ?фала позз
Да. Мислам дека е непотребно да се вади батерија од лаптоп - тоа е една од функциите на лаптопот, исто како рам, хдд, екран итн. Со вадењето на батеријата го ограничуваш во функционалноста, а не добиваш ништо за возврат - повеќето луѓе што ја вадат батеријата, всушност никогаш веќе не ја користат, односно за што ја чувале, кога никогаш не ја употребуваат подоцна?
Лап топот исклучен извади ја батеријата потоа вклучи го во струја и тоа е тоа .Така и го зголемуваш работниот век на батеријата![]()
Лап топот исклучен извади ја батеријата потоа вклучи го во струја и тоа е тоа
И што си направил? Си ја "средил" батеријата за месец дена, и тогаш еднаш кога вистински ќе ти затреба, нема да ти заврши работа. Подобро коа е во струја, батеријата да е извадена, ама од време на време да се полни/празни, за да не стане "мрзелива".
Вадењето на батерија имаше логика пред 4-5 години, а и се уште има со батерии од таа класа.
Сепак, ќе повторам дека денес има батерии кои издржуваат и 3-4 поголем обем на циклуси.
Батеријата е за во лаптоп. За да можеш кога ќе ти текне да исклучиш, да излезеш во двор или на тераса, да се преместиш на друга маса или во дневна/кујна, да поминеш по некој саат во комфорно сурфање или работа. Се друго е малограѓаништина за заштеда од некои си 5е годишно.
Малограѓанштина е несоодветен израз за луѓе на кои тешко заработенитѕе пари им се значајни. Не станува збор за 5 евра туку станува збор за принцип кој човек го почитува и на кој комфорот во животот му е помалку значаен од ресурсите кои ги остава на располагање на семејството наместо да ги користи за себе.
Ти благодарам што го сподели со нас твојот став и стил на живеење но искрено нити јас нити постирачот на темава не сме заинтересирани да го чуеме тоа зашто ова е форум на кој се псоделува знаење а не филозофија на живот. Прашањето не беше насочено за тоа како живееме туку кон нешто посуштествено за заеднивцава на форумов.
не секој размислува и има на располагање ресурси како тебе. Генерално и нашите потреби се разликуваат како и ситуациите во кои ги користиме лаптопите.
Зошто на никој не му текнува да извади рам и да „си го чува“? Или да работи на минимална осветленост на екранот (и тоа го штеди екранот, а штеди и струја)?
Друга работа, никој не ти го оспорува тврдењето за зголемениот број на циклуси на новите батерии, туку начинот на кој тој циклус се одвива. Не е исто да ја сецкаш батеријата, т.е. да ја ставиш да се полни кога е на 30%, па да ја наполниш до 80%, па да ја трошиш до 20%, па пак сецни ја со полнење до 60%, итн. Тоа е целата работа, овие сецкања со полнење и празнање, е она што ќе ја направи батеријата да трае помалку и помалку со текот на времето.
Сепак, ќе повторам дека денес има батерии кои издржуваат и 3-4 поголем обем на циклуси. Што би рекло ако порано батерија траела 1-2 години, денес е многу лесно да и извадиш 4 години, со 20-30% намалување на издржливоста, а и плус и тогаш можеш да ја замениш со нова за некои си смешни 25е.
- Ако нема да се користи подолг период добро е да се наполни околу 40% и да се чува на пониска температура (најдобро во фрижидер, но не во замрзнувач).
Батеријата ти е релативна ствар кај компјутерите, на кој како ке му се погоди. Јас 2 години ја немам извадено од адаптер и држи 80% од тоа што беше како нова. Како и да е мој совет ти е да не се замараш многу со батеријата пошто Марфи ке те стигне ...
поздрав
Тресеш глупости другар, што мешаш баби и жаби сега? Рамот нема допирна точка со батеријата и начинот како тие две компоненти засебно функционираат. Истото важи и за екранот.
Друга работа, никој не ти го оспорува тврдењето за зголемениот број на циклуси на новите батерии, туку начинот на кој тој циклус се одвива. Не е исто да ја сецкаш батеријата, т.е. да ја ставиш да се полни кога е на 30%, па да ја наполниш до 80%, па да ја трошиш до 20%, па пак сецни ја со полнење до 60%, итн. Тоа е целата работа, овие сецкања со полнење и празнање, е она што ќе ја направи батеријата да трае помалку и помалку со текот на времето.
@krale а од каде ти е информацијата дека батерија за лаптоп е 30 евра ?
Јас купив за HP 550 (што мислам дека и не е толку добар лаптоп) по цена од 5100 ден во Мебиус.
Имаат врска со удобноста при работа. Исто како и батеријата.