Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

SmartBusSkopje е конечно официјално достапна за сите! (Апликација за следење автобуси во живо бидејќи официјалната е катастрофа)

SmartBusSkopje

read-only
19 август 2026
1
2
Пред извесно време ви пишав дека работам на нова апликација за следење на автобусите во Скопје, бидејќи сите знаеме какво е искуството со официјалните решенија. Епа, чекањето заврши — апликацијата е конечно објавена и достапна за сите!

Огромно фала за поддршката и интересот на минатиот пост, навистина ми значеше.

Симнете ја SmartBus Skopje бесплатно од Google Play! (Или побарајте "SmartBus Skopje" директно во продавницата)

Ново: Имаме и Discord сервер! Доколку сакате да пријавите баг, имате идеја за нов фичр, или едноставно сакате да си муабетиме за развојот на апликацијата, придружете се на комјунитито тука: Join the SmartBusSkopje Discord Server!

Накратко, зошто да ја пробате (за тие што го пропуштија минатиот пост):

  • Вистинско следење во живо: Спојува податоци од повеќе извори (возени редови + живи GPS координати) преку WebSocket за најточна можна локација на мапата во реално време.
  • Community Reporting: Можете да пријавувате доцнења, „автобуси духови“ или преполни автобуси. Вашата пријава веднаш им се покажува на сите други корисници што го чекаат истиот тој автобус по должината на целата рута!
  • Паметно пребарување и планер: Има напреден планер за рути и одлична транслитерација (пребарувањето работи исто без разлика дали ќе пишете "Centar" или "Центар").
  • Сè што ви треба: Dark mode, зачувување на омилени локации и станици, целосна поддршка за македонски и англиски јазик.
За програмерите (Tech Stack & Предизвици): Апликацијата е напишана во Kotlin со Jetpack Compose. Позади сцената работи Flask + PostgreSQL бекенд. Најинтересниот дел од развојот беше решавањето на хаосот со неточните податоци — морав да направам алгоритам што ги филтрира "ghost" автобусите и прави екстраполација на нивната позиција врз база на брзината, за да ја добиете најточната локација во секундата. Исто така, напишав и custom 3-слоен compass систем за стрелката на мапата да биде мазна и да не се врти неконтролирано поради хардверски багови кај Android сензорите.

Секое ваше мислење, критика или ревју на Play Store е повеќе од добредојдено! (Бара Android 7.1+).

И уште еднаш, огромно фала до Manix за брутално доброто видео! Задолжително запратете го на YouTube u/ManixAmv1 и на TikTok u/manix7447.

Се гледаме на Discord!
 

Атачменти

  • SmartBusSkopje-ad.mp4
    83,6 MB

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.661
3.252
Двоен јузер на форум.
Бан у најава.
Штета, а ветува апликацијава.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно