Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Искуства со Gjirafa50 / ZirafaMall.mk

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.695
3.336
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Го меркам парфемчево веќе некое време, ама стварно не можам да сфатам како може да е на пола од цената во нашите парфимерии, дрогерии...

Ако го земеш преку апликацијата таму е 1690 денари

Заминаа попустите, инаку цениве на Камра и Камра Кауа се за 100 ден поскапи од “попустите“ :)
Парфем Латафа Камра, 100 мл - 1790ден.
Eau De Parfum Lattafa Khamrah Qahwa, 100 ml - 1790ден.

Bi trebalo togas da ti stigne

Му пишува дека треба да му стигне до 14ти октомври, денес сме 15ти. Инаку изгледа грешка е најверојатно или па ги имаат тука производите и така пишува затоа што се пратени по карго, ама каргава кај нас се бавни, така даааа, @Viko почекај или па пиши им на вибер дали е испратена пошто така ти пишува и дали се работи за грешка. И не заборавај да пишеш импресии за парфемот...
 
Viko

hello world
28 јуни 2022
305
283
Заминаа попустите, инаку цениве на Камра и Камра Кауа се за 100 ден поскапи од “попустите“ :)
Парфем Латафа Камра, 100 мл - 1790ден.
Eau De Parfum Lattafa Khamrah Qahwa, 100 ml - 1790ден.
Вчера беа 2000 без достава, значи со достава 2200. Сум заштедил 300 денари, сепак кај нас Qahwata ја има само во Schatze на залиха и е 3350 така да ова е супер заштеда… ако може така да се каже :)
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.695
3.336
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Вчера беа 2000 без достава, значи со достава 2200. Сум заштедил 300 денари, сепак кај нас Qahwata ја има само во Schatze на залиха и е 3350 така да ова е супер заштеда… ако може така да се каже :)
Шатци се најскапи, ама ок оправдано пошто имаат вработени, локали, итн... Споредувај ги цените со Fragrance.mk кои пак се поскапи во твојов случај, плус го немаат на залиха тој што го имаш нарачано, дури и новиот Dukhan се потроши инстантно на Жирафа.
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Викендов пробав да направам нарачка на Жирафа и да платам со картичка, нарачката беше одбиена во 3 обиди. Моментот кога требаше да се испроцесира плаќањето јавуваше грешка. Им пратив меил, сега гледам адресата не е валидна.
Како воопшто функционираат овие, не се ФБ продавница па да не им работат основните контакт канали и онлајн плаќањето.
 
architect

poweruser
27 ноември 2008
2.728
4.305
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 9800X3D / NZXT Kraken Elite 280 RGB (White)
Motherboard
Gigabyte X870E AORUS Elite WiFi 7 1.2 (White)
Storage
SSD 2 x Samsung M.2 990 PRO 1TB
PSU
Gigabyte PSU AORUS Elite P850W PG5 ATX 3.1 850W 80+ Platinum
RAM
Kingston 32GB 5600MHz DDR5 CL40 DIMM
Video card
Gigabyte nVidia GeForce RTX 5070 EAGLE 12GB 192BIT (White)
Case
NZXT H7 Flow RGB (2024) Case (White)
Mouse
Logitech G Pro X Superlight 2 (White) / Logitech G502 RGB / Deskpad World of Warcraft Shadowlands
Keyboard
EPOMAKER x AULA F75 / ROG STRIX SCOPE NX TKL Moonlight white
Audio
Logitech Z625 2.1 THX Speaker / Logitech G335 (White)
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 11 x64
Викендов пробав да направам нарачка на Жирафа и да платам со картичка, нарачката беше одбиена во 3 обиди. Моментот кога требаше да се испроцесира плаќањето јавуваше грешка. Им пратив меил, сега гледам адресата не е валидна.
Како воопшто функционираат овие, не се ФБ продавница па да не им работат основните контакт канали и онлајн плаќањето.
избери плаќање при достава, доставуваат за пар денови и наплатата е на доставувачот на рака, а во пакетот внатре има и фискална сметка !!!
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
избери плаќање при достава, доставуваат за пар денови и наплатата е на доставувачот на рака, а во пакетот внатре има и фискална сметка !!!
Во меѓувреме стапив во контакт со нив на Инстаграм, и ја средивме нарачката.
 
Viko

hello world
28 јуни 2022
305
283
избери плаќање при достава, доставуваат за пар денови и наплатата е на доставувачот на рака, а во пакетот внатре има и фискална сметка !!!
Јас, октомври порачав парфем, без проблем си платив со картичка, ама во пакетот немаше фискална.

На 22 ноември исто порачав два парфеми, платив со картичка и треба да ми пристигнат од 6-10 декември, што искрено и не е баш брзо...
 
ZelenaJabuka

read-only
30 септември 2021
40
24
Гледам не им е баш убаво дефинирано на Жирафа50 за враќање на производ. Дали можам да вратам монитор од 300 евра ако не ми се допаѓа, во рок од тие 15 дена и да ми вратат пари?
 
gamon

user
15 септември 2014
1.669
1.951
orgrimar
Гледам не им е баш убаво дефинирано на Жирафа50 за враќање на производ. Дали можам да вратам монитор од 300 евра ако не ми се допаѓа, во рок од тие 15 дена и да ми вратат пари?
во анхоч може за 8 дена ако е се комплетно, во сетек со помош на полиција и инспектори само, а во жирафа косове не ти помага ни нато
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.695
3.336
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
во анхоч може за 8 дена ако е се комплетно, во сетек со помош на полиција и инспектори само, а во жирафа косове не ти помага ни нато
Жирафа во Македонија имаат фирма, да ги тргнеме стереотипите јас мислам дека кај жирафа полесно ќе смениш/вратиш производ отколку кај секоја друга македонска фирма како сетек на пример. Ова го зборам од искуство према менталитетот на албанскиот народ, и кога сака да те услужи за да му бидеш муштерија и понатака (за разлика од нас македонците каде гледаме да заебеме некого). Со културна комуникација и убаво објаснување може се да се заврши. Инаку и за нив важи пазарна инспекција исто како и за останатите македонски фирми.
 
Само уште доставата да ја забрзаат некако… веќе 20ти ден чекам нарачка платена онлајн, а до пред 3 дена беше крајниот рок за достава…
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.222
2.656
Само уште доставата да ја забрзаат некако… веќе 20ти ден чекам нарачка платена онлајн, а до пред 3 дена беше крајниот рок за достава…

Немаат овде производи изгледа. Ги нарачуваат од странство и затоа се чека. Кога доаѓа ти ја пуштаат.
 
zemakius

hello world
17 октомври 2020
279
286
во анхоч може за 8 дена ако е се комплетно, во сетек со помош на полиција и инспектори само, а во жирафа косове не ти помага ни нато
Имам искуство со ова што го зборуваш и тотално е грешно. Пристигна биро кое беше исчукано од страна на каргото, сменето е со ново без прашања.

Само слика има пратив во моментот кога го подигнав од карго.
 
Viko

hello world
28 јуни 2022
305
283
Немаат овде производи изгледа. Ги нарачуваат од странство и затоа се чека. Кога доаѓа ти ја пуштаат.
Денес ми стигна нарачката, погоре спомнувавте со фискални доаѓале нарачките, еве мене ова ми е втора нарачка, онлајн платена и без фискална сум ги добил двете.
Мислењето е автоматски споено:

Немаат овде производи изгледа. Ги нарачуваат од странство и затоа се чека. Кога доаѓа ти ја пуштаат.
Денес ми стигна нарачката, погоре спомнувавте со фискални доаѓале нарачките, еве мене ова ми е втора нарачка, онлајн платена и без фискална сум ги добил двете.
 
Последна промена:

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.695
3.336
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Денес ми стигна нарачката, погоре спомнувавте со фискални доаѓале нарачките, еве мене ова ми е втора нарачка, онлајн платена и без фискална сум ги добил двете.

Од последните 3 пратки, масата што ја платив при подигнување имаше плико залепено на самата паковка и внатре имаше фискална.

А за другиве што ги платив со картичка имаше фактура. Е сега и кај други страни кај што сум плаќал сум имал исто така фактура, па мислам дека причината можеби е начинот на плаќање?
 
Последна промена:

Viko

hello world
28 јуни 2022
305
283
Од последните 3 пратки, масата што ја платив при подигнување имаше плико залепено на самата паковка и внатре имаше фискална.

А за другиве што ги платив со картичка имаше фактура. Е сега и кај други страни кај што сум плаќал сум имал исто така фактура, па мислам дека причината можеби е начинот на плаќање?
Што ги знам еве едната нарачка беше горе доле 2000 денари, втората 5000 и двете ги платив со картица и за двете во пакетот освен производите немаше ништо друго, ни фактура, ни фискална.
 
Hatake Kakashi

hello world
14 декември 2011
82
26
Како функционираат gjirafa50/zirafamall со гаранции за компјутерски компоненти? Поконкретно за графичка карта? Искуства?
 
EnergySaving

hello world
19 март 2017
51
60
На секој производ имаш 1 година гаранција. Пред 3 години купив зотак 3050 8гб еве уште си тера без никаков проблем. Графичката беше ганц нова. Како функционира процедурата за гаранција доколку нешто се случи во периодот од 1 година гаранција не би знаел да ти кажам.
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Имав нарачка од zirafamall која после добро пробивање на рокот за достава, после месец дена пристигна. Интересниот дел е пристигна дел кој што нема врска со тоа што е нарачано, мало кутиче со вистинската цена од нарачката но содржината не знам која е бидејќи го вратив на доставувачот, а вистинската нарачка е прилично голема. Е сега, ги известив, и некако разбирањето слабо ни оди, ми пратија линк да ја откажам нарачката на линк на сајтот, ама никаде ги немам опциите што ги имаат на видеото што ми го пратија.

Дали сте имале вакво искуство и дали нешто додатно сте правеле на сајтот за да ја откажете пратката? Плаќањето беше во готово, што значи немам ништо платено, па не знам дали да се замарам со нивното барање за откажување или едноставно да баталам бидејќи ништо немам платено ниту пратката е прифатена.

Едит: Некако се разбравме, штета што излезе вака, цел месец чекав и добив погрешен производ.
 
Последна промена:

artemis226

read-only
22 декември 2025
2
0
Дали на пратката на пакетот има слика од производот со цел да се види а де не треба да се отвора доколку станува збор за грешка ? и ако е грешка како се враќа производ со оглед на тоа дека немаат физичка продавница во МК? Некој искуства?
 
Rilind

professional curtain replacer
26 февруари 2019
577
896
Дали на пратката на пакетот има слика од производот со цел да се види а де не треба да се отвора доколку станува збор за грешка ? и ако е грешка како се враќа производ со оглед на тоа дека немаат физичка продавница во МК? Некој искуства?
Nema slika, no imat fizicka lokacija kaj HIB Petrol na Kacanicki Pat - tamu odnesov vo servis bidejki ne mi se cekase od posta da dojdat
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
768
1.101
Скопје
Имав нарачка од zirafamall која после добро пробивање на рокот за достава, после месец дена пристигна. Интересниот дел е пристигна дел кој што нема врска со тоа што е нарачано, мало кутиче со вистинската цена од нарачката но содржината не знам која е бидејќи го вратив на доставувачот, а вистинската нарачка е прилично голема. Е сега, ги известив, и некако разбирањето слабо ни оди, ми пратија линк да ја откажам нарачката на линк на сајтот, ама никаде ги немам опциите што ги имаат на видеото што ми го пратија.

Дали сте имале вакво искуство и дали нешто додатно сте правеле на сајтот за да ја откажете пратката? Плаќањето беше во готово, што значи немам ништо платено, па не знам дали да се замарам со нивното барање за откажување или едноставно да баталам бидејќи ништо немам платено ниту пратката е прифатена.

Едит: Некако се разбравме, штета што излезе вака, цел месец чекав и добив погрешен производ.
Да се надоврзам, проблемот не бил во Жирафа него ЕЛС. Кој би претпоставил.

Дечките од ЕЛС уште рано сабајле ми се јавија дали ќе бидам дома да ми ја донесат пратката, вистинската овој пат, за да после цел ден чекање не дојдоа. Повторно морав да реагирам до Жирафа за да пратката надежно ми биде доставена утре, што чисто се сомневам бидејќи е празник.

Уште еднаш оваа спора пошта ЕЛС се докажуваат каква фирма се. Не бев сигурен дали смеам да ја откажам нарачката, ниту пак е во мој интерес бидејќи ми требаат работите, инаку немаше веќе телефон да им кренам па нека се докажуваат зошто не е испорачана.
 
Продолжеток, пратката уште не е стигната. Ајде за ЕЛС сите знеме што фирма се, ама Жирафа разочараа комплетно. Пет дена по ред ми пишуваат дека ќе ме исконтактираат следниот ден и пратката ќе ми биде доставена следниот ден, нормално излажаа. Ме мрзи да ги скриншотам разговорите со нив да се смеете и чудите какво дно од фирми се и Жирафа и ЕЛС.

Следен пат памет во глава, до сега максимално избегнував да си имам работа си вакви квази фирми Македонски/Косовски, и нарачував се од странство, од сега уште поуверен сум дека пари не се оставаат на Македонски/Косовски бизниси.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно