Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Конкурс за веб-програмер/ка за апликација за Фејсбук

  • Ја почнал/а темата D
  • Време на почнување

D

Администратор
31 март 2007
4.140
4.349
www.aqtos.com
Објавувам конкурс за ангажирање веб-програмер/ка кој/а ќе треба да ми изработи апликација за Фејсбук, за потребите на магистерско истражување за улогата на социјалните мрежи на полето на интернет маркетинг.

Апликацијата ќе треба да биде поврзана со веб-апликација со база на податоци за чување на информациите. Целиот систем ќе се работи од почеток. Апликантите треба да испратат

  • работна биографија (CV) и
  • нацрт-план за работа на проектот со буџет со сите потребни трошоци
по е-пошта на развигор ет џимејл точка ком.
Услови на конкурсот:

  • еднократен хонорарен ангажман (исплата преку авторска агенција)
  • нарачателот ги задржува авторските права на спецификациите, кодот и документацијата
  • рок за пријавување: 16.03.2009 во 16 ч.
Критериуми за избор:

  • квалитет на планот за работа
  • способност за спроведување на побарувањата од нарачателот
  • добро познавање на англискиот јазик и способност за прецизно писмено изразување на англиски и македонски
  • претходно искуство со веб-програмирање и програмирање апликации за Фејсбук.
  • висина на буџетот
Сите квалификувани лица без разлика на пол, род, етничка, национална, верска или расна припадност се поканети да земат учество на конкурсот. Најголем дел од комуникацијата ќе се одвива преку интернет, така што географската локација не е одлучувачки фактор.

Заинтересираните може да ја користат горенаведената адреса за е-пошта или можноста за оставање коментари за дополнителна комуникација.

Преземено од: http://razvigormk.blogspot.com/2009/03/blog-post_11.html
 

Rocco

read-only
2 јануари 2010
15
0
Друже, на која тема имаш магистерска??? Можеби можеме да се најдеме негде да направиме една трампа. Треба да пишувам магистерска на слична тема а некако не ми се фака, а имам за возврат многу знаење и искуство во Е-маркетинг и СЕО па да правиме една трампа, што мислиш???
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно