Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Payoneer картичка

DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.426
1.654
Можда е офтопик прашањево ама секоја информација е добредојдена. Некоја идеја како наједноставно да повлечам или префрлам пари (преку überweisung) од германска сметка (комерц банк giro konto) на некоја друга регионална банка (со помала провизија) или дали ќе можам да направам überweisung на Payoneer/PayPal сметка за да си ги извадам после? Однапред благодарам.

Ако можеш да ми ги пратеш како SEPA трансфер - јас ќе ти ги извадам и дадам на рака, без да се мавташ по банки и УЈП. Секако, ако ти одговара мојот процент :)

Имам ЕУ и US банкарски сметки.

За суми до 1000евра, парите ти ги исплаќам во рок од 24 часа откако ќе легнат кај мене на сметка

Пиши ми ПП и повеќе детали ако ти одговара ова.
 
confusi0n

hello world
14 ноември 2014
269
204
Прашање:
Картицава ми е блокирана, пошто ја немам користено долго време, автоматски ја блокирале, сега кога ќе и истече рокот, дали автоматски ќе ми ја обноват или не?
Не ја користам воопшто и не знам дали имам некакви трошкови околу неа, па ако има, дали може да ја откажам или не?
 
I

itstheigyg

Гостин

Нема да има трошкови, нема потреба да ја откажеш доколку е блокирана/истечена.
Нема да ја обноват доколку не е активна подолго време, ќе треба ти да побараш нова доколку ти треба.
 
confusi0n

hello world
14 ноември 2014
269
204
Нема да има трошкови, нема потреба да ја откажеш доколку е блокирана/истечена.
Нема да ја обноват доколку не е активна подолго време, ќе треба ти да побараш нова доколку ти треба.
Фала ти, значи ништо да не чепкам.
<3
 
aleksnako

hello world
10 октомври 2012
189
106
Скопје
Косовскиот зема 5Е фиксно, и ти е до г'з ако си од/во Скопје :) (одма после граница)
Ти дава евриќи исто.
пред година и пол ме одраа во долари, 10% плус седнав во шел да пијам кафе... сите ме гледаа чудно
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.426
1.654
пред година и пол ме одраа во долари, 10% плус седнав во шел да пијам кафе... сите ме гледаа чудно

Тоа ако си дозволил банкоматот да ти прави конверзија.

Мене ми е една од картичките GBP, и ме прашува дали сакам да ми направат автоматска конверзија.
НИКОГАШ не дозволувај да ти прави банкоматот/merchant-ot конверзија, затоа што сигурно екстра ќе те штаве него issuing bank на твојата картичка.

Не знам, јас првиот пат бев до Качаник и ручав едно предобро телешко таму, келнерот и тие околу него беа баш френдли и супер добро збореа Англиски :)

пошо хани елези ти е селце, веројатно тамошните мештани се знаат меѓу себе па те гледале затоа косо ;)
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.776
3.495
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Знам дека веќе се одговорени овие прашања, но би сакал да добијам одговор од некој што скоро направил вадење на пари од друга држава, прашањето е следно.

Колку може максимално да се извади од банкомат по трансакција во Грција? 5.000$ знам дека е лимитот на Payoneer. Но некаде прочитав дека максимално по трансакција може да се извади 1200$ некаде 2000$.
Кој банкомат дава најголема сума во една трансакција?
 
tupacan

user
10 септември 2007
1.733
2.391

Alpha Bank може 1200€ на една трансакција. За повеќе, не сум слушнал некој банкомат да пушта.
 
Aleksandar Nikolov

read-only
7 април 2019
5
0
Здраво, имам payoneer акаунт на кој имам 40 долари, потребни ми се 30 долари за да ја нарачам картицата. Е сега ме инетерира откако ќе ја нарачам, освен тие 30 долари дали се плаќа нешто друго, дали се плаќа годишен или месечен данок и колку? И за колку од прилика време ќе стигне картицата ?
 
D3N1EL

poweruser
10 август 2010
2.922
1.535
Здраво, имам payoneer акаунт на кој имам 40 долари, потребни ми се 30 долари за да ја нарачам картицата. Е сега ме инетерира откако ќе ја нарачам, освен тие 30 долари дали се плаќа нешто друго, дали се плаќа годишен или месечен данок и колку? И за колку од прилика време ќе стигне картицата ?
$12 активација, $3.15 + 3% при повлекување од банкомат. А тоа за годишен, месечено плаќање зависи од каде си ја нарачал картичката. Логирај се и влези во Prices&fees и ќе видиш се, не можеме ние тоа да го знаеме.
 
пецеdzipot

read-only
2 јануари 2019
15
6
Абе дечки, при регистрација ми бараат информации од банка, име презиме и слично, знам дека сум скептик ама може некој да ми објасни дали тоа може на било кој начин да влијае во земјава за некој проблем со ујп и банкава? :)
Тенкс :)
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.426
1.654
Абе дечки, при регистрација ми бараат информации од банка, име презиме и слично, знам дека сум скептик ама може некој да ми објасни дали тоа може на било кој начин да влијае во земјава за некој проблем со ујп и банкава? :)
Тенкс :)
off topic: next level Username creativity: Mix both Latin and чирилик летерс енд конфјуз евриуан :))))
 
D

Deleted member 37389

Гостин
Абе дечки, при регистрација ми бараат информации од банка, име презиме и слично, знам дека сум скептик ама може некој да ми објасни дали тоа може на било кој начин да влијае во земјава за некој проблем со ујп и банкава? :)
Тенкс :)
Сега ќе ти кажам, тоа што бараат информации од сметка е бидејќи почнаа да нудат алтернативен начин на исплата, директно на сметка во банка. Дали тоа го поврзува твојот Пајонир со сметката во банка директно, не, бидејќи информациите се за да можеш да повлечеш пари на сметка, плус го користат можеби за верификација како дополнителен чекор.

Моментално има нацрт закон со кој барем според нацрт законот, од Јули 2020 та се овозможува влез на пазарот во МК на небанкарски институции, кои ќе можат да нудат примање, плаќање односно се што нудат банките но без да се основани како банки, читај ПејПал, Скрил, Пајонир. Што значи тоа, тоа значи дека моментално ние во МК немаме закон со кој може да се користат тие средства, затоа немаме ни ПејПал(Се користи со финти, банките примаат исплати, ама прашај со официјален меил да можеш да префрлиш пари, ќе ти одговорат дека според правилата на НБРМ не е дозволено нивно користење бидејќи имаме стари регулативи), ама од моментот кога ќе почне да се применува законот на кој се работи во моментот, официјално државата ти дозволува да ги користиш тие алтернативни начини на исплата. Ако планираш да користиш Пајонир за тоа за кое што знаеме сите што е, само те информирам дека се работи на законот и дали Јули 2020-та, или побрзо, откако ќе стапи на сила, државата ќе ги смета исто како да си имаш отворено сметка во банка, и има право да побара податоци како што има право да побара од било која банка.
 
Gogomk123

read-only
1 јуни 2019
8
12
Skopje
Здраво на сите.

Ја најдов темава ама не можев да прочитам тоа што барав, или е затрупано некаде во муабетов. Имам картичка Payonir али изгледа ми е врзана преку Fiverr акаунтот. Дали некој има слично искуство и дали може да се заобиколи Fiver, затоа што зема 20% од сумата што е уплатена додека да стигне на Payonir. Прашањето ми е дали може дирекно на Payonir да ми плати клиентот и да ја користам истата картичка? И друго прашање видов опција дека може да има повеке картици. Јас оваа ја извадив без да примам уплата на мојата сметка и ми дојде со Fiverr брендирана мастеркард. Дали тоа значи дека морам да извадам друга картица за да примам паќања директно на Payonir или можам и со постоечкава.

Поздрав.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.614
3.266
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Здраво на сите.

Ја најдов темава ама не можев да прочитам тоа што барав, или е затрупано некаде во муабетов. Имам картичка Payonir али изгледа ми е врзана преку Fiverr акаунтот. Дали некој има слично искуство и дали може да се заобиколи Fiver, затоа што зема 20% од сумата што е уплатена додека да стигне на Payonir. Прашањето ми е дали може дирекно на Payonir да ми плати клиентот и да ја користам истата картичка? И друго прашање видов опција дека може да има повеке картици. Јас оваа ја извадив без да примам уплата на мојата сметка и ми дојде со Fiverr брендирана мастеркард. Дали тоа значи дека морам да извадам друга картица за да примам паќања директно на Payonir или можам и со постоечкава.

Поздрав.
Нешто си измешал. 20% зема Fiverr од работите што ги имаш завршено на сајтот. (на 5 долари зима 1 долар). За да пуштиш пари од Fiverr на Payoneer картицата ти зима мислам 1 долар ако сакаш да чекаш 2 работни дена да ти стигнат парите или 3 долари мислам за да ти стигнат веднаш (за пола саат-саат).
Второто прашање - да, иако е издадена од Fiverr тоа е Payoneer картичка која функционира најнормално - можеш да плаќаш, да ти плаќаат, може да ја користиш на други фриленс сајтови и тн.
Четврто - опцијата за повеќе картички е за каритчки во други валути - фунти, евра и тн. Ако планираш да примаш пари на тој начин тогаш порачај, ако не нема потреба.
Трето - порано имаше поволности со картицата од Fiverr, сега не знам дали е така, ама во секој случај е еднаква со обичните Payoneer картички, не може да е полоша.
 
Gogomk123

read-only
1 јуни 2019
8
12
Skopje
Благодарам на одговорот.

Јас сум труп за банки кога станува збор, и точно така е мене Fiverr ми зема 20% од цената што ја барам и малку сум збунет бидејки не ми е јасно како функционираат онлине банкиве. Затоа и си прашав поискусни. Мене клиентот ми се солгаси да си изберам метода каде ке сум најмалце во загуба, така да затоа барам и опција. Доколку му дадам податоци дирекно на Payoneer претпоставувам дека ке можам оваа катица да ја користам иако е издадена преку Fiverr. Али и таму има еден тон заебанции ке морам да погледнам некое видео каде ке ми објасни што како е точно затоа што гледам дека можам и банкарска сметка да врзам со Payoneer има и таква опција. Претпоставувам во зависност од валутата тие информации ке треба да му ги пренесам на корисникот од типот ИБАН и СВИФТ. @Ragnar фала ти на инфо ке го разгледам уште поубаво ова за да не направам некоја грешка али секаде каде што проверив Payoneer изгледа како најдобра опција.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.038
1.846

Од Payoneer ти е два клика да направиш барање за плакање .. горе имаш "Receive -> Request a Payment" .. попунуваш тоа и праќаш на клиент. Толку.

Ќе добие клиентот на email линк до форма каде може да избере како да ти плати (кредитна, банка, чек итн) и зависно како ти плаќа има провизија од 0-3%. Ако е ЕУ ти ја плаќаш провизијата, ако е надвор од ЕУ ќе му даде на него да клинке кој ја плаќа провизијата (ти или он, како ќе си се договорите).

Тоа со банка да поврзеш е за ти како да си ги повлечеш парите (ако сакаш на сметка место на банкомат да вадиш), нема никаква врска со клиенти.
 
cppffs

hello world
7 април 2019
108
113
Благодарам на одговорот.

Јас сум труп за банки кога станува збор, и точно така е мене Fiverr ми зема 20% од цената што ја барам и малку сум збунет бидејки не ми е јасно како функционираат онлине банкиве. Затоа и си прашав поискусни. Мене клиентот ми се солгаси да си изберам метода каде ке сум најмалце во загуба, така да затоа барам и опција. Доколку му дадам податоци дирекно на Payoneer претпоставувам дека ке можам оваа катица да ја користам иако е издадена преку Fiverr. Али и таму има еден тон заебанции ке морам да погледнам некое видео каде ке ми објасни што како е точно затоа што гледам дека можам и банкарска сметка да врзам со Payoneer има и таква опција. Претпоставувам во зависност од валутата тие информации ке треба да му ги пренесам на корисникот од типот ИБАН и СВИФТ. @Ragnar фала ти на инфо ке го разгледам уште поубаво ова за да не направам некоја грешка али секаде каде што проверив Payoneer изгледа како најдобра опција.

Само гледај да не дојде информација до Feverr дека добиваш директни уплати од клиент маркирајте го таму проектот како завршен и слободно користи си само Payoneer. За начинот на уплата разгледај Payment request ти е наједноставно внесуваш информации за клиентот кој треба да направи уплата и негов email ќе му испратиш директен request за уплата на пари а тој може да го процесира на повеќе начини преку неговиот Payoneer accout тоа е негов дел...
И после првиот request Payoneer ќе ти побара верификација на профилот ќе треба да прикачиш скен/слика од ИД и да потполниш една кратка форма за тоа што услуги нудиш за што добиваш пари.
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.426
1.654
Благодарам на одговорот.

Јас сум труп за банки кога станува збор, и точно така е мене Fiverr ми зема 20% од цената што ја барам и малку сум збунет бидејки не ми е јасно како функционираат онлине банкиве. Затоа и си прашав поискусни. Мене клиентот ми се солгаси да си изберам метода каде ке сум најмалце во загуба, така да затоа барам и опција. Доколку му дадам податоци дирекно на Payoneer претпоставувам дека ке можам оваа катица да ја користам иако е издадена преку Fiverr. Али и таму има еден тон заебанции ке морам да погледнам некое видео каде ке ми објасни што како е точно затоа што гледам дека можам и банкарска сметка да врзам со Payoneer има и таква опција. Претпоставувам во зависност од валутата тие информации ке треба да му ги пренесам на корисникот од типот ИБАН и СВИФТ. @Ragnar фала ти на инфо ке го разгледам уште поубаво ова за да не направам некоја грешка али секаде каде што проверив Payoneer изгледа како најдобра опција.

Или можам јас да ти збркам работа, чим си "труп" за банки и даноци.
На највеќето странски клиенти им одговара да плаќаат преку Пејпал, дека имаат Buyer Protection.
Ако му одговара и на твојот клиент, и сакаш да биде исплатата преку Пејпал, ќе продолжиме во ПП детали.

Бтв, дали мислете дека е време да отвореме дедицирана тема за Fiverr?
пример buy/sell услуги на наши Gigs? искуства со Фивер, проблеми/решениа и сл. ?

Имам напоменатно пред неколку месеци дека можам да ви завршам услуга на таа тема, да купам ваши Гигс за билдање рејтинг (без провизии и слично), така да ако има некој потреба за тоа нека ме пинга слободно.
 
Gogomk123

read-only
1 јуни 2019
8
12
Skopje
Прочитав погоре некаде, дека имало таква финта на картичкиве нешто со матична фирма не го разбрав тој дел. Затоа прашав дали може да си извадам Payoneer чиста картичка. Сите тие се мастеркард нели ама оваа што ја поседувам ми стигна преку Fiverr. Бидејќи пишуваше погоре во муабетот дека нема да ми дозволи да ја користам картичкава ако немам уплати од матичната фирма. Како што реков нов сум и гледам дека има многу опции така да супер е дечки што споделувате инфо и може да се најде решение :).

Поздрав до сите.

А инаку за клиентот. Една порака имавме разменето на Fiverr. Сето тоа понатака беше договорено на дискорд. Дури не е никаков гиг што го нудам на Fiverr. Така да таму се сретнавме, тоа го имаме заедничко со Fiverr. Сам изрази желба да си изберам како сакам да ми плати, дури и спомна western union каде секако таму преголеми се давачките, ни за пиво нема да остане :):):hay:. Така да не гледам причина да се буни Fiverr освен тоа да нема да можам картичката да ја користам ако не добивам уплати на неа преку Fiverr. Али прочепкав малце можам да имам колку сакам картички преку Payoneer.
 
Изменето од модератор:

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.038
1.846
Скопје
Прочитав погоре некаде, дека имало таква финта на картичкиве нешто со матична фирма не го разбрав тој дел. Затоа прашав дали може да си извадам Payoneer чиста картичка. Сите тие се мастеркард нели ама оваа што ја поседувам ми стигна преку Fiverr. Бидејќи пишуваше погоре во муабетот дека нема да ми дозволи да ја користам картичкава ако немам уплати од матичната фирма. Како што реков нов сум и гледам дека има многу опции така да супер е дечки што споделувате инфо и може да се најде решение :).

Поздрав до сите.
Разликата ти е само колку ти се провизии те и годишната претплата на картицата. Логирај се на Payoneer и иди во Help -> Fees, можеш да видиш таму како ти се, пример стандард картица директ од Payoneer ако земеш имаш $29 годишна претплата за картицата (преку Fiverr може да немаш и ли да е друга сумата). Рестото треба да нема разлика.
 
D

Deleted member 37389

Гостин
Благодарам на одговорот.

Јас сум труп за банки кога станува збор, и точно така е мене Fiverr ми зема 20% од цената што ја барам и малку сум збунет бидејки не ми е јасно како функционираат онлине банкиве. Затоа и си прашав поискусни. Мене клиентот ми се солгаси да си изберам метода каде ке сум најмалце во загуба, така да затоа барам и опција. Доколку му дадам податоци дирекно на Payoneer претпоставувам дека ке можам оваа катица да ја користам иако е издадена преку Fiverr. Али и таму има еден тон заебанции ке морам да погледнам некое видео каде ке ми објасни што како е точно затоа што гледам дека можам и банкарска сметка да врзам со Payoneer има и таква опција. Претпоставувам во зависност од валутата тие информации ке треба да му ги пренесам на корисникот од типот ИБАН и СВИФТ. @Ragnar фала ти на инфо ке го разгледам уште поубаво ова за да не направам некоја грешка али секаде каде што проверив Payoneer изгледа како најдобра опција.

Тоа со поврзување на банкарска сметка и повлекување на пари во банка, не би ти го препорачал сеуште. Причината е што ви МК Пајонир се уште не е дозволен/регулиран законски, па од моето истражување и прашување, можеш само да се заглавиш со НБРМ и нивните застарени регулативи.

Пајонир ги испраќа парите како local bank transfer, и во банка на тоа гледаат како да имаш банкарска сметка во САД и си префрлаш сам пари, за разлика од кога префрлаш преку Скрил, каде Скрил се јавува како испраќач и е интернационален трансфер на пари, а не локален.

Како што имам пишано и погоре, откако ќе почне да се применуваат новите регулативи, Пајонир ќе биде легален за користење и ќе можеш да си префрлиш пари, сега за сега големи се шансите да ти биде блокиран трансферот.
 
bobid1010

hello world
19 јули 2016
89
76
Банкомат на Халкбанка ми ја изеде картичката, знае некој зошто би ми се случило ова? И дали ќе ми прават проблем кога ќе отидам во банката да се распрашам
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно