Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Совет за бела техника-очајни домаќинки

stefan_mkd

lurker
18 март 2015
843
669
мое мислење толку им е капациетот, 2-3 години да траат. Имам Макс и Северин од Агротехна земано последниве години и секој од нив ќе изгори кога ќе пројде тој период. За поскапи може траат повеќе, но некако цената им е пренапумпана.
Јас имам Philips Dry Care Pro. Го користам 3-4 години веќе, но со кратка коса, годините не знам колку се репер :)
Ако сакаш квалитетен, прашај во фризерница, ќе имаш подобар одговор него на форум.
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.749
3.433
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Молам за совет за фен за коса.

Кога се отвори еден трговски имаше промоција од фен за коса за 300 ден. И моето мислење беше: Што е тоа 300 ден бе пластика ќе сте стопи на прво палење.

Еве го 3 години уште мака си нема.
 
G4M3R

user
26 јуни 2012
1.090
1.390
Прашање до поупатените домаќини/ќи. Има ли комбо машина за алишта + сушара ама со горно полнење? Малце кнап е просторот па се мислам како да изведам.
 
15 септември 2012
1.164
1.300
Прашање до поупатените домаќини/ќи. Има ли комбо машина за алишта + сушара ама со горно полнење? Малце кнап е просторот па се мислам како да изведам.
Ќе ја легнеш машината на задната страна и отворот за полнење автоматски ќе биде од горната страна!

:)

jbg, не можев да издржам, ми налета на волеј
 
GreenVlach

hello world
11 мај 2020
163
107
Скопје
Станувам очајна домаќинка се селиме со брат ми посебено да живееме па ми треба цела бела техника за дома имате ли да препорачате нешто што е сега не ми требаат некои којзнае што работи ама па неќам ни најевтиното. Немам некој голем буџет ама па немам ни некоја одредена сума за се.
Конкретно ми треба ако има некој да понуди од каде да земам :
  • плотна со две рингли (по можност индукциона)
  • фурна/релна
  • фрижидер комбиниран
  • аспиратор
  • мала машина за садови
  • клима
  • комбо машина за перење и сушење

Секоја препорака, инфо коментар и сугестија е добредојдена
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.904
4.583

Беко има ок цени и квалитет, LG за садови и веш ако можеш да си дозволиш.

Све у свему иди у Нептун и ако земеш поише ствари одеднаш барај екстра попуст. Ако некој плати со Happy кредитна од НЛБ има неколку % кешбек на крај на месец.
 
Alex3

hello world
20 декември 2018
221
264
Станувам очајна домаќинка се селиме со брат ми посебено да живееме па ми треба цела бела техника за дома имате ли да препорачате нешто што е сега не ми требаат некои којзнае што работи ама па неќам ни најевтиното. Немам некој голем буџет ама па немам ни некоја одредена сума за се.
Конкретно ми треба ако има некој да понуди од каде да земам :
  • плотна со две рингли (по можност индукциона)
  • фурна/релна
  • фрижидер комбиниран
  • аспиратор
  • мала машина за садови
  • клима
  • комбо машина за перење и сушење

Секоја препорака, инфо коментар и сугестија е добредојдена
-плотна оди со поквалитетна (Bosch, Electrolux) затоа што ќе ја користиш повеќе пати во денот, индукциона знаеш дека само феромагнетни садови ќе работат
-фурна ако ја користиш секој ден одиш на квалитет, ако печеш еднаш неделно било која релна ќе ти врши работа
-фрижидер, најекономичен што може да си дозволиш + функции и големина која ќе ти треба. лично би ти рекол да одиш со 180цм висина со комора за замрзнување долу
-аспиратор зависи од опцијата каков може да поставиш, разгледај опции да може да влече поголем капацитет, друго не е толку битно
-машина имам 45цм Whirlpool, 5 години немам проблем со неа, треба да ја одржуваш редовно. купувај Fairy капсули, најскапи се но најдобри, често ги има на акција/попуст, сол не е битно каква, сјај немој да одиш со најефтиниот
-клима види во другата тема на форумот што е специјално за клими
-комбо земи со поголем барабан и купувај си добар прашок, половината што се жалат дека машината не пере добро користат гето прашоци или поефтини фалсификати од познати марки
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.345
2.769
Прашање до поупатените домаќини/ќи. Има ли комбо машина за алишта + сушара ама со горно полнење? Малце кнап е просторот па се мислам како да изведам.

од оние амерички стил? Тие не перат, ги вртат алиштата налево надесно со млака вода. Неопрани на крај алиштата скроз.
 
lumibi

hello world
5 јуни 2008
270
77
Ти благодарам за мислењето @Optipro, дали може некој предлог за саундбар да е и во цена и во квалитет прифатлив?

Ви благодарам однапред.
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.655
1.817
Ти благодарам за мислењето @Optipro, дали може некој предлог за саундбар да е и во цена и во квалитет прифатлив?

Ви благодарам однапред.
Ретко да најдеш нешто со ниска цена а јак квалитет, пробај го ова од Нептун
 
Rasho

hello world
29 март 2021
71
76
Здраво дечки,
Ја исчитав темава и најдов горе доле се што ми требаше.
Само имам уште едно прашање
Најдобар бренд цена квалитет за кунски апарати Конкретно плотна, фурна и фрижидер.
Праам кујна па не можам да се одлучам што би ми било најдобро и калитетно. Можеме да се сложиме ли сите со конретен бренд или секој си влече на свое.

Поздрав до сите.
 
не може да се сложиме, секој влече. нема некој да ти одговори најдобар бренд за кујнски производи цена/квалитет затоа што има премногу опции и зависи што ти треба на тебе. види фирми што произведуваат и се насочени само на апарати за домаќинство, SMEG ако можеш да си дозволиш.

големите производители имаат повеќе категории/класи на производи. еве на пример сони слушалки, ги именуваат од ХХХ-10Х до ХХХ-1000Х, колку поголем е бројот толку се поскапи и поквалитетни. исто ти е и со апаратите за домаќинство, само не го знам кодирањето кај нив.

зависи колку планираш да ги користиш, ако палиш фурна еднаш во недела било која ќе заврши работа, ако печеш секој ден веќе е битно(квалитет/опции/гаранција). не знам air fryer и микробранова колку заменуваат фурна.
фрижидер земи големина колкав би ти требало (со две комори нормално, замрнувач и обична комора), најекономичен за струја и со најголема гаранција.
плотна оди со индукциска, разгледај на интернет за кој модел си заинтересиран. дома имам индукциска, неколку дена бев на друго место и користев обична стаклена плотна за готвење. да опишам со пример, разликата кога варев тестени е во тоа што додека да зоврие водата на обична плотна, на индукциска плотна веќе се зготвени тестенините. плус декларираат дека тошат помалку струја и не може сериозно да се изгориш на плотната.
 
18 септември 2020
948
890
Македонија
Здраво дечки,
Ја исчитав темава и најдов горе доле се што ми требаше.
Само имам уште едно прашање
Најдобар бренд цена квалитет за кунски апарати Конкретно плотна, фурна и фрижидер.
Праам кујна па не можам да се одлучам што би ми било најдобро и калитетно. Можеме да се сложиме ли сите со конретен бренд или секој си влече на свое.

Поздрав до сите.
Здраво,
Gorenje - најквалитетен бренд кога станува збор за електричен шпорет, исто за фрижидер од истиот бренд.
Ако би купувал јас, би зел електрика од овој бренд.
Поздрав.
 
Chiller

user
8 март 2012
1.575
1.186
Скопје Аеродром
Здраво,
Gorenje - најквалитетен бренд кога станува збор за електричен шпорет, исто за фрижидер од истиот бренд.
Ако би купувал јас, би зел електрика од овој бренд.
Поздрав.
Горење е веќе кинески, дел од групацијата Hisense, под нивна лиценца се прават по кинески терк....

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.749
3.433
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Здраво,
Gorenje - најквалитетен бренд кога станува збор за електричен шпорет, исто за фрижидер од истиот бренд.
Ако би купувал јас, би зел електрика од овој бренд.
Поздрав.

Вакви постови треба да се бришат од модераторите, некој пиштол да ми стави на глава и да ми рече „купи горење“ ќе му речам да го испразни цел шаржер на мене. Горење биле добри на времето, сега се тешко срање, од искуство.
 
18 септември 2020
948
890
Македонија
Вакви постови треба да се бришат од модераторите, некој пиштол да ми стави на глава и да ми рече „купи горење“ ќе му речам да го испразни цел шаржер на мене. Горење биле добри на времето, сега се тешко срање, од искуство.
Ќе го прифатам ова како комплимент. Јас можеби имам стар уред пред 10 години дома од овој бренд, па немам лошо искуство. Исто и машина дома околу 15 -20 година што се користеше дури не попушти скроз тераше.
Сега со новото време, други брендови се подобри и така. Човекот се менува, па така и се околу човекот.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.571
3.037
Вакви постови треба да се бришат од модераторите, некој пиштол да ми стави на глава и да ми рече „купи горење“ ќе му речам да го испразни цел шаржер на мене. Горење биле добри на времето, сега се тешко срање, од искуство.
Па, добро, ова со пиштоло е малкицку overreacted, ама да, горење не е тој шо бил порано.
И не, не мора да бидат избришани од модератор.
Можи само moderately да му се укажи на члено дека е во грешка.
Ќе го прифатам ова како комплимент. Јас можеби имам стар уред пред 10 години дома од овој бренд, па немам лошо искуство. Исто и машина дома околу 15 -20 година што се користеше дури не попушти скроз тераше.
Сега со новото време, други брендови се подобри и така. Човекот се менува, па така и се околу човекот.
Како шо реков, горење бил, ама не е поќе то шо бил.
Има други играчи на терен, па овај играч отишол кај кинезите.
Здраво дечки,
Ја исчитав темава и најдов горе доле се што ми требаше.
Само имам уште едно прашање
Најдобар бренд цена квалитет за кунски апарати Конкретно плотна, фурна и фрижидер.
Праам кујна па не можам да се одлучам што би ми било најдобро и калитетно. Можеме да се сложиме ли сите со конретен бренд или секој си влече на свое.

Поздрав до сите.
Па, ако не си ограничен со буџет, купи си Miele.
Или Bosh.
Во спротивно, за секој од апаратите ќе треба да си одбериш башка производител/бренд.
За горење веќе елабориравме дека не чини, а Беко, добар е само затоа што е многу застапен на пазарот, па сите го препорачваат ради тоа, пошто ако се расипело нешто, мајсторите одма имаат резервен дел на лагер.
Што не значи дека е квалитетен бренд, а сега веќе не е нешто ни ефтин (порано, дур се пробиваше, беше ефтин и одличен за парите).
Фрижидер земи си некој no-frost, да речиме од самсунг.
Плотна, фурна, како некој што рече: ако не планираш да бидат често користени за готвење, не земај скапи...
 
Rasho

hello world
29 март 2021
71
76
Па брат Miele е прескап не би идел на тоа.
Што мислење имате за елктролукс? Ми кажуваат како класа над беко а под самсунг... нешто измеѓу е. Користи некој нешто од нив подолго од 5 години на пример?
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно