Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.220
Вивакс клима Е дизајн, три лета ладење и две зими греење, непушачка просторија, без да користам догревање со дрва или близина на кујна. Малце има прашина на турбината, а и келиите од разменувачот се провидни нема многу наслаги од прашина. На лето после секое ладење пуштав fan на 20% цел сат, а филтрите ги перев на секои 2 недели кога ја користев континуирано.
Значи прво да ја исмукам прашината, после во една мала пумпица турам дезинтал кој го распрскувам на површината од разменувачот, да постои 20 минути и на крај топла вода му нанесувам да се исплакни?
Усисај, исплакни со жешка вода колку рака да трае, Дезентал растворен или готов растворен да стои 20-30 минути и толку.

Кога перката ќе биде видливо со наслаги еден ден ќе го извадиш оклопот и одоздола со пумпица полека ќе ја исплакниш. Пипаво е ама ќе свршиш работа.
Нормално, ќе ставиш најлони.
 
EnergySaving

hello world
19 март 2017
51
60
Ахам фала. Би замал и 5.5 киловатна од вишок глава не боли ама буџетот е тој. Затоа ме интересираше за тој модел дали е ок не очекувам да е бања туку да е пристојно топло не мора по кратки да седам. Дали знаете овластен монтер на Вивах регион Куманово?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.220
Сме се здробиле од објаснувања, очи сме си ваделе околу Eurovent, графикони сме цртале, со Локван војна сме воделе, ме банирале од кајгана и после читаш:

"ќе земам 5,5 од вишок глава не боли"

Одам на Фемина и ќе се преправам дека сум женско..
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.480
2.927

Ова е новата форум-флуидност?
Транс-форумизам?
Ахам фала. Би замал и 5.5 киловатна од вишок глава не боли ама буџетот е тој. Затоа ме интересираше за тој модел дали е ок не очекувам да е бања туку да е пристојно топло не мора по кратки да седам. Дали знаете овластен монтер на Вивах регион Куманово?
Во областа на инвертерите, баш боли глава од вишок (стручните лица го викаат: над-димензионирање или пре-димензионирање).
Од тука и реакцијата на члено @FLEGMA и во право е.
Објаснувале, објаснувал, сум објаснувал, ама слабо читачи (и учачи).
Во кратки црти: ако е ПРЕ-голем инвертерот, ќе работи како он-оф клима, ќе уклучва/исклучва многу често. А инвертерите не се измислени за така - туку да работат нон-стоп (или што подолго), со што пониска модулација (помала потрошувачка на струја), надополнувајќи го минимално потребното количество топлина во просторијата (ова пред се за греење го кажувам).
Ако постојано уклучва-исклучва, значи не модулира оптимално, а со тоа доаѓа и повисока сметка за потрошена струја, но и удобноста во просторијата ќе е нарушена (ова е од особена важност ако таму се спија).

Да финализираме: ако нема изолација - да, ќе ти бега топлината и ќе треба посилен инвертер, споредено со истата просторија ако има некаква изолација.

Биди повнимателен при изборот, прашај поќемина, пошто ова не е плукни-залепи операција, не се средува преку ноќ.
 
Misteriozen

read-only
20 февруари 2010
49
34
Усисај, исплакни со жешка вода колку рака да трае, Дезентал растворен или готов растворен да стои 20-30 минути и толку.

Кога перката ќе биде видливо со наслаги еден ден ќе го извадиш оклопот и одоздола со пумпица полека ќе ја исплакниш. Пипаво е ама ќе свршиш работа.
Нормално, ќе ставиш најлони.
Што се однесува до перката ткн турбина, кај мојот модел на клима од кога ќе се извади оклопот, три шрафа треба да се одвртат и внимателно да се извади надвор перката. Мојот модел вивакс е 95% исти модел како тој модел што е прикажан во видеото што ќе го споделам. Климата е Мидеа и само предниот капак е малце различен од кај мене моделот, се останато е исто.
View: https://www.youtube.com/watch?v=uHFQ5nb8jA8
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
602
340

EnergySaving

hello world
19 март 2017
51
60
Ова е новата форум-флуидност?
Транс-форумизам?

Во областа на инвертерите, баш боли глава од вишок (стручните лица го викаат: над-димензионирање или пре-димензионирање).
Од тука и реакцијата на члено @FLEGMA и во право е.
Објаснувале, објаснувал, сум објаснувал, ама слабо читачи (и учачи).
Во кратки црти: ако е ПРЕ-голем инвертерот, ќе работи како он-оф клима, ќе уклучва/исклучва многу често. А инвертерите не се измислени за така - туку да работат нон-стоп (или што подолго), со што пониска модулација (помала потрошувачка на струја), надополнувајќи го минимално потребното количество топлина во просторијата (ова пред се за греење го кажувам).
Ако постојано уклучва-исклучва, значи не модулира оптимално, а со тоа доаѓа и повисока сметка за потрошена струја, но и удобноста во просторијата ќе е нарушена (ова е од особена важност ако таму се спија).

Да финализираме: ако нема изолација - да, ќе ти бега топлината и ќе треба посилен инвертер, споредено со истата просторија ако има некаква изолација.

Биди повнимателен при изборот, прашај поќемина, пошто ова не е плукни-залепи операција, не се средува преку ноќ.
Благодарам за објаснувањето.
Земи го овој модел на Vivax инаку 12-ка е 3.5kw додека 18-ка е 5.5kw

За жал над средствата што ги имам.
 
Aowek

user
14 април 2012
1.212
1.169

Кој кај нас прави точни пресметки од каде што купуваш инвертер?

HVAC load calculations determine a building's precise heating and cooling requirements by analyzing factors like climate, insulation, windows, doors, and occupants to ensure the HVAC system is correctly sized
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.220
Што се однесува до перката ткн турбина, кај мојот модел на клима од кога ќе се извади оклопот, три шрафа треба да се одвртат и внимателно да се извади надвор перката. Мојот модел вивакс е 95% исти модел како тој модел што е прикажан во видеото што ќе го споделам. Климата е Мидеа и само предниот капак е малце различен од кај мене моделот, се останато е исто.
View: https://www.youtube.com/watch?v=uHFQ5nb8jA8
Ако веќе си се решил да ја вадиш турбината тогсш направи си мсло шаблонче од картон/хартија за да ја вратиш на исто место каде што е заштрафена. Зборувам за просторот помеѓу турбината и пластиката десно.

На Јутубе изгледа лесно но во пракса ќе ти треба човек за да го држи испарителот подигнат за да ја извлечеш без да го гребеш.
Турбината е многу кршлива и пази да не ти падне.

Пред да ја ставиш пиксната со синтерот (од лева страна) или стави маст или две три капки чисто моторно масло (отпорно е)
Не претерувај со маслото. Спрееви не. Силиконот е прекрасен се додека нема топлина. Потоа запекува.

Заштити го моторот околу осовината (со крпче) ако прскаш.

Задната страна од испарителот е највалкана. Таму не прскај затоа што се ќе ти заврши на ѕид зад клима . Има само два танки отворени канали кои се поврзани со предната кадичка. Веднаш прелеваат. Погоди како знам.

Земи четка за заби и тој дел чисти го внимателно пошто е неверојатно затестен.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.480
2.927
Кој кај нас прави точни пресметки од каде што купуваш инвертер?
За жал, не располагам со таа информација.
Мислењето е автоматски споено:

Благодарам за објаснувањето.

За жал над средствата што ги имам.
Можеби требаше да спомниш предходно колкав буџет имаш.

Еве еден Вивакс AERI+ кој е 4.000 денари поефтин од предложениот AEHI+ (тие се „врвните“ модели кај вивакс), но овој за 29.990 VIVAX ACP-12CH35AERI+ R32 по супер цена од 29.990 ден. е маргинално послаб според карактеристиките, но веројатно нема многу да ти смени кај тебе.

Рачунај дека и монтажата посебно се плаќа на рака на монтерот - и кошта уште околу 5.000 денари со вклучена бакарна цевка до 3 метри.
 
Последна промена:

klima fan

lurker
14 јуни 2021
602
340
За жал над средствата што ги имам.

Нема да згрешиш со Vivax AERI+ добар модел е со тоа што Vivax AEHI+ е со поголем проток на воздух и малку појака од VIVAX AERI+ но и AERI + е одличен ( можеш и од клими мк да нарачаш со плаќање при достава и монтажа тел 070-325-300 )

EnergySaving

hello world
19 март 2017
51
60
За жал, не располагам со таа информација.
Мислењето е автоматски споено:

Можеби требаше да спомниш предходно колкав буџет имаш.

Еве еден Вивакс AERI+ кој е 4.000 денари поефтин од предложениот AEHI+ (тие се „врвните“ модели кај вивакс), но овој за 29.990 VIVAX ACP-12CH35AERI+ R32 по супер цена од 29.990 ден. е маргинално послаб според карактеристиките, но веројатно нема многу да ти смени кај тебе.

Рачунај дека и монтажата посебно се плаќа на рака на монтерот - и кошта уште околу 5.000 денари со вклучена бакарна цевка до 3 метри.
Нема да згрешиш со Vivax AERI+ добар модел е со тоа што Vivax AEHI+ е со поголем проток на воздух и малку појака од VIVAX AERI+ но и AERI + е одличен ( можеш и од клими мк да нарачаш со плаќање при достава и монтажа тел 070-325-300 )

фала дечки изгледа ќе го земам AERI+ бев вчера во клими мк истиов модел ми го понудија за 27 илјади и 5500 монтажа.
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.600
1.764
фала дечки изгледа ќе го земам AERI+ бев вчера во клими мк истиов модел ми го понудија за 27 илјади и 5500 монтажа.
Да толку и јас го земав, пред година и пол, само што монтажата беше поевтина, околу 4К мислам.
 
Misteriozen

read-only
20 февруари 2010
49
34
Ако веќе си се решил да ја вадиш турбината тогсш направи си мсло шаблонче од картон/хартија за да ја вратиш на исто место каде што е заштрафена. Зборувам за просторот помеѓу турбината и пластиката десно.

На Јутубе изгледа лесно но во пракса ќе ти треба човек за да го држи испарителот подигнат за да ја извлечеш без да го гребеш.
Турбината е многу кршлива и пази да не ти падне.

Пред да ја ставиш пиксната со синтерот (од лева страна) или стави маст или две три капки чисто моторно масло (отпорно е)
Не претерувај со маслото. Спрееви не. Силиконот е прекрасен се додека нема топлина. Потоа запекува.

Заштити го моторот околу осовината (со крпче) ако прскаш.

Задната страна од испарителот е највалкана. Таму не прскај затоа што се ќе ти заврши на ѕид зад клима . Има само два танки отворени канали кои се поврзани со предната кадичка. Веднаш прелеваат. Погоди како знам.

Земи четка за заби и тој дел чисти го внимателно пошто е неверојатно затестен.
Завршено, средено. Го извадив оклопот, ги одвртив шрафојте од лежиштето на турбината и малиот шраф на осовината од електромоторот каде што е прицврстена самата турбина. Се намачив малце, морам да признаам, во право бевте кога напишавте, онака гледајќи на Youtube е лесно, но во пракса не е воопшто така лесно.
Али сум задоволен, од турбината излезе најмногу нечистотија, изменувачот со 300ml дезентал го напрскав, го оставив 20 минути да постои, после со пумпа и топла вода го исплакнав, назад како што рековте со четка за заби се среди, останатото со влажна крпа го пребришав, околу електрониката прво го имав со најлон покриено, а после малце со фен му дувнав да испадне прашина на недостапни места. Вратив све на свое место, сега е чисто. Напомена за секој кој ќе отвора, крајно да внимава што прави, не е така едноставно, пипава работа е, ако не му фаќа око подобро да остави друг да го направи тоа, не е срамота. Поздрав!!!
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.220
@null_ptr

Спомна дека си го чистел Mitsubishi-то во делот на турбината.
Дали го расклопуваше тој дел каде што е преливната кадичка заедно со перките за насочување или ја изваде турбината?

Или пак на лице место без вадење?
 
Misteriozen

read-only
20 февруари 2010
49
34
@null_ptr

Спомна дека си го чистел Mitsubishi-то во делот на турбината.
Дали го расклопуваше тој дел каде што е преливната кадичка заедно со перките за насочување или ја изваде турбината?

Или пак на лице место без вадење?
Кај мене е Vivax клима (претпоставувам мислевте на Vivax не на Mitsubishi) скоро е иста (освен капакот) со таа клима Мидеа во видеото на Youtube што го споделив. Кадичката е неодвоив дел од конструкцијата на внатрешната единица. Од кога ќе се тргне оклопот,од левата страна има два шрафа што го држат лежиштето на турбината и еден помал шраф на кој е прицврстена турбината од десна страна. Се поткрева внимателно изменувачот и се вади турбината надвор. Јас значи ја извадив турбината надвор ја исчистив, а на местото просторот каде што стои турбината го напрскав со универзално средство и внимателно полека со крпа го избришав, тука сметаат насочувачите перките но се потрудив без да ги отстранам да го забришам тој дел. После изменувачоот го напрскав со дезентал отстои 20 тина минути го исплакнав и вратив све назад. Кога се прска дезентал и кога потоа се плакне не е лошо делот од десна страна кај електрониката за се покрие со најлон некако да не би се наводенал, колку и да внимаваш сепак може да се навлажни тој дел.
 
Последна промена:

null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.044
1.128
Куманово
@null_ptr

Спомна дека си го чистел Mitsubishi-то во делот на турбината.
Дали го расклопуваше тој дел каде што е преливната кадичка заедно со перките за насочување или ја изваде турбината?

Или пак на лице место без вадење?
кадичката заедно со перките мора да се извади за да се дојде поубаво до турбината.
полека се вади од тој жлеб на левата страна надолу со што целата виси на цревото за одвод и жичките (со изолир ја анкирам за пластиката погоре бидејќи езиво ми е да виси така, може да се скине некоја жичка)

првиот пат ја извадив турбината бидејќи не беше чистена подолго време и едвај ја вратив кај и е место (ајноу-руки-мистејк не направив белешка) оттогаш секојпат на лице место - последен пат пред 3 дена :)
 
Следниот пат кога ќе отворате ако може барем направете некоја слика, ќе научиме нешто плус ;)
 
Последна промена:

null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.044
1.128
Куманово
Следниот пат кога ќе отворате ако може барем направете некоја слика, ќе научиме нешто плус ;)
повели имам веќе споделено
yep.. мрежата оди заедно со кадичката, еве подетално како се растура :)

Ако ве интересира чистење има на тему специјални најлони за да не направите беља

Цел кит за 700 денари

https://share.temu.com/ajotlErOcvB
земав таква, ептен е лита али заврши работа
 
ArMaKeDoN98

hello world
7 февруари 2016
297
192
Препорака за океј клима до 25к по можност од Нептун(немам др продавници локално) за просторија од 16м2 со пвц прозори и фасада.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
602
340
Препорака за океј клима до 25к по можност од Нептун(немам др продавници локално) за просторија од 16м2 со пвц прозори и фасада.

Нарачај на телефон 070-325-300 ќе ти ја донесат од клими мк и се плаќа при достава овој модел на клима уред

ArMaKeDoN98

hello world
7 февруари 2016
297
192
Нарачај на телефон 070-325-300 ќе ти ја донесат од клими мк и се плаќа при достава овој модел на клима уред

Нема нешто споредбено со ова од нептун, сепак рати без камати и плус локално ми е
 
olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.882
3.809
Препорака за 2 клими:
  • 3.5 KW - просторија 20 м2 - до 30к - да е што е можно потивка
  • 5.5 KW - простории 20+15 дневна+кујна + 15м2 ходник - до 40-45к, исто што е можно потивка
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
602
340
Нема нешто споредбено со ова од нептун, сепак рати без камати и плус локално ми е

Од нептун овој модел

Препорака за 2 клими:
  • 3.5 KW - просторија 20 м2 - до 30к - да е што е можно потивка
  • 5.5 KW - простории 20+15 дневна+кујна + 15м2 ходник - до 40-45к, исто што е можно потивка

3.5кw овој модел

5.5кw овој модел

Последни теми

Последни огласи

На врв