DarthJe5us
poweruser
- 2 јануари 2012
- 3.098
- 2.341
Не ме сфаќаш, моментално дополнителното светло не работи никогаш. Не на сликата.Не е ништо чудно. На сликата на семафорот е зелено за право и лево. За десно нема светло, нема ни семафор. Има само сообраќаен знак. Во таа ситуација како што е на сликата може слободно да се оди и лево и право и десно.
Според ЗЗБСП доколку има дополнително светло, а не работи, мора да се почитува светлото од семафорот.
Според истиот закон до 2 ленти може да се регулираат со еден семафор.
Според правилник за сообраќајни знаци, семафори, семафорот важи за сите возила кои доаѓаат во негова насока, се поставува од десно на лентата освен ако нема доволно место(не е пропишано што значи да нема доволно место), тогаш може да се постави и лево од лентата.
Доаѓаш на раскрсницава, според законите и како е проектирана мислам дека е правилно да застанеш и да чекаш зелено.
Можеби грешно е проектирана раскрсницата со овој семафор.