ContentBot
Робот (content unit)
- Најголемата конференција која 9 години се организира во Латинска Америка за Bitcoin и блокчејн – LABITCONF (Latin American Bitcoin and Blockchain Conference) се одржа во главниот град на Ел Салвадор, Сан Салвадор.
- На овогодинешниот LABITCONF, поделен во два дена и во две групи (онлајн и офлајн) се одржа и хакатон на кој повеќе тимови од светот се натпреваруваа и правеа концепти за имплементација на Bitcoin во секојдневието, а како победник на онлајн хакатонот е кодерскиот-тандем составен од татко и ќерка, Јордан и Андреа Стојановски, кои за забава и лична едукација се пријавиле како тим “Dad & Daugther”, откако дознале за овој настан при посетата на Ел Салвадор.
Читајки за Ел Салвадор како прва држава која го прифати Bitcoin-от како една од официјалните валути, почнавме да следиме што се случува таму. Отидовме и на прошетка да видиме како тоа изгледа, а и малку да научиме да сурфаме на бранови. Дознавме за хакатонот кој додатно нè мотивираше да учиме за Bitcoin и Lightning Network. За мене најважно беше дружењето со ќерка ми на ваков начин, а за неа учењето и рекламата кога би добиле награда, што и се случи.
Проектот е прототип што овозможува резервирање на услуги за кои се плаќа со Bitcoin преку Lightning Network, што овозможува максимална анонимност. Тој што ја нуди услугата не може да дознае ништо друго освен дека таа е платена и резервирана. Тој што платил може да го докаже тоа криптографски, без да издаде додатни информации.
Интересна дискусија отвара Јордан на прашањето:
Криптовалутите и копањето се актуелна тема во моментот, како експерт на темава, како сметате дека македонските регулатори треба да пристап кон криптовалутите? Дали треба да се забранат или да се поттикнат?
Ќе дадам стандарден одговор: криптовалутите се децентрализиран систем составен од многу компјутери распрскани по целиот свет. Никој, па ниту државите не можат да го запрат. Македонија (како и било која друга држава) не може да ги исклучи криптовалутите – може само себе си да се исклучи од нив. Забраната би била голема штета за нашиот народ. Таа само го одложува неминовното, и нашиот народ сеедно ќе купува криптовалути, но покасно од другите, за многу повисока цена. Тоа само не осиромашува. Од друга страна, Македонија постанува центар за развој на информатичка технологија, а забраната спречува голем сектор од оваа индустрија.
Повеќе @ Јордан и Андреа, татко и ќерка кодерски-тандем, победија на Bitcoin хакатон во Ел Салвадор ⋆ IT.mk