Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.220
Кај FH50 насочувачите (4 на број) супер лесно се расклопуваат. Преодниот капак исто.
Но пред перката има заштитна мрежа која не може да се извади и пристапот до перката и просторот пред неа е ужас заради ова.

Треба оклоп вадење и цел склоп со кадичката. Цел ден работа
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Ај да прашам и јас нешто (нема соодветна тема ама е поврзано со дом). На нов пвц прозорец (година дена), внатре во комората се јави замаглување, прозорот го пребришав од надвор и внатре со средство за стакло ама стои внатрешно замаглување во самата комора (види фото). На што се должи проблемот, неквалитетна изработка или несоодветно користење ?

termopan.jpg

немаш веќе вакум измеѓу стаклата т.е. не прави веќе изолација, прима својства и се појавува флека, само замена

Ако се нови контактирај го изведувачот.
Ова е пропуст во изработка и треба да си го заменат.

Не е обичен вакум..... меѓу стаклата се полнат со Аргон, гас кој има изолациони својства и тоа е главната причина за двојни, тројни или четирислојни стакла.

Ако е со повеќе од две, вториот воздушен слој мислам е исполнет со друг гас кој има други својства.
 
18 август 2019
1.210
1.176
Изолирот што го намотаа монтерите се распадна за две години. Јас изолирав со (наводно) сребрен изолир, издража една сезона. Изолирав со некој изолир со стаклена волна, почна да се распаѓа. Уште да пробам да ги заштитам цевките со канали.

Каде можам да најдам такви канали?
 
Aowek

user
14 април 2012
1.212
1.169
Изолирот што го намотаа монтерите се распадна за две години. Јас изолирав со (наводно) сребрен изолир, издража една сезона. Изолирав со некој изолир со стаклена волна, почна да се распаѓа. Уште да пробам да ги заштитам цевките со канали.

Каде можам да најдам такви канали?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.220
Еднаш засекогаш, без рекла казала. Аргументирано
Ликов го следев порано, па го снема па пак се појави.
Краљина. Унгарец по потекло, ги меша падежите како Никола100 темите ама ликов е, уште еднаш, краљина!

По малку е biased кога препорачува клими но е коректен и аргументира (се повторувам, знам)

View: https://www.youtube.com/watch?v=awjFKUzUh5s
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.787
5.507

Во кратки црти кој го мрзи да гледа: Ако е он/офф клима со капилара онда идеш со 3 метра или како пишува во инсталациско упатство. Ако е инвертер со EEV (нарочито од понова генерација со цел компјутер внатре) во 99.9% случаи не мора 3 метри, но поради специфичности и гаранции повторно следиш инсталациско упатство.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
602
340
Еднаш засекогаш, без рекла казала. Аргументирано
Ликов го следев порано, па го снема па пак се појави.
Краљина. Унгарец по потекло, ги меша падежите како Никола100 темите ама ликов е, уште еднаш, краљина!

По малку е biased кога препорачува клими но е коректен и аргументира (се повторувам, знам)

View: https://www.youtube.com/watch?v=awjFKUzUh5s

Сепак стандардна цена за монтажа е до 3 метри бакарни цевки исто така има и инвертер клима уреди со капилара не се сите со ЕЕВ вентил затоа најдобро три метри бакарни цевки бидејќи и цената за стандардна монтажа е до 3 метри
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.787
5.507
Сепак стандардна цена за монтажа е до 3 метри бакарни цевки исто така има и инвертер клима уреди со капилара не се сите со ЕЕВ вентил затоа најдобро три метри бакарни цевки бидејќи и цената за стандардна монтажа е до 3 метри
Инвертер клима без ЕЕВ во 2025 година? 3 метри цевки ако навистина немаш потреба? Можеби е време да почнеме на монтерите да им бараме да намалат цени за помала метража како што знаат да накачат за подолга. Освен нели во случај ако климата доаѓа со кит за монтажа.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.220
Јас препорачувам да се гледа и внимава од 20-та минута натаму. EEV не е семоќен.

3m цевки апсолутно да и кај евтини инвертери. Погодете од 3 пати дали VIVAX инвертер од 18.000 има капилара или EEV.

Ако има EEV треба добра електроника, добра електроника не се става на лош компресор, добар компресор има receiver илити резервоар, тоа понатаму повлекува вентилатор на надворешна кој (повторно) е контролиран од електроника која не е универзална.
Почнуваме да се вртиме во круг до констатација дека скапите клими не се без причина скапи.

Клима без три метри цевка е повеќе бучна и повеќе вибрира.
Нема да прегори, нема ништо да се деси.
 
Misteriozen

read-only
20 февруари 2010
49
34
Еднаш засекогаш, без рекла казала. Аргументирано
Ликов го следев порано, па го снема па пак се појави.
Краљина. Унгарец по потекло, ги меша падежите како Никола100 темите ама ликов е, уште еднаш, краљина!

По малку е biased кога препорачува клими но е коректен и аргументира (се повторувам, знам)

View: https://www.youtube.com/watch?v=awjFKUzUh5s
На истото видео одма се појави и овој лик од Heatmaster youtube канал да го демантира тој истиот Ласло во врска со неговото изложување во врска со тие три метра инсталација. Линк од видеото подолу.
View: https://www.youtube.com/watch?v=D_YGmA1pqbs
Во меѓувреме видов уште едно видео објавено denes од Heatmaster на истата тематика
View: https://www.youtube.com/watch?v=WH8y0W75YcQ
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.220
Ликот е со повредено его, многу зборови му ги извртува, многу крие и цело време ќе кажел на мемберите. Ко Васко Ефтов
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.098
2.341
Кога се купува клима треба сам да најдам монтажер или ќе ми препорачаат во салон?
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.787
5.507
Ликот е со повредено его, многу зборови му ги извртува, многу крие и цело време ќе кажел на мемберите. Ко Васко Ефтов
Малку си необјективен. Нема зашто да му е повредено егото, кога овој другиов кажува неточни работи, или полуточни, овој само му се смее. Можеби е не етичен малку, можеби се прави важен (ама па има знаење и му се може), ама не гледам зошто егото би му било повредено. Оној другион е онака ОК мајстор кој научил нешто од искуство, демек прочитал една книга за фригомеханика еднаш (сам си кажа не ја разбрал баш ама некои работи запамтил) :) Најсмешно е кога ќе уклучи сите јаки инструменти и гледа на тоа таблетот, а се гледа дека појма нема што да гледа, научил 2-3 работи и се држи на нив ко слеп за стап онака без да ги разбира, некако автоматски брка некои подесувања, на памет би рекол.
Тоа што не кажува се, да е малку заебано за општа публика, ама он си знае, тера некој бизнис модел, како и многу слични занаетчии од разни занати по Јутуб низ светов. Како моментална мода им е тоа.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.220
Fujitsu

Daikin

Mitsubishi на страна 3
* Split-type Air-Conditioner
MXZ-6F120VGD

*9 The piping specification table does not provide a minimum line set length.
However, indoor units with connected piping length less than 3 m could
produce intermittent noise during normal system operation in very quiet
environments. Please be aware of this important information when installing
and locating the indoor unit within the conditioned space.

Еден од овие двајца изгледа дека нема поим што зборува. Да сум безобразен би рекол дека хрватот нема врска но не сум безобразен и не велам така.

И да не трупам линкови со сервисни каде со ситни букви е пишано дека не признаваат рекламации за бука затоа што нема минимум 3 метри инсталација..
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.787
5.507
Амин. Еднаш за секогаш ете нека стои зошто препорачуваат понекогаш 3 метра.
И да не трупам линкови со сервисни каде со ситни букви е пишано дека не признаваат рекламации за бука затоа што нема минимум 3 метри инсталација..

Многу ретко тоа ќе го најдеш кај производители кои држат до себе.

Еден од овие двајца изгледа дека нема поим што зборува. Да сум безобразен би рекол дека хрватот нема врска но не сум безобразен и не велам така.
Тој маџарот. Уствари се што изнацитира погоре го кажува цело време и Хрватот. 3 метра не се потребни за правилно технички работење на клима уредот како систем. Може да има со бука, што се решава однапред со знаење и добра монтажа.

Како и веќе пишав, мене у офис монтирана од Енергија и AUX и Fuji со помалку од 1.5м цевка, без јамка, грб со грб, без децибел звук или вибрација. И кај едната и кај другата нема нит вибрации, нит некој проблем, нит изгубиле гаранција. Работат еве веќе, пффффф сигурно повеќе од 7-8 години сигурно. Ниту на нивните упатства пишува дека треба 3м. На AUX-от пишува она со дека може да се појави бука. На Fujito ни тоа, as short as possible, што ете е различно од ЧПП што го имаше линкувано. Значи како каже инсталациско упатство така.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
602
340
Инвертер клима без ЕЕВ во 2025 година? 3 метри цевки ако навистина немаш потреба? Можеби е време да почнеме на монтерите да им бараме да намалат цени за помала метража како што знаат да накачат за подолга. Освен нели во случај ако климата доаѓа со кит за монтажа.

Има евтини инвертер модели кој немаат EEV туку се капилара инаку за 3 метри бакарни цевки кога веќе цената за монтажа е до три метри стандардна монтажа Да со тоа што вишокот бакарни цевки ќе се свртат позади надворешна единица
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.787
5.507
Има евтини инвертер модели кој немаат EEV туку се капилара инаку за 3 метри бакарни цевки кога веќе цената за монтажа е до три метри стандардна монтажа Да со тоа што вишокот бакарни цевки ќе се свртат позади надворешна единица
Tаква чунга лунга со капилара во 2025 никад не би ни погледнал, ама јбг се лаже народ. Барем TEV да им стават. Ама ОК, еве сѐ ОК.
Прашањето ми беше:
Што ако цената не беше со 3 метра? Или ако ми наплат за 1 или 2 метра или реално потрошено? Може ли тогаш?
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
602
340
Tаква чунга лунга со капилара во 2025 никад не би ни погледнал, ама јбг се лаже народ. Барем TEV да им стават. Ама ОК, еве сѐ ОК.
Прашањето ми беше:
Што ако цената не беше со 3 метра? Или ако ми наплат за 1 или 2 метра или реално потрошено? Може ли тогаш?

Се додека стандардна монтажа е до 3 метри бакарни цевки толку и треба да се монтира Инаку за капилара да евтините модели се со капилара ништо ново
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.787
5.507
Се додека стандардна монтажа е до 3 метри бакарни цевки толку и треба да се монтира
Ова за да ги искористиш парите??? Никако да ми одговориш, ајде да пробам вака. Одам во ХХХ-Шоп и купувам клима. Ми даваат листа на „овластени“ монтери. Се јавувам на рандом и прашувам колку пари монтажа, ми вика зависно од должина на инсталација фиксно 50еур (нема ни см цевки вклучено, ни кабел ни бутур) + 10 еур/метар инсталација. Сега ок ли ќе биде да ми монтира 1 метар ако е доволно?
 
Ако 1 метар е доволно тогаш да
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.220
Ова за да ги искористиш парите??? Никако да ми одговориш, ајде да пробам вака. Одам во ХХХ-Шоп и купувам клима. Ми даваат листа на „овластени“ монтери. Се јавувам на рандом и прашувам колку пари монтажа, ми вика зависно од должина на инсталација фиксно 50еур (нема ни см цевки вклучено, ни кабел ни бутур) + 10 еур/метар инсталација. Сега ок ли ќе биде да ми монтира 1 метар ако е доволно?
Никој не вели дека не е океј, дури и Ласло :)

Претходно кажав дека во одредени инсталациони инсистираат на 3м како гарантен услов. Во други препорачуваат и ова, искрено, повеќе ме плаши. Може да има бука (значи, не мора), може ќе биде бучна (значи, можеби и не) итн.
However, indoor units with connected piping length less than 3 m could
produce intermittent noise during normal system operation in very quiet
environments.
Да бидам коректен до крај, овдека се работи за мулти-сплит систем.
Мое лично искуство. 3 VIVAX AERI на R410. Двете заради положбата имаат 3 метри а едната е наместена практично грб со грб и има цирка еден метар цевки (плус еден метар мерено од холендарот на внатрешната)

Оваа клима не е ништо побучна од останатите освен после дефрост (кога работи на максимум) а вибрира (се осеќа на внатрешната) кога работи за да постигне температура па пред да се „одлучи“ да модулира пониско. Ова е толку икраткотрајно и неприметно што да ги немав другите две ќе мислев дека е нормално.
Овие модели имаат капилара. 3,5-ки се и она за што се наменети го прават одлично.

Четвртата клима е Panasonic (2006 модел) 3,5-ка на R410 која нема три метри ама има 2,5 (заради положба). Супер тивка надворешна освен што ми просвири внатрешниот вентилатор па ништо не можеш да сетиш освен бука (небитна соба)
Петтата клима е Mitsubishi FH50 на која намерно и наместив 3 метри цевка, свртена во круг за да ублажам евентуални вибрации и бука кои би патувале по цевките. Никогаш не видов и не слушнав оваа клима да вибрира или да се однесува чудно.
Нејзината надворешна ми е на дофат на раце и не чувствувам вибрации дури ни кога ја допреш. Гумици нема.
Надворешната е тешка 55 килограми.
Од друга страна во деловен објект на времето (2002) ставив 7,5-ка Fonko on-off грб со грб. Прегоре за 2 месеци. Тогаш сервисерот кажа дека има премногу кратка инсталација и затоа. Имаше натегање ама пак ја местеше овластен и мораа да ја заменат надворешната.
Ставија полу-круг и работеше некаде до 2021 кога ја заменивме за две 5,5-ки VIVAX AERI.

За да одговорам на прашањето што го поставуваш..
Ако се наплаќа метражата дополнителни цевки би ставил само ако инсталацијата е права линија помеѓу единиците или ако се бара. Ако природно влегува +1 или 1,5м не би ставил екстра ако не е пропишано. Особено не на мала снага како 2,5 или 3,5
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.787
5.507
Никој не вели дека не е океј, дури и Ласло :)
Освен Ласло што тврди дека на он/офф мора најмалку 3 метра ради ... глупости ... не знае ни он да објасни зошто.
За да одговорам на прашањето што го поставуваш..
Ако се наплаќа метражата дополнителни цевки би ставил само ако инсталацијата е права линија помеѓу единиците или ако се бара. Ако природно влегува +1 или 1,5м не би ставил екстра ако не е пропишано. Особено не на мала снага како 2,5 или 3,5
Амин, тоа е тоа, да се затвори темата и кај нас треба глупоста со 3 метра цевки и вртлози позади надворешните. Уствари пола од монтериве наши не научија уште ни дупка правилно и со што да избушат а ние со виша математика ги мачиме, цевки, грамажа, вакумирање, дрн, дрн...
 
18 август 2019
1.210
1.176
▪️
Цена: 899 ДЕН
▪️
Електрична керамичка клима за ладно или топло со далечински управувач.
Скапа струја, поскапени пелети кои ги нема, нема други начини да се загрее домот и сите цени се полудени? Го имаме најдоброто решение на вашите проблеми.
Електрична керамичка клима - Made in Turkey, познат бренд за грејни тела, сега и кај нас за неверојатна цена - 899 денари!
Направете нарачка директно во инбокс !
❄️
Во сите сезони оваа клима станува ваше решение на проблеми за ладни и топли денови.
☀️
А++ енергетска класа, минимална потрошувачка на електрична енергија, работни функции од 1000w до 2000w (2 денари потрошувачка за еден час). Тивка и бесшумна работа 35db.
❄️
Преку мала потрошувачката, оптимално е загревање на просторија до 50м2. И до 10 пати поевтино од најевтината клима.
☀️
Лесна монтажа како да поставите слика на ѕид?
Два начина на поставување на климата: закачете ја на ѕид или поставете на подлога за да можете лесно да ја преместите од една во друга просторија. Далечински управувач со сите опции.
❄️
Климата може да ја користете од 16 степени до 32 степени и со 4 сезонски опции за ладење и греење преку далечинско и преку копчињата на уредот.
24 месеци гаранција на квалитетот!
Испорака низ цела Македонија до ваша адреса за рекордно време!
1754813371001.png
Можеби беше за во друга тема...
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно