1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Електронски цигари

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од ARMac, 12 Јуни 2014.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,627
    742
    3 Март 2018
    Да да тој што го нарачав е дтл.
    Аце кога ќе размислам подлабоко на потанка жица(повисок отпор) и требаат помалку вати да се усвти т.е. помала количина на жица нели, а тој со 0.5 оми ако мрдне за м2л ќе ме осекне :)
    Значи ова иде со 1+оми.
     
  2. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,870
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    И јас така размишљав па втора течност порачав 24мг/мл отров некој и ме задави на прво тегнење :)

    Инаку да, <----- завршив со 2 и пол кутии дневно пушач повеќе од 15 год. т.е. од 3-та средно. Цигара не сум запалил, знам понекад 2-3 пати годишно пура да запалам за посебни прилики.
     
    На bicikle и Ace Lud им се допаѓа ова.
  3. Ace Lud

    Ace Lud
    Practice makes perfect

    1,111
    1,924
    7 Април 2012
    Машко
    Добар си ја прекинав со 3 кутии дневно и наеднаш им реков стоп иако немав никакви проблеми со цигарите доста беше дружењето со нив. И ја почнав со 24ка отров ама издржав и на 10 јуни полнам 4 години без ни една запалена.

    Sent from my SM-T560 using Tapatalk
     
    Chicco69, BorisSapphire и на ARMac им се допаѓа ова.
  4. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,207
    11,242
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    @BorisQ10 Исто за тебе е ова (така и претпоставував). Изгледај го видеото ако имаш време, многу работи објаснува.

    Ние најмногу купуваме вејперски работи од Фастек, но ги има и на Алиекспрес.

    Не гледај друг модел освен Т18 или Т22, има понови, но полоши (за оваа намена).
     
  5. krema

    krema
    Professor

    8,985
    8,735
    24 Јуни 2009
    Машко
    На BorisSapphire му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    643
    443
    11 ноември 2015
    Машко
    Ме разбркавте со глави атомизери оми... :D:D:D
    Може некој да ми направи еден сет со се комплет со линкови и право да нарачам пошто ако земам јас да барам секако нешто ке утнам :D
    И ако може да ми кажете каква течност и дали има со вкус.
     
  7. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,207
    11,242
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Читај го мојот пост, се има напишано таму, конкретни линкови, дури и купон и како се става, и како да ги делиш нарачките.

    За течност е малку покомплицирано, но објаснето е во линкуваниот пост.
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,627
    742
    3 Март 2018
    Вкусови има колку сакаш, тоа барем знам, па да пишам и јас нешто корисно во темава :)
     
  9. krema

    krema
    Professor

    8,985
    8,735
    24 Јуни 2009
    Машко
    Да, има обични вкусови но и необични вкусови. :D

    п.с. Овојпат нема да идам кај к**вите :)

    едит:
    Ако помисливте на „курвите“ стварно сте безобразни, сепак мислев на кравите :D:D:D
     
    Последна промена: 10 Март 2018
    На Ace Lud и bicikle им се допаѓа ова.
  10. Tom Ford

    Tom Ford
    Gaining Experience

    157
    386
    20 Декември 2017
    Машко
    Јас само ти го пренесов моето искуство со Пикото, модот е ок, али атомизерот НЕ е за почетник.
    Обрати пажња на тоа @Metuzalem што ти советува и внимателно погледни го и видеото. Нека ти преспие целата работа, послушај го човекот и направи си нарачка утре натенане.

    За готови течности обрати се кај маестро @Sharlovski , никако од кај Умрела продавниците. Тие се ем скапи, ем ни за свинска не ги бива. Башка Шарло и ќе ти ја објасни Ендурата, напамет ја знае.

    Голем респект од мене кон овие двајца човеци, големи хардвер и џус експерти.
     
    Sharlovski, Astraion и на Metuzalem им се допаѓа ова.
  11. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,207
    11,242
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Ај да напишам едно асално објаснување за усно / дробно за во индекс и за упатување на нови корисници.

    Тоа се два различни начини на користење на електронската цигара:

    Усно (или со други имиња усно-дробно, Mouth To Lung hit, MTL, M2L) е начин на повлекување најсличен на аналогна цигара - се вовлекува пареата во уста, се држи во неа (пократко или подолго време) и потоа се вовлекува во белите дробови. Понекогаш се испушта делумно низ нос или се испушта само колку да излезе малку од устата/носот, па пак се вовлекува. Демек како дегустирање вино. :)

    Дробно
    (белодробно, плуќно, директ белодробно, „инџекшн“, Direct Lung hit, Lung hit, DTL, D2L, DL) е првенствено наменет за правење големи облаци, се повлекува силно и многу воздух директно во белите дробови, без задршка, и (најчесто) веднаш се испушта во голем облак.

    Како што реков, усно најмногу им одговара на почетници што преминуваат од аналогни затоа што аналогната цигара по својата природа е многу тесна (малку воздух можеме да повлечеме низ набиениот тутун и филтерот) и така биле навикнати да ја користат, со брзи и силни повлекувања. Најчеста грешка на почетниците е што влечат од електронската цигара брзо и кратко, треба бавно и долго (се разбира, тоа може да варира, а за дробно често може и брзо).

    Исто така, при користење електронска цигара наменета за дробно најчесто им е жешко на почетници затоа што влечат кратко, влечат малку воздух, долго време држат во уста и/или не ја вовлекуваат/исфрлаат пареата доволно брзо (за дробно често може/треба брзо). Потребен е тренинг, но некои (повеќето?) и по тренингот остануваат на усно.

    Обично се вели и дека усно е за вкус, дробно за големи облаци. Ова не мора да биде секогаш точно, може да се постигне и да има облаци при усно и вкус при дробно, но генерално е така, особено при нивна меѓусебна споредба. При усно пареата подолго се задржува во устата (понекогаш и носот), каде што се рецепторите за вкус и мирис, а исто така пареата е поконцентрирана (има поголем процент пареа во однос на воздухот во неа). Но кај дробно може (а најчесто и така се користи) да се стави поголем % на арома во течноста. Исто така, при неколкукратно поголемиот волумен на пареа има и исто толку пати поголемо количество арома, па се надоместува.

    Разликата во двата начина на користење (усно/дробно) повлекува и разлика во обликот/карактеристиките на опремата, односно тоа е најгрубата и најголемата поделба на видовите електронски цигари.

    Цитирам од порано: Усно = тенка жица, висока отпорност, ниски вати (мала снага), мала комора, тесни канали за доток на течност, тесни отвори за воздух, тесен оџак = многу вкус, (релативно) малку пареа, мала потрошувачка. Висок % на никотин, но не мора да значи, како за кого. Дробно = се` обратно од тоа. Најважната разлика по која може да се познае атомизер за дробно е тоа што има мал или нема никаков отпор кога влечеш низ него, цитирам: „исто како да влечеш од Фи-100 цевка“.

    Но ова можеби и не им е толку важно на новите корисници, она на што треба да се обрне внимание е:

    Последниве неколку години производителите (особено кинеските, а и другите) се натпреваруваат кој ќе извади помоќен атомизер (значи за дробно), дури и тие што ги нарекуваат почетнички комплети, па кога почетник бара електронска цигара, најчесто налетува на нив. Кога ќе ја земе, ќе му биде жешко и ќе пцуе. Ова е обратна ситуација од порано, кога електронските цигари беа незадоволителни (слаби), па и тогаш новите корисници пцуеја (а и таквите слаби уште се продаваат). Затоа е најдобро да се праша, вејперите најчесто се многу пријателски настроени и желни да помогнат. :)

    Според мое мислење, оние што сакаат да се префрлат од аналогни секогаш треба да почнат со усно, а подоцна лесно можат да се префрлат на дробно, ако треба. Самото ќе им се покаже, по некое време ќе почнат да бараат повеќе воздух и често долгорочно се задржуваат на двете поткласи што се на средината меѓу двете крајности: лабаво усно (Loose MTL) - усно со повеќе воздух или рестриктивно дробно (Restricted Lung Hit) - дробно со малку позатворен воздух.

    Да додадам и дека пафкање (внесување на пареата во уста па исфрлање надвор) не е Mouth To Lung, туку е... Што знам, пафкање. :)

    И составот на течноста за двата начини на користење се разликува, за усно генерално е 50%ПГ/50%ВГ со релативно висок процент на никотин - 6 или 9 mg/ml за современите MTL цигари, додека за постарите генерации (тенките стапчиња со силика) уште повисок процент - 12 или 18 mg/ml или повеќе, со 70%ПГ/30%ВГ. За дробно ретко кој оди над 3 mg/ml никотин и секогаш е мнозинско ВГ, дури и 100%, но според мое мислење треба да има барем малку ПГ за растворање на аромата и носење на вкусот. Ако се користи течност што не е наменета за тој начин на користење, односно тој тип на електронска цигара, секогаш има лоши резултати.
     
    На Tomica Jovevski, Ron0n, Lokvan и уште 16 други им се допаѓа ова.
  12. krema

    krema
    Professor

    8,985
    8,735
    24 Јуни 2009
    Машко
    ^
    In god we trust.
    God bless you.
     
    На Metuzalem и Ace Lud им се допаѓа ова.
  13. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,627
    742
    3 Март 2018
    102,5% точно.
     
    На Metuzalem и Tom Ford им се допаѓа ова.
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Ендурата ја носи ли некој кај нас или мора да се нарача? (се извинувам ако ова е веќе кажано)
     
  15. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,207
    11,242
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    @BorisQ10 Еве вака, да го докажам тоа што го цитира @bicikle :

    Clipboard01.jpg

    (Само за разјаснување, останувам на препораката за Ендура.)

    @gokica Никој.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Благодарам.

    Elektronska Cigara istick Pico 75W

    Дали да експериментирам со ова?

    И само уште едно прашање AIO D22 ми е гласна. Дали има потивки а добри? Сори фор д нуб квешчн.
     
  17. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,207
    11,242
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Читај од овде натаму (и на следната страница). Не е истиот продавач, но изгледа се истите модели. Пико е супер, но треба квалитетна 18650 батерија, која е скапа во Амбрела, а од странство може да се нарача само од Нкон, кој е без тракинг.

    А за мелото повеќе души рекоа дека не чини (тече и е премногу отворен).

    За тивкоста, обично мене ми е сомнителна кога е тивка. :hay: Има различни, но треба да се проба што ти сметаш за тивко. Генерално, тивкоста е едно од последните нешта по кои се одбира опрема. :hay:
     
    На bicikle и gokica им се допаѓа ова.
  18. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Благодарам. Го загледав видеото и како да забележав при мерењата дека спомена фреквенција. Кај ендурата беше ниска и оттука и таа е гласна па затоа мислев да не има влијание.

    ОК пикото не е за мене. Јас сакам баш замена за цигара. AIO D22 некако не ми е жешка и широчко ми е некако устинчето. Сакам баш големина на аналогна цигара а Ендурата тоа го нуди. И сакам малку потешко да се влече. AIO и на најзатворен пролаз за воздух пак ми е некако прелабава.

    BTW благодарам и за појаснувањето дробно и уста. Второто е баш она што јас барам да ми остави добар впечаток.
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tom Ford

    Tom Ford
    Gaining Experience

    157
    386
    20 Декември 2017
    Машко
    ^

    Кога веќе ја спомна батеријата за Пико, во контекст со Умрела, која батерија би била идеална за него од дотичната продавница?
     
  20. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,207
    11,242
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    @gokica Веројатно мислел на фреквенција на PWM (pulse width modulation) на електронското коло со кое се регулира снагата на модот. Кај електронските цигари тие работи *најчесто* не се слушаат (освен при дефект или лоша конструкција, а има и луѓе со супер слух што тврдат дека ги слушаат...). Не би требало, но може да се случи да се чуе. Веројатно мислел од технички аспект (ја ставал на осцилоскоп), не за слушање. Имаше порано теорија дека PWM со ниска фреквенција можеш да го осетиш на вкус, односно дека е полошо, но нема врска со звукот, а и прашање е колку е точно тоа (јас некогаш мислам дека можам да осетам, некогаш дека не). :)

    Звуците при користењето на е-цигарата многу почесто се од течноста што цврчи додека испарува.

    @Tom Ford Видете ја сликата. :hay: На Амбрела mAh-овите им се точни, амперите не. VTC5 ако го тераш Пико до крајни граници (60W, за 75W ти треба VTC5A, но тогаш прашање е дали Пикото ќе издржи), а VTC6 или 30Q ако не (да речеме до 40-50 вати). Овие последниве две имаат и малку поголем капацитет (ќе траат малку подолго), а разликите меѓу нив се мали (не ја оправдуваат цената на поскапата).
     
    На Chicco69, ARMac, krema и уште 2 други им се допаѓа ова.
  21. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,870
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ок. Кога Мр. @Metuzalem уште еднаш објасни што е MTL а што DTL, да посочам кој RBA атомајзери се мој прв избор за MTL (значи RBA, без готови глави, само мотање). Пошто откако откачив цигари (4 год. и нешто мислам дека пројдоа) сум пробал скоро се освен Squonker. Сум пробал и дрипери и сабоми до 0.2 итн, ама сум се вратил на MTL зошто лично мене ми е најубаво така. Секој за себе нели.

    Значи топ 5 MTL што се мотаат коили директно на нив, нема готови глави.

    1. Taifun GT/GS/GTII - Ова важи за прилично idiot-proof атомајзер. Било која варијација е добра. За жал ги нема моментално на FT ама се наоѓаат на али. Препорака за MTL ради регулација на воздух и се мота како ти душа сака.

    2. Subtank Mini. Иако е првенствено рекламиран како DTL, одлично се мота за MTL. Во комбинација со бел кап обавезно зошто знаат да протечат (барем моите 2 течеа). RBA главата трпи секакви коили.

    3. Kayfun V3/V4/V5/Prime од овие сум многу задоволен. кога еднаш ќе се погодат се одлични. Имаше добри клонови се викаа Pawn и Svoemesto

    4. Hurricane од FT. Прилично едноставен, личи на Taifun само што има подобра регулација на воздух.

    5. Kraken Genesis. За разлика од овие претходно кои се водат како BCC (bottom coil clearomizer) Кракенот е top coil значи грејачот е над течноста и од него се спуштаат „фитиљи“ надоле во резервоарот. Малце е проблематичен во комбинација со памук и знае да го исуши брзо ама еве како еден степен погоре од почетниве го ставив. Кога е правилно wicket и coiled на вистински погодени оми/вати ги носи во заби сите овие погоре, само никако како единствен да се зима. Знае да тече, да се исуши, да се лигави и слично.

    Ова ми се ете така како топ 5 за MTL што јас ги имам, што се со фиксни глави. За променливи глави (кои исто си ги мотам) секогаш ми е спремен и полн Aerotank Mega зошто ми е омилен.

    И уште нешто. Вискозноста правопропорционално со густината на памукот, притисокот на тенкот (2,3,5мл) може да предизвика течење. Обично 70% PG знаат полесно да се извлечат и да протечат, треба малце експериментирање. Кога правам нов коил, во предвид зимам која течност ќе ја користам во наредните неколку дена. Си ги знам течностите и има голема разлика од да речеме Hangda 50/50 до молин база. Во принцип што повеќе VG има, толку помалку памук се става. За висок PG, некои тенкови на пр. Subtank сака подебел wick и малце закривен внатре. Тајфуните во принцип најмалце проблеми прават што и да им ставиш.
     
    На gokica, Chicco69, Metuzalem и уште 2 други им се допаѓа ова.
  22. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Немам многу време да барам па само да си прашам. Ако не се лажам на AIO D22 имам 0.6 омски грејач од фабрика. Дали и што ќе промени да ставам 1.5 омски? Прво не знам дали може и ако да дали ми препорачувате?
     
  23. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    987
    2,224
    28 Јануари 2017
    Машко
    Има 1.5 омски? Не ни знаев. Немој да земаш од 1 ом, за к*р не ги бива а овај 1.5... Ако има таков земи бидејќи сигурно ќе е потешко тргањето и може да ти се свиѓа повеќе.

    Sent from my SM-N950F using Tapatalk
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Ace Lud

    Ace Lud
    Practice makes perfect

    1,111
    1,924
    7 Април 2012
    Машко
    Греач BF Clapton 1,5ohm-Е-цигари еве го имаат. Со него ке ти се намали потрошувачката на течност а и ке биде повеке како цигара

    Sent from my SM-T560 using Tapatalk
     
  25. Bambuca

    Bambuca
    On your way to fame

    552
    573
    12 Декември 2015
    Машко
    Електричар
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...