Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Sinclair QL (1984 Computer)

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Моментално на операциона маса:

20190307_232309.jpg

Прво да изразам неизмерна благодарност до @ARMac поради кој и го имам на маса вечерва ова прекрасно нешто. Се работи за SINCLAIR QL (Quantum Leap) компјутер од 1984.

Моментално прво следува детално чистење и реставрација најблиску до како бил коа бил нов. Потоа ќе направам composite кабел за да се поврзе со мојот JVC BVM монитор.

Ќе ставам по некоја слика и апдејт од процесот во темава, но истово ќе се документира и на видео за на јутуб каналот. Се надевам на позитивен фидбек и сугестии/совети.

Планирам убаво да ги исчистам тастатурата и мембраната, пластиките, и да ја издувам плочата и можда малку прочеткам со есд четка ко шо правам за сите конзоли.

EXCITEMENT!
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Мал апдејт: после 5-6 штрафови лесно се отвара капакот и се вадат двата ribbon кабли, но 6те жици од лед диодите беа pain in the ass дури да најдам како работи механизмот за нивно отварање.

20190308_000738_HDR.jpg 20190308_002852_HDR.jpg 20190308_002909_HDR.jpg 20190308_003053_HDR.jpg

20190308_004512_HDR.jpg

Тастатурата беше размонтирана со 3 штрафа и мембраната и фолијата извадени. Мембраната иде на миење а фолијата на чистење.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Форумов им ја менува ориентацијата на некои слики. Следуваше вадење на сите тастери (идат на миење) и вадење на двата касетофон драјвови.

20190308_004017.jpg 20190308_014334_HDR.jpg 20190308_014339_HDR.jpg 20190308_014345_HDR.jpg 20190308_003352_HDR.jpg

После ова само ја отштрафив матичната и ги расклопив сите делови. Плочите и осетливи компоненти ќе ги чистам рачно, додека се шо е пластика ќе иде на миење и рибање.

Ко што беше и очекувано од машина стара над 30 години, има доста нечистотија - но се гледаше дека не е чачкано унутра и барем плочата е импресивно почиста од очекувано.

Како и да е ме очекува доста работа пред да го склопам ова baby пак.
 

NERD.

user
19 април 2010
1.379
342
Ах Тоше, види сега што ми направи.. ми текна на еден ваков аио модел од асус..

Едит: asus eeekeyboard, многу сакав едно парче ко мал..
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
После неколку саати чистење, сите пластични делови (тастери, кутија, итн.) се измиени и плочата и електронските компоненти се рачно исчистени.

20190308_063548.jpg 20190308_063555.jpg 20190308_063623.jpg 20190308_063628.jpg 20190308_063632.jpg 20190308_063714.jpg

Треба само да се досушат пластиките и ќе иде на склапање. Некои од елементиве, ко драјвовите кои имаат само рибон жици со „телчиња“ од жица кои стрчат нанадвор и треба да се вметнат во конектори ме загрижува колку ќе биде лесно да се вратат назад у конекторот. Но у тоа е дел од забавата.

Единствено нешто што фали се 4 или 6 гумени ноџиња за уредот. Оригиналните се као „чивии“ кои се пикаат у дупки на дното од компјутерот. Нешто слично на гумени држачи за кулери но за поширок отвор и малку поголеми. Еве за пример некои слики кои ги најдов онлајн, единствениот остаток од гумена нога што го имаше овој примерок беше во распаѓање:

5037915.jpg feet_spectrum_plus.png

Доколку некој има нешто слично на ова нека пише. Стварно би сакал да ставам и гумени нозе за да биде прописно реставриран уредот.
 

Атачменти

  • 20190308_063553.jpg
    20190308_063553.jpg
    429,3 KB · Прегледи: 92

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Имав 48ца на времето, еден од најважните домашни компјутери на раните 80ти. СО гумени копчиња.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Веројатно знаеш, ама пази на контактите од тастатурата (на фолијата под мембранските тастери). Немој случајно да си ги чистел со некое средство, само продувај малку и не ги дирај понатаму.
 

HardCorec

poweruser
4 ноември 2013
3.599
5.545
dominion.mk
HardCorec's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 12400F
Motherboard
Asus B85 Pro Gamer
Storage
SSD Kingston 2TB
PSU
Cooler Master B500
RAM
HyperX Beast 4x16gb
Video card
GTX 1660 Super
Case
Cooler Master HAF
Mouse
Asus Echelon
Keyboard
Cooler Master Storm
Monitor
Philips 276E
OS
Windows 10 Pro 64bit
Браво за трудот брате!

Btw...
Ми се мотаа некој силиконски гумички по фиоките (проѕирни), ке ги избарам после па ако ги најдам ке ти ги дадам, мислам ако ти се исплаќа по Карго да ги пратам :)
 

dimges

read-only
14 мај 2017
21
13
имав се, од Синклер 81, оа Спектрум, штампач, додатна меморија... за жал можеби ми остана само додатната меморија 16К и некој ролни специална харии за штампачот, ама треба да побарам...

а имам и програмабилен дигитрон Синклер Ентерпрајз од 1979, тој работи и го имам...
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Веројатно знаеш, ама пази на контактите од тастатурата (на фолијата под мембранските тастери). Немој случајно да си ги чистел со некое средство, само продувај малку и не ги дирај понатаму.
Не се секирај само ја бришев со ептен малку влажна со благо средство за стакло крпа макар иам и перено у вода и сјај мембрана и ништо не им е (така спасив расипана скапа тастатура логитек). Претпазлив бев со сите делови не се секирај (се надевам хаха).

Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com
Само напред Тоше. Заборавив да ти спомнам. На една од дискетите има игра од домашно потекло BJ Cavern од Flogel. Ја програмирал господин Јанко Мршиќ. Тоа е една од бета тест дискетите :) Не веррувам дека ја има на нет.

Интересна платформа е и единствена игра за QL со потекло од овој регион.

 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Само напред Тоше. Заборавив да ти спомнам. На една од дискетите има игра од домашно потекло BJ Cavern од Flogel. Ја програмирал господин Јанко Мршиќ. Тоа е една од бета тест дискетите :) Не веррувам дека ја има на нет.

Интересна платформа е и единствена игра за QL со потекло од овој регион.


ОХОООО! Не сум стигнал до нив уште, читав на нет дека е добро за да се презервираат да им се смени тоа сунѓерчето позади лентата, пошо знаеле старите сунгерчиња да се распаднат и да направат штета и у најмала рака да отиде касетата, па планирав и тоа да го напраам!

How to Refelt ZX Microdrive Cartridges - Spectrum for Everyone

Иначе страшно интересно инфо е ова! Дефинитивно ќе посветам време на таа дискета за проверка и рецензија и се тоа!!!
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Апдејт: деловите се исушија и почнав со склапање. Ја ставив матичната, нови лепенки на звучникот и фолијата од тастатурата, драјвовите прво ги порамнив па ги притиснав до крај со помош на мали шпицасти клештиња (многу внимателно) - ова беше клучно бидејќи само со рака не одеа ни блиску толку внатре тоа жиците. Конектори изгледа чинеле премногу у тоа време па се одлучиле за ваков ужас од конекција.

prikacuvanje_ribbon_2.png prikacuvanje_ribbon.png

Ставив и термална паста на регулаторот за волтажа кој беше пред тоа само заштрафен на големиов heatsink. Сега има и термална паста за да ја дисперзира подобро топлината (коа веќе беше расклопено си реков зашо да не).

termalna_1.png termalna_2.png

Ги наместив прво белите држачи на тастери (и спејс барот пошо тој мора да се прикачи за метална жица), и прицврстив мембрана, фолија и бекплејт за тастатурата. Следно ќе идат двата дела (долен и горен) од компјутерот заедно па на крај тастерите (key caps) одозгора.

redenje_tastatura.png

Купив и felt pad такво за под ногарки на креденци и мебел, од чоја или како и да се вика felt на нашки. Тоа ќе го користам за касетите да им ги заменам падовите попосле откоа финално ќе го склопам ѕверов.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Бриши сликите и да ставиш ракавици на рацете! :D

Зашо бе? Чисто е се сеа! Затоа не носам ракавици коа склапам лол.
У секој случај сликиве се од необработено видео, ќе бидат боље видеата после постпродукција. На пониско ISO снимам со Canon 6D и 35мм леќа у случајов со мануелен фокус и поширок опсег на фокус.

Со мобилен се веќе процесирани сликите што ги вади самсунгот па затоа изгледаат појако.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Океј, компјутерот е исчистен и склопен и сеа свети. Поради тоа шо ногарките беа распаднати и непостоечки, а ако нема ногарки се гледаат деловите унутра низ дупките морав да направам нешто па се обидов од гумички за чешма (конусни дебели) да направам ногарки. Не излегоа лошо и барем добро го штитат долниот дел од гребаници и ги кријат exposed деловите од матичната над нив. Задоволен сум од крајниот резултат.

20190309_013643.jpg 20190309_013711.jpg 20190309_014221.jpg
20190309_014550_HDR.jpg
53352490_2469829463036065_783274989657784320_n.jpg

Пред да го пробам компјутерот морав да го исчистам и проверам адаптерот. Кондензаторите изгледаат добро но имаше некои стари сунѓери за padding унутра кои како и повеќето сунгерести падинзи од тоа време се распаѓаа. Отстранив што можев и издував што не можев, барем да сум сигурен дека нема сами од себе да се распаднат у затворен простор.

20190309_011712_HDR.jpg 20190309_011333_HDR.jpg

Следно треба да ги очистам убаво каблите и да го склопам целосно адаптерот, па ќе пробам дали успешно се вклучува машината а потоа да направам и видео кабел за да можам да ја тестирам на монитор.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Прво нешто шо направив на проектов денес беше да заменам утикач на адаптерот. Утикачот со кој доаѓаше беше океј но беше бел и премногу време ќе одземеше да го чистам така шо реков ќе отворам и ќе сменам со црн гумиран... и добро шо отворив пошо една од жиците беше незаштрафена и сигурен сум дека дури и да ја користев така и да правеше контакт, ќе имаше можда искрење унутра или прекини.

54522035_643125366160937_7105872809678602240_n (1).jpg 54277736_826051101077984_499224875110498304_n.jpg 53325190_969418546585494_6271994897591435264_n.jpg 54225093_558673431304688_9071182095514075136_n.jpg

Друго што забележав дури го чистев унутра адаптерот е дека има на едната страна кај шо е жицата за струја 3 контакти од кои 2 се искористени за фаза и нула од штек. Можно е третиот контакт да е за заземјување, у кој шо случај можда ќе е добро у иднина да се замени целосно кабелот за струја со кабел со три жици. (рандом инфо ова)

Ги заменив и гумените ноџиња/лепенки со нови пошо старите беа во распаѓање и имаше многу нечистотија под нив. Целиот адаптер е исчистен максимално и најтемелно шо може.

Следно преминав да направам видео кабел. Спред шемава заклучив дека ми требаат пин 1 и пин 2 (PAL Composite и Ground) сигнали.
video.PNG

Исеков RCA кабел и жутиот конектор го поврзав за тие два пина. Имам уше многу да учам за лемење али DIN конекториве ептен тешко се лемат!!! Дополнително шо леткумот ми е ужас.

Како и да е успеав во намерата (иако заборавив капачето за конекторот да го ставам пред да лемам па морав да го исечам од страна па да го залепам со изолир потоа...) и крајниот резултат излезе доста добро. Го проверив кабелот со мултиметар пред да го финализирам и откако го финализирав и се изгледаше добро.

53343541_262625154670743_3660273143714414592_n.jpg 53334478_331517947475588_2710930082460860416_n.jpg

И конечно, следно беше на агенда тестирање на компјутерот. Прво вклучување откако го исчистив.

Го ставив прво само адаптерот у струја - немаше искри ниту да пукне нешто. Топ. Поврзав адаптер, ставив видео кабел, поврзав со мониторот - пуштам струја, светна лед сијаличката на компјутерот...

Али сликата само треперење на сино и црвено:

53643432_332151977408811_2520968510796988416_n.jpg

Ова беше и добар и лош знак - добар дека знаев дека компјутерот работи, лош дека нешо не чини со видео сигналот. Сто посто бев сигурен дека ги користам точните пинови (т.е. пиновите кои планирав да ги користам) но мислев да не случајно можда требаше sync пин место ground... си реков ај ќе истражам.

Но прво сакав да пробам на друг монитор, пошо ако е до Sync или до херцажа нешто, понови монитори или телевизори можда ќе го средат самите. Ставив на телевизор у дневна - нема сигнал уопште...

Тогаш ми текна да проверам да не случајно не ми е бутнат DIN 8 конекторот до крај. И замислете, така и беше. Го бутнав посилно џекот и влезе уште внатре и добив слика!!

53405395_1133865830135202_7719561479510294528_n.jpg 53519652_633040607148623_1316326795263344640_n.jpg

Компјутерот има 2 режими на видео излез - монитор и телевизор. Од тоа шо приметив на JVC мониторов у режим на монитор сликата е кропната и не се гледа целата слика/текст. У телевизор режим се се гледа добро.

Како и да е среќен сум дека целата реставрација помина без проблеми и дека компјутерот работи ко шо треба.

Драјвовите не сум ги тестирал уште пошо треба да ги исчистам и средам касетите прво, но знам дека барем имаат струја пошо при рестартирање на компјутерот се вклучуваат електромоторите.

За крај уште еднаш неизмерна благодарност до @ARMac, ќе ве известувам сите како ќе иде со касетите и совтверот на нив, а секако штом се едитираат видеата од процесов ќе споделам линкови и за да го гледате на јутуб целиот процес! :)

Можете секако да се subscribe-нете уште веднаш користејќи го овој линк доколку (се уште не сте) за да добиете известување:

Game Retro на YouTube

ЕДИТ: Еве и линк до две видеа од како ја тестирам тастатурата и видео излезот:

Video 1 @ imgur

Video 2 @ imgur

ЕДИТ 2: тастатурата е малку тешка иначе, а и многу е зезнато дека нема backspace копче туку со CTRL + лева стрелка се брише (ко шо открив со проба).
 

Атачменти

  • 53405395_1133865830135202_7719561479510294528_n.jpg
    53405395_1133865830135202_7719561479510294528_n.jpg
    36,6 KB · Прегледи: 49
  • 53519652_633040607148623_1316326795263344640_n.jpg
    53519652_633040607148623_1316326795263344640_n.jpg
    45,5 KB · Прегледи: 49
Последна промена:

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com
Има во упатството и на јутуб/редит доволно за тоа. Бар ќе научам троа basic. ^^

Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација

Не е basic него е SUPER BASIC :) ама тоа е бејзикот вграден, а оперативниот систем се вика Sinclair QDOS.

Мислам и dir команда има да листа што има на микродрајвот.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Ете конечно седнав да ги исчистам сите касети и да им ставам нови перничиња.

9o9YNAt.jpg


zwQiC8N.jpg


kaUCfOU.jpg


fAtzcyQ.jpg


Еве галерија со повеќе слики на IMGUR:

https://imgur.com/gallery/J7yljXI

За жал 2/4 од дискетиве со оригинален QL софтвер не успеав да ги стартувам, секој пат даваат ерор. 2 успеав, а Quill дури прво даваше ерор па после неколку касети пробав пак и успеа.

m8zCZ3b.jpg


За касетите со custom програми неам појма уште како да ги отворам хаха. Не ги бутира автоматски. Помош некој? @ARMac :D

Ќе треба да го читам упатството за сам да се снајдам ама тоа ќе причека коа ќе иам време :)
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com
dir mdv1_ и ќе даде што има на дискетата.
После со lrun mdv_1 *****
**** ти се запишани на самите дискети на пример boot_blabla

Барем толку ми текнуват.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
dir mdv1_ и ќе даде што има на дискетата.
После со lrun mdv_1 *****
**** ти се запишани на самите дискети на пример boot_blabla

Барем толку ми текнуват.

Уф! Со дир не се гледа тоа boot_**** ? пошо лабелите беа толку у распаѓање шо ги отстранив (се помучив) хахаха, и си викав коа ќе најдам како да ги листам содржините ќе ги запишам пак хахаха

( брб одам да пробам дир команда :D )
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно