Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Точно...300 вати се веќе друг муабет...3а 3 минути постои шанса да го стопи мразот. Единствената работа кај овој систем е што кај обичниот клима систем COP факторот ке биде намален, односно климата ке работи ама нема да биде ефикасна 100%. Фреонот ке биде згуснат, уљето во компресорот ке биде згуснато па заради тоа дел од грејачот ке биде намотан како на сликата, во долниот дел. Зошто компресорите на инверторот и обичната клима не се исти, маслото во моторите не е со иста густина итн итн...Има еден куп фактори.
У секој случај ова е одличен твик било да е инвертор било да е класична клима, бидејќи го потпомага топењето на ледот и овозможува непречена работа :)
Инаку точно е дека функционира и климите работат. :)
 

vane44

Баниран/a
26 ноември 2010
1.419
809
Гевгелија
Точно...300 вати се веќе друг муабет...3а 3 минути постои шанса да го стопи мразот.

тука лежи и одговорот ваквиот начин на работа на климатизерот не дозволува никакво фаќање на лед камоли топење
 

deni-tehno

read-only
15 ноември 2013
5
19
докторе докторе,нема никаква врска со згуснатото масло на компресорите,кај сите клима уреди било инвертер,било конвекционална клима,постојат две врсти на масла: синтетичко S.L за новите типови на фреони како сто се: р410а,407ц,134а,507,404,итн. И минерални масла G.L за постарите фреони,р22.р12,р502.новите фреони носат синтетичко улје со вискозитет(густина) од 30 до 90,и до надворесна температура од -25 с вискозитетот се намалува само 6% сто значи на климатизерот не му проблем да работи и на -30 ако е квалитетно изработен,за тоа со греач има некоја логика,јас ги ставам во кадичката,затоа сто од таму почнува трупанјето на ледот.инаку климатизерите сто се произведува пред 15год.и ден денес греат макар и колку сака нека е темп.надвор,разликата од инвертер и конвекционален климатизер е во следново: Кај инвертерите нема он оф значи не гасат едино ако ја надминат дадената темп.два степени гасат. И затоа и не прават толку често дефрост,освен ако не ставена на далечинското на 31с или кога има многу магла.Конвекционалните клими исто греат колку и иверторите,правам муабет за carrier,toshiba,daikin,hitachi,gree,winia,fonko,и др.јас го имам кариер од 98 год. има издув од 60с.Значи нема клима сто не грее на -15с,само терба да ја земете климата према кубиците во просторијата не по квадратура.Еве пример. 3,5кв клима уред задоволува просторија за греенје од 45м3 а лади 70м3.Се е до мајсторот продавачите
не разбираат ама ич, само да продадат. затоа не трчете само во продавница прво прасајте некој сервис за клими.
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
: Кај инвертерите нема он оф значи не гасат едино ако ја надминат дадената темп.два степени гасат. И затоа и не прават толку често дефрост,освен ако не ставена на далечинското на 31с или кога има многу магла.Конвекционалните клими исто греат колку и иверторите,правам муабет за carrier,toshiba,daikin,hitachi,gree,winia,fonko,и др.јас го имам кариер од 98 год. има издув од 60с.Значи нема клима сто не грее на -15с,

Сакаш да кажеш дека инверторот не пали гаси?
А што е моментот со брзината на работа на моторот?
Инверторот има променлива брзина, а конвенционалната клима нема...тоа е разликата, клучната...
 

deni-tehno

read-only
15 ноември 2013
5
19
Постојат два типа на инвертери: DIRECT CURRENT INVERTER and ALTERNNATIVE CURRENT INVERTER.Разликата е во струјата права и наизменична.Повеке се произведуваат DC инвертерите полесни се за изработка и по не се кварливи.Да појаснам:Ако инвертерот не е димензиониран за просторијата во која е наместен тој тро~и повеке струја од обичните клими, никад нема да ја намали брзината нон стоп ке работи на 100 херци тој се раководи према внатресната сонда затоа за да се намалат киловатите на сметката треба да се земе предвид и прозорците и изолацијата на станот тек после да се прави муабет каква клима.Инаку DC inverter компресорите работат на напон од 100 до 400 волти,фрекфенција од 10 херци па до 140 херци,има трофазни и монофазни, ROTARY, SCROLL.Значи инвертерите се компресори на кои им се менува фрекфенцијата а со тоа се зголемува и намалува брзината на вртенје на роторот внатре, мозе да постигне и до 6000 обртаи во мин.ако работи на 120 хц.
 

Alucard

poweruser
22 октомври 2012
2.036
2.073
Скопје, Македонија
@SaleSk
еве за каков грејач станува збор само грешка сум бил дека троши 100 вати ова на сликиве е во должина од 6м. и троши 300 вати направено било на секој пола саат да грее 3 минути,климатизерот сув како во јули август тестирано на -17с во Јахорина
http://www.klimacold.rs/hit-grejac-za-klima-uredjaj/
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.700
12.555
Skopje
www.wemaxa.com
Beko 7KW имам ~ 35k беше, закон, лади за 2 минути, загрева пола стан за 3 минути. Можеби е предимензионирана за просторот во кој е ~ 50m2 (отворен простор кој фаќа дневна, кујна, ходник заедно) но јас сум презадоволен.

За една од собите пак ставив класична клима, некој нонејм бренд и за тоа се покајав. Требаше инвертерче некое 1.5-2 да ставам затоа што класичната клима кога пали/гаси повлекува доста струја и влијае на околната електроника со пад на напонот..
 

nikigo

hello world
6 март 2013
278
295
nikigo's setup  
Processor & Cooler
XEON X5660@4GHz Noctua NHD14
Motherboard
Gigabyte GA-X58A-UD7 (rev. 1.0)
Storage
2xLiteonit 120GB RAID0, WD10EZEX
PSU
Cooler Master V700
RAM
6 x 2GB Kingston HyperX 1600
Video card
GIGABYTE GTX 1070 G1 Gaming
Case
Coolermaster HAF XB
Mouse
Logitech MX518
Keyboard
IBM Model M
Audio
Steinberg UR12, Raspberry Pi HiFiBerry, Yamaha AS-500, JBL Studio 530, Pioneer HPM50, Grado SR-60
Monitor
DELL U2312HM
OS
Windows 7
Требаше инвертерче некое 1.5-2 да ставам затоа што класичната клима кога пали/гаси повлекува доста струја и влијае на околната електроника со пад на напонот..


Ова мене ми се случува, ми гаси влез на ТВ на 2-3сек. додека гледам филм или играм на хдми... што инверче стави? И каде, како?
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.700
12.555
Skopje
www.wemaxa.com
Ова мене ми се случува, ми гаси влез на ТВ на 2-3сек. додека гледам филм или играм на хдми... што инверче стави? И каде, како?


Не ставив инвертер, обична клима ставив во малата соба, се истипсав и не ми се даваа пари за инвертер - после прочитав дека има варијабилна снага и не влече ко стока струја при палење-гасење и подобро одржува температура во соба со компјутер летно време. На одмор бев исто начекавме нови инвертори во собите и ептен криво ми падна кога видов разлика. Многу помирна работа кај инверторот и подобро одржување температура, тивка единица надвор, милина...

За салонскиот простор задоволен сум од обичната клима, за големи простори подобро е класична клима одеднаш да издува се мислам - и други имаат искоментирано исто.
 

maci

poweruser
2 април 2008
3.384
972
зборев со неколку за исклучување на вентилаторот на надворешната единица.нивниот став беше не,но јас сепак мислам дека зимно верме може да се исклучи вентилаторот бидејќи мислам дека нема потеба да работи.принципот на работа на климата внатре топло надвор ладно дозволува да вентилаторот биде офф.кога е ладно само по себе надворешниот дел си се лади и се прави измена на температурата.
ова со грејачот е супер идеја само незнам каде има ваков грејач и дали може да се направи(домашна изработка).
 

deni-tehno

read-only
15 ноември 2013
5
19
Кога климатизерот е во режим на топло, откако ке поработи неколку минути внатрешната сонда на внатрешниот дел го гаси надворешниот вентилатор,на тој начин го намалува притисокот и кондензацијата во внатрешниот дел,ако се случи да не го изгаси ке дојде до висок притисок и ке исфрли компресорот надвор(ке прегрее).или пак ако воопште не уклучи надворешен вентилатор климата ке наака лед и нема да грее.се си има правило кое како да работи, нема импровизациии.......
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
Ајде климатизерџии можеби вие ќе знаете:

Прошлото лето ми дојде мајстор да ни ги чисти климите, и употреби сретство за чистење клими кое беше зелено, растворено со вода и го нанесуваше со пумпица.

Со истото и мермер се чисти многу добро, но мајсторот несакаше да каже кое е сретството, само кажа дека го купувал во Грција.

Моите дома на глава ми се качија да им го најдам, али јас стварно незнам каде да барам, па ако вие знаете марка, име, или било што ве молам кажете ми.

Однапред преблагодарен!
 

Bane

hello world
11 септември 2011
209
214
Prilep
Bane's setup  
Processor & Cooler
Core i5-10400
Motherboard
Asus prime B460M-A
Storage
Samsung 970 evo 500gb + Kingston A2000 500gb
PSU
Bequiet PurePower 11 Gold 600w
RAM
G.Skill Trident Z Neo 16GB 3200MHz DDR4 CL16 (2x8)
Video card
ASUS Turbo GeForce® GTX 1060 6GB
Case
Bequiet Pure Base 500dx white
Mouse
Razer Basilisk
Keyboard
HyperX
Audio
onboard
Monitor
Dell Ultrasharp U2412M
OS
Windows 10
Ја прочитав темата, но сепак некој од стручните за клими нека ми посочи која клима да ја купам за просторија од 40м2.
буџет од 17.000-21.000ден.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Ајде климатизерџии можеби вие ќе знаете:

Прошлото лето ми дојде мајстор да ни ги чисти климите, и употреби сретство за чистење клими кое беше зелено, растворено со вода и го нанесуваше со пумпица.

Со истото и мермер се чисти многу добро, но мајсторот несакаше да каже кое е сретството, само кажа дека го купувал во Грција.

Моите дома на глава ми се качија да им го најдам, али јас стварно незнам каде да барам, па ако вие знаете марка, име, или било што ве молам кажете ми.

Однапред преблагодарен!

Значи преку овакво ми е од такви квази стручњаци себичњаци кои „не даваат занает“
Зошто да не каже? Па тоа е супер гест за здравјето на луѓето - никој нема да му ја земе работата. Темелното чистење на внатрешната единица сепак бара демонтажа. Јас ќе ја расклопам и нема да плаќам а фреонот во што ќе го приберам?

Нејсе...

Еве мое искуство кое е зихер делотворно и се применува секаде. Набави си Ecosal од Alcaloid (го има во сите аптеки)
Ова е средство за дезинфекција на био разградлива основа, не е агресивно, не нагризува површини, лесно се плакне и има пријатна миризба и не мириса (како што велеше една баба) на „докторојна“ :D

Ставам едно капаче (да не се претерува со растворот затоа што многу концентриран тешко се плакне) во пумпица за вода и ја надополнувам со врела вода и почнувам да прскам во внатрешната единица. Врела заради тоа што побрзо ќе се исуши.
После ова (после едно 10-15 мин) ја повторувам постапката со врела вода (со пумпица) и ја оставам да се исуши. Ја пуштам на греење и добивам свеж воздух.

Ова особено го препорачувам пред сезона на ладење за да не се случи акумулираната прашина да се затести заради кондензатот кој настанува во лето и оттука се сите проблеми со алергии и глупости.

Фала
Пријатно


П.С
Во грција има пењи кои се наменети за чистење на климатизери од автомобил. Не сум користел но наводно се добри.
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
@FLEGMA

Да си жив и здрав, вакви совети злато вредат!

Фала!
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
@FLEGMA

Да си жив и здрав, вакви совети злато вредат!

Фала!
Нема проблем но немој да претеруваш со растворот и откако ќе делува задолжително плакнење. Не е лоша идеја да се усиса (колку што може)
Еден мој другар ова го прави со Aris ама ова средство е невозможно да се исплакне, дури и разредено. И многу иритира. Со Aris само затестени клими, неодржувани.
 

Allex

lurker
8 март 2013
819
1.066
Скопје
Можете да препорачате некој сервисер да направи дезинфекција и детално чистење на внатрешна единица? Од прилика како се цените?
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Можете да препорачате некој сервисер да направи дезинфекција и детално чистење на внатрешна единица? Од прилика како се цените?
Најидеално е некој да ти ја расклопи внатрешната еденица и да остане само испарителот. Потоа со Арис и вода сам да ја исчистиш.
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
Ај ако може препорака за квалитетнен обичен мултисплит систем (без инвертер) и мултисплит систем со инвертер?

Станот е 45 квадрати и има централно парно така да климите би се користеле повеќе за ладење отколку за греење.
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Не би ти препорачал мулти сплит од едноставна проста причина. Земеш мултисплит систем со две внатрешни, рикне надворешната немаш ниедна. + е поскапа него да си земеш две обични. Имав и јас во план мултисплит со 4 единици, но после разговорот со дечките кои ги продаваат сватив дека е тоа само скапа играчка за некој што има многу пари, а и нивни совет беше да си земам посебни едниници.
Е сега има уште еден момент, а тоа е разводот, односно влечење на цевките...Кои треба да одат по таван. Дали и тоа го размисли дека може да ти прави проблем?
А ако сакаш ефтини клими, немора да се инвертери, било која ке ти заврши работа. Нормално во зависност од квадратурата ке си земеш 2иполка или 3 иполка...Гледај која има највеќе гаранција.
Земи си две од по 15 иљадарки и свиркај си...
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Од „дивите“, условно кажано, VIVAX се има покажано добро (колку што имам контакти со корисници)
Советот од SaleSk е на место. Максимална должина без дотурање на фреон е околу 20m (не ме држи за збор)

Повеќе евтини клими со долга гаранција и писмен мајстор/монтер. Задолжително да ти монитира фирма која е овластен сервисер за тој бренд заради тоа што ако нешто се случи ќе те дркаат заради крив к.
Пази се од „5 години гаранција“ климите затоа што после првата година треба да доплаќаш за редовна проверка за да ти важат тие 5 години. Научи се колку ќе те коштаат тие дополнителни проверки.
 

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.500
31.940
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Џамбаз за претседател :)
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв