Добар ден на сите на овј Форум, имајте прекрасен ден и направете ми го и мене ако можете. Имено се работи за батеријата на мојот лаптоп DELL. Вчера си реков ајде да ја ставам батеријата која 10-15 дена собираше прашина, и се тргна добро, веднаш почна да се полни иако беше на 69%. Но ѓаволот ме натера почнав да чепкам преку панелот за подесување на батеријата, сменив некои поставки и со Aplly ,Ok го затворив подесувањето. Денес наутро прво го вадам полначот и пробав да се вклучам со батеријата, но не сакаше да стартува, јас го боцнав полначот и кога стартуваше се појави текст "your battery experienced a permanent failure, and needs to replaced" а во редот подоле F-1 за понатака и F-2 за влез во Bios. Го отворив сетингот за батерија но состојбата не се менуваше. На индикаторите наместо бела боја за батеријата трепка црвена и не се полни батеријата која застанала со полнење на 78%. Го инсталирав повторно драјверот за BIOS но немаше никаков ефект. Во BIOS подесувањата се исчитува полнацот кој прикажува 90 W а додека за батеријата исто како погоре "your battery experienced a permanent failure, and needs to replaced".Еве и слики од панелот за сетинзи на батеријата, молам ако некој може да ме насочи или помогне да го решам овој проблем.