Дали ви се случило да отворите Фејсбук и да видите статуси од луѓе (не фан страни) кои не ги следите но сепак ви се појавуваат од време на време на вашиот ѕид на фејсбук, не се ваш интерес и ве иритираат? Не сте сами.
Facebook по лов на нови креатори на содржина во 2021ва ја воведува можноста на Professional Mode for Creators (професионални профили во текстов), и со ова промена Фејсбук им овозможува на оние креатори на содржина кои претходно имале приватен профил, истиот да го конвертираат во професионален и нивните постови и содржина да бидат достапни надвор од опсегот кој претходно го имале а тоа биле само пријателите. Попросто кажано, нивниот фејсбук профил кој бил приватен сега е на еден начин јавен профил или фан страна.
Што се случува кога ќе се актвира професионален профил?
Проблемот лежи во тоа што многу македонски профили од луѓе кои не го владеат добро англискиот или не ја разбираат оваа опција ги конвертираат своите профили во професионални, па така многу од оние кои сме ги имале како пријатели, и не спаѓаат во ниту една група на луѓе погоре, веќе нивните профили достигнуваат голем опсег и внимание што самите мислат дека се некои инфлуенсери, и заблудени од тоа стануваат робови на оваа социјална мрежа и едноставно се бламираат на фб по лов на се повеќе лајкови, коментари, хехенца..
Ја пишувам оваа тема за да почнеме да ги едуцираме луѓето и се надевам it.mk ќе обработи ваква тема каде што ќе ги објасни овие работи и ќе пробам да ги едуцираме оние луѓе дека она што тие го пишуваат го гледаат многу повеќе луѓе отколку што тие мислат.
И на крај од денот, сите ние гледаме вакви видови на постови само затоа што некој по грешка или намерно активирал професионален профил.
Повеќето од сликите се направени во претходниов еден час додека листав низ мојот ѕид.
Да биде уште полошо, имам пријатели кои се сликале како убиле свиња, едни кои слават слава на маса фамилијарно со мали деца.

- Сите постови кои сте ги пишале стануваат јавни, не само за тие пријатели кои сте ги додале/прифатиле туку и за цела публика која фејсбук смета дека може да има интерес, тоа може да биде и публика надвор од опсегот кој сте го имале или државата, па така вашите постови може да ги видат сите.
- Добивате аналитика и статистика за вашите постови и посебна табла со аналитика за вашиот профил и многу други алатки што се корисни за креаторите на содржина.
- Можност да ги промовирате вашите постови и да ги конвертирате во реклами.
- Можност да заработите од вашата содржина (за одредени региони).
- Вашиот профил ќе биде прикажан и препорачан (Suggested for you) на поголема публика.
- За креатори на содржина.
- Инфлуенсери.
- Твојот бизнис ако ти си бренд амбасадор (имаш претходно фан страна за бизнисот).
- Агенти, тренери, гејмери, водители, познати лица..
Проблемот лежи во тоа што многу македонски профили од луѓе кои не го владеат добро англискиот или не ја разбираат оваа опција ги конвертираат своите профили во професионални, па така многу од оние кои сме ги имале како пријатели, и не спаѓаат во ниту една група на луѓе погоре, веќе нивните профили достигнуваат голем опсег и внимание што самите мислат дека се некои инфлуенсери, и заблудени од тоа стануваат робови на оваа социјална мрежа и едноставно се бламираат на фб по лов на се повеќе лајкови, коментари, хехенца..
Ја пишувам оваа тема за да почнеме да ги едуцираме луѓето и се надевам it.mk ќе обработи ваква тема каде што ќе ги објасни овие работи и ќе пробам да ги едуцираме оние луѓе дека она што тие го пишуваат го гледаат многу повеќе луѓе отколку што тие мислат.
И на крај од денот, сите ние гледаме вакви видови на постови само затоа што некој по грешка или намерно активирал професионален профил.
Повеќето од сликите се направени во претходниов еден час додека листав низ мојот ѕид.
Да биде уште полошо, имам пријатели кои се сликале како убиле свиња, едни кои слават слава на маса фамилијарно со мали деца.
*идентитетите не ги сокрив затоа што истите постови се јавни и секој може да пристапи до нив.
Последна промена: