Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Zero-T

read-only
16 мај 2014
38
50
Zero-T's setup  
Processor & Cooler
Intel Core I5 4670 @ 3.4Ghz
Motherboard
Gigabyte Z97 HD3
Storage
Western Digital Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Antec VP500 P
RAM
32 GB Patriot Viper 3 Black Mamba @ 2400Mhz
Video card
/
Case
LC Power Juggernaut 926B
Mouse
Razer Basilisk Essential
Keyboard
Genius LuxeMate i200
Monitor
2 x DELL U2414H
OS
Windows 10 64bit
Јас ја имам истата клима, никогаш не правела дифрост освен ако не зголемиш значајно температура. Инаку зошто ја пушташ на 30 степени?

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
За ладење :LOL:
За побрзо догревање ако е била намалена температурата, нормално.
Мислењето е автоматски споено:

Звукот е резонанца од кинеското тресење на компресорот и околните лимови. Вака на невидено тоа можам да кажам.
Добро, не можеме сите да си дозволиме Daikin, па мора со кинески клими да се залажуваме.

Мора вака иронични одговори да има?
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Напротив и јас имам 7-8 кинези по канцеларии и слично, истото ми се случува. Вооошто не е иронично. Буфери имам ставено и на кинези и на јапанци.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Функционираат ли буфери на кинези?
Под услов со цевките да има формирано цел круг зад климата и истите да не допираат на куќиштето. Компресорот веќе е на бафери.

Во зима и баферите под надворешната и баферите на компресорот укрутуваат така што многу зависи колку е мирен компресорот.
Ако вибрира вибрациите се пренесуваат по цевките до внатрешната единица. Исто така и врз држачите па преку нив на фасада.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Немам појма.
Јас имам земено од Вурт пред 5-6 години два комплета. Па прекинаа да продаваат малопродажба и се испосменија, којзнае дали имаат. Ама се врвни М8 ако најдеш топ.
После имам земено 2 комплета од Хубо, ама еднаш ги видов и земав. Пред тоа и после тоа никогаш не сум видел.
Мислам дека зборуваа дека Кодус ги имаат како монтери пред 3-5 години, сега којзнае.
Енергија обично имаат скоро се од канали, и такви ѓурини-муринки што обично ги немаат други и јас би си ја пробал среќата прво таму, сега да треба да барам.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
623
346
Се работи за Vivax AERI+ 12, 3.5kW, најмногу се случува кога е пуштена на трета брзина и 30 степени или на 17 степени преку ноќ, вентилаторот на ауто и мод за спиење.
Преку ден е обично на 24 и тогаш не е до толку често, еднаш во 1 час.
Можеби е и од маглата како што пиша @mdeni, сепак мислам дека е многу и има чудни вибрации на надворешната единица.
Не јa рaбoти нa 30°C туку нa 27°C и 3-тa брзинa нa фaн вентилaтoр
( кoлу м2 грееш сo климaтa дaли имaш изoлaцијa и pvc прoзoрци ) ?
 
NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
Епа другови, дојде ред конечно и ја да споделам малце поише инфо за потрошувачката на Toshiba Daiseikai 13 :love:

Просторот кој го загревам детално го имам опишано во претходните постови, ама еве и тука на кратко:
  • стан во Скопје во стара зграда (70ти години);
  • никаква изолација на ѕидовите;
  • столаријата е нова - ПВЦ;
  • висина на плафон: ~2.4м;
  • површината што ја загревам беше првично 51м2, а сега е 60м2;
  • околу 10-12м2 од станот не се загреваат;
  • низ станот проаѓаат цевки од парно кои помагаат при загревање;

Ноември

Климата е поставена на 4 ноември, но 4 и 5ти беа топли денови, работеше само по 3-4 саати на ден и потроши многу малку (0.5kWh и 0.9kWh соодветно). Во остатокот од деновите, гледам дека трошела просечно ~6.4kWh дневно. Во ноември, климата работеше до 25ти во 51м2 и од 26ти до 30ти (5-5ипол дена) во 60м2.
Вкупно за ноември (вклучувајќи ги и 4ти и 5ти) потрошила 162kWh или околу 960МКД.

Screenshot_2023-01-03-22-42-51-275_com.tplink.iot~2.jpg

Декември

Во декември имаше доста поладни, но и магловити денови, па беше добра шанса да се испроба капацитетот на климава, но и да се види потрошувачката во поладни услови. Во овој месец, цело време се загреваше простор од 60м2 (отворени дневна+трпезарија+кујна, спална, работна соба, ходник и WC).
Дневниот просек за декември бил ~9.45kWh односно ~57МКД. Вкупно за декември потрошила 292.9kWh, односно ~1735МКД.

Screenshot_2023-01-03-22-45-47-678_com.tplink.iot~2.jpg

Од аспект на поставување на климата, бидејќи за прв пат користам клима за загревање, на почеток имав еден период од 2-3 недели кајшто испробував различни поставки. После некое време, додјдов до нешто што за мене е оптимално:
  • климата е поставена постојано на температура од 23 степени
  • на полноќ, брзината на вентилаторот иде на 3та брзина од 5;
  • во 02:00, брзината иде на 4ка;
  • во 08:00, брзината пак иде на 3ка;
  • во 10:00, брзината иде на 2ка и така работи до полноќ;
Во ноември поголем дел од времето овие брзини беа за по 1 помали, дур да се навикнам на бучавата :) Температурата која се постигнува низ станот е генерално околу 23.5 степени низ отворениот простор и 21-22 во спалната и работната соба. На почеток (ноември, кога имаше потопли денови) имав мал проблем, климата ја поставував на 23 степени, а температурата во дневната идеше и над 24-24.5, па на периоди морав да ја намалам на 22 за низ дневната да биде некоја попристојна температура од 23.5 степени.

Ја конкретно од потрошувачката и работата на климата во претходниве два месеци сум презадоволен. Пред да ја ставам, од „ракав“ имав некои пресметки дека за цела сезона на би требало да потроши поише од 200€, а според тоа како тргнала до сега, веројатно нема да е ни 8000МКД, а во поладна зима веројатно би дошло до макс. 200€.

Толку од мене за сега :)
 
Последна промена:

123456

poweruser
12 април 2013
2.072
1.596
Naselba Dracevo, Kisela Voda, Macedonia

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Gree прави и без магла... Па некои дури и на +5°.
Ни Gree ни другите можат да знаат за влагата надвор.
За да има дефрост треба да се исполнат 3-4 услови: Акумулирано време на работа (Митсубиши) , надворешна температура, температура на испарител и температура на дифрост сензор.

За да нема пад на перформанси дефростите се програмирани. Ако се програмирани на 120 минути на вакво време ќе има 2 прсти мраз и дефрост циклус од 15 минути.

Јапонските (Митсубиши) имаат машинско учење (fuzzy logic) па следниот циклус го пресметуваат врз основ колку траел претходниот.

За климите да имаа дефрост каков што ние сакаме мора да имаат и сензор за влага и логика која ќе знае што е dew point, dry&wet bulb temperature или пак диференцијален сензор за воздушен притисок кој ќе мери разлика од влез до излез па да знае дали има или нема мраз.

Моментално тие се логиките (генерално лоши кај сите)
Финтава е цел циклус да се заврши брзо и ефикасно.
 
Aowek

user
14 април 2012
1.212
1.169

Ова го нема ни Mitsu LN моделот или пак Даисенкаи ?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
Ова го нема ни Mitsu LN моделот или пак Даисенкаи ?
Кое да го нема? Не ти го разбирам прашањето? Мислиш на напреден систем на дефрост? Ако тоа го мислиш тогаш, да. Го немаат

Од друга страна најпримитивната форма на клима без никакви логики е он-офф клима. Има термистор на испарител, работи со полна снага и константно трупа мраз. Паралелно со ова и паѓа ефикасноста до невидени размери. Од таму и она „до -7“
Иако има(ше) модели на он-офф клими кои уредно работеа и до -10. Ама на суво време
 
18 август 2019
1.225
1.199

А зошто некои прават дефрост без воопшто да има мраз? Што ги активира ако веќе немаат индикатор за влага? Глупа електроника, дефект или нешто трето?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.567
19.262
А зошто некои прават дефрост без воопшто да има мраз? Што ги активира ако веќе немаат индикатор за влага? Глупа електроника, дефект или нешто трето?
На прво место е бркањето на енергетската ефикасност по секоја ретардирана цена. За да ги добие тоа плусевите ќе прави се што треба да се прави.

Програмирани дефрости со глупа логика која отприлика „резонира“ вака - Ако надвор е под -1, ако температурата на испарител е минус толку, ако температурата на дефрост термисторот е толку и работела толку тогаш мора да има мраз. Ова е се само не точно.

Овдека Mitsubishi пробува да балансира со машинското учење наречено Fuzzy Logic па во обзир го зема и времето потребно да заврши дефрост циклусот за да го пресметаа наредниот. Ова време е растегливо но не е подолго од 120 минути.

Ако на ова додадеш корисник кој ја силува климата со местење на неразумни температури тогаш добиваш лошо искуство.

На кратко, чести суви и брзи дефрости = поголем COP. Долг распон и „чекање“ да се нафати мраз значи линеарно опаѓање на ефикасноста и испорачаната температура. Со самото ова и долг дефрост циклус.

Имам гледано DIY решенија на сплит клими (кои се превземени од резидентни HVAC системи) кои мерат проток на воздух зад и пред климата па со самото тоа, ако се намали, тоа непобитно значи дека имаме мраз и треба да се случи дефрост.

Некои го преместуваат дефрост термисторот погоре на испарителот каде што не е толку ладно. Од фабрика е наместен на последниот или претпоследниот ред на цевки каде што е најладно.
Ова пак функционира добро се додека не се деси магла како сега.
 
Значи дека треба детално да набљудувам (и да ја проверам надворешната температура). Кај мене дефростот трае прилично долго, ама поголем дел од времето ватметарот покажува само 10 вати. Треба да видам колку време му треба за одмрзнување а колку време забошотува (не работи ништо).
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв