xenon
εικονοκλάστης
Мерачи има во логинг.
Го уклучив i feel ќе видиме што ќе се случи, а треба цело време да е уклучено?Сите клими исклучуваат, и инвертер и обичните, со тоа што инвертерите го прават тоа многу поретко и во случај кога испорачуваат поеќе топлина од што има потреба и при минимална работа.. пример ако температурата ја зададете 20-24 степени а надвор не е толку ладно, лесно ке постигне температура и дури и да работи на минимум испорачува топлина повеќе токолку што просторијата има загуби така да во тој случај инвертерот ке исклучи.
Друго температурата што ја задавате ако е без iFeel функција сензорот на климата е горе во горниот дел на просторијата, температурата таму може да е 27 степени а доле да не е ниту 23, за тоа iFeel е интересно бидејќи тие клими имаат сензор во далечинското и ако е пуштена таа функција постигнува температура према далечинското.
Претпоставувам реакцијата е за оваа реченица:
@Viki Dimovska колку што ја сватив и предложиле да ја стави на 24 и на 24 гаси а кога ке ја стави на повисока Т не и гаси, не верувам дека и рекол некој да не ја става на повисока од 24 степени. лошо си ја сватил.
Твојата клима има iFeel, вклучи го и провери дали ке имаш разлика.
Ви благодарам на исцрпниот одговор, неморавте. А за разговор на други теми имам со кого да разговарам,негрижете се.Врз основа на кои искуства?
Се имаш претходно греено на клима?
Потрошувачката секако ќе биде многу помала одошто греење со некоја греалка, панелна или друга. Климите се топлотни пумпи, а твојата е инвертер клима која може да се симне и до 400W на најнискиот мод на работа. Всушност мајсторијата е одбереш температура од 20с па нагоре, а климата ПОСТОЈАНО да работи на ~400W потрошувачка.
На писмените.
Пошто те интересира сето ова, и тоа доволно за да си правиш муабет по нет, еве еден предлог за тебе. Купи си мерач за потрошувачка на струја, како на пример како овој:
Anhoch PC Market Online - Power Consumption Meter Single Socket w/LCD display
Во Анхоч немаат на лагер, провери во Меркур (друг модел, и подобар и нешто поевтин), или во други продавници. Следи ја моменталната потрошувачка, и запишувај си неделна и месечна потрошувачка. Ќе се изненадиш колку малку струја трошат климите во однос на греалките.
Бонус: ќе ти биде уште поинтересно.![]()
3,5Kw е во мод ЛадењеДодатно прашање.
Зошто 12CH35AERI се смета за 3.5KW кога енергетската лепенка има 2.8kW на греење?
https://www.vivax.com/EasyEdit/User...aeri-gold-inv-381kw-energetska-naljepnica.jpg
Не штеди,неможе да спие на толку топлоЗошото на 21Ц навечер кога е ефтина струја?
Мене ми нема логика да штедам на ефтина струја.
Зошто толку негативно?Ви благодарам на исцрпниот одговор, неморавте. А за разговор на други теми имам со кого да разговарам,негрижете се.
Побитно е да даљинското биде поставено на некоја површина која нема да ја менува температурата на сензорот во далечинското. Значи далечинското треба да се постави на подлога-изолатор и да отворите кај сензорот дишат слободно воздух и мерат само воздух а да не бидат затнати отворите.Го уклучив i feel ќе видиме што ќе се случи, а треба цело време да е уклучено?
Па да ама да можеш со неделен тајмер да поставиш да се крене во 05ч на 25 степени ќе е океј.Не штеди,неможе да спие на толку топло
П.с веќе одговориле
Испратено од Redmi Note 2 преку IT.mk форум апликација
Мислам дека слаба ти е климата за одвај простор што го имаш.A чекај како климата знае дека ја постигнала зададената температура?
Јас задавам 25'C температура преку цела ден. Кога си легинам ја намалувам на 21'C и кога станувам од спиење ја кревам повторно на 25'C и така еве веќе 40 дена без престан.
- Кога е на 21'C го прави стандардниот циклус дува неколку минути па гаси ги крева перките во хоризонтална положба стои така одредено време па повторно ги спушта перките и прави издув.
Кога ќе ја постигне која температура? На мобилен имам апликација од климата. Работата на климата значително се намалува на 2-3 степени над зададената.
- Кога е на 25'C скоро па ми се чини никогаш не се исклучила. Само кога ќе ја постигне температурата се слуша дека потивко работи.
Значи има на апликацијата Indoor:27'C и климата скоро и да не се слуша како работи али работи. Не е исклучена и не се перките кренати на горе него има струење.
Реалноста е друга. На 4 метри од климата на дигитален термометар јас до ден денеска немам добиено температура поголема од 20,5'C!!!
И тука идеме до горе зададеното прашање:
Kако климата знае дека ја постигнала зададената температура?
Распределувањето на топлиот воздух не е рамномерно. Работата на климата се дефинира спрема амбиентот кој се наоѓа во радиус од 1-2 метри околу климата.
Фактите се дека климата го затоплува просторот меѓутоа до ден денес јас се немам стоплено а зимата сеуште не е ни асолно почната. Кој се причините и што да правам по ова прашање.
- Дали да ја работам на максимум 30'C?
- Дали просторот ми е предимензиониран?
- Дали климата е слаба?
- Дали незнам да ја ракувам?
- Дали е лошо монтирана?
- Дали немам добра изолација?
Податоци:
VIVAX 12CH35AERI
Простор за затоплвање ~30m2
Станбен објект: градба 2017, ПВЦ прозорци, 5cm стиропор фасада, поткровје, под мене не седи никој.
Пример: темп. зададена на клима 24 без ifeel на ниво на клима покажува 24 (термометар 24) додека со вклучено ifeel на клима дисплејот покажува 26 додека термометарот покажува 22.
20-23 степени е далеку од мраз, повеќе би рекол утрински свежичко. Сега некој ако е навикнат зимото да му е 27 сигуно за спиење нема 20 да ја остави ке ја качи на 23-24 на пример, тој што сака 22 преку ден навечер 18-20 пример. Во превод се работи за 3-4 степени разлика што не е ниту проблем од економска страна туку е повеќе комоција. Разликата во пари И да е понеекономично ( што немора да значи ) ке биде екстремно мала и занемарлива.Па да ама да можеш со неделен тајмер да поставиш да се крене во 05ч на 25 степени ќе е океј.
А вака кога ќе станеш ќе ти е мраз дома и ќе покачиш на 25ц и ќе се форсира климата цело сабајле, ќе работи со низок ЦОП и сето тоа на скапа струја.
Не ми делува како економичен тиј стил на работа, ама добро.
Термометарот кој ти е поставен покрај климата ти ја покажува температурата во тој дел од просторијата
За потрошувачката немам информации, затоа што намам мерач. Гледав на Gearbest, Fasttech и Ali, има еден куп модели од $9 - $15, не би знаел кој е најдобриот. Треба да се убедам дека ќе ми користи и за нешто друго, само за климата не би го купувал. Секако сметката од ЕВН е таа што се брои...
Супер ти есметката за струја..Ако можеш да кажеш тие 32квадрати што ги грееш дали се во стан,(нова градба,под тебе над тебе има некој,се греат тие?) Пиша дека ќе ја користиш додека не се одлучиш за парно, да не има вертикали од парно кои поминуваат во станот(ако седиш во стан)..Ако си во куќа тогаш треба да имаш супер изолација, штом имаш толку малку потрошено...Со постар модел од ти што го имаш Вивакс Аеци,јас не бев задоволен во најладните месеци,скоро иста квадратура зборувам за простор во куќа,можеби јас имам поголеми загуби од тебе?!Затоа прашувам..Здраво дечки, морам да споделам искуство со VIVAX 12CH35AERI. Позитивните критики на форумов беа клучни во избор на инвертер. Ја ставивме во август месец од кога поминаа страшните жештини така да не можам да кажам за ладењето ништо зашто на ладење се на се беше 10пати пуштена. Али и тие 10 пати се смрзнавмеА сега за греењево е топ и со потрошувачка и со затоплување. Како што пишав пред некое време тука, нон стоп ни е пуштена дома кога не сме дома на 18, а кога ќе дојдеме 23-26. Дневната со кујната заедно се околу 32 квадрати. Некогаш отвараме и врата за ходникот да се затопли и таман е секаде. Сметката за струја летово ни доаѓаше околу 1200-1300, за ноември одвај ја чекав и денес гледам 1887. Не може подобро, очекував 2500. Така да топло ја препорачувам климава за сите што се мислат, за таа цена е авион.
После ЕВН нечинеле, на 1ви во месецот сметка носат...
Што значи си во отчитувачка група од тие што врват на сред месец.
Што значи сметката е за пола Октомври пола Ноември
Што значи сметката е за периодот кога не беше застудено
Станот е на таканаречено поткровје нема стан околу значи само нашиот е и цевките за парно се пресечени пред врата не поминуваат во стан. Стара градба е ѕидовите се сипурекс со стаклена волна изолација колку што знам а од надвор се тие азбестни плочи што ги има низ цело Ново Лисиче.Супер ти есметката за струја..Ако можеш да кажеш тие 32квадрати што ги грееш дали се во стан,(нова градба,под тебе над тебе има некој,се греат тие?) Пиша дека ќе ја користиш додека не се одлучиш за парно, да не има вертикали од парно кои поминуваат во станот(ако седиш во стан)..Ако си во куќа тогаш треба да имаш супер изолација, штом имаш толку малку потрошено...Со постар модел од ти што го имаш Вивакс Аеци,јас не бев задоволен во најладните месеци,скоро иста квадратура зборувам за простор во куќа,можеби јас имам поголеми загуби од тебе?!Затоа прашувам..
Поздрав
FLASHLIGHT EXTRALINK, EFL-1008 FREYA 10W LED 200LM BATTERY
610,00 ден
COOLERS CASE FAN 120mm ARCTIC F12 PWM, 5-pack, 1350 RPM BLACK, ACFAN00145A
2.310,00 ден
PROJECTOR LASER LED EXTRALINK ASTRONAUT - GWIAZD 03
890,00 ден
PASTE THERMAL ARCTIC ULTIMATE PerformanceMX-7 (8g) TC: 4.2 W / mk ACTCP00091A
610,00 ден
CE SMART EXTRALINK HOME C1 COFFEE SCALE, LED Display, Timer up to 100min, 0.1g precision, Max 3kg, Black, EX.32266
1.130,00 ден
CPU INTEL i7-14700 max turbo 5,4GHz, 20 CORE, 33MB s.1700 TRAY
24.570,00 ден