Момци, покушав да читам наназад ама неможам ни блиску да дотакнам до терминологијата што ја користите како искусни е-пушачи.
Јас морам да набавам електронска цигара која ќе ми ја заменува нездравата навика (од која не се откажувам) во места каде неможам да пушам (читај: кола, работа....).
Како апсолутен почетник (читај: само еднаш сум пробал еден дим од електронска цигара) немам појма каде можам да се снабдам со една. Буџет ми е околу 3-4-5 илјади (па ваљда има нешто квалитетно за тие пари или малку е?). Не сум фан на вкусови и такви работи туку на класичен вкус од цигара.
Може ли да ме упатите во која продавница во Скопје да се обратам? Или ако имате да ми препорачате и модел со кој имате позитивно искуство - не би било лошо. Како sidenote, пушам цел живот Winston Blue, што се релативно јаки цигари и убаво гребат по грлото (ова ми е важен момент што ми ја рани душата) - ако нешто значи оваа информација.
@Ron0n добредојде
Добре дојде на темава, @Ron0n
@Ron0nWelcome to the club![]()
Девојките се уште по плажи, така да ...Wow, момци (и девојки се разбира)
Сиренот е закон. Мислам моментално најдобар на пазар.И јас малце да се пофаламМидови Cloupor GT 80w x2 RTA Siren V2 И Kayfun V3 3.0
Погледнете го атачментот 66457
Испратено од SM-J330FN преку IT.mk форум апликација
Ај ако прајме збирна набавка учествувам со некое литро.Во овие кризни времиња, да се потсетиме на германската продавница од каде што, сега проверив, може да се најдат некои дефицитарни работи.
Иако веќе нема бункеровача, има ВеГе(та) или таква база (се разбира и ПГ и нивни комбинации), како и батерии.
Базите/ВГ-то се најквалитетни можни германски, а сосе шипингот (10 евра) пак фаќа поевтино одошто го земав од Молин/Инавера/Аромаши (за литро секогаш ме фаќаше над 20 евра, дали 21 или 23... освен при ептен јаки попусти). Еве сега пробав од Аромаши, литро глицерин излезе 23 и нешто сосе шипинг.
Погледнете го атачментот 66793
Работава кај скапиот шипинг од Германциве е што важи и за поголема тежина, барем така пишува (пробував до 5 литра и не се менуваше, би било апсурдно да пробувам за повеќе), како и за батерии, кои исто така се поскапи одошто сме навикнати (многу поскапи), но скоро и да нема други места од каде што можеме да ги купиме.
Можеби ќе се најдат и други интересни работи за полнење корпа. Да повторам, тогаш имав нарачано 200 мл бункеровача и стигна без проблеми (без да отиде на преглед), и многу брзо.
Купонот веќе не важи.
Никотинските бази се капки за очи (не се исплаќаат), има и никотински соли (nic salts), но со нив е потребно ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ затоа што на вкус не се чувствува јачината на никотинот (односно се чувствува како да е многу послаб) и многу лесно може да се препушиме - „предозираме“ и да фатиме тахикардија и слични симптоми.
Особено овие што се кај нив, слаби се поради Директивата (до 20-ка) и веројатно на вкус ќе ни изгледаат како нула до тројка-четворка. А сепак внесуваме големо количество никотин.
Дополнување 1: Откако ќе се логирам, дава нешто пониски цени, веројатно без данок, но сепак во корпа се повисоките цени.
Дополнување 2: Некогаш фаќаат пониските цени, некогаш не. Не можам да им го најдам крајот. Мислев дека фаќа ако се стави директно од (на пример) страницата за батерии (каде што се гледаат пониските цени) без да се влегува во описот на поединечната батерија, но не е секогаш така. И, ако фати еднаш, потоа фаќа и за други работи.
Дополнување 3: Шипингот останува 10 евра и за 180 литра. :hay: Дефинитивно треба да провериме ако нарачуваме поголеми количества. Мислев дека е според цената (на корпата), но изгледа дека не е. Може и да е баг.
Дополнување 4: Други германски продавници што вреди да се испитаат (гледав дека ги спомнуваат): Pro Steamer и Dampfer Taxi. Првата праќа до Македонија, но поштарина е 15 евра (и за литро и за само една батеријка), во втората ми бара прво да се регистрирам за да видам дали праќа, а не се снаоѓам премногу добро на германски.
Дополнување 5: Ај, кога смe тука, да ја истражиме уште малку Дојчланд. Овие се некои продавници што ги најдов дека се поугледни/поснабдени:
Vapango - праќа само во Германија
Steamo - исто
Ricardo - праќа само во земји на ЕУ
Zazo - праќа во повеќе земји, и од Балканот, но не` нема нас
Edampf-shop праќа само во земји од германско говорно подрачје
Набрзина погледнав, може да има опции да се „отворат“ кон нас или да им се пише, но засега првата што ја пишав ми изгледа најповолна за нас, и по цени и по шипинг.
Дополнување 6: Ова би требало да биде дефинитивната листа за Германија.
З`ш бе луд?Ти си луд.![]()
Многу ме насмеја.З`ш бе луд?
Јас сум реалист!
Битно е и каква густина има течноста, т.е. кој е соодносот на PG и VG.
Ако процентот на VG е поголема (70% и повеќе од тоа), тогаш шансите за протекување се помали, и обратно, колку е потенка (поретка) течноста (PG70% и повеќе) - толку повеќе се шансите за протекување.
Puff![]()