Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.398
2.820
Значи друже аман не се бламирај, аман!
Ако имаш соба со 20 степени а надвор е 26 отвораш нешто.. прозор, врата, something и побрзо ќе се стопли отколку да го рикнеш компресорот на тоа шугавото Hisense

Ние затуцаните внимаваме на тоа.

btw, ако дома ти е 20 а надвор 26 тогаш имаш друг проблем

Пунета цигла брат. Дебели ѕидови. Тоа не може да се смени.
 
MacX

read-only
19 септември 2026
1
2
Здраво на сите

Ми треба совет за избор на клима која ќе се користи исклучиво за греење на 30 м2 дневна со кујна, 2.2 мтр висина, до неа соба од 16 м2 која повремено се користи, горе спални соби.

Се работи за постара куќа периферија на СК, лепенка, без посебна изолација, 80 см во земја, 30-35 см ѕидови, во дневна солиден 2 коморен дрвен прозорец 135х85 см кој добро дихтува, во кујна 2 коморен пвц 210х80 см.

Иначе цела куќа ~ 100 м2 се загрева со парно на пелети, кои поради цената на пелетиве моиве овој период не го ни пуштаат, па или се мрзнат или греат со кварцна греалка.

Пред се ми треба совет дали да се оди на солидна 12ка или скромна 18ка.

Од 2,3 продавници ми препорачаа 12ка, пред се поради ниската висина.

Буџет околу 35000 за 12ka до макс 50000 за 18ка.

Од брендови, знам дека јапонциве се врв, ама од нив макс би можело да се оди на Daikin FTXC35C или евентуално Fuji 14KMCC од ананас, кои се постари модели или пак некоја понова Midea или Haier.

Скица од просторот
skica.jpg
 
FikanA

hello world
3 април 2025
298
406
Средe никаде...
Ако ти е само за дневната од 30 квадрата, 3.5kW (12ка) ќе ти се доста.

Во случај јапонските да ти се прескапи, види си Midea или Vivax.
 
Goran333

hello world
19 август 2022
127
143
Здраво на сите

Ми треба совет за избор на клима која ќе се користи исклучиво за греење на 30 м2 дневна со кујна, 2.2 мтр висина, до неа соба од 16 м2 која повремено се користи, горе спални соби.

Се работи за постара куќа периферија на СК, лепенка, без посебна изолација, 80 см во земја, 30-35 см ѕидови, во дневна солиден 2 коморен дрвен прозорец 135х85 см кој добро дихтува, во кујна 2 коморен пвц 210х80 см.

Иначе цела куќа ~ 100 м2 се загрева со парно на пелети, кои поради цената на пелетиве моиве овој период не го ни пуштаат, па или се мрзнат или греат со кварцна греалка.

Пред се ми треба совет дали да се оди на солидна 12ка или скромна 18ка.

Од 2,3 продавници ми препорачаа 12ка, пред се поради ниската висина.

Буџет околу 35000 за 12ka до макс 50000 за 18ка.

Од брендови, знам дека јапонциве се врв, ама од нив макс би можело да се оди на Daikin FTXC35C или евентуално Fuji 14KMCC од ананас, кои се постари модели или пак некоја понова Midea или Haier.

Скица од просторот
Погледнете го атачментот 165387
Би требало да можеш овие 30м2 да ги загрееш со 3.5kW (12ка) клима.
Ако ништо друго барем во преоден период ќе избегнеш да го палиш централното или кварцната па ако е ладна зима тогаш ќе комбинираш.

За Даикин што си спомнал мој совет да не гледаш од овие прекупци препродавачи туку од овластен увозник. Од прва рака што се вели. Сум пишувал пред некој ден од кај ги имам јас купено моите.
А истото важи и за останатите брендови.
Нема ништо срамота да најдеш контакт број или емаил и да си прашаш. Може ќе има некој 10% попуст за плаќање во готово, па може уште некои дополнителни 5% сезонски попуст... и ќе влезе во буџет и онаа подобрата Сенсира FTXF35F.

Планирај дека и за монтажа ќе ти требаат пари.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.398
2.820
Здраво на сите

Ми треба совет за избор на клима која ќе се користи исклучиво за греење на 30 м2 дневна со кујна, 2.2 мтр висина, до неа соба од 16 м2 која повремено се користи, горе спални соби.

Се работи за постара куќа периферија на СК, лепенка, без посебна изолација, 80 см во земја, 30-35 см ѕидови, во дневна солиден 2 коморен дрвен прозорец 135х85 см кој добро дихтува, во кујна 2 коморен пвц 210х80 см.

Иначе цела куќа ~ 100 м2 се загрева со парно на пелети, кои поради цената на пелетиве моиве овој период не го ни пуштаат, па или се мрзнат или греат со кварцна греалка.

Пред се ми треба совет дали да се оди на солидна 12ка или скромна 18ка.

Од 2,3 продавници ми препорачаа 12ка, пред се поради ниската висина.

Буџет околу 35000 за 12ka до макс 50000 за 18ка.

Од брендови, знам дека јапонциве се врв, ама од нив макс би можело да се оди на Daikin FTXC35C или евентуално Fuji 14KMCC од ананас, кои се постари модели или пак некоја понова Midea или Haier.

Скица од просторот
Погледнете го атачментот 165387

Овде ти требаат една 5.5 кв за големиот простор и 3.5 кв за малиот ако сакаш да ти е бања. Ако сакаш како форумџииве да ти мрзнат нозете можеш и на 3.5 мицибуши основен модел за 100 квадрати да ставиш.
 
dashbog

lurker
24 јуни 2008
580
831
dashbog's setup  
Processor & Cooler
i5 6500
Motherboard
Asrock B250 Pro 4
Storage
1TB NVME + 3TB HDD
PSU
Cooler Master 650W
RAM
8GB
Video card
RX580 8GB
Case
SAMA Yuhui
Mouse
Logi M310
Keyboard
Logi K540
Audio
Logitech Z333
Monitor
Dell 27"
OS
Windows 10

Миле, да не е многу бе??

5.5 за 30м2 со 2.2м висина. Врз основа на што ги базираш твоите совети??
Од тепка ??

На 30 м2 ништо повеќе од 3.5, за 16м2 2.5. Подобро да се оди со подобар модел со тие јачини отколку да се оди само на предимензионирање.
 
FikanA

hello world
3 април 2025
298
406
Средe никаде...
Миле, да не е многу бе??

5.5 за 30м2 со 2.2м висина. Врз основа на што ги базираш твоите совети??
Од тепка ??

На 30 м2 ништо повеќе од 3.5, за 16м2 2.5. Подобро да се оди со подобар модел со тие јачини отколку да се оди само на предимензионирање.
Врз основа на тоа што неговиот Хајсенц очигледно грее 2 киловати помалце од што е рекламирано, т.е. лично искуство
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.398
2.820
Легенда ни е Ронката на форумот.

што сум легенда. Типчето вика дека му греело 2 кв помалце, измислува. А уредите се тестирани и имаат еуровент, барем мојата HB50 е потврдена.

Тие бројки на греење 3.5 кв 40 квадрати и слично треба да се земат со резерва. Тоа е може при некои идеални услови со одлична изолација. Но чисто се сомневам дека куќа можеш 40 квадрати да загрееш со една таква.
 
FikanA

hello world
3 април 2025
298
406
Средe никаде...
Легенда ни е Ронката на форумот.
Уште да беше легенда за нешто позитивно...

“Типчето“. Каков сељак можеш да бидеш на 35+ годишна возраст нема никогаш да знам ниту да ми е јасно...

Собата му е 30 квадрата, си додаваш 10 за да ти испадне по твој мерак. Затоа веројатно на онлајн форум контунуирано водиш дебати во неуспешни обиди да испаднеш како некој интелектуалец. И тоа на повеќе теми, не само на оваа. Реално, секоја чест.

Не знам за каква резерва збориш, од 3.5kW до 5.5kW е резерва што нема никогаш да ја искористи. Ако сака резерва ќе си земе греалка електрична или ќе си ја чува печката на цигли.

Вака без да даде градежнина физика и да се претпостави дека ова е постара куќа, за прозор би земал 1.3, за ѕид надворешен ќе земам 0.5, вака ми делува дека над нив има греен простор такашто се на се далеку си од 5.5kW. Загревањето на волуменот на воздух не влегува во пресметки за греен простор бидејќи немаме донес на континуиран свеж воздух во просторијата (посекако, можеш да си земеш инфилтрациски загуби)
Вака од “мајстори“ ко тебе на око шо фукаат клими затоа цели фасади се со надврошени, а да не ни зборам пола од нив не ни грејат пошо цевките ќе ги фукнете подолги од што би можел компресорот да поднесе па после брендот ќе е крив.
Ама што знам ја, обичен глупчо јапонско гомце Панасоник... очигледно ниЧто не знам...
 
па тресеш небулози, тоа се тестирани уреди, збориш 2 киловати помалце грееле. Јас зборам од мое искуство. Ако сакаш нешто набрзина да те загрее мораш појако. Ако сакаш нешто да ти врти 24/7 на 22 степени можеш и слабо да тераш. Јас не сум фан на тоа. Мене ми треба ламја да натрука топлина набрзина не да ја чекам 5 саати.
 
FikanA

hello world
3 април 2025
298
406
Средe никаде...
Тогаш прекини да даваш препораки кога не знаеш што зборуваш...
Единствени аргументи што упорно ги вртиш се дека "јапанците се мм скапи" и дека сакаш брзо да ти биле загреени стапалцата.
И сега за тоа он треба да земе 5.5 киловатен уред пошто Рон26 на Ит.мк му рекол дека побрзо ќе му се згрејат стапалата???
Ако веќе пробуваш да се истакнеш дека си искуствено над нас ""форумџиите"" и дека ние НИШТО не разбираме во ова поле, барем потруди се дади некои објективни факти или податоци. Вака само делуваш како оние малоумните маалски чичиња што шетаат со шише пиво низ блоковите во Аеродром...
 
dashbog

lurker
24 јуни 2008
580
831
dashbog's setup  
Processor & Cooler
i5 6500
Motherboard
Asrock B250 Pro 4
Storage
1TB NVME + 3TB HDD
PSU
Cooler Master 650W
RAM
8GB
Video card
RX580 8GB
Case
SAMA Yuhui
Mouse
Logi M310
Keyboard
Logi K540
Audio
Logitech Z333
Monitor
Dell 27"
OS
Windows 10
па тресеш небулози, тоа се тестирани уреди, збориш 2 киловати помалце грееле. Јас зборам од мое искуство. Ако сакаш нешто набрзина да те загрее мораш појако. Ако сакаш нешто да ти врти 24/7 на 22 степени можеш и слабо да тераш. Јас не сум фан на тоа. Мене ми треба ламја да натрука топлина набрзина не да ја чекам 5 саати.
Климата како уред е баш да врти 24/7 на посакувана температура. За таква работа е наменета.

За тебе е најдобро да си земеш тајфун од тие трофазните, тие се за брзо загревање и правење бања.
 
Aowek

user
14 април 2012
1.231
1.201
Климата како уред е баш да врти 24/7 на посакувана температура. За таква работа е наменета.

За тебе е најдобро да си земеш тајфун од тие трофазните, тие се за брзо загревање и правење бања.
1791707384511.png
 
Goran333

hello world
19 август 2022
127
143
па тресеш небулози, тоа се тестирани уреди, збориш 2 киловати помалце грееле. Јас зборам од мое искуство. Ако сакаш нешто набрзина да те загрее мораш појако. Ако сакаш нешто да ти врти 24/7 на 22 степени можеш и слабо да тераш. Јас не сум фан на тоа. Мене ми треба ламја да натрука топлина набрзина не да ја чекам 5 саати.
Многу моќен ти е Хајсенс-от од 5.5kW
Некое помало климиче ти треба послабо како ова на пример од 3 kW
Слабичко така

Messenger_creation_1DE5746F-EBD4-4265-A7B5-FCBF69F73223(1).jpg
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.398
2.820
Многу моќен ти е Хајсенс-от од 5.5kW
Некое помало климиче ти треба послабо како ова на пример од 3 kW
Слабичко така

Погледнете го атачментот 165436

мојава ламја го меле твоево. Не е ни конкуренција кога ќе земеш у обзир колку воздух дува. Кутијата надвор дупло поголема.
 
Goran333

hello world
19 август 2022
127
143
мојава ламја го меле твоево. Не е ни конкуренција кога ќе земеш у обзир колку воздух дува. Кутијата надвор дупло поголема.
Ламјата кога ќе дувне мислиш ураганот Катрина фате.
Паѓаат маси столици

Ете ја "кутијата" малечка само 42кг тешка. Толку за клима 3kW моќност.

Screenshot_20261011_083435_Adobe Acrobat.jpg
 
Последна промена:

Jackie

Баниран/a
7 февруари 2020
50
24
Здраво на сите, која марка на клима-инвертер би бил нај солидно решение за просторија од 15м2?

Местоположбата е помеѓу две други простории, така да изолацискиот дел е задоволителен.
Ми предложија 2,8kw Midea, комплет со монтажа 33.000 денари или 3,5kw(што мислам дека премногу за таа квадратура) za 36.000 денари исто комплет со монтажа.
Гледам во Нептун има Fuego, Beko, Hoobart (не знам за каква марка станува збор, Нептун ја форсираат многу) за 18000 ден.-19000 ден. и баш ме зачуди зошто е има толкава разлика.

Секој совет би бил добредојден.
Благодарам!
 
Гледај нешто 2kW или 2.5kW
Ако е тоа спална соба ако се спие ти треба нешто поквалитетно што ќе работи добро и тивко како би можел да спиеш нели.
Кинезите што ги гледаш и не се справуваат баш најдобро во мала просторија.

Јас во спална од таа квадратура имам клима 2kW Daikin Comfora FTXP20N / RXP20N
Одлично работи само што цената и е малку висока...

Messenger_creation_36E48EAD-E059-471A-8C54-0ED95E47FE78.jpeg
Messenger_creation_ff221fc7-bbc2-4652-8a20-7c86abbdea0b.jpeg
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно