Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Прашање до JVSNet за NH-L9i

  • Ја почнал/а темата xenon
  • Време на почнување

xenon

нуспојава
15 јануари 2011
4.822
12.879
Skopje
wemaxa.com
Горенаведениот кулер, Noctua NH-L9i во ценовникот на JVSNet кои ги дистрибуираат Noctua чини 4775 денари. Се работи за нископрофилен кулер во варијанта за Интел и АМД кој насекаде во светот чини пола од ДХ14... значи логички кулеров не би требало да е повеќе од 2500 денари.

Која е фрката, грешка во ценовникот?

Нема логика NH-L9i да чини исто колку и DH-14
 

Synology MK

hello world
21 април 2012
56
69
ЈВСНет ДООЕЛ
www.jvsnet.com.mk
Гик, точно дека нема логика тие два кулери да имаат иста цена, ама тоа во нормални земји. Во нашата земја се има логика!. Некој ќе праша како тоа? Многу едноставно, секој увоз господата од царина се различно расположени, па така за NH-D14 плативме само ДДВ од 5%, додека за NH-L9i, царина од 15% И ддв од 18%, така да разликата меѓу нив при влез т.е пресмека на влезна цена се разликува за цели 28%. Чудно но вистинито. За ова веќе неколку пати објаснив во предходните коментари. Овие два производи се увезени во различен период, затоа и е таква разликата.Како ќе биде во иднина, знаат само надлежните од царина.

Поздрав од Владимир.
 

Steff_Maja

poweruser
30 мај 2010
4.174
1.710
А ти имаат ли објаснето која е причината за тоа ?
Како ние (како заедница) можеме да ви помогнеме околу оваа работа ?
Мора да им се докаже на тие цариници дека светот не е нивен !
 

Synology MK

hello world
21 април 2012
56
69
ЈВСНет ДООЕЛ
www.jvsnet.com.mk
За жал помош неможеме да добиеме од никого, најмалку од Вас како фанови. Согласно новиот царински тарифник секој производ кој во себе содржи и аксијален вентилатор, подлежи на царинска стапка од 15% и ДДВ од 18%. Математиката е доста сложена, бидејќи ние траспортот го плаќаме на добавувачот, и на него ни пресметуваат царина. Така да на моменти ни се случува влезната цена на производот да биде поголема 2 пати од фактурната. Има фирми во МК кој прават финти, па ги делат производите посебно ладилник, посебно вентилатор, 95% од цената на ладилникот 5% на вентилаторот. Ние тоа не можеме бидејќи набавуваме дирекно од Noctua Austria. Еднаш Некако успеавме да раздвоиме, но количината беше мала, и затоа добавувачот се сложи на таков чекор. Од друга страна мала нарачка има големи трошоци и се се врти во круг. Јас лично би бил пресреќен кога би можел за 42 евра да го продавам производот (колку е препорачана цена од Noctua), но тоа за сега е само пуста желба. Ви благодарам за разбирањето и се надевам дека со тие -8% малку ќе ја ублажиме високата цена и ќе придонесеме за подобар проод кај корисниците.
 

Synology MK

hello world
21 април 2012
56
69
ЈВСНет ДООЕЛ
www.jvsnet.com.mk
Наскоро треба да пристигнат нови количини на NH-D14 & NH-D14-ЅЕ2011, ќе видиме дали ќе поминат со 5% како предходните или пак ќе рипне цената ??? И ние како дитрибутер не знаеме на што сме? Ако бидат со 5% добро е и за нас и за корисниците, ако бидат со 15%+18% , кој ќе го купи тој производ??? Не е' ни да имаме на лагер по висока цена, не е ни да останеме без лагер поради тоа. Бидете паметни па кажете што е подобро?
 

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.512
31.981
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Нека има на лагер, сепак е D14.
 

Synology MK

hello world
21 април 2012
56
69
ЈВСНет ДООЕЛ
www.jvsnet.com.mk
Информација за фановите на Noctua.

Денес 10.05.2013 пристигна нова пратка на Noctua, според ЕДЦ-то новите цени на производите од Noctua, барем ладилниците би требало да бидат пониски. Во понеделник ќе Ве известиме за намалувањето.

Поздрав ЈВСНет
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно