Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

EV - електрични возила

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.194
16.332
Не е проблем. Тоа е очекувано, со оглед на тоа дека Model Y е во очекување на освежување со нов модел годинава, истото се случува со сите модели. Има product lifecycle кој опфаќа Вовед, Прифаќање, Зрелост, Замена со нов модел. Моментално Model Y е во крајната фаза на замена со нов модел.
Башка, кинезите влегоа со BYD, MG, Fenglong особено оваа година, тоа шупаците во преводот намерно или ненамерно го испуштиле за да изгледа дека резултатот е поради губењето на некаква доверба во електричните возила, а не е точно.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.194
16.332
Офтопик - Американциве ДВА ГРАМА мозок немаат :mad:
99% од тие видеа се фејк, не сум изненаден и ова да е такво. Гледаш целото е сечено, лепено, кој знае што се дешавало.
Мислењето е автоматски споено:

Пошто мочан Голф во европа скокна од 17.000 на 31.000 евра.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.331
5.339
Скопје
hackitfree.github.io
Од кинезиве па ако купиш шо ќар ќе видиш...
Кинески ЕВ .Евтино - на прв поглед - супер , и на крај недај боже ќе се запалиш - со живот ќе платиш :eek:
Добро знам дека ова е оргинал Бемве ... Ама само за нив пола цена..
 
  • ми се допаѓа
Реакции: Ceco

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.786
6.488
SK
Од кинезиве па ако купиш шо ќар ќе видиш...
Кинески ЕВ .Евтино - на прв поглед - супер , и на крај недај боже ќе се запалиш - со живот ќе платиш :eek:
Добро знам дека ова е оргинал Бемве ... Ама само за нив пола цена..
Па BMW 3 серијата (electric) ги произведуваат во Кина... Затоа ги фаќаат тарифи/даноци кога ги продаваат во ЕУ. ;)

И затоа се дупло поевтини во Кина.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.334
2.754
99% од тие видеа се фејк, не сум изненаден и ова да е такво. Гледаш целото е сечено, лепено, кој знае што се дешавало.

Све е превара ова што се збори против електричниве, да му се наштети на Елон Маск.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.334
2.754
LOL, му е гајле на Elon Musk; тој со SpaceX се занимава. Го гледавте ли 4-тиот тест на Starship?

верувам дека не го занима Тесла, човекот веќе на Марс се качи. Електричниве се испоставуваат као тешка дубара. Поготово сега западов со новите трговски војни со Кина ќе каже чао на било каква електрификација.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.331
5.339
Скопје
hackitfree.github.io
верувам дека не го занима Тесла, човекот веќе на Марс се качи. Електричниве се испоставуваат као тешка дубара. Поготово сега западов со новите трговски војни со Кина ќе каже чао на било каква електрификација.
Далеку е Марс. Можам да се кладам - ни во следниве 50-100 години . А тоа тера-формирање занеси - заборави. Смешно е колку е тоа Се далеку ..
Туку најголем проблем кај ЕВ е тоа што сите делови се толку " propiertary " и во огромни посебни модули да најмал квар треба да менуваш цел инвертор , цела батерија сосе систем за ладење - а тоа кошта и рака и нога.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.194
16.332
верувам дека не го занима Тесла, човекот веќе на Марс се качи. Електричниве се испоставуваат као тешка дубара. Поготово сега западов со новите трговски војни со Кина ќе каже чао на било каква електрификација.
.... и ќе заостане многу зад остатокот од светот. Европа и Америка не се ни пола од пазарот во Азија ;)
Доста кењате за електричниве возила. За две години ќе почнат solid state batteries да произведуваат и многу од проблемите сегашни ако не се решат, солидно ќе се поправат. Нема назад од електрификацијата.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.113
14.235
Јас не сум толку оптимист за електричните возила. Се затрчаа со закони, субвенции, кампањи. Но поставување на полначи на јавни места или бензиски нема тренд како што се очекуваше. Плус ефтино рециклирање на батерии е сеуште мисловна именка.

Независно какви и да се батериите, сопственик на електрично возило најверојатно ќе има потреба за уште едно на бензин/хибрид. Обичните граѓани сакаат да плаќаат трошок само за едно. Зборувам за наредни 10-20 години. Потоа ќе видиме.
 
Тоа е само niche market. Не е желбата на сите купувачи. Како овие шарениве што се пукаат у гз. Демек цел свет е за тоа кога ја гледаш целата пропаганда што се сервира, но најголем дел од народот не го занима тоа. Така и за колите, милијардерите јаваат на хајпот. Елон Маск со електричните, овој од Нвидиа со АИ. Продаваат производи само, али у народот е клучот дали ќе го прифати тоа.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.194
16.332
Продаваат производи само, али у народот е клучот дали ќе го прифати тоа.
Народот ќе го прифати тоа и веќе го прифаќа. Основен закон на капитализмот е, народот го прифаќа она што му се нуди по најповолни услови. Крај, друго нема.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.334
2.754
Народот ќе го прифати тоа и веќе го прифаќа. Основен закон на капитализмот е, народот го прифаќа она што му се нуди по најповолни услови. Крај, друго нема.

кои поволни услови? Електричните коли коштаат многу повеќе од нормалните. Американциве дури ни со тој попуст од 7,500 долари не ги сакаат. Башка немаат инфраструктура, се чека саат време да се полнат. Народот оцени веќе дека тоа не е иднината.

Тесла отпуштиле 10% од работниците во Април годинава.

Последна промена:

stefan_mkd

lurker
18 март 2015
843
669
Јас не сум толку оптимист за електричните возила. Се затрчаа со закони, субвенции, кампањи. Но поставување на полначи на јавни места или бензиски нема тренд како што се очекуваше. Плус ефтино рециклирање на батерии е сеуште мисловна именка.

Независно какви и да се батериите, сопственик на електрично возило најверојатно ќе има потреба за уште едно на бензин/хибрид. Обичните граѓани сакаат да плаќаат трошок само за едно. Зборувам за наредни 10-20 години. Потоа ќе видиме.

Електрични се кул! Ама електрични точаци, мопеди или мали градски возила. Тоа што се занесуваат со 500км дистанца, навистина не ја разбирам поентата
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.194
16.332
кои поволни услови? Електричните коли коштаат многу повеќе од нормалните. Американциве дури ни со тој попуст од 7,500 долари не ги сакаат. Башка немаат инфраструктура, се чека саат време да се полнат. Народот оцени веќе дека тоа не е иднината.

Тесла отпуштиле 10% од работниците во Април годинава.

1. Коштаат многу повеќе од нормалните бидејќи се „жешка роба“ поради повеќе причини:
  • обемот на производство е помал
  • продуктите се во фаза на созревање
  • Скап е литиумот, софтверот и микрочиповите
  • производителите сакаат да избегнат канибализација на возилата со МВС, бидејќи сакаат да кешираат од R&D што го правеа со децении назад
2. Не е дека американците не ги сакаат. Напротив, ги сакаат и тоа многу, но не сите американци, затоа глупаво е што генерализираш
3. Не е точно дека нема инфраструктура. Има инфраструктура и истата се проширува. Тие што дремат со саати пред чарџерите, тие се оние кои требале да тргнат со другата кола на подолг пат или да се соочат со тоа дека ќе чекаат саат време и тие се малцинство.
4. Народот оценил веќе дека тоа не било иднината, е ај сеа? Тотален булшит. Токму напротив. електричните возила се речиси во секој поглед подобри од возилата со МВС, но моменталната технологија не е баш без проблеми. Но за 2-5 години тоа ќе се смени и МВС ќе се заборават, ќе останат како хибриден бекап или за останата машинерија. Електрификацијата е иднината и тоа никој не се дрзнува да го побие. За десетина години кога ќе имаме струја од атомска фузија, фосилните горива за транспортни цели ќе бидат ЗАБРАНЕТИ.
5. Тесла отпуштаа по 10-тина проценти и пред година дена и пред 3 и пред 5 па ги заменија со нови. И GM отпушти 10% и Мајкрософт отпушти 10%, what's your case?
 
брат, ти не збориш со факти. Ја ти кажувам озбилно според потврдени информации, не што би било кога би било. За електричните коли имаш само неколку региони кои се загреани. Тие се Норвешка, Кина, и Калифорнија. Све друго е релативно незаинтересирано. Инфраструктурата за овие коли е најголема во тие земји што ги спомнав.

Ми збориш ќе биде ова ќе биде она, а не бидна ништо. Тесла конкретно тапка во место, никакви нови модели не пушти освен тракот. Дури и таа клиентела што ја има веќе оди некаде другде, зошто моделите им се многу застарени. Пазарот за коли на струја е тој и не се шири моментално.

Мое мислење за да електричните стварно ги заменат бензинците треба да го дадат тоа што го дава секој бензинец. Ефтиноќа и брзо полнење. А ни двете од тие нема да се остварат пошто минералите коштаат многу и брзината е таа ограничена, не може да биде смалена на 2-3 минути да речеме.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.113
14.235
Луѓе не се замарајте со дебати. Прво самите ние не сакаме да купиме електрично возило како што сега стојат работите.

Главен проблем е што немаш автонимија т.е. слобода. Тргаш за Грција и цело време стрепиш дали ќе има гужва на граница и дали ќе издржи батеријата. Па дури и само во град да возиш едноставно цело време батеријата ќе ти биде преокупација. Дај да наполнам нека има.

Кога ќе му рикне батерија ќе се чешаш зашто нит може да го продадеш нит ќе го фрлиш. Мора да фукнеш илјадници евра да ја смениш. А тек кога ќе дојде време да го продаваш, маки ќе мачиш зашто никој нема да го купи ако батеријата е постара.

Тогаш кога ќе има инфраструктура на секои неколку километри, па ќе се полни батерија да извозиш 200-300 километри со 15 минути полнење, а батерија ќе се менува за неколку стотини евра, ќе може да правиме муабет.

Ако воопшто сите држави донесат закони за исфрлање на бензинците тогаш ќе мора да се адаптираме.
 
psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.506
31.953
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Дебата нема примарно за тоа кој сака да купи само, него за полувистини од таканаречените експерти на секое поле кои ги има и на другите форуми, како канцер се. Мене тоа ми смета, не дали некој би купил, преферираат или не.
 
Последна промена:

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.334
2.754
Дебата нема примарно за тоа кој сака да купи само, него за полувистини од таканаречените експерти на секое поле кои ги има и на другите форуми, како канцер се. Мене тоа ми смета, не дали некој би купил, преферираат или не.

тука нема кој да си ги дозволи, правиме муабет за целата слика и состојбата со електричните. Најди една лага што сум кажал, но нема да најдеш. Јас све што зборам е поткрепено, сега ако тебе те нервира тоа, тоа е твој проблем.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Какво дозволување?

Колку време да патувам до Тасос? За колку време ќе стигнам до Сплит? Колку ќе треба да стигнам до Закинтос?

Ова за нормален човек кој има ЕВ се релативно нормални и очекувани дестинации.

Од друга страна градски како Еуп, како Цитроен Ами, како Емини тоа пеки и си има логика. Иако мислам дека за град фиат 500 аутоматик е пореален избор според мене лично.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.194
16.332
Какво дозволување?

Колку време да патувам до Тасос? За колку време ќе стигнам до Сплит? Колку ќе треба да стигнам до Закинтос?
Па нема со електричната да одиш, ќе одиш со дизелот.
Електричната ќе ја возиш до Солун, до Охрид, до Ниш и ќе стигнеш побрзо и поудобно одошто со дизелот.

Ти кога ке одис на кампуванје 5 дена, не одиш со едно полнење на телефонот, одиш со powerbank. Не гледам дека се жалиш многу од елефонот чија батерија ти држи два дена. Ај да бидеме реални.
Мислењето е автоматски споено:

тука нема кој да си ги дозволи, правиме муабет за целата слика и состојбата со електричните. Најди една лага што сум кажал, но нема да најдеш. Јас све што зборам е поткрепено, сега ако тебе те нервира тоа, тоа е твој проблем.
Хаха, абе дај не заебавај, не биди ко Блинкен ;D
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.334
2.754
Па нема со електричната да одиш, ќе одиш со дизелот.
Електричната ќе ја возиш до Солун, до Охрид, до Ниш и ќе стигнеш побрзо и поудобно одошто со дизелот.

Ти кога ке одис на кампуванје 5 дена, не одиш со едно полнење на телефонот, одиш со powerbank. Не гледам дека се жалиш многу од елефонот чија батерија ти држи два дена. Ај да бидеме реални.
Мислењето е автоматски споено:

Хаха, абе дај не заебавај, не биди ко Блинкен ;D

значи две коли треба да имаме, една со која што ќе го спасуваме човештвото, а друга за подалеку. 60к за електрична плус 50к за дизел.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно