Taurus
Модератор
Taurus's setup
- Processor & Cooler
- i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
- Motherboard
- Gigabyte Z68P-DS3
- Storage
- WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
- PSU
- 460W Gigabyte Superb Real Power
- RAM
- 2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
- Video card
- Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
- Case
- Gigabyte LUXO X140
- Mouse
- Zalman ZM-M300 Black
- Keyboard
- Sweex Illuminating
- Audio
- DeLux 2.1
- Monitor
- Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
- OS
- Win 8.1
Дали знаете како да добиете бесплатен компјутер со Intel Core i7 процесор?
Ако знае некој нека каже, затоа што јас незнам ама би сакал да добијам !!!
Што ми е целта на постов?
Целта ми е да го разгледаме начинот на маркетинг на некои од нашите фирми, портали, телевизиски емисии и слично. Значи за македонски маркетинг.
Последно време ептен често забележувам рекламни капањи, рекламни банери, најави што ќе гледате во следната емисија, а кога ќе се заинтересираме за нештото остануваме разочарани од тоа што го дознаваме. Мене ме иритира таквиот начин и добива спротивен ефект од посакуваниот.
Исто како што вие се разочаравте очекувајќи да дознате како да добиете бесплатен компјутер, а пишувам сосем за нешто друго.
Примери:
Гледаш на некој портал интересен банер, привлечна слика, а уште повеќе попривлечен текст/порака, кликаш на него, те носи на сајтот, а таму наоѓаш нешто сосема шеснаесето, нешто сосема друго од тоа што си мислел дека ќе најдеш, како што било најавено на банерот!?!
Најава за следната емисија. Таква е направена со исечоци и коментари што врска нема со тоа што навистина ќе го гледаш. Така измонтирано што добиваш сосем друг впечаток дека ќе гледаш нешто сосема друго!?!
Реклами на телевизија, го рекламираат најдобриот производ, а ставаат цена од најевтиниот производ со едно "од" и мала ѕвездичка. Гледаш во дел од секунда, на дното од екранот објаснување што значи ѕвездичката, ама тоа е толку кратко што немаш време да прочиташ ни збор. Или објаснувањето е толку ситно што и на екран од над 100цм не се чита.
Не сакам да наведувам конкретни имиња, затоа што не сакам да им правам и јас реклама. Не заслужуваат!
Од моето досегашно маркетинг искуство и од неколкуте маркетинг предмети што ги имавме во средно и на факултет, учевме нешто друго.
Точно е тоа дека рекламата треба да биде ударна, привлечна, примамлива... Но најважното сите го заборавиле. Рекламата треба да ги прикажува вистинските својства на производот, таа треба да информира, а не да манипулира и да лаже!!!
И уште еднаш, не ме пцујте за компјутерот, незнам како да добиете бесплатен