Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Дали новите смартфони се штетни за здравјето?

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.493
Скопје
Оваа страница е правена со Microsoft Frontpage Express на Windows 98 гарант. Како да и веруваш дека се бави со high-end уреди за мерење EMF кога технолошки каска 20 години :D
Имав и ја вакви предрасуди до пред неколку години се додека не најдов неколку парчиња софтвер на веб страни како оваа кои ми ги завршиле работите во кои потклекнаа софтвери најдени на модерни сајтови.
@Lokvan доста е со тоа „бил професор по тоа и тоа таму и таму“. И Грегер е „експерт“ за нутриционизам и има завршено што ти ја знам па постира булшит статии во кои се вели дека едно јајце неделно зголемува 75% шанса за дијабет. Студија правена од „доктори по тоа и тоа таму и таму“.
И ја имав еден „еминентен“ професор што Гугл го викаше Гагл.
Во догледно време нема да се знае со сигурност штетноста на уредиве и технологииве од истата причина поради која фејлаат голем број студии - премногу сме сложени (ДНК) и секој е различен.
Е сеа некој може да рече ова се оправдувања и рационализации за оние кои не сакаат да се замараат... можеби.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Тоа за „порано и сега“ е неспоредливо, пред 30-40 години имало 1 до два телевизиски канали, и исто толку радио канали. Порано немало базни станици за мобилна телефонија и стотици ијлади вај-вај мрежи со десетици пати повеќе вај-фај клиенти. И ред други загадувачи со електронски смог.

Нема никаква порента квантифицирањето на некој процес кога не му се познати квалитативните својства. На пример, ако се потребни 100 луѓе за да помрднат еден камен еден метар за една година, уопте не значи дека ако 10 луѓе пробуваат да го мрднат каменот дека ќе го мрднат еден метар за 10 години. Мора да постои некој threshold за нешто да биде ефективно или не.

Мора прво да се измери дали сигналот од еден рипитер со еден клиент има некакво влијание врз некој екосистем пред да се дискутира каков ефект имаат десет иљади акцес поинти со еден милион клиенти. Таа квантификација на тој процес пута десет иљади или милион нема никаква релевантна важност во научните анализи. Но има важност во аматерските и игнорантните дебати, пример „чим бројката е еден милион, ондак да му ебем матер мора да има некаков ефект“. Ко што викаат србите, у Јегер има 52 трави, па једна бар мора да помогне јебем му матер....
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
@Astro eпа зошто тогаш таков недостаток од истражувања и студии?
Тие што ги има, иако не се многу (колку што би сакале) сите зборуваат за штетни дејства врз луѓето (живите организми воопшто). Ама технологијата наголемо и нашироко се форсира сегде и насекаде без да се знае колкави штети ќе предизвика. За новата 5G за оптимално покривање велат дека во градовите на секои 250 метри ќе треба поставуваат базни станици... Каде се истражувањата и студиите? Каде се регулаторните тела?

@Lokvan доста е со тоа „бил професор по тоа и тоа таму и таму“. И Грегер е „експерт“ за нутриционизам и има завршено што ти ја знам па постира булшит статии во кои се вели дека едно јајце неделно зголемува 75% шанса за дијабет. Студија правена од „доктори по тоа и тоа таму и таму“.
Па ако веќе се надоврзуваш на муабетот со Марв, би требало да видиш дека мене тезата не ми се темели на авторитетот на авторите на студиите кои ги покажувам - туку содржината на тие научни трудови.

Авторитетот на авторите е само бонус, пошто сакам да укажам на фактот дека единствен „противаргумент“ што беше овде понуден, е обичен памфлет од СЗО напишан од некој анонимен непотпишан автор административец во одделот за маркетинг и пубикации, и без никакви конкретни референци освен општо имињата на две невладини организации (дури не се наведуваат ни поединечни текстови од таму).

Во догледно време нема да се знае со сигурност штетноста на уредиве и технологииве од истата причина поради која фејлаат голем број студии - премногу сме сложени (ДНК) и секој е различен.
Освен што не се согласувам, штетноста на електорнскиот смог е повеќе од извесна, не разбирам и што е твојот предлог... Да се остават работите да одат како и до сега, без понатамошни истражувања и студии за безбедноста од RF и EMF зрачења?
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Па ако трњба на секои 250 метри базни станици поарно кабли нека стават :)
Имаше некоја идеја за лед трансмисија на информации ама не знам што бидна.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
@Astro eпа зошто тогаш таков недостаток од истражувања и студии?

Многу едноставно, затоа што кај нив е теретот да докажат. Моментално научниот консензус е дека РФ зрачење нема штетен ефект врз екосистемот. Кај овие другиве е топката да докажат дека тоа не е така. И немој да мислите дека експертите на темата се наодмор и едноставно не ги интересира, па останува на нас тука на ИТ.МК да им ги отвориме очите на сите. Сигурен сум дека има научници кои го дискутираат ова as we speak и полемизираат дали држи вода тврдењето или не. Тврдењето дека они немаат поима па затоа ќутат или сакаат тивко да не убијат веќе навлегува во теорија на заговори, нешто во што не можам да се впуштам за дискусија бидејќи не сум експерт на полето. Можам за одредени теми да дискутирам, но не во врска со штетноста на РФ фрекфенции. А неморам да сум експерт за да дискутирам на темата (на што се противи Rac58) затоа што фундаментите добро ги знам, за да приметам кој натпис има поента а кој е плеин булшит.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Нека сум проклет, ама еве одговор до @bicikle и @Rac58 и @Lokvan
Истото што ви го кажав на темава, ви го кажува и Нил Деграс Тајсон, а се колнам да не се мрднам од местово ако лажам дека оваа нивна дебата сега прв пат ја слушам во животот, и за Вас го одвоив одговорот кој Нил го дава на темава: @53:13

28 јануари 2017
2.056
4.717
Ресен

Едниот апла поборник атеист, другиот се преправат дека не е, од нив не се важит, олицетворение на сотоната.
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
" се колнам да не се мрднам од местово ако лажам дека оваа нивна дебата сега прв пат ја слушам во животот,"
Сега веруваш во клетви?
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Моментално научниот консензус е дека РФ зрачење нема штетен ефект врз екосистемот.
Ова не е вистина. Не постои научен консензус.
Нека сум проклет, ама еве одговор до @bicikle и @Rac58 и @Lokvan
Истото што ви го кажав на темава, ви го кажува и Нил Деграс Тајсон, а се колнам да не се мрднам од местово ако лажам дека оваа нивна дебата сега прв пат ја слушам во животот, и за Вас го одвоив одговорот кој Нил го дава на темава: @53:13

Тајсон не е научник, ниту зборува во име на научната фела. Обичен шарлатан кој излегува во јавност за да заработи пари. Секако дека нема да ја сече раката која го рани. Ако тој изјави нешто што нема да се допадне на Епл на пример, нема да го видеме ниту еднаш повеќе на ниту еден медиум.
Друго - зборува за мобилен телефон, а не за збир од сите РФ зрачења. Треба да се пресече веќе еднаш дека зрачење од само 1 мобилен телефон е нереално сценарио. Проблемот е кога ќе се соберат сите РФ зрачења и како тие ќе влијаат на организмот.
Туку, испаѓа на крај - секој со своите верувања. Демократија. Вие слободно користете wifi 5GHz по дома, да се стрима убаво видеото е побитно од постојаните главоболки, мачнина и што знам уште кои симптоми се веројатно поврзани и луѓе кажуваат дека ги неутрализирале со изолирање од сомнителните причинители. Тоа е мерливо и не е плацебо ефект. Има безброј сведоци. Ако на некои од вас не ви е проблем да се зрачите, баш ми е мило, веројатно сте како оние случаи на пушачи кои живееле по 100 години и често и сеуште се користат како аргумент при денешните дискусии дали пушењето е штетно( некои сеуште веруваат дека не е, пошто нели - знаеме дедовци со по 100 години кои цел живот пушеле тутун).
Ја напуштам дискустијата бидејќа во услови на ваков аудиториум ја сметам за бескорисна, секој гледа да се направи паметен, а никој не предлага решение или идеја и истовремено оние кои даваат се заобиколени бидејќи личните препукувања се толку многу во духот на оваа нација што уште малку и мисија во вселената ќе испратеме со муабети и ништо на дело.
 
Последна промена:

olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.884
3.812
Саат два? Wtf! Ја 10 мин не можам да зборам а не па саат
Хаха исто и јас, туку знам постари луѓе што на долги стази 5-10 години многу збореле на телефон и имаат тешки дијагнози моментално, необјасниви мигрени, тумор на мозок и слично.
Не викам дека одма е од тоа, може да се мал миљон фактори, ама јас лично повеќе од 5 минути неможам да издржам на телефон.
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Рака на срце циглите и денешните не зрачат исто, ама генерално со многу пошече зрачење сме дене обиколени, не само рф.... Онда не е само ракот.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Еј извини колега што „напорно“ повторувам дека сите муабети ти се неаргументирани како маалски муабети.

Тоа за „порано и сега“ е неспоредливо, пред 30-40 години имало 1 до два телевизиски канали, и исто толку радио канали. Порано немало базни станици за мобилна телефонија и стотици ијлади вај-вај мрежи со десетици пати повеќе вај-фај клиенти. И ред други загадувачи со електронски смог.

Воопшто не си реален и никакви научни аргументи не нудиш, како што се гледа низ целава дискусија каде не извади НИТУ ЕДЕН НАУЧЕН ДОКАЗ за да си ги поткрепиш пишувањата.

Не.
Немој пак. Ова го поминавме неколку пати.

Факт: Во тој пропагандниот памфлет кој го посочуваш во недостиг од научни студии во твоја корист, таму како референци ги наведуваат само ICNIRP и IEEE. Невладина организиција и здружение.
Факт: Други референци во тој памфлет НЕМА!

Ако знаеш други студии, референци, нешто... Повели па посочи ги. Навистина е заморно што на 10 страници не понуди НИТУ ЕДЕН НАУЧЕН ДОКАЗ. Без такви аргументи се што кажуваш нема никаков кредибилитет, и самиот добро го знаеш тоа.

Апсолутно и категорнично НЕ.
Но ти би сакал нели? Само што не можеш да „израмниш“ научен труд од PhD и Професор Емеритус по Биохемија и Медицински Науки со 139 референци... Со некој памфлет напишан од анонимен непотпишан автор, без никакви референци освен имиња на две невладини организации... Смешна е споредбава, научен автор со некој незнаен административец од СЗО.

ДРЖ РЕФЕРЕНЦИ:
Да. Така е. Ок. Ок. Ок.
Професорот е најбољи со труд необјавен званично нигде, и по се наликува на мислење. Наспроти тоа став на СЗО кој ја претставува научната заедница во медицината. Од 100+ референци, во првите 10 се 5 негови . Ама нееее, батката не тера никаква агенда. Абе гарант у пензија е и досадно му е, и ум досаѓа на сите со вакви писанија и никој не го есапи па му е криво.
Де олабави со баткава малце.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
" се колнам да не се мрднам од местово ако лажам дека оваа нивна дебата сега прв пат ја слушам во животот,"
Сега веруваш во клетви?
Jas ne veruvam i ne go kazuvam toa za sebe tuku za takvi kako tebe sto veruvaat bez pricina.

Decki, jas si go kazav svoeto i za sega nemam sto poveke da dodadam. Ako sakate da doobjasnam nesto sto sum rekol kazate. Vo sprotivno toa e toa.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Ова не е вистина. Не постои научен консензус.

Тајсон не е научник, ниту зборува во име на научната фела. Обичен шарлатан кој излегува во јавност за да заработи пари. Секако дека нема да ја сече раката која го рани. Ако тој изјави нешто што нема да се допадне на Епл на пример, нема да го видеме ниту еднаш повеќе на ниту еден медиум.
Друго - зборува за мобилен телефон, а не за збир од сите РФ зрачења. Треба да се пресече веќе еднаш дека зрачење од само 1 мобилен телефон е нереално сценарио. Проблемот е кога ќе се соберат сите РФ зрачења и како тие ќе влијаат на организмот.
Туку, испаѓа на крај - секој со своите верувања. Демократија. Вие слободно користете wifi 5GHz по дома, да се стрима убаво видеото е побитно од постојаните главоболки, мачнина и што знам уште кои симптоми се веројатно поврзани и луѓе кажуваат дека ги неутрализирале со изолирање од сомнителните причинители. Тоа е мерливо и не е плацебо ефект. Има безброј сведоци. Ако на некои од вас не ви е проблем да се зрачите, баш ми е мило, веројатно сте како оние случаи на пушачи кои живееле по 100 години и често и сеуште се користат како аргумент при денешните дискусии дали пушењето е штетно( некои сеуште веруваат дека не е, пошто нели - знаеме дедовци со по 100 години кои цел живот пушеле тутун).
Ја напуштам дискустијата бидејќа во услови на ваков аудиториум ја сметам за бескорисна, секој гледа да се направи паметен, а никој не предлага решение или идеја и истовремено оние кои даваат се заобиколени бидејќи личните препукувања се толку многу во духот на оваа нација што уште малку и мисија во вселената ќе испратеме со муабети и ништо на дело.
Да е сега за сега научен консензус.
И да, ако за тебе Нил и Ричард се никој и ништо и преваранти, и што и не, онда супер што не напушташ.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
"Jas ne veruvam i ne go kazuvam toa za sebe tuku za takvi kako tebe sto veruvaat bez pricina."
Значи си го гледал и предходно...
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Многу едноставно, затоа што кај нив е теретот да докажат.
НЕ!
Не, не и не. Државните регулаторни тела имаат за ОБВРСКА да се грижат за здравјето и добробитта на граѓаните, и немаат обврска да се грижат за профитот на индустријата.

Сериозно, заеби тоа со „теретот да докажат“ бил на страната на заебаните. Не можеш ти од граѓаните селаните на нивата да бараш да „докажат“ дека индустријата им наштетува. Селани =/= адвокати (или научници).

Рилаити чек: „Теретот“ за да се заштити популацијата е обврска на државата и на нејзините регулаторни тела. И реално тоа не е терет туку е обврска и привилегија. Обврски и привилегии за кои политичарите се борат на избори, и заради кои ние ги гласаме на избори, и им даваме мандат да ги застапуваат НАШИТЕ ИНТЕРЕСИ. Не им даваме мандат да ги застапуваат интересите на индустријата.

Се додека повеќето од вас не го разберете ова, од нас овде не бидува држава.
И баш заради тоа што повеќето од вас не го разбирете ова - од нас не е биднато држава.
 
Последна промена:

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Најлесно е така, теретот да го префрлиш на друг, ај нека докажат дека не се штетни па ќе веруваме дека не се штетни, се дотогаш рф зрачењето ќе го третираме како штетно.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Да. Така е. Ок. Ок. Ок.
Професорот е најбољи со труд необјавен званично нигде, и по се наликува на мислење. Наспроти тоа став на СЗО кој ја претставува научната заедница во медицината. Од 100+ референци, во првите 10 се 5 негови . Ама нееее, батката не тера никаква агенда. Абе гарант у пензија е и досадно му е, и ум досаѓа на сите со вакви писанија и никој не го есапи па му е криво.
Банален си со глупостиве. Памфлет од СЗО во десетина реченици со порака „не се замарајте се е ОК“, напишан од некој рандом ноунејм административец дежурен во дневна смена, со цел памет го ставаш пред научен труд од Професор Емеритус по Биохемија и Медицина, со факинг 139 референци, кои се научни студии (дафак што ако неколку биле негови, неточни ли се). А памфлетот нема некави референци, спомнува некои две невладини организации платени да пишуваат пропаганда.

Смешен си Марв, и фала што ме насмеа пред спиење. ;)
 
Баш ми е мило што те изнасмеав. Убаво спиј и сањај го професорот, и смисли нова навреда за утре ова банален е некако излитено.
Ќе повторам по 16пат. Не е труд. Ми го качи на к.. дотичниот пензиониран професор со агенда. Уф извини Емеритус ол Мајти ол Ноуинг.

Иначе погоре бараше државата да не заштити. Епа таа држава и државите низ светов веруваат у тие клети СЗО, ИЕЕЕ, итн., итн., нели нонејм сите по ред. И добронти стварно мислиш дека СЗО и останатите сите професионални и научни здруженија со кратенки нели, онака си ги пишуваат препораките и ставовите? Баш така, добро утро ти таму на маса Х65 де напиши нешто за ЕМФ, а ти до него за канцер, а ти Г16 нешто за вакцини, анд со он...

И сега што праиме?
Чорба реков јас, се здружиле, ќе не истребат, нема да не биде. Дај да почнеме и ние ко Америне она најмодернорно што им е "преперс".

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Ги молам модераторите малку да им се укаже на поедини колеги да не саботираат озбилна дискусија со заебантски дигресии како кемтреилс и религија. Пошто во спротивно секогаш ќе следат десетици офтопик постови кои потоа треба поединачно да се бришат.

Сигурен сум дека има научници кои го дискутираат ова as we speak и полемизираат дали држи вода тврдењето или не. Тврдењето дека они немаат поима па затоа ќутат или сакаат тивко да не убијат веќе навлегува во теорија на заговори
Биди фер и не ја прави работава како некој овде да тврди дека научниците „немаат поима па затоа ќутат или сакаат тивко да не убијат“.

Тоа за што зборуваме е дека индустријата влијае врз регулаторните тела, влијае проблемот со штетноста од електронскиот смог да се игнорира што подолго време, да има што помалку државни спонзорирани истражувања и научни студии, и влијае врз исходите од тие малкуте истражувања и студии кои ги има.
Се разбира дека на крај вистината ќе излезе на виделина, но за сите нас е подобро тоа да не биде после неколку децении кога за многумина ќе биде касно. Впрочем исто како што беше работата со регулацијата на индустријата за тутун, и со регулацијата на индустријата за хербициди/пестициди која тек сега почнуваат напори да се регулира како што треба.

Нека сум проклет, ама еве одговор до @bicikle и @Rac58 и @Lokvan
Истото што ви го кажав на темава, ви го кажува и Нил Деграс Тајсон, а се колнам да не се мрднам од местово ако лажам дека оваа нивна дебата сега прв пат ја слушам во животот, и за Вас го одвоив одговорот кој Нил го дава на темава: @53:13
Кажаното е лично мислење на човекот Тајсон. Научникот Нил Тајсон е астрофизичар, одличен едукатор и комуникатор, презентер и автор на бестселер популарни книги... Но тоа што дефинитивно НЕ Е, Нил Тајсон не е истражувач а уште помалку не е доктор по медицина. Нил Тајсон никогаш не истражувал ништо за дејство на електромагнетни зрачења врз ткивата на живите организми, и затоа Нил Тајсон одговори општо и паушално, и пред се кратко. Кажаното во ниеден научен труд во иднина нема да го цитираат како референца за било што. Затоа што кажаното немаше никаква научна тежина.

Ако некој од нив двајцата беше колку толку компетентен да одговори, тоа секако беше неговиот соговорник Ричард Докинс. Докинс е еволутивен биолог, автор, и одличен едукатор и комуникатор (имам прочитано пар негови книги). Докинс за разлика од Тајсон (кој е астрофизичар), секако повеќе ја познава проблематиката од бихемиски аспект, на пример сигурно знае што е тоа Voltage-gated calcium channel. Но Докинс паметно избегна во јавност да зборува за нешто за што не знае доволно за стручно да зборува. И тоа е тоа.

едит:
Да е сега за сега научен консензус.
И да, ако за тебе Нил и Ричард се никој и ништо и преваранти, и што и не, онда супер што не напушташ.
Нели ти колега не се импресионираше од „авторитети“? ;)
Не ги омаловажуваме ценетите Докинс и Тајсон, напротив. Но ајде за истите да бидат релевантни за нашава дискусија (погледни го насловот на темата), биди љубезен па покажи ни (или цитирај) некој нивни научен труд за дејството на електромагнетните зрачења врз живите организми.

За да не си го губиш времето да бараш, јас можам да ти помогнам. Нема такви трудови од нив, Докинс и Тајсон не се занимаваат ни стручно ни било како со нашава тематика.
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Ги молам модераторите малку да им се укаже на поедини колеги да не саботираат озбилна дискусија со заебантски дигресии како кемтреилс и религија. Пошто во спротивно секогаш ќе следат десетици офтопик постови кои потоа треба поединачно да се бришат.

Биди фер и не ја прави работава како некој овде да тврди дека научниците „немаат поима па затоа ќутат или сакаат тивко да не убијат“.

Тоа за што зборуваме е дека индустријата влијае врз регулаторните тела, влијае проблемот со штетноста од електронскиот смог да се игнорира што подолго време, да има што помалку државни спонзорирани истражувања и научни студии, и влијае врз исходите од тие малкуте истражувања и студии кои ги има.
Се разбира дека на крај вистината ќе излезе на виделина, но за сите нас е подобро тоа да не биде после неколку децении кога за многумина ќе биде касно. Впрочем исто како што беше работата со регулацијата на индустријата за тутун, и со регулацијата на индустријата за хербициди/пестициди која тек сега почнуваат напори да се регулира како што треба.

Кажаното е лично мислење на човекот Тајсон. Научникот Нил Тајсон е астрофизичар, одличен едукатор и комуникатор, презентер и автор на бестселер популарни книги... Но тоа што дефинитивно НЕ Е, Нил Тајсон не е истражувач а уште помалку не е доктор по медицина. Нил Тајсон никогаш не истражувал ништо за дејство на електромагнетни зрачења врз ткивата на живите организми, и затоа Нил Тајсон одговори општо и паушално, и пред се кратко. Кажаното во ниеден научен труд во иднина нема да го цитираат како референца за било што. Затоа што кажаното немаше никаква научна тежина.

Ако некој од нив двајцата беше колку толку компетентен да одговори, тоа секако беше неговиот соговорник Ричард Докинс. Докинс е еволутивен биолог, автор, и одличен едукатор и комуникатор (имам прочитано пар негови книги). Докинс за разлика од Тајсон (кој е астрофизичар), секако повеќе ја познава проблематиката од бихемиски аспект, на пример сигурно знае што е тоа Voltage-gated calcium channel. Но Докинс паметно избегна во јавност да зборува за нешто за што не знае доволно за стручно да зборува. И тоа е тоа.

едит:

Нели ти колега не се импресионираше од „авторитети“? ;)
Не ги омаловажуваме ценетите Докинс и Тајсон, напротив. Но ајде за истите да бидат релевантни за нашава дискусија (погледни го насловот на темата), биди љубезен па покажи ни (или цитирај) некој нивни научен труд за дејството на електромагнетните зрачења врз живите организми.

За да не си го губиш времето да бараш, јас можам да ти помогнам. Нема такви трудови од нив, Докинс и Тајсон не се занимаваат ни стручно ни било како со нашава тематика.
Да немаат. Да во право си. Не не е муабетот во импресионирање од авторитети. Уствари нема врска што си ми реплицирал, пошто одговорот беше за друг наѓенет и за сосема друга работа. Ама мора да ставиш капаче на секое лонче изгледа, така да нека ти биде.

П.с. До сите и администрација, не е до Локван ова директно. Прво и основно темава отиде премногу опширно и офф од ОТ. Дури и сега кога е прекрстена, се однесува само за мобилни и нивниот спектар на работа, јачина, начин итн. Ако ја шириме на цело ЕМ нејонизирачко зрачење, онда или нова тема, или пола овде дискусии треба да се избришат. Вака нема цел, исто ко што рече Астро ќе дојдеме до дали Кислородот е штетен.

Дали новите смартфони се РАДИОАКТИВНИ. Не, и мислам дека дури со ваков наслов дури и Локван ќе се сложи на одговорот.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Океј, момци. Дали може да се сложиме дека потребно е повеќе анализи и резултати од обдукција на мртвите птици и понатамошни експерименти пред да пресудиме дали зрачењето од 5G е штетно и колку е штетно?
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Океј, момци. Дали може да се сложиме дека потребно е повеќе анализи и резултати од обдукција на мртвите птици и понатамошни експерименти пред да пресудиме дали зрачењето од 5G е штетно и колку е штетно?
Сметам дека треба да бидеме поозбилни кога дискутираме на озбилни теми... Тоа или шегите подобро нака бидат одлични (или барем добри). ;)

Пошто „мртви птици“ (пеејќи умираат?), кемтреилс и рамна земја заебанции не се смешни, туку се банални дигресии на некој кој не сака (или не може) со аргументи да дискутира - па затоа ја саботира дискусијата. Или така барем изгледа.

Инаку се согласувам со Марв, насловот нечини. Посоодветен наслов би бил нешто како: „Дискусија за штетноста на електронскиот смог - или влијанието на eлектромагнетните зрачења врз живите организми“.

Да темава почна заради бомбастични SAR податоци за одредени телфони, но ете еволуира во општа дискусија за штетност од eлектромагнетни зрачења. Во интерес на форумот е да се продолжи во таа насока која ја опфаќа и првичната област (телефоните) но и сите други моменти со eлектромагнетни зрачења од телекомуникациите и друго.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв