Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

Goran333

hello world
19 август 2022
106
117
Друга работа што не ми се допаѓа е далинското, некако ми е нешто баш "старо"
Баш напротив, твојата HR изгледа е малку понова и има подобро дајлинско.
Старото дајлинско е ептен грдо.
Дури и модовите на кои климата работи (ладење, одвалжнување, греење...) беа изгравирани на пластиката а на екранчето има стрелка само.
Ете за споредба старо и ново.

Screenshot_20251228_145735_Chrome.jpg
20251225_192756.jpg
 
џонидерп

hello world
16 јуни 2019
130
71
Ја имам климава од летово, нова е, ја користев месец-два за ладење и сега зимава почна често да прави dF, на 45-60 мин. Колку (и дали) ова е нормално? На 20 степени е генерално ставена.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.286
2.714
Ја имам климава од летово, нова е, ја користев месец-два за ладење и сега зимава почна често да прави dF, на 45-60 мин. Колку (и дали) ова е нормално? На 20 степени е генерално ставена.

Толку и е капацитетот. Оваа ко што гледам е слаб модел, требало да земеш некоја посолидна до кај 30к за да не прави дефрости толку на овие температури.
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.166
3.219
Струмица
Ја имам климава од летово, нова е, ја користев месец-два за ладење и сега зимава почна често да прави dF, на 45-60 мин. Колку (и дали) ова е нормално? На 20 степени е генерално ставена.
Зависи од надворешните услови пред сѐ. Ако има кај тебе магла или голема влажност, климата ќе прави често дефрост. Ако ти работела во лето без проблем, ќе ти работи и зиме.
Не знам како издржуваш да се грееш со 20Ц на овие температури под нулата. На сите клими им паѓа ефикасноста кога е под нулата. Пробај стави ја на 24Ц, ако ти е Ауто смени во мод Греење, и фан на 2 брзини ако е 3 макс.

Инфо во врска со SCOP (коефициентот за греење) https://share.google/aimode/DK2JHhbcPLGgKa9oU
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
637
359
Ја имам климава од летово, нова е, ја користев месец-два за ладење и сега зимава почна често да прави dF, на 45-60 мин. Колку (и дали) ова е нормално? На 20 степени е генерално ставена.

Стави слики од внатрешната и надворешната единица Како се монтирани дали правилно.

Има ли 3 метри бакарни цевки од внатрешната до надворешната единица колку m2 топлиш со климата ?

Дали внатрешната единица е 10cm оддалечена од плафонот каде што е климата Стан или Куќа имаш изолација или не ? Ова се битни прашања за греење со клима уред

Инаку совет исклучија климата од далечинското после од стекер ( ова е рестарт ) и исчисти ги филтрите со млака вода и шампон после 10-тина минути врати ги филтрите во климата вклучија во штекер стисни на далечинското MODE на HEAT па на дугмето вентилатор 100% фан и стави ја на 26°C кога си дома и на 22°C кога си на работа но не ја гаси нека работи нон-стоп 24/7
 
null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.047
1.133
Куманово
Ја имам климава од летово, нова е, ја користев месец-два за ладење и сега зимава почна често да прави dF, на 45-60 мин. Колку (и дали) ова е нормално? На 20 степени е генерално ставена.
Зачестеноста на dF е заради кондензација на влагата која замрзнува на изменувачот. Ќе приметиш натаму дека некои ладни денови нема да има ниту еден dF.

Вреди да се провери како е спроведено цревото за одвод од внатрешната единица, често знаат монтерите да го треснат во тацната надвор до изменувачот и тоа замрзнува, како санта лед се прави.
 
xyz11

read-only
23 јануари 2026
2
0
Здраво на сите,

На инвертерот којшто моментално е на користење (Vivax ACP-18CH50AEQI/I), му дојде време за замена и би сакал совет од вас за конкретни модели.

Стан најгоре во зграда (дуплекс, климата е за долниот дел), долен дел ~60-65м2 (дневна + трпезарија + кујна како еден голем салон ~40-45м2, засебна спална, мал ходник и тоалет), ориентација север, мал дел запад, постара зграда без надворешна изолација, внатрешна изолација нема, цела северна страна (спална, дневна, трпезарија) е со нови трослојни пвц прозори од таван до под (француски балкон или како и да е точниот термин). Локација Скопје.

Горниот дел не се грее, во спална нема клима (евентуално со отворена врата влага топло/ладно, еден заеднички зид со комшии, комшиите под станот се греат. Стандардна висина на ѕидови, ѕидовите претежно од цигла (нема гипс картон,стиропор и слично).

Би сакал предлози за конкретни модели на клими со коишто ќе може да се грее/лади. Буџет ~50 000 мкд.

Благодарам однапред!
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.291

Парно на пелети. Тебе 4 клими не те раскрстуваат

Или пак топлотна пумпа.
Теоретски шанси нема да стоплиш толкава кубатура. Цел топол воздух ќе оди горе
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.720
3.393
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Другари не ја користев многу климава, ама приметив дека двете цевки не се добро изолирани, и таа изолација што ја имаат од времето почнала да се рони. Онаа цевка што ја гледате соголена претходно не беше така. Ова го приметив пред некоја недела, ама пошто не сум во стан и не ми беше приоритет.

Во план сум сам да го средам ова, па сакам да прашам да не има нешто на што треба да внимавам?

1769246935794.png
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.569
3.208
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Имам позитивно искуство со клими мк одлично монтираат мене ми монтирале и сум презадоволен така да ти ги препорачувам од искуство можеш и телефонски да порачаш плаќањето е при достава кога ќе ти ја достават климата

( кога ќе ја монтираат сподели фотографии од внатрешната надворешната единица и далечинското )
Сепак земав Hisense DJ35LE за 26.000 од Нептун плус монтирање 6.400.
Еве и слики да не ја мислиш :) Другите морам со линк затоа што не дава форумов.
Други слики
 
Атачменти

  • 20260124_114710.jpg
    20260124_114710.jpg
    1,2 MB · Прегледи: 35
Последна промена:

xyz11

read-only
23 јануари 2026
2
0
Парно на пелети. Тебе 4 клими не те раскрстуваат

Или пак топлотна пумпа.
Теоретски шанси нема да стоплиш толкава кубатура. Цел топол воздух ќе оди горе
Нема големи топлотни загуби поради висината (дуплексот) затоа што скалите што водат кон горниот спрат се на друг дел од станот од каде што е климата и е мал дел каде што има "поголема" висина од стандардната (само кај што се скалите околу 1-2м2). Тековнава Vivax клима ок се покажа низ годиниве од поглед на греење, не е топло топло ама е сосема во ред како за таков стан. Сега веќе се расипа и барам некоја нова. Претходно се греевме на парно на струја и беше изгор скапо а не беше којзнае колку потопло отколку со клима.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
637
359
Другари не ја користев многу климава, ама приметив дека двете цевки не се добро изолирани, и таа изолација што ја имаат од времето почнала да се рони. Онаа цевка што ја гледате соголена претходно не беше така. Ова го приметив пред некоја недела, ама пошто не сум во стан и не ми беше приоритет.

Во план сум сам да го средам ова, па сакам да прашам да не има нешто на што треба да внимавам?

Погледнете го атачментот 157973

005000.jpg

Купи ваква бандаж трака има во кар бох и полека изолиран ја цевката

Нема големи топлотни загуби поради висината (дуплексот) затоа што скалите што водат кон горниот спрат се на друг дел од станот од каде што е климата и е мал дел каде што има "поголема" висина од стандардната (само кај што се скалите околу 1-2м2). Тековнава Vivax клима ок се покажа низ годиниве од поглед на греење, не е топло топло ама е сосема во ред како за таков стан. Сега веќе се расипа и барам некоја нова. Претходно се греевме на парно на струја и беше изгор скапо а не беше којзнае колку потопло отколку со клима.

Земи еден од овие модели

1. VIVAX ACP-18CH50AERI+ R32 по супер цена од 41.990 ден.

2. HAIER TUNDRA PLUS AS50TDDHRA-THC/1U50MEMFRA-C по супер цена од 44.990 ден.

3. TESLA ADVANCE TT51TP81-1832IHWT по супер цена од 41.990 ден.
 
Последна промена:

boksata

Fast & Curious
27 декември 2017
576
944
Здраво дечки, ми треба помош околу следното прашање:

Просторот е 45-47 квадрати (дневна, трпезарија и кујна, споени, отворени) во куќа без изолација.
Дали е подобро да се стави 7.5kw клима наместо 5.5kw? Дали има downsides?

Исто така, веќе имам поставено една Vivax AERI 3.5kw. Ако на другиот крај поставам уште една таква, дали ќе го има истиот ефект како да ја извадам веќе постоечката и да ставам нова, појака?
 
Наместо да ставаш 5.5kw стави на другиот крај од просторот уште една 3.5kw АЕРИ+

WestCost

read-only
16 мај 2008
20
41
Како и секогаш, благодарам. :)
Баш напротив, твојата HR изгледа е малку понова и има подобро дајлинско.
Старото дајлинско е ептен грдо.
Дури и модовите на кои климата работи (ладење, одвалжнување, греење...) беа изгравирани на пластиката а на екранчето има стрелка само.
Ете за споредба старо и ново.
Ако се спореди со тоа, да — ова изгледа многу подобро. Јас споредував со далечинското што го имам за MDV: поголеми бројки, backlight и „follow me“,...

По поминати нешто повеќе од еден месец користење, еве кратка рецензија, доколку некому му е од интерес.

Климата работеше континуирано без никакви технички проблеми. Немаше поплаки од лицето што престојува во собата – единствено беше потребно благо намалување на температурата, бидејќи почетната поставка беше висока.

Од моја страна има забелешка во врска со MelCloud Home апликацијата. И покрај тоа што испратив неколку е-мејлови и bug reports директно од апликацијата, проблемите сè уште не се решени. Официјалниот канал ме упати да стапам во контакт со ENERGY NET ELECTRIC DOO SKOPJE и Energo Sistem D.O.O како официјални претставници во Македонија, но од нив до денес немам никаков одговор.
Во моментов апликацијата сè уште не е достапна за нас во Македонија, а статистиката за потрошена енергија преку веб-страницата не функционира. Единствено што беше средено од "централата" е schedule листата – претходно имаше проблем каде што повремено се бришеше сама од себе, но со новата верзија изгледа дека тоа е решено.
Исто, во период од 2–3 дена, климата по околу еден час беше offline од интернет, иако домашната интернет конекција во тој период функционираше нормално. Освен тоа, немам други забелешки.

Што се однесува до потрошувачката на електрична енергија, според мерењата со Tapo P110, за јануари таа не би требало да надмине 1000 денари.
Screenshot_20260130-211208_Tapo.jpg Screenshot_20260130-211639_Tapo.jpg
Начин на пресметка:
  • Секој ден од 07:00 до 13:00 и од 15:00 до 22:00 – висока тарифа
  • Секој ден од 13:00 до 15:00 и од 22:00 до 07:00 – ниска тарифа
* Недела не е пресметана како цел ден со ниска тарифа; високата тарифа е пресметана како блок 1.

Цена по kWh:
  • Висока тарифа: 7,9547 ден (4,7074 ден блок 1 + 2,0339 ден за пренос и дистрибуција + 18% ДДВ)
  • Ниска тарифа: 4,9834 ден (2,1893 ден база + 2,0339 ден за пренос и дистрибуција + 18% ДДВ)
* Цените се според новиот ценовник што е во сила од 01.01.2026.

Споредба на податоците од P110 за потрошувачка на струја со временските податоци од open-meteo.com.
EnergyWeather.png
Прикачувам и статистиката од MelCloud Home.
Мерењето на струја за периодот 05–11 јануари е неточно (имаше некаков glitch), а и schedule-от е -1 час од нашето време. MELCloud.png

Не знам што повеќе да кажам, само големо благодарам на сите за помошта!

До следниот пост, сè најубаво!
 
Последна промена:

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Колку може да му се верува на мерењето на потрошувачката преку MELCloud, или да ставам Shelly 1 PM на штекер и да мерам? Би сакал да знам каква потрошувачка има климата.

@WestCost се убаво, али околу точноста на MELCloud, кај мене надмашува со некои ~10%.
Јас ја користам старта MELCloud апликација, не MELCloud Home.

Ако сакаш попрецизно стај си Shelly!
Е де и Tapo брка работа :)

IMG_1139.PNG Screenshot 2026-02-01 at 11.24.07 PM.png
 
Goran333

hello world
19 август 2022
106
117
@WestCost се убаво, али околу точноста на MELCloud, кај мене надмашува со некои ~10%.
Јас ја користам старта MELCloud апликација, не MELCloud Home.

Ако сакаш попрецизно стај си Shelly!
Е де и Tapo брка работа :)

Погледнете го атачментот 158287 Погледнете го атачментот 158288

Значи Shelly малецко минијатурно што стои позади штекерот, такво имаш?
Ова било најново. Што викаш добро ли е?
Screenshot_20260201_171807_Chrome.jpg
Има и видео како се инсталира

View: https://m.youtube.com/watch?v=2vpwRBVTMu4&pp=ygUdc2hlbGx5IG1pbmkgZ2VuMyBpbnN0YWxsYXRpb24%3D

Ќе пробам да порачам преку пријатели што се враќаат во Македонија. Барем две вакви. Интересно изгледа.

Исто оние другите мерачи што се со дисплеј, ги користиш на твоите видеа, дали имаат бекап батерија? Пример снемува струја дали ќе зачува во меморија оние потрошени kWh до тогаш или ќе се ресетира?

Стварно интересно е да си знаеш за цела грејна сезона колку климата потрошила.

И кај мене ваљда Onecta надмашува. Новата клима има Energy Consumption и Thermal output. Значи колку струја потрошила и колку топлина предала.
Вика за Јануари
потрошено 220.3kWh
предадено 786.2kWh

COP = 786.2 / 220.3 = 3.57
Слабо

Messenger_creation_6A2FA168-6E42-4D97-BD34-73AA4D564214.jpeg

Messenger_creation_701BD7D7-DC1C-4F5B-B368-C19B94D62D29.jpeg
 
Последна промена:

boksata

Fast & Curious
27 декември 2017
576
944
Наместо да ставаш 5.5kw стави на другиот крај од просторот уште една 3.5kw АЕРИ+

Помеѓу Vivax Aeri и Midea Extreme Lite Nordic, која е подобра?
И двете гледам дека се со греачи на надворешната единица и имаат слична цена.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Значи Shelly малецко минијатурно што стои позади штекерот, такво имаш?
Ова било најново. Што викаш добро ли е?
Такво слично имам да, само што ова најмалецкото е само за мерење, нема он-офф реле за да го палиш гасиш напојувањето.
Моето конкретно на климата е ShellyPlus1PM и ми е врзано директно од дозна да носи напон, без утикач и не се гледаат никакви кабли и штекери на ѕидовите.
Али и ова треба да е сосема океј..... ако ти треба само за мерењето.
Можиш да ги следиш од мобилната апликација или од веб апликацијата на компјутер.
Ако си ентузијаст има добра интеграција за HomeAssistant.... па таму можиш да собираш вредности за потрошувачка по интервал од 1 секунда и да генерираш доста попрецизни Grafana графици какви што имам јас споделувано тука.....

Ќе пробам да порачам преку пријатели што се враќаат во Македонија. Барем две вакви. Интересно изгледа.
Можеш да си нарачаш од официјланиот сајт, за 1-2 парчиња испораката ќе ти биди 3-4 еур и ти стига по пошта за месец дена отприлика.
Сум порачувал и по 6-7 парчиња испораката не била над 7еур никогаш до сега.

Исто оние другите мерачи што се со дисплеј, ги користиш на твоите видеа, дали имаат бекап батерија? Пример снемува струја дали ќе зачува во меморија оние потрошени kWh до тогаш или ќе се ресетира?
Имам еден таков обичен што оди во шуко измеѓу ѕидот и уредот што го мериш, чинам имаше батерија додека беше нов чуваше меморија неколку дена, сега веројатно е истрошена и штом снема струја се ресетира.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
637
359
Помеѓу Vivax Aeri и Midea Extreme Lite Nordic, која е подобра?
И двете гледам дека се со греачи на надворешната единица и имаат слична цена.

Vivax поради подобра сервисна подршка недај боже да ти затреба сервис Midea Setec се ужас така да јас ти препорачувам Vivax
 
boksata

Fast & Curious
27 декември 2017
576
944
За да ја уважат гаранцијата треба и нивни официјални монтери да ја монтираат?

Исто сега видов дека Капацитет на греење и ладење се најверојатно грешни на климатизер мк страната, копирани од 3.5kw клима.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
637
359
За да ја уважат гаранцијата треба и нивни официјални монтери да ја монтираат?

Исто сега видов дека Капацитет на греење и ладење се најверојатно грешни на климатизер мк страната, копирани од 3.5kw клима.

За важност на гаранција треба овластен монтер кога ја купуваш климата ти кажуваат кој им се овластени монтери за било кој бренд.Vivax AERI+ е одлична и докажана клима
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.291
Дека на хартија Мидеата е малку послаба во Капацитет на греење/ладење, иако другите specs се исти (BTU, SEER, SCOP).
Немам познавање доволно, па само се премислувам :D

Погледнете го атачментот 158309
Заборави ги хартиите од трговците. За ова постои Eurovent

Додека немаше Midea и јас препорачував Vivax. Сега откако има Midea и нивните клими се 99,9% тестирани на Eurovent не препорачувам Trust me bro клими.

И јапонска да биде нема да ја препорачувам. Хартијата трпи се

Имаш клон од Мидеа и Мидеа. Што би зел?
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

ит маркет

На врв Дно