Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Wise (Transferwise) - општа тема

thehale

read-only
29 април 2023
4
2
Ако ги трошеше директно од Пејонир ништо, не се замарај. Ако ги префрли на наша сметка и банка требаше да пријавиш и платиш ама јас лично знам луѓе шо стотици евра си префрлија, не платија, поминаја 4-5 години па ништо...

Ако си префрли на МК сметка пријави ги преку УЈП страната и плати за да не ти е шубе. Нема врска шо закасни, таквото ги заболе нив.
Ништо не сум префрлил на наши сметки, трошев само од картиците - купував кај нас и во странство, и извадив еднаш во Германија за џепарац. А, и преку брз трансфер ми испратија неколку стотки, но од приватен пејпал, а гледам дека за некој се води кривична зашто не ги пријавил тие од брз трансфер (додуша пола милион денари му пратиле). Не знам тие дали да ги пријавам.

Ќе пријавувам во иднина секако ако успеам фул-тајм да фатам нешто, директно да ме исплаќаат на сметка, дали тука дали на апворк пак ќе отиде некој процент.
 
Mechanic

hello world
2 мај 2016
328
235
Дечки ми треба да префрлам голема сума од мкд во странство, дали преку Wise ќе ме чини поефтино, и ако не ви е тешко пишете како оди процедурата. Моментално парите ми се во денари/евра/долари на сметки во банка, дали треба да конвертирам во некоја друга валута, колку се трошоците и тн?

Инаку имам виза во земјата каде што престојувам и постојана адреса, верувам дека нема да е проблем да ја нарачам картицата.

(Доколку има попаметен начин за трансфер од Wise, ги ценам препораките).
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.409
1.643

Странство како ЕУ или странство како УСА/Аустралија?

Ако ти е за во ЕУ, најлесно е да ги конвертираш во ЕУР, да ги ставиш некако на твојот Wise EU акаунт, и после бесплатно ќе можеш да ги префрлеш до било која друга ЕУ сметка (СЕПА трансфер).
Мислам дека лимитот е 1.2мил ЕУР.
Wise генерално конвертира по реалниот mid-market rate, но додава мала маргина (за разлика од другите сервиси кои го прават истото „без провизија“, а ти ги конвертираат по полош курс)

Слична ситуација е и со УСД. Стави ги на Wise, конвертирани во USD, и после можеш ефтино и брзо до друг УС акаунт со Routing number и account number.

Биди само внимателен, ако ти е нов Wise акаунтот и наеднаш лупнеш поголема сума на пари, сигурно ќе треба да докажеш потекло на парите и слични процеси.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.733
Каде? И освен Свифт трансфер преку банка не гледам друг 100% сигурен начин… Распрашај се по банките
 
Австралија, претпоставувам ќе треба прво да ги сменам во аус долари па да ги трошам од картица тука?

Ако ги префрлам на тукашната моја сметка директно преку банка нема да бидам оданочен повторно, со Wise или слични други методи не знам колку ќе биде комплексен делот со потекло на парите.
Каде? И освен Свифт трансфер преку банка не гледам друг 100% сигурен начин… Распрашај се по банките
Премногу е скапо со Свифт, последно кога прашував беше околу 25 евра фиксен трошок + 0.05 на сумата, што во случајов е прилично многу, поефтино ми е да земам карта и да ги пренесам во куфер :D
 
Chiller

user
8 март 2012
1.557
1.164
Скопје Аеродром
Дечки ми треба да префрлам голема сума од мкд во странство, дали преку Wise ќе ме чини поефтино, и ако не ви е тешко пишете како оди процедурата. Моментално парите ми се во денари/евра/долари на сметки во банка, дали треба да конвертирам во некоја друга валута, колку се трошоците и тн?

Инаку имам виза во земјата каде што престојувам и постојана адреса, верувам дека нема да е проблем да ја нарачам картицата.

(Доколку има попаметен начин за трансфер од Wise, ги ценам препораките).
И Wise има лимит до која сума пушта, над таа сума замрзнува акаунт и бара повторна верификација што трае со месеци.
Еве ти и група на дел од оштетени Wise (Transferwise) Scam Victims | Facebook
 
Mechanic

hello world
2 мај 2016
328
235
И Wise има лимит до која сума пушта, над таа сума замрзнува акаунт и бара повторна верификација што трае со месеци.
Еве ти и група на дел од оштетени Wise (Transferwise) Scam Victims | Facebook
Немам проблем да ги поделам и на повеќе делови, се додека трансферот е поефтин во однос на банка.
Не ми требаат итно, целта ми е до крај на оваа година да ги имам тука.
 
Chiller

user
8 март 2012
1.557
1.164
Скопје Аеродром
Немам проблем да ги поделам и на повеќе делови, се додека трансферот е поефтин во однос на банка.
Не ми требаат итно, целта ми е до крај на оваа година да ги имам тука.
На годишно ниво има лимити исто а и еден куп ограничувања за да не попијат тужба од некоја држава за перење пари. Затоа се многу ригорозни.
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.409
1.643
Дечки ми треба да префрлам голема сума од мкд во странство
Премногу е скапо со Свифт, последно кога прашував беше околу 25 евра фиксен трошок + 0.05 на сумата, што во случајов е прилично многу, поефтино ми е да земам карта и да ги пренесам во куфер :D

Шо знам, мене ми е сосема во ред да платам 25евра за голема сума на пари (пошо тоа го спомна у првиот пост), претпоставувам станува збор за неколку илјади или десетици илјади евра/долари.. така да тоа е фер.

ако гледаш и тие 25 да ги избегнеш.. ондак гуд лак.. освен крипто друг начин не ми текнува (ама како шо спомнаа, како ќе докажеш потекло ако ти притреба)
 
Не е 25 евра, туку 25 евра ти е фиксен трошок и 0,30-0.50% на сумата што ја префрлаш.
Пример ако имаш 100 000 долари ќе испадне 3-5к долари за трошоци за самиот трансфер.
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.616
1.782

Слабо математика, тоа е 300 до 500 долари, од 100 ако имаш 3 или 5 проценти, тогаш ќе биде 3 или 5к долари.
 
Mechanic

hello world
2 мај 2016
328
235
Слабо математика, тоа е 300 до 500 долари, од 100 ако имаш 3 или 5 проценти, тогаш ќе биде 3 или 5к долари.
И ти си во право, ќе треба да ѕвонам повторно во банка затоа што сумата што ми ја кажа девојката на телефон е поблиску од тоа што го пишав, отколку до 300-500 долари.
 
Petarys

hello world
28 јули 2009
253
449
Прага, Чешка
Слично хипотетичко прашање, кога би решил да си префрлам значајна сума на пари од Чешка (10-15К евра) од моја Чешка банка кон моја Македонска, дали истиот трошок би го имал за Свифт (25 евра фиксен трошок и 0,50% од сумата?) и дали би имал двојно даночење или не би требало ништо да ѝ платам на МК?
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.733
Отвори си сметка во Ерсте/Шпаркасе и дебитна картичка, со која на било кој банкомат од групацијата вадиш локална валута без провизија и си ги уфрлаш на локална сметка. Профит! Sparkasse Bank #верувајвосебе

Инаку одговорите на прашањата: најверојатно е ист, ама пак има шанса процентот да е помал во Ерсте/Шпаркасе, https://finance.gov.mk/одбегнување-на-двојно-оданочување/ вика дека имаме договор, но во пракса кој знае што ќе се случи.
 
Последна промена:

Petarys

hello world
28 јули 2009
253
449
Прага, Чешка
Отвори си сметка во Ерсте/Шпаркасе и дебитна картичка, со која на било кој банкомат од групацијата вадиш локална валута без провизија и си ги уфрлаш на локална сметка. Профит!

Инаку одговорите на прашањата: најверојатно е ист, ама пак има шанса процентот да е помал во Ерсте/Шпаркасе, https://finance.gov.mk/одбегнување-на-двојно-оданочување/ вика дека имаме договор, но во пракса кој знае што ќе се случи.
Најдов ценовник, не е лошо ова. Ваму сум исто на Erste (Ceska Sporitelna), може да испитам каква е продецурата у двете банки поедничено

1690970363896.png
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.616
1.782
Дали има некој со Шпаркасе Виса да му помине на трансакцијата на Wise, кај мене никако не сака да помине, стига кодот од Шпаркасе на смс, го внесувам и ми излегува следната порака Screenshot_2023-08-13-22-12-08-396_com.transferwise.android.jpg
 
Fartacus

read-only
24 октомври 2016
19
18
Моментално сум во Америка и имам американска картичка на која ми стига плата, дали е подобра опција да извадам Wise и да ги префрлам таму или? (не сум задоволен од банката тука техничка поддршка 90% преку телефон)
 
Petarys

hello world
28 јули 2009
253
449
Прага, Чешка
Моментално сум во Америка и имам американска картичка на која ми стига плата, дали е подобра опција да извадам Wise и да ги префрлам таму или? (не сум задоволен од банката тука техничка поддршка 90% преку телефон)
Според мене никад не е добра идеја да се прима плата на финтек институција (ко Wise/Revolut/Skrill) од причина што они не се банка, и парите ќе ти бидат под поголем ризик. Ако отвориш Reddit и им ги провериш subreddit-ите, многу луѓе се жалат од замрзнати средства поради икс причини (најчесто поради неверифицирани средства). Јас лично би оставил да ми тече плата на нормална банка, а би си префрлал некоја помала сума на финтеците
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.733
Според мене никад не е добра идеја да се прима плата на финтек институција (ко Wise/Revolut/Skrill) од причина што они не се банка, и парите ќе ти бидат под поголем ризик. Ако отвориш Reddit и им ги провериш subreddit-ите, многу луѓе се жалат од замрзнати средства поради икс причини (најчесто поради неверифицирани средства). Јас лично би оставил да ми тече плата на нормална банка, а би си префрлал некоја помала сума на финтеците
This. На Revolut стави сам да потегнува од главната сметка кога ќе падне под 50 долорес и готово. Стави си на саат, на телефон, можеш и да се претплатиш на МЕТАЛ план и да си нарачаш таква картичка па да се вратиш на стандард (ќе ти остане картичката и ќе можеш наводно без проблем да ја употребуваш)... Расправија со нив на чет ако затреба. ЕДИНСТВЕНО што има трошоци за конверзија преку викенд... Ама ако земеш поголем план и тоа можеш да го средиш. И то.
 
tupacan

user
10 септември 2007
1.733
2.391
можеш и да се претплатиш на МЕТАЛ план и да си нарачаш таква картичка па да се вратиш на стандард (ќе ти остане картичката и ќе можеш наводно без проблем да ја употребуваш)
Наплаќаат 60-70 ЕУР fee за картичката доколку веднаш се вратиш стандард план.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно