Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Како да добиете бесплатен компјутер со Intel Core i7 процесор !!!

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2.616
1.573
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Дали знаете како да добиете бесплатен компјутер со Intel Core i7 процесор?
Ако знае некој нека каже, затоа што јас незнам ама би сакал да добијам !!!

Што ми е целта на постов?
Целта ми е да го разгледаме начинот на маркетинг на некои од нашите фирми, портали, телевизиски емисии и слично. Значи за македонски маркетинг.

Последно време ептен често забележувам рекламни капањи, рекламни банери, најави што ќе гледате во следната емисија, а кога ќе се заинтересираме за нештото остануваме разочарани од тоа што го дознаваме. Мене ме иритира таквиот начин и добива спротивен ефект од посакуваниот.
Исто како што вие се разочаравте очекувајќи да дознате како да добиете бесплатен компјутер, а пишувам сосем за нешто друго.

Примери:

Гледаш на некој портал интересен банер, привлечна слика, а уште повеќе попривлечен текст/порака, кликаш на него, те носи на сајтот, а таму наоѓаш нешто сосема шеснаесето, нешто сосема друго од тоа што си мислел дека ќе најдеш, како што било најавено на банерот!?!

Најава за следната емисија. Таква е направена со исечоци и коментари што врска нема со тоа што навистина ќе го гледаш. Така измонтирано што добиваш сосем друг впечаток дека ќе гледаш нешто сосема друго!?!

Реклами на телевизија, го рекламираат најдобриот производ, а ставаат цена од најевтиниот производ со едно "од" и мала ѕвездичка. Гледаш во дел од секунда, на дното од екранот објаснување што значи ѕвездичката, ама тоа е толку кратко што немаш време да прочиташ ни збор. Или објаснувањето е толку ситно што и на екран од над 100цм не се чита.

Не сакам да наведувам конкретни имиња, затоа што не сакам да им правам и јас реклама. Не заслужуваат!


Од моето досегашно маркетинг искуство и од неколкуте маркетинг предмети што ги имавме во средно и на факултет, учевме нешто друго.
Точно е тоа дека рекламата треба да биде ударна, привлечна, примамлива... Но најважното сите го заборавиле. Рекламата треба да ги прикажува вистинските својства на производот, таа треба да информира, а не да манипулира и да лаже!!!

И уште еднаш, не ме пцујте за компјутерот, незнам како да добиете бесплатен :p
 

Fico

hello world
9 март 2008
252
14
Еј баш ми се допаѓа темава, не знам зашто нема коментари.
Туку, ја тоа што учев по Бизнис (средно) исто беше нешто скроз различно. Професорот рече нешто што ден-денес ми ѕвони во ушите - маркетингот претставува прикажување на позитивните страни на еден производ, но во секој случај не се лаже за ништо туку само се „преќутува“ правата вистина.
Баш во стилот на тоа со ѕвездичката иам и ја една случка:

Сигурно сите сте виделе тоа топ-шоп за ножеви. Како типот сече чекан со нож и што се не. Епа, еден мој познаник сакаше да си купи токму такви ножеви. Добро викаат луѓето, ќе ви дадеме. Не, не сакам друго пакување туку го сакам токму тоа со кое се вршеше презентацијата. Се разбира, нешто го размуваа у стилот дека тие се само за презентација, не се за продавање, користени биле итн итн итн. Секако, човеков не си купи ножеви.
Афтерал препораката е најдобра реклама. Ама за да се препорача нешто, прво треба да се проба. Ако гледаш дека некој нешто мота, се` повеќе ќе го избегнуваш и ќе пушташ лоши зборови низ маало и пошироко :)
 

Quake-

read-only
5 мај 2009
46
0
Темава е одлично, но кој би ти дал денес бесплатен компјутер (било каков) ако нема некоја корист од тебе, како што јас мислам тоа е единствено во понудата на T-Home но сепак и таму компјутерот не е бесплатен... но за таа цел можеби во иднина ќе има некоја понуда, барем да се надеваме!
 

386ka

poweruser
22 декември 2007
2.386
217
Темава е со цел да биде привлечна за луѓето и основната цел и е да покаже како работат рекламите.
 

prijatel-MKD

hello world
7 мај 2009
126
34
Еве еден пример кој го најдов пред некое време на кајгана
Пакување на производот / Реклама / Она што се добива












 

Rocco

read-only
2 јануари 2010
15
0
Дали знаете како да добиете бесплатен компјутер со Intel Core i7 процесор?
Ако знае некој нека каже, затоа што јас незнам ама би сакал да добијам !!!

Што ми е целта на постов?
Целта ми е да го разгледаме начинот на маркетинг на некои од нашите фирми, портали, телевизиски емисии и слично. Значи за македонски маркетинг.

Последно време ептен често забележувам рекламни капањи, рекламни банери, најави што ќе гледате во следната емисија, а кога ќе се заинтересираме за нештото остануваме разочарани од тоа што го дознаваме. Мене ме иритира таквиот начин и добива спротивен ефект од посакуваниот.
Исто како што вие се разочаравте очекувајќи да дознате како да добиете бесплатен компјутер, а пишувам сосем за нешто друго.

Примери:

Гледаш на некој портал интересен банер, привлечна слика, а уште повеќе попривлечен текст/порака, кликаш на него, те носи на сајтот, а таму наоѓаш нешто сосема шеснаесето, нешто сосема друго од тоа што си мислел дека ќе најдеш, како што било најавено на банерот!?!

Најава за следната емисија. Таква е направена со исечоци и коментари што врска нема со тоа што навистина ќе го гледаш. Така измонтирано што добиваш сосем друг впечаток дека ќе гледаш нешто сосема друго!?!

Реклами на телевизија, го рекламираат најдобриот производ, а ставаат цена од најевтиниот производ со едно "од" и мала ѕвездичка. Гледаш во дел од секунда, на дното од екранот објаснување што значи ѕвездичката, ама тоа е толку кратко што немаш време да прочиташ ни збор. Или објаснувањето е толку ситно што и на екран од над 100цм не се чита.

Не сакам да наведувам конкретни имиња, затоа што не сакам да им правам и јас реклама. Не заслужуваат!


Од моето досегашно маркетинг искуство и од неколкуте маркетинг предмети што ги имавме во средно и на факултет, учевме нешто друго.
Точно е тоа дека рекламата треба да биде ударна, привлечна, примамлива... Но најважното сите го заборавиле. Рекламата треба да ги прикажува вистинските својства на производот, таа треба да информира, а не да манипулира и да лаже!!!

И уште еднаш, не ме пцујте за компјутерот, незнам како да добиете бесплатен :p

SI ja utnal profesijata druze, begaj podaleku od marketing zatoa sto vo toj biznis etika i moral se nepoznati poimi...
 

psensor

read-only
31 мај 2010
7
0
Таков е светот на маркетингот - лаже се колку да се купи производот.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно