Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Кога би бил твој IT.mk....

M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.022
3.618
Прага
Неможам да најдам соодветна тема,па решив тука да прашам (ако не е за тука прашањето,префрлете го на соодветно место).

Ова ми е нејасно на форумов.Од кога Модератор има право да одредува цена на одреден Хардвер кој Х Член го продава?Зарем Модераторот му го купил делот т.е Хардверот на членот,па ке му кажува по која цена да го продава?
Модератор не диктира цена, ама ако хардверот во продавница е Х цена, а некој сака на старо да го продаде со иста или повисока цена ондак тој оглас нема што да бара на форумот. Слободно дај конкретен пример, ако мислиш дека модератор имал влијание на цена.
 
DaVoRkNe

poweruser
1 септември 2011
4.082
4.347
Скопје

Ке ги најдам огласите,до сега забележав 2 огласи,едниот беше затворен,а другиот предупреден дека имал висока цена.Зашто огласот да не бара тука,па јас си одредувам цена,пример продавам голф 3 10000 евра,моја работа е дали некој ке го купи или не,приврзан сум за Голфот ама пари ми требаат,ако има некој бујрум,што има тука лошо?

Еве го едниот Оглас го најдов,другиот неможам.
Да не се разберем во старт погрешно,немам против никој член ништо лошо лично,само ова го забележав па реков да прашам,затоа што сум 9 години на Форумов,јас до сега вакво нешто немам сретнато,и кога некој продавал по висока цена.

Untitled.jpg
 
M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.022
3.618
Прага
Ке ги најдам огласите,до сега забележав 2 огласи,едниот беше затворен,а другиот предупреден дека имал висока цена.Зашто огласот да не бара тука,па јас си одредувам цена,пример продавам голф 3 10000 евра,моја работа е дали некој ке го купи или не,приврзан сум за Голфот ама пари ми требаат,ако има некој бујрум,што има тука лошо?
Огласите не се за да заработиш х3, форум е ова и цените се форумски. Јас затворив една тема пред некоја недела затоа што членот продаваше ХДД од 2тб по цена на ХДД од 3тб и тоа нов. Не диктираме цени ама ова не дозволуваме. За голф и заработки ги имаш пазар3 и реклама5, каде што ќе си платиш.
 
DaVoRkNe

poweruser
1 септември 2011
4.082
4.347
Скопје
Огласите не се за да заработиш х3, форум е ова и цените се форумски. Јас затворив една тема пред некоја недела затоа што членот продаваше ХДД од 2тб по цена на ХДД од 3тб и тоа нов. Не диктираме цени ама ова не дозволуваме. За голф и заработки ги имаш пазар3 и реклама5, каде што ќе си платиш.
Голфот го дадов како пример само,не дека на Ит форум би продавал некоја кола.

Огласите се за продавам оноколку,колку што јас си го ценам Хардверот,нели е Демократија?Зарем мислиш дека овие што продаваат не заработуваат од Форумов така?Тоа е невозможно,да не се правиме мрднати.
 
M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.022
3.618
Прага
Голфот го дадов како пример само,не дека на Ит форум би продавал некоја кола.

Огласите се за продавам оноколку,колку што јас си го ценам Хардверот,нели е Демократија?Зарем мислиш дека овие што продаваат не заработуваат од Форумов така?Тоа е невозможно,да не се правиме мрднати.
Цена на половен хардвер не може да е еднаква или повисока од таа во продавница. Не знам каква демократија бараш на форум. Ти цени си го хардверот, ама ние цениме дека фер однос е логичен избор тука.
 
DaVoRkNe

poweruser
1 септември 2011
4.082
4.347
Скопје
Цена на половен хардвер не може да е еднаква или повисока од таа во продавница. Не знам каква демократија бараш на форум. Ти цени си го хардверот, ама ние цениме дека фер однос е логичен избор тука.
Ти цени си го фер односот,али убаво си кажа,каква црна Демократија на форумов.Фала на одговорите
 
M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.022
3.618
Прага
Ти цени си го фер односот,али убаво си кажа,каква црна Демократија на форумов.Фала на одговорите
Така е, ние фашисти сме. Затоа ти си првиот што се жали на ова. Секој што продава е задоволен, купувачите уште позадоволни.
 
DaVoRkNe

poweruser
1 септември 2011
4.082
4.347
Скопје
Така е, ние фашисти сме. Затоа ти си првиот што се жали на ова. Секој што продава е задоволен, купувачите уште позадоволни.
Види ги цените на кој јас сум продавал тука,па тогаш збори ми.Последен пц што го продадов чинеше реално 200 евра,јас го продадов за 5000 денари.Ова го приметив и само прашав дали Модератор има право,и дадов примери кој сум ги приметил,ни реков против тебе нешто,ни против некој Член,прашано,одговорено.Фала
 
spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.832
4.975
Писти Охту
Голфот го дадов како пример само,не дека на Ит форум би продавал некоја кола.

Огласите се за продавам оноколку,колку што јас си го ценам Хардверот,нели е Демократија?Зарем мислиш дека овие што продаваат не заработуваат од Форумов така?Тоа е невозможно,да не се правиме мрднати.
ти можда си го цениш хардверот Х 10 пати повеќе, ама реалноста е поинаква. не нешајте сега демократија и се останато, не е то поентата. се работи за помала група на луѓе на форумов, од кој шо секој сме горе долу ентузијасти, и горе - долу ги знаат цените на ПОЛОВНИ делови. си има форумот правила на однесување. да ти доловам аналогија на твоето кажано:
седиш дома, ти идат гости. правило кај тебе, е дека сите треба да се соодветно облечени. еден од гостиве, решава да се соблечи гол ко од мајка роден. ти, нормално, пошто е твое правило дома, си против то и бараш да се облечи, и сега ако ти врати: ДЕМОКРАТИЈА е брат ова, ти шо ќе напрајш? ќе преќутиш или ќе го избркаш?
 
Sludge.Factory

Баниран/a
7 февруари 2014
1.225
1.901
Gostivar
Се согласувам со модераторите. Овде не е место за профит и кој колку си го цени, туку за брза продажба, без маржи, меѓу пријатели форумџии. Од таа иста причина и се тука што сум огласил било со 20% цена пониска од реклама5 или други слични продукти. Мислам дека ова го имаше и во правила на огласување. Не сме тука за заработка туку чисто да помогнеме.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.797
33.932
roka.mk
@DaVoRkNe За почеток ќе ти го цитирам последниот параграф од правилата за огласи
IT.mk и ИТ Форум се само платформа на која се огласуваат производите, IT.mk не сноси никаква одговорност за било каква измама при продажба или соработка. Доколку се соочите со измама за истата известете ги редакцијата, надлежните институции и преземете ги соодветните чекори согласно законските прописи. IT.mk може да достави информации за корисник само по барање на официјален орган преку налог од истражен судија во кој е прецизирано кои информации треба да бидат доставени.

Ние како платформа не диктираме цена и немаме намера да го правиме тоа воопшто, но ова е една заедница во која доброволно сте се нафатиле да бидете и притоа немате никаков трошок за тоа и не фер е истите оние луѓе кои несебично ти споделуваат знаење и ти помагаат (зборам во второ лице мислам на сите членови, не се пронаоѓај лично) ти истите тие да ги плачкаш, не е поштено, за тоа имаш пазар 3 каде можеш да дереш луѓе и воедно и можеш да ја трампаш графичката за 10 кила ракија или за две кубика буково дрво за огрев.

Овде ситацијата е многу по различна од таму, чим си решил нештот да го огласиш овде, тоа значи дека истото ќе биде по фер цена, бидејќи имај на ум овде сите се ИТ писмени (најголемиот дел) и тие забелешки што ги имаш наведено со скриншот е донесена по рекција на членови кои се пожалија на цената.

Така да твое право да судиш дали е демократија или не, како што е твое право дали ќе огласуваш на форумов или не, како што е и твое право дали ќе бидеш член или не.
Сите огласи со АПЛА повисока цена на која ќе изреагираат членовите ќе бидат, пред се сугерирано на огласувачот дека цената му е превисока да ја поправи (како што е во примерот што го наведе ти), доколку тоа не го сторат за да се заштитат членовте огласот ќе биде затворен/избришен.

Се надевам дека ти е јасно,
Ти стојам на располагање за одговор на сите прашања што ги имаш, за оваа или друга тематика.

Поздрав.
 
DaVoRkNe

poweruser
1 септември 2011
4.082
4.347
Скопје
За жал многу далеку отидовте,и погрешно ме разбравте.Јас го приметив тоа горе,и прашав дали Модератор има право,да даде цена на Х Хардвер од некој си член,тоа го приметив и прашав.
@DaVoRkNe За почеток ќе ти го цитирам последниот параграф од правилата за огласи

Ние како платформа не диктираме цена и немаме намера да го правиме тоа воопшто, но ова е една заедница во која доброволно сте се нафатиле да бидете и притоа немате никаков трошок за тоа и не фер е истите оние луѓе кои несебично ти споделуваат знаење и ти помагаат (зборам во второ лице мислам на сите членови, не се пронаоѓај лично) ти истите тие да ги плачкаш, не е поштено, за тоа имаш пазар 3 каде можеш да дереш луѓе и воедно и можеш да ја трампаш графичката за 10 кила ракија или за две кубика буково дрво за огрев.

Овде ситацијата е многу по различна од таму, чим си решил нештот да го огласиш овде, тоа значи дека истото ќе биде по фер цена, бидејќи имај на ум овде сите се ИТ писмени (најголемиот дел) и тие забелешки што ги имаш наведено со скриншот е донесена по рекција на членови кои се пожалија на цената.

Така да твое право да судиш дали е демократија или не, како што е твое право дали ќе огласуваш на форумов или не, како што е и твое право дали ќе бидеш член или не.
Сите огласи со АПЛА повисока цена на која ќе изреагираат членовите ќе бидат, пред се сугерирано на огласувачот дека цената му е превисока да ја поправи (како што е во примерот што го наведе ти), доколку тоа не го сторат за да се заштитат членовте огласот ќе биде затворен/избришен.

Се надевам дека ти е јасно,
Ти стојам на располагање за одговор на сите прашања што ги имаш, за оваа или друга тематика.

Поздрав.
Се согласувм со све кажно од тебе,и баш ми е мило што е вака,како што е.Но бидејќи забележав реакција на некој огласи за цена,реков да си прашам,зашто гледам никој не прашал,реков да не случајно се сменило некое правило,додало правило.Секако дека и јас СУМ ЗА,оние кој сакаат да продадат поголема цена од реалната да бидат предупредени,се согласувам со сите правила.Затоа реков на почетокот не ме разбирајте погрешно,никого ни сакам да нападнам ни мислам лошо,само она што го забележав сакав да добијам одговор од Модератор некој.Фала многу на образложението и времето одвоено.
 
igor_igor

poweruser
2 септември 2012
2.286
3.985
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-14400F + Deepcool AG400 V2 ARGB White
Motherboard
ASrock B760M-HDV/M.2 White
Storage
SSD Kingston NV1 500GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master V750 GOLD V2
RAM
2 x 16GB (32GB) Kingston HyperX FURY RGB 6000MHz DDR5
Video card
ASRock Phantom Gaming D RX 6800 16GB OC
Case
White Shark Bullet Gaming GCC-2303 White
Mouse
A4 X5 MAX Bloody Gaming Esports Stone Black
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
Cooler Master GM238-FFS 144hz IPS / AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 11 Pro
@DaVoRkNeОвде ситацијата е многу по различна од таму, чим си решил нештот да го огласиш овде, тоа значи дека истото ќе биде по фер цена, бидејќи имај на ум овде сите се ИТ писмени (најголемиот дел) и тие забелешки што ги имаш наведено со скриншот е донесена по рекција на членови кои се пожалија на цената.

Па баш дека сите се ИТ писмени на овој форум не гледам дека треба да им се советува или влијае на членовите по која цена да го продаваат хардверот.

Бидејќи сите се писмени никој нема да купи нешто што не е по реална цена во моментов.
Доколку некој стави некој хардвер по повисока цена од "реалната" би можел да го бампа или продава 2 години и никогаш да не го продаде, а има такви случаи секако.

Мислам дека имаше некои правила на форумов каде што пишуваше дека членот може да побара процена но исто така да стави и цена по сопствено убедување и дека никој не треба да коментира во огласите без дозвола на членот кој што го ставил огласот.

Спротивно на тоа сите коментираат, пишуваат што сакаат па и се расправаат со членовите и врв на тоа некој администратор заклучува оглас затоа што као не била соодветна цената.

Пред година дена имам земено Сафирка RX 580 4GB Nitro+ за 4к, сега тие ги продаваат по 6к и што треба сега да земеме да им ги заклучиме огласите на луѓето затоа што не е логично дека после 1 година наместо да се намалува цена оди нагоре ?

Остајте секој да си формира цена за која што мисли дека е во ред, остајте цената да ја формира слободниот пазар, понудата и побарувачката и доста со тие глупости мешање во огласи па макар биле и на ИТ.

Еве за мене има 2 или 3 члена кои што ставаат стварно нереални цени и никогаш не ги ни отварам тие огласи, ама не ми паднало на памет да им пишувам во оглас по која цена да продаваат. :)
 
Последна промена:

Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.495
Скопје
Не можам да ви опишам колку ми е мило што наидовте на разбирање, му објаснивте на членот, и он сега разбра и е задоволен од одговорите.
Фала многу на образложението и времето одвоено.
 
fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
Сите огласи со АПЛА повисока цена на која ќе изреагираат членовите ќе бидат, пред се сугерирано на огласувачот дека цената му е превисока да ја поправи (како што е во примерот што го наведе ти), доколку тоа не го сторат за да се заштитат членовте огласот ќе биде затворен/избришен.

Скроз се сложував со тоа ако цената е очигледно претерана, на продавачот да му се укаже тоа и да му се даде шанса да ја поправи. Ама ова што се направи денес во темава мислам дека е премногу. Океј беа муабетите дека цената е daylight robbery, ама не е океј да го смените префиксот во проценка и други членови да даваат цени кога продавачот има оформено цена. Ако цената е превисока и продавачот одбива да ја смени (што и гледам дека се случува во моментов), клуч на огласот како и досега и готово. Ама "скап си, еве ние ќе ти кажеме по која цена да продаваш", не е малку претерано?
 
nashio

lurker
14 јануари 2011
768
1.052
Radobor
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900X
Motherboard
X570 Pro4 ASROCK
Storage
Samsung PRO 980 NVMe, Samsung EVO Plus NVMe, Seagate Ironwolf
PSU
BE QUIET! STRAIGHT POWER 80 PLUS PLATINUM
RAM
64GB 3200MHz G.SKILL Ripjaws - V F4
Video card
NVIDIA GTX 1070ti Cerberus
Case
BeQuiet Pure Base 500
Mouse
MX Master 3
Keyboard
MX Keys
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Benq PD3220U
OS
Windows 10
У право си, многу е. Следниот таков оглас ќе биде дирекно заклучен без никакво образложение.

Нема замарање со глупости веќе

А зошто не направиме некоја стандардизација или каталогизација (како и да се вика тоа) на форумските огласи?
На пример:

- дел на старо не смее да биди поскап од 80%(или колку шо ќе решите) од најниската достапна цена за купување за истиот
- дел на ново(некористен) не смее да биди поскап од 80% од најниската достапна цена за купување за истиот

Процентиве се од памет, не знам како би оделе. Ама мислам дека е едноставно решение за сите случаи како погорниот.
И нормално, ова ќе значи да им се даде право на членовите да коментираат со проценка доколку одреден оглас е повисок од барањето на форумот.
 
hehexd

hello world
18 септември 2019
156
239
Скроз се сложував со тоа ако цената е очигледно претерана, на продавачот да му се укаже тоа и да му се даде шанса да ја поправи. Ама ова што се направи денес во темава мислам дека е премногу. Океј беа муабетите дека цената е daylight robbery, ама не е океј да го смените префиксот во проценка и други членови да даваат цени кога продавачот има оформено цена. Ако цената е превисока и продавачот одбива да ја смени (што и гледам дека се случува во моментов), клуч на огласот како и досега и готово. Ама "скап си, еве ние ќе ти кажеме по која цена да продаваш", не е малку претерано?
Не е доволно клуч на огласот и не заслужува клуч. Со самото стоење на темата заклучена а не избришана, пак постои можност некој да го види огласот и да купи, не знаејќи дека го пљачкаат.
Бришење на темата е лекот.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.180
Сметам дека Фаталити постапи мудро и ептен фер. Прво му даде шанса да корегира цена а потоа на барање на ОП ја заклучи темата. Има доволно информации што и како. А и правата на членот се реализирани.

Иако купи/продај е наше местенце за размена, сметам дека цените треба да се право на продавачот без да се мешаме освен ако не се бара проценка. Не би сакал за ова да се прави притисок.

Наше како заедница е да информираме како се проверува кои се тековните цени. Како луѓето да може сами да проверат и да бидат во тек. Ако некој се излаже нема да биде фер, ама па и никој нема да биде крив што не е информиран/а доволно.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Секој има право да бара онолку пари колку што мисли дека треба. Дали ќе добие, тоа е друго. Никој не треба ниту да го тера да намалува цена, ниту да бара заклучување или бришење на огласот.

За мене единствено прифатливо е да се коментира цената само доколку малопродажната цена на новиот производ е пониска од бараната и тоа само ако производот е на лагер.
Тотално е небитно колку коштало во Солун, на ибеј, во Дубаи, Охајо, Шангај или кај брачедот од швицарска што ги собира паднати од камион. Или колку пари било купено.

Секогаш тој што купува мисли дека многу дал, а тој што продава дека малку зел.
 
Комплетно ја промашуваш поентата на огласникот на форумов.
 
fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
Сметам дека Фаталити постапи мудро и ептен фер. Прво му даде шанса да корегира цена а потоа на барање на ОП ја заклучи темата. Има доволно информации што и како. А и правата на членот се реализирани.

Иако купи/продај е наше местенце за размена, сметам дека цените треба да се право на продавачот без да се мешаме освен ако не се бара проценка. Не би сакал за ова да се прави притисок.

Наше како заедница е да информираме како се проверува кои се тековните цени. Како луѓето да може сами да проверат и да бидат во тек. Ако некој се излаже нема да биде фер, ама па и никој нема да биде крив што не е информиран/а доволно.

Во неколкуте други огласи кај што реагирал Фаталити, баш така и постапи, и со тоа потполно ќе се сложам. Ама во конкретнава ситуација, стави префикс проценка, со што други членови почнаа да коментираат за цена. Ова е она кое мислам дека не е во ред.

Да не ме сфати погрешно @Fatal1ty_ , забелешката не ми беше за него. Ми беше за дечките кои си зедоа за право да коментираат со нивни проценки, кога Фаталити кажа дека проценката е за продавачот да оформи реална цена.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно