Како маусот, задоволен? Пиши едно кратко ревју ако не ти е тешко.
Сум користел многу различни мауси поготово од "гејмерскиве", и увек се враќам на Logitech иако не сум задоволен од ниеден бренд како целина. Пред овој користев Razer Mamba, лично поише ми лежи у рука мамбата али тој пак си пати од ред други болести и не би го препоралач на никој. Контрастно, G502-кава има далеку поиспеглан и постабилен софтвер, подобар сензор, опција за мењање тежина со тегчиња, поише копчиња кои можат да се репрограмираат (јас лично го користам G-Shift за скролање низ + отварање и затварање на табови, копи + пејст и сл.), и најбитно за мене далеку подобар scroll wheel. Негативности му се што не е wireless (што мене не ме засега нешто, мамбата ја користев на кабел) и малце полошата ергономија лично за мене бек копчето не ми е толку достапно ко на мамбата. Во глобала сум задоволен но ќе ти го дадам истиот совет што ми го дадоа мене: Доколку имаш солиден маус не вреди да апгрејдаш нема да добиеш ништо посебно, но доколку си печен за апгрејд и си у пазар за маус по оваа цена е одлична зделка и е еден од подобрите мауси во моментов кај нас.
На горниот дел место за 3 вентилатори со филтер, исто така и кај напојувањето доле филтер.