Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Најдобар бојлер кај нас

acikaaa

user
22 октомври 2018
1.216
1.238
Скопје
Кога менувате/чистите греач дали го менувате и безбедносниот вентил? Дека имам читано и тој да се менувал дека фаќа каменец
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.140
14.317
Кога менувате/чистите греач дали го менувате и безбедносниот вентил? Дека имам читано и тој да се менувал дека фаќа каменец

Јас немам сменето вентил 8 години. Не знам дали има бигор. Но нема мака сега за сега.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.629
3.128

Не.

Отворам долен капак, тргам електрични жици, вадам термостат, вадам греач,чистам греач (го мотам во крпа и ја полевам со прехрамбена бела алкохолна киселина да постои), чистам бољер.
Враќам назад се како што си беше, стегнувам штрафој, пуштам вода да се наполни бољерот (испуштам воздух преку туш батеријата), вклучвам струја.
 
acikaaa

user
22 октомври 2018
1.216
1.238
Скопје
Јас немам сменето вентил 8 години. Не знам дали има бигор. Но нема мака сега за сега.
Следно чистење смени го, мака мислам нема да видиш вака се дур не има потреба да реагира тој, кога го менував греачот ај викам да видам и вентилот како е ситуација, преполн со бигор после и него го сменив
Не.

Отворам долен капак, тргам електрични жици, вадам термостат, вадам греач,чистам греач (го мотам во крпа и ја полевам со прехрамбена бела алкохолна киселина да постои), чистам бољер.
Враќам назад се како што си беше, стегнувам штрафој, пуштам вода да се наполни бољерот (испуштам воздух преку туш батеријата), вклучвам струја.
Не ти е лоша и оваа идеа, наместо да менувам греач да исчистам
 
dino

lurker
5 јули 2009
669
252
Планирам да го сменам бојлерот да земам 80л или пак да земам проточен. За проточен кабел можам да пуштам не е проблем а и ќе се отвори повеќе простор, маана е што е неколку пати поскап ама можам да прогледам низ прсти за тоа заради комоцијата во просторот што ќе ја понуди.

За проточен бојлер кој се препорачува и како влијае бигорот на него, дали треба чистење?

2 тоалета ќе го користат така да треба да има солиден капацитет на проток на топла вода во минута
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.629
3.128
Да се цитирам пак.
Еве број (броеви) од Ристо: 078 276 937 и 070 709 541.
Искрено, не можам да се сетам како се нашол во мојот именик на телефон, и не можам да се сетам за што сум го повикал (и кога)....
Еве уште еден број од Владо 075 960 750 и 022 042 030.
На него се сеќавам, добар електричар, ама па, возрасен беше, и можно е да се повлекол во заслужена пензија и да не работи веќе....

Не знам, не гарантирам ништо, ѕвони, види што ќе добијаш...
Мислењето е автоматски споено:

Планирам да го сменам бојлерот да земам 80л или пак да земам проточен. За проточен кабел можам да пуштам не е проблем а и ќе се отвори повеќе простор, маана е што е неколку пати поскап ама можам да прогледам низ прсти за тоа заради комоцијата во просторот што ќе ја понуди.

За проточен бојлер кој се препорачува и како влијае бигорот на него, дали треба чистење?

2 тоалета ќе го користат така да треба да има солиден капацитет на проток на топла вода во минута
Добро, штом велиш кабел ќе пуштиш, веројатно си проверил дека инсталацијата дома ти е трофазна, и дека имаш осигурач од околу 50А, за трофазниот проточен бољер.
Досега сум ги сретнал да ги пофалат Stiebel Eltron, Bosh, Siemens како квалитетни проточни бољери. Еден период и јас сакав дома да преминам на проточен, па во сетек ги видов овие од Clage - за жал ја напуштив идејата, и останав со класичен 80L бољер. Сега гледам донесле и неколку модели на Bosh.
Имаше некои искуства споделени тука, и во поглед на марката, и во поглед на бигорот - кој го има во доста големи количини во скопскава вода, ама па во сеќавање ми остана дека кориснициве кажаа дека не им направило проблем и после повеќе годишно користење на проточниот (мислам ќе да се спомнуваа некои си 7-8 години без реални проблеми).
@Lokvan дали ти имаше проточен и споделуваше како ти беше искуството со бигорот?
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.828
6.527
SK

Многу добро искуство имав со болјкерот... Сѐ додека не испонаправија згради во непосредна близина. Притисокот на водата падна значајно, и единствена причина зошто досега не го сменив бојлерот е затоа што немам време.

Мојот е со механички сензори на притисок на водата, и релеа кои се контролирани преку фидбек од тие сензори. Многу едноставна електроника, затоа и ја одбрав таа опција - заради долговечност и оптпорност на влажна просторија.

Сега би требало да земам некој (пак проточен) бојлер со електроника која не е зависна толку од висок нормален притисок на водата. Арно ама, сите се со пластични цевки и грејач во нив (нешто како влакно, односно релативно тенок). Наводно имале проблем со дефекти на грејачите, посебно ако останат без вода а го пуштиш бојлерот. Нема заштитна електронија да не пушта греење додека не се наполни вода.
Некој ќе праша а зошто би немало вода? Па затоа што барем еднаш месечно снемува вода, сѐ нешто интервенираат од Водовод, или некој се приклучува (зградите што ги прават), или дефекто (пак заради зградите)... Често снемува вода, и потоа со осетлив бојлер би требало внимателно да пуштиш малку отворена славина за да се наполнат цевките со вода - за да нема проблеми со грејачите. Но во пракса често нема ни да знаеш дека во текот на денот снемало вода, додека не почне тој звукот да го слушаш. Рецепт за проблеми.

Последно се мислам да ставам хидрофор и така да завршам работа.

Ова веројатно не е тоа што сакаше да го слушне @dino ама подобро е да се знае.
Мислењето е автоматски споено:

Веројатно не беше баш најјасно дека постојат два вида проточни бојлери. Едните со бакарни цевки, самите цевки се грејачи - и други со пластични цевки, грејчите се како жици внатре во нив. Нема дилема дека тие со бакарните цевки се многу подолговечни, подобри за чистење ако некогаш се нафати бигор, итн. Но електрониката кај нив е со сензори за притисок, и минималниот притисок кој се побарува е релативно голем.
Алтернатива се проточни бојлери со фино подесување на температура (единствената добра страна на овие). Не знам зошто ама таквите не побаруваат толку голем притисок на водата (како тие со бакарните цевки). Но имаат пластични цевки, и ги имаат погоре опишаните проблеми со грејачите.

Зошто не прават бојлери со бакарни цевки и пософистицирана електроника (да не бидат завсни од повисок притисок на вода)?
Beats me. Toa би било добра опција, ама колку што знам - не постои. :-/

Крајно, тие се двете опции со проточен бојлер. Класичен бојлер исто има проблеми со одржување, заради бигор, и таму има алтернатива со омекнување на водата. Но тоа е веќе друга насока на решавање на проблемите.
 
Последна промена:

dino

lurker
5 јули 2009
669
252
Еве број (броеви) од Ристо: 078 276 937 и 070 709 541.
Искрено, не можам да се сетам како се нашол во мојот именик на телефон, и не можам да се сетам за што сум го повикал (и кога)....
Еве уште еден број од Владо 075 960 750 и 022 042 030.
На него се сеќавам, добар електричар, ама па, возрасен беше, и можно е да се повлекол во заслужена пензија и да не работи веќе....

Не знам, не гарантирам ништо, ѕвони, види што ќе добијаш...
Мислењето е автоматски споено:

Добро, штом велиш кабел ќе пуштиш, веројатно си проверил дека инсталацијата дома ти е трофазна, и дека имаш осигурач од околу 50А, за трофазниот проточен бољер.
Досега сум ги сретнал да ги пофалат Stiebel Eltron, Bosh, Siemens како квалитетни проточни бољери. Еден период и јас сакав дома да преминам на проточен, па во сетек ги видов овие од Clage - за жал ја напуштив идејата, и останав со класичен 80L бољер. Сега гледам донесле и неколку модели на Bosh.
Имаше некои искуства споделени тука, и во поглед на марката, и во поглед на бигорот - кој го има во доста големи количини во скопскава вода, ама па во сеќавање ми остана дека кориснициве кажаа дека не им направило проблем и после повеќе годишно користење на проточниот (мислам ќе да се спомнуваа некои си 7-8 години без реални проблеми).
@Lokvan дали ти имаше проточен и споделуваше како ти беше искуството со бигорот?
да проверена е струјата, имам среќа и што таблата е на околу 3м од бојлерот каде што сакам да го монтирам
Многу добро искуство имав со болјкерот... Сѐ додека не испонаправија згради во непосредна близина. Притисокот на водата падна значајно, и единствена причина зошто досега не го сменив бојлерот е затоа што немам време.

Мојот е со механички сензори на притисок на водата, и релеа кои се контролирани преку фидбек од тие сензори. Многу едноставна електроника, затоа и ја одбрав таа опција - заради долговечност и оптпорност на влажна просторија.

Сега би требало да земам некој (пак проточен) бојлер со електроника која не е зависна толку од висок нормален притисок на водата. Арно ама, сите се со пластични цевки и грејач во нив (нешто како влакно, односно релативно тенок). Наводно имале проблем со дефекти на грејачите, посебно ако останат без вода а го пуштиш бојлерот. Нема заштитна електронија да не пушта греење додека не се наполни вода.
Некој ќе праша а зошто би немало вода? Па затоа што барем еднаш месечно снемува вода, сѐ нешто интервенираат од Водовод, или некој се приклучува (зградите што ги прават), или дефекто (пак заради зградите)... Често снемува вода, и потоа со осетлив бојлер би требало внимателно да пуштиш малку отворена славина за да се наполнат цевките со вода - за да нема проблеми со грејачите. Но во пракса често нема ни да знаеш дека во текот на денот снемало вода, додека не почне тој звукот да го слушаш. Рецепт за проблеми.

Последно се мислам да ставам хидрофор и така да завршам работа.

Ова веројатно не е тоа што сакаше да го слушне @dino ама подобро е да се знае.
Мислењето е автоматски споено:

Веројатно не беше баш најјасно дека постојат два вида проточни бојлери. Едните со бакарни цевки, самите цевки се грејачи - и други со пластични цевки, грејчите се како жици внатре во нив. Нема дилема дека тие со бакарните цевки се многу подолговечни, подобри за чистење ако некогаш се нафати бигор, итн. Но електрониката кај нив е со сензори за притисок, и минималниот притисок кој се побарува е релативно голем.
Алтернатива се проточни бојлери со фино подесување на температура (единствената добра страна на овие). Не знам зошто ама таквите не побаруваат толку голем притисок на водата (како тие со бакарните цевки). Но имаат пластични цевки, и ги имаат погоре опишаните проблеми со грејачите.

Зошто не прават бојлери со бакарни цевки и пософистицирана електроника (да не бидат завсни од повисок притисок на вода)?
Beats me. Toa би било добра опција, ама колку што знам - не постои. :-/

Крајно, тие се двете опции со проточен бојлер. Класичен бојлер исто има проблеми со одржување, заради бигор, и таму има алтернатива со омекнување на водата. Но тоа е веќе друга насока на решавање на проблемите.
Расчепкав сабајлево и работата се врти накај Stiebel, конкретниов модел го гледав и заради капацитетот и на топла вода Проточен бојлер Stiebel PER 18/21/24 - BITEL - овој е уствари со пластилни цевки?
Проблем со притисок немам користиме пумпа за притисок
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.828
6.527
SK
да проверена е струјата, имам среќа и што таблата е на околу 3м од бојлерот каде што сакам да го монтирам

Расчепкав сабајлево и работата се врти накај Stiebel, конкретниов модел го гледав и заради капацитетот и на топла вода Проточен бојлер Stiebel PER 18/21/24 - BITEL - овој е уствари со пластилни цевки?
Денес малтене сите се такви. Не само Стибел, сите. Треба со умисла да бараш бакар со бакарни цевки, и веројатно тешко ќе најдеш таков. :-/

Проблем со притисок немам користиме пумпа за притисок
Каков/кој модел на хидрофор, колку ја користиш и дали си задоволен?
 
null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.064
1.152
Куманово
Од почеток на 2021 сум на STIEBEL ELTRON PEO 18/21/24, цевките се бакарни и до сега никаков проблем.
Единствена мана треба гасење и испуштање на воздухот од цевките при прекини..
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.828
6.527
SK
Секогаш е паметно да се направи тоа. Мене ме мрзи да исклучувам осигурач па едноставно ја оставам водата да тече на мал млаз (неуклучен грејач): ама тоа би било проблем на бојлер со поосетливо наместен сензор за притисок. STIEBEL наводно се уклучувале на проток од накај ~3 литри/минута (треба да се види во спец.)

Бакарните цевки самите се грејачи, и со толкава термална маса многу потешко да им се деси нешто. Кај пластичните блокови, грејачите практично се жици и ако нема вода окулу нив да ја земат топлината... Што ќе им се деси?
Што е уште полошо, колку што разбрав после не ги репарираат (менуваат грејачите), туку се менуваат целите пластични блокови. Наводно скапи биле, можеби половина од цената на бојлерот (не се сеќавам точно).

Проточен бојлер Stiebel PER 18/21/24 - BITEL - овој е уствари со пластилни цевки?

Проблем со притисок немам користиме пумпа за притисок
Ете ти погоре модел со проверено бакарни цевки. Јас не би идел со пластичен блок, па и многу да е поевтин.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: dino

dino

lurker
5 јули 2009
669
252
Денес малтене сите се такви. Не само Стибел, сите. Треба со умисла да бараш бакар со бакарни цевки, и веројатно тешко ќе најдеш таков. :-/

Каков/кој модел на хидрофор, колку ја користиш и дали си задоволен?

Во зграда сум, не знам каква пумпа користиме ама задоволен сум
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.285
2.396
Од почеток на 2021 сум на STIEBEL ELTRON PEO 18/21/24, цевките се бакарни и до сега никаков проблем.
Единствена мана треба гасење и испуштање на воздухот од цевките при прекини..
Кој еднаш се префрли на проточен уште еднаш не се враќа на стандарден бојлер.
 
null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.064
1.152
Куманово
Кој еднаш се префрли на проточен уште еднаш не се враќа на стандарден бојлер.
Преродба.

За жал капитализмот стреми за поевтина изведба и 0 сервис, а цените 2х од тогаш, се надевам држат квалитет.

Од разговори со блиски во Куманово толку се прави бигор што за рок од 1-2 години протекува грејачот или самиот бојлер (стандарден 80л).
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно