Ништо не сум префрлил на наши сметки, трошев само од картиците - купував кај нас и во странство, и извадив еднаш во Германија за џепарац. А, и преку брз трансфер ми испратија неколку стотки, но од приватен пејпал, а гледам дека за некој се води кривична зашто не ги пријавил тие од брз трансфер (додуша пола милион денари му пратиле). Не знам тие дали да ги пријавам.Ако ги трошеше директно од Пејонир ништо, не се замарај. Ако ги префрли на наша сметка и банка требаше да пријавиш и платиш ама јас лично знам луѓе шо стотици евра си префрлија, не платија, поминаја 4-5 години па ништо...
Ако си префрли на МК сметка пријави ги преку УЈП страната и плати за да не ти е шубе. Нема врска шо закасни, таквото ги заболе нив.
Ќе пријавувам во иднина секако ако успеам фул-тајм да фатам нешто, директно да ме исплаќаат на сметка, дали тука дали на апворк пак ќе отиде некој процент.