Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Ивановски: Компјутеризацијата на училиштата успешно се спроведува

AMD_fan

poweruser
10 ноември 2007
3.646
139
ivanovski%20ivo%20120.jpg


Министерот за информатички општество уверува дека проектот компјутеризација на училиштата успешно се спроведува – тој денеска изјави дека 90 проценти од училиштата користеле компјутери, а таму каде тие не се инсталирани оти е тоа пропуст на директорите. Ивановски ги повика директорите во интерес на учениците да ги приклучат компјутерите.

- Не се вклучуваат бидејќи тоа е ингеренција на директорот на училиштето. Нема причина зошто да не се вклучат. Со тоа само им прават штета на учениците. Има доста критики дека наставниците и професорите не се обучени за оперативниот систем Линукс. Оперативниот систем кој е инсталиран Еду Убунту е 90% сличен на Виндоус, а сите наставници се обучени на него. Со едночасовно запознавање на тој систем секој наставник ќе може да дознае како да ги користи алатките веќе вградени во тој систем.

Извор: Канал 5
 

loris

lurker
7 мај 2007
630
50
Велес - Скопје
Многу добро е што инсталирале Edu Ubuntu, само што нашите професори незнаат да работат Windows XP, тие ја поминале обуката ама што научиле тоа никој не кажува. На професорите да им дадат да работат на Windows XP, со сменет Style они ќе се збунат а не да им дадат Edu Ubuntu, секоја чест за тие што знаат и XP и Убунту.
Инаку од гласини слушам дека децава до средните школи не ги користат компјутерите како помошни средства туку само за интернет, и така наместо да го следат часот, го поминуваат листајќи Prijateli, Hi5, Facebook и останато.
 

Aleks

poweruser
18 мај 2007
5.748
289
Ок, ајде малце за аборуваме за ова, директорите ли не сакаат ?!? Денеска, во кабинетот по тешничко цртање кај нас, јас лично и професорот правевме РЕДО на целата училница и пробавме да ги уклучиме компјутерите. Планираме да го спремеме габинетот целосно за рок од 2 недели.


Прво, кабли за мрежа апсолутно немаше никаде наместено, па моравме сами да ги местиме.

Второ, каблите беа расфрлани на илјада страни и ништо не беше како што треба поврзано.

Трето, тој бисерот кој ја местил кутијата со свичот треба да пре-полага основно оти ХАОС направил.

Четврто, Пола компјутери не беа наместени на серверите...

Најинтересното беше што директорот кажа дека од министерството им рекле дека НЕ СМЕАТ апсолутно во никој случај да ги вклучуваат компјутерите додека не им кажеле од министерството:muahaha: Абе ајде... и сега на крај директорите криви, ГОЛА ВОДА!

На нас ни требаат компјутери, така цел овој месец ќе гледаме да оспособеме што е можно кабинети за работа со компјутерите.

Интернет е трета приказна, ќе мора да е бежичен .. или незнам како ќе се изведува оти мрежата може да кажам дека не е добро испланирана во секој случај:ua: Ниту пак местото за штекери не е испланирано:ua: Ниту шемите за електро приклучоците не се како што треба, ба утепавме 15мин гледајќи низ сколпките за да можеме да ја уклучиме напонската мрежа:ua:

На крај ќе испадне како она секој човек за себе, односно секое школо да си се снаоѓа како што знае и умее.


Ама сега добро е и што толку имаме нели ? Браво за владава што ни ги даде дури, натаму ние ќе си ги средуваме.
 

ever-near

read-only
24 август 2008
40
1
А бе Вие не ја разбирате пораката :D Ем ќе Ви дадат компјутери за работа, ем ќе Ви втераат пракса за имплементирање на мрежи :LOL:
 

DaDo|BT

hello world
21 септември 2007
258
13
dad0bt.blogspot.com
@Aleks абе другар супер е тоа што поставија компјутери во училниците ама проблемот е шо не ни дозволват да ги пуштиме
дури ни ја исклучија струјата од штекерите па ....
интернет .... ? шо е то ? во кабинетот по информатика веке 2 ра година каде што нема интернет ...!
а министерот можи да кажва колку шо сака .... јас си знам каква е реалната слика во учичиштата
 

Aleks

poweruser
18 мај 2007
5.748
289
DaDo|BT, интернетот го остај, и кај нас мрежата е хаос, ама оваа година ќе се средува све по ред. Неможете да ги вклучите оти треба да се уклучи главната склопка во училницата, а за тоа денеска едвај најдовме клуч за неа... само 1 оставиле тие што местеа, еј замисли еден клуч а има едно 50 склопки во цело школо.
 

dimitars

user
8 мај 2007
1.691
343
Денеска колку за проба ги укључивме. Сите си работеа добро едубунтуто е на македонски и лесно разбирлив, имаше и интернет(3кб/с download:D) така да кај нас паѓа во вода тоа дека ништо не е како што треба. Стручните си ја работат работата, обичните наставници како македонски, математика и други не знаат што да прават. Well done за владата иако не сум политички настроен.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.873
34.158
roka.mk
Лиѓе не заборавајте дека живееме у Македонија така да колку и да се трудиме се да биде у најдобар ред мора да има нешто што нема да биде како што сакаме....Дали тој што местел дали тој што финансирал не е битно важно ни една работа неможе да се заврши без проблем.
Зашто тогаш наместија компјутери кога не им даваат да ги чепнат?....Сега ќе се направи само погомел број на провали у школите ќе се краде компнјутер на велико...ако нема везе мора некој и од тоа да живее:).
Јас лично не сум против тоа што ќе има компјутери , напротив тоа е супер него работата е у тоа што никој нема да го користи за ОНА за што е донесен и башка децата нема да имаат поголеми резултати у учењето...

Е што ни фали на нас што завршивме школо без да видиме компјутери у школо ? Тој што сака да научи може да научи каде сака и кога сака


Поздрав
fatal1ty_
 

HijackHacker

poweruser
21 февруари 2008
5.112
305
www.gorjan.rocks
Хаха, ние не ни можеме да ги уклучиме, главниот продужен во шкафче е заклучен.
Каблите не изгледаат лошо, а има и мрежни како што видов.
Уште ни преостанува да ја прашаме директорката зш не ги палиме, а она со клоци да не избрка :p

бтњ Интернетот изгледа дека е од T-Home, вчера залепле налепници по кабинетот.
 

Miksa2007

hello world
15 октомври 2007
112
1
Не ми е јасно само компјутериве се пред учениците цело време и кога се учи математика, македонски, физика или само по некои предмети?

Како е замислена наставата, дали можеби некои од предметите се прилагодени како презентации на компјутер, со некои интерактивни задачи итн.
 

fuUuUzZzZy

poweruser
14 декември 2007
4.843
924
Ohrid
Не ми е јасно само компјутериве се пред учениците цело време и кога се учи математика, македонски, физика или само по некои предмети?

Како е замислена наставата, дали можеби некои од предметите се прилагодени како презентации на компјутер, со некои интерактивни задачи итн.

LoL.. Компјутерите се нонстоп.. Кај е крајот ако се разместуваат секој час.. :)) Значи БУКВАЛНО стојат и на час кај што треба а и некаде каде што нема никогаш да се уклучат.. Тука и да сакаат неможат ништо да изменат..

А наставата.. Верувај сеуште никој нема појма ( барем гимназија - Охрид ) .. Има различни коментари.. Некои се крајно со песимистичка изрека „Ах, ќе видиме дали и колку ќе ги користиме ЧУДАВА..„
Некои тврдат дека значително ќе се олесни работата бла бла бла

Значи, засега ништо посебно.. За понатаму.. ќе видиме :)
 

filipvselena

poweruser
7 април 2007
2.934
193
Кај нас е општ хаос поготово пола школо кај нас поготово се машинци и тоа се такви покварени деца да зимаат и ги гребат компјутерите фалат мауси некаде нема што не се прави.А плус има некоја политика компјутерине не се палат никако и додека се наканат јас ке завршам средно.Викаат ќе биде ама ја воопшто не им верувам,ниту има кај да пишуваме а не па компјутери:lut2:
 

ivotopansko

read-only
14 јануари 2008
36
0
за тоа што владата донесе компјутери во скоро секое училиште тоа е за пофалба.но за организацијата на професорите на чело со директорот..но комент .катастрофа се.тие не знаат на виндоус да работат камоли на едубунту.инсталацијата ја местеа "електричари" и во 10 кабинети направиле куса врска.компјутерите само фаќаат прашина.фалат мауси,маус падови,копчињата на тастатурата не работат.итн...итн..и на тие неколку часа што ги вклучуваме не тераат да пребаруваме низ страни а не се свесни за брзината на интернетот.денес ми се случи да пребарувам низ гугл и не работеа неколку копчиња на тастатура,за ова ја известувам професорката и ми вика твој проблем е ти не го чуваш а првпат го вклучувам..подобро да ги шитнат сите и да земат проектори барем ќе има место за да ставиш тетратка.поздрав
 

Vlatzki

user
1 мај 2008
1.281
340
Izvinete znae nekoj sto masincinja se ?
Da kaze konfiguracija

Intel Pentium 4 HT 3.4GHz, 2GB RAM, и другото не знам. Успеав некако да видам што има како има конфигурација...:tainstven:

За компјутерите, кај мене се средени, но не во сите училници. Пред некој ден професорката (класната) ги извади маусите и тастатурите оти ги крадеа. За каблите.... Бе некаде се супер, некаде се хаос. Во една-две училници каблите се расфрлани по земја, сите ги газат со ногарките од столовите, изложени се на секојдневно малтретирање од учениците....

Е сеа кога точно ќе ги пуштат компјутерите врска немам, но би требало да биде некаде во октомври.
 

dimitars

user
8 мај 2007
1.691
343
LoL.. Компјутерите се нонстоп.. Кај е крајот ако се разместуваат секој час.. :)) Значи БУКВАЛНО стојат и на час кај што треба а и некаде каде што нема никогаш да се уклучат.. Тука и да сакаат неможат ништо да изменат..

А наставата.. Верувај сеуште никој нема појма ( барем гимназија - Охрид ) .. Има различни коментари.. Некои се крајно со песимистичка изрека „Ах, ќе видиме дали и колку ќе ги користиме ЧУДАВА..„
Некои тврдат дека значително ќе се олесни работата бла бла бла

Значи, засега ништо посебно.. За понатаму.. ќе видиме :)

Off Topic:

Кој си ти и која година си???
 

Miksa2007

hello world
15 октомври 2007
112
1
за тоа што владата донесе компјутери во скоро секое училиште тоа е за пофалба.но за организацијата на професорите на чело со директорот..но комент .катастрофа се.тие не знаат на виндоус да работат камоли на едубунту.инсталацијата ја местеа "електричари" и во 10 кабинети направиле куса врска.компјутерите само фаќаат прашина.фалат мауси,маус падови,копчињата на тастатурата не работат.итн...итн..и на тие неколку часа што ги вклучуваме не тераат да пребаруваме низ страни а не се свесни за брзината на интернетот.денес ми се случи да пребарувам низ гугл и не работеа неколку копчиња на тастатура,за ова ја известувам професорката и ми вика твој проблем е ти не го чуваш а првпат го вклучувам..подобро да ги шитнат сите и да земат проектори барем ќе има место за да ставиш тетратка.поздрав



Значи сеуште нема организирана настава и ефикасно користење на компјутерите. Дали воопшто е испланирана наставната програма со примена на компјутерите за време на часот, којзнае :ha:
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно