Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

klima fan

lurker
14 јуни 2021
642
359
Mitsubishi Electrictric мултисплит со 2 парапетни единици. Знам дека има добар проток на воздух, меѓутоа мислам дека имам прочитано на темава дека може сонцето некако да и наштети?! @FLEGMA
Мнoгу пoдoбo е климaтa ( нaдвoрешнaтa единица ) дa е мoнтирaнa нa oтвoрен прoстoр и кoлку пoмaлку е зaтвoренa тoлку пoдoбрo

Oднoснo не и требaaт никaкви нaстрешници прегрaди и слични препреки кoј ќе пoпречaт при нoрмaлнaтa рaбoтa нa билo кoј климaтизер.
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.747
15.838
youtu.be
А дали ако ја пече сонце ќе влијае во намалување на капацитетот на ладење!?
Пример ако компресорот е монтиран на позиција каде од пладне до навечер е сенка, дали ќе има поголема ефектива на ладење!
Или сето ова нема врска. :)
Инаку се согласувам за добрата циркулација на воздух.
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.370
Се работи за локација Охрид, така да не би требало да има прејако сонце, али сепак да не ја уништи пластиката или па дали ќе влијае врз перфомансите?
 

klima fan

lurker
14 јуни 2021
642
359
Секoј климатизер е дoбрo дa е мoнтирaн нa сoнце дoкoлку тoa е вoзмoзнo ( зa вo зимa при греење дa имa придoбивки климaтa ) лaдењетo не е прoблем секoјa климa мoже дa гo излaди квалитетнo прoстoрoт вo кoј штo климата се кoристи

Мнoгу пoбитнo oд тoa дaли климaтa е мoнтирaнa нa сoнце или сенкa е климата дa биде сo сooдветнa јaчинa предвиденa вo прoстoрoт вo кoј се кoристи 2.5 кв,3.5 кв,5.5 кв и 7кв Зaвиси oд гoлеминaтa нa прoстoрoт кoј се Лaди и Тoпли сo клима.

А дали ако ја пече сонце ќе влијае во намалување на капацитетот на ладење!?
Пример ако компресорот е монтиран на позиција каде од пладне до навечер е сенка, дали ќе има поголема ефектива на ладење!
Или сето ова нема врска. :)
Инаку се согласувам за добрата циркулација на воздух.


Се работи за локација Охрид, така да не би требало да има прејако сонце, али сепак да не ја уништи пластиката или па дали ќе влијае врз перфомансите?
Нoвите климaтизери имaaт пoквaлитетнa плaстикa тaкa дa немa гaјле плaстикaтa oд сoнце.
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.747
15.838
youtu.be
Сакаш да кажеш дека и да е на сонце таа сепак ќе испорачува ~4 степена на внатрешната единица како и во сенка!
 

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
380
549
Mitsubishi Electrictric мултисплит со 2 парапетни единици. Знам дека има добар проток на воздух, меѓутоа мислам дека имам прочитано на темава дека може сонцето некако да и наштети?! @FLEGMA
Да и наштети не верувам... бар 10тина години не би требало да има мака квалитетен модел како твојот.
Башка тоа колку од деловите изложени на сонце на надворешната единица кај Мицу се пластични?

А дали ако ја пече сонце ќе влијае во намалување на капацитетот на ладење!?
Пример ако компресорот е монтиран на позиција каде од пладне до навечер е сенка, дали ќе има поголема ефектива на ладење!
Или сето ова нема врска. :)
Инаку се согласувам за добрата циркулација на воздух.

Е околу ефикасноста сигурно има разлика.
Како за греењето.... така и за ладење коефициентот на ефикасноста се мери според надворешна температура.... и нормално колку е пожешко надвор тој коефициент е помал.
Во ладни предели каде климата повеќе се користи за греење подобро е надворешната едициница да е поставена директно на сонце.
При ладење пак е обратно.... сигурно на климата ќе и биде полесно да ја прави размената на топлината кога е под сенка отколку кога ја грее директно сонце.
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.370
Значи ок е вака. Пошто и настрешница е проблем, би дошла високо малце, а планирам на тој дел од терасата саксии со цвеќиња да си ставам некогаш. Со оглед на тоа што е локација Охрид, ваљда подобро е што е на сонце ставена.
Па пластика е веројатно тој капакот горе, и лево кај излезите за бакарните цевки капакот и тој е мислам пластика.
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.747
15.838
youtu.be
Е околу ефикасноста сигурно има разлика.
Тоа и ми беше муабетот, мора да има разлика околу ефикасноста на ладење/греење во поглед на тоа дали е компресорот во сенка или е директно изложен на сонце.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.590
19.309
Mitsubishi Electrictric мултисплит со 2 парапетни единици. Знам дека има добар проток на воздух, меѓутоа мислам дека имам прочитано на темава дека може сонцето некако да и наштети?! @FLEGMA
Не може да и наштети сонце. Идеално е да е некаде под настрешница ама секаде не е изведливо.

Настрешници се местат за да се заштитат во зимо од снегот кој останува горе па кога може целосно да ја обвие со мраз.
Сондата која мери надворешна температура често е монтирана на место на кое е изложена на ветар и сонце па тоа по-малку ја тера да работи со поголем капацитет од потребното ама често тоа е внесено како температурна компеензација.

Ветерот е друга приказна. Ако е изложена на силен ветер од предна страна тоа знае драстично да и го намали капацитетот. Mitsubishi (и Daikin, AUX..) имаат специјални штитници за ова кои се монтираат на местото од заштитната решетка.
Ама ова е за случаи каде што постојат константни ветрови од ист правец скоро секој ден. На пример на покрив на високо катница или сл.

Идеална позиција е на југ под тераса ама секаде не е можно ова.
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Дали треба да се стави настрешница на надворешната единица? Сонце ја пече секој ден од 12 до 20 скоро. Над неа има мала настрешница од самата зграда, при снег можам и со рака да го тргнам али сонцето, има ли некое чаре? Монтерот ми викаше нема гајле вака, гледам и останатите клими на зградава се поставени на сонце.

Секако дека е подобро да има настрешница. Под сенка ако е 40 степени ,на сонце може да биде 60 степени. Како и е полесно на климата да лади? Ќе троши многу повеќе на сонце.
Снегот во зима е катастрофа за греењето. Пак треба настрешница.
Настрешницата не го намалува протокот на воздух.
Единствено не чини во зима, кога е чисто и сончево, па го спречува сонцето да ја загрева надворешната единица, со што би имал поголем цоп.
Ако можеш стави дефинитивно.
 

Arkturus

hello world
17 јануари 2013
369
279
Може да има проблем со стабилност или со вибрации ако држачот на надворешната единица е ставен на блокови а не врз носач или бетон?
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.281
2.370
Секако дека е подобро да има настрешница. Под сенка ако е 40 степени ,на сонце може да биде 60 степени. Како и е полесно на климата да лади? Ќе троши многу повеќе на сонце.
Снегот во зима е катастрофа за греењето. Пак треба настрешница.
Настрешницата не го намалува протокот на воздух.
Единствено не чини во зима, кога е чисто и сончево, па го спречува сонцето да ја загрева надворешната единица, со што би имал поголем цоп.
Ако можеш стави дефинитивно.
Во Охрид нема 60 степени на сонце али да, ти ја разбирам поентата, плус на дофат на рака ми е надворешната, можам многу лесно да ја исчистам од снег. Ќе видам ако може да се изведи нешто а да не ми смета на тераса ќе ставам, ако не ништо нека си остане вака, секако парапетните се ставени повеќе за греење него ли за ладење.
 

Torlakian

hello world
21 октомври 2014
324
372
Куманово
Дајте совет

Што ќе троши помалку струја за греење на 18м2 простор, во стара куќа нема изолација, клима некоја или термо печка или можеби некој вид греалка?
Термо 3kW ќе се полни 4-5 часа на евтина струја, а клима неам појма колку часа ќе дува во денот 12 и колку би потрошила?

Дали е ова најевтина клима кај нас 9500 денари Midea MSAFBU-07HRDNX-QRD0GW SMART или е само еден дел од клима?

Која е најевтина клима што би ја препорачале за овој простор макс 20000 денари?
 
Последна промена:

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.032
1.845
Скопје
Дајте совет

Што ќе троши помалку струја за греење на 18м2 простор, во стара куќа нема изолација, клима некоја или термо печка или можеби некој вид греалка?
Термо 3kW ќе се полни 4-5 часа на евтина струја, а клима неам појма колку часа ќе дува во денот 12 и колку би потрошила?

Дали е ова најевтина клима кај нас 9500 денари Midea MSAFBU-07HRDNX-QRD0GW SMART или е само еден дел од клима?

Која е најевтина клима што би ја препорачале за овој простор макс 20000 денари?
термо 3kw всушност толку и троши .. значи 5 * 3 = 15kw .. а клима декларирана да грее 3.5КW троши (највеќе) 1КW .. значи 15 саати на максимум да работи за да ти потроши колку термото (инвертер ако успее да загрее ова ќе е уште поефикасно нели .. сепак зависи од излоција/прозори и сл). Башка термо ако е слаба изолација ќе го издуваш одма после ќе треба и на скапа да грее.

Со клима само нели минус е што дува цело време ако е мал простор ќе е повеќе осетно ова .. колку и да намали вентилатор пак ќе дува малце.

п.с. рачунај на цената на климата плус 3-4000 мкд за монтажа што не ти е вклучена во цената на сајт/продавница
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.590
19.309
Дајте совет

Што ќе троши помалку струја за греење на 18м2 простор, во стара куќа нема изолација, клима некоја или термо печка или можеби некој вид греалка?
Термо 3kW ќе се полни 4-5 часа на евтина струја, а клима неам појма колку часа ќе дува во денот 12 и колку би потрошила?

Дали е ова најевтина клима кај нас 9500 денари Midea MSAFBU-07HRDNX-QRD0GW SMART или е само еден дел од клима?

Која е најевтина клима што би ја препорачале за овој простор макс 20000 денари?
Удри ја математиката.
Печката ќе ја полниш два пати дневно во многу ладно време. Од 22:00 до 6/7 наутро = 8 часа евтина x цената = xxxx
Плус 2 часа дење од 14 до 16 = 10 x 3кW = 30 kW дневно

3,5-ка клима троши од 350 во погодни временски услови до максимално 1200W на -10 и оваа математика мораш да ја поминеш пешки.
На пример до кај +5 надворешна имаш 0,35 kW x 24 = 8,4 kW дневно
0,6 kW x 24 = 14,4
(најцрно сценарио со 24 часовни температури под -7 со потрошувачка од 1200W) = 28,8 kW

Ако во оваа математика ставиме дека крај на септември, октомври и понекогаш цел ноември можеби нема да имаш потреба климата да ја работиш 24 часа математиката ќе ти испадне барем за 2/3 помала од печката.

Климата од линкот ти е супер. Исто така ако можеш да ја најдеш Vivax AEMI.
Печката на многу минус температури. Ќе и помогне на климата да си ја постигнува ефикасноста а тебе ќе ти биде топло.
 

klima fan

lurker
14 јуни 2021
642
359
Дајте совет

Што ќе троши помалку струја за греење на 18м2 простор, во стара куќа нема изолација, клима некоја или термо печка или можеби некој вид греалка?
Термо 3kW ќе се полни 4-5 часа на евтина струја, а клима неам појма колку часа ќе дува во денот 12 и колку би потрошила?

Дали е ова најевтина клима кај нас 9500 денари Midea MSAFBU-07HRDNX-QRD0GW SMART или е само еден дел од клима?

Која е најевтина клима што би ја препорачале за овој простор макс 20000 денари?
Oвaa Мидеa клима штo си пoстaвил линк е сaмo внaтрешнa единицa oднoснo без нaдвoрешнaтa единица и е кoмпaктибилнa зa мулти сплит систем еден кoмoресoр нaдвoрешнaтa единица и 2 внaтрешни единици


Oд клими мoј сoвет ти 3.5кв е или Вивaкс Аеми или Хaиер Тундрa


 

Trajcheve

read-only
7 мај 2021
10
1
Ако сакаш да спиеш на топло би играл една 2.5KW во спална и една во детска, по потреба да контролираш кога ќе се затворат врати, и една 3.5KW ако имаш место одма над влезна, ако не во дневна. Дневната ќе си фура 24/7.
Ако не ти е битна спалната оди со двете, па ако ти се присака можеш да ја загреваш спалната со 2-2.5KW панелен конвектор Atlantic. За ладење ќе мора вратата подотворена да е во овој случај. :)
Бидејќи спалната и детската ти се на иста страна, можно е и сценарио со мулти сплит од таа страна, една надворешна единица и две внатрешни.

Според буџетот на средина, би гледал Вивакс AERI.
Благодарам
 

Torlakian

hello world
21 октомври 2014
324
372
Куманово
Печката ќе ја полниш два пати дневно во многу ладно време. Од 22:00 до 6/7 наутро = 8 часа евтина x цената = xxxx
Плус 2 часа дење од 14 до 16 = 10 x 3кW = 30 kW дневно
за овој простор 5 часа полнење е доволно, што значи дека ќе ми потроши 3kW х 5h = 15kW x 3 денари евтина = 45 денари на ден

Ако е 5 часа доволно за термо, колку часа би требало климата да дува? Јас мислев да ја гасам ако загрее или треба константно да работи?
Не се сеќавам колку ниско одеа температури во зима, не можам да израчунам колку ќе потроши клима, многу голема разлика од 350W do 1200W

Еве просек дека ќе троши 0.77kw, да работи 12 часа на ден 10 скапа + 2 евтина
10 x 0.77 x 6 = 46
2 x 0.77 x 3 = 4.6
50 денари на ден, значи поскапо од термо? Реално е ова сценарио/математика или си нема врска оваа логика?
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.590
19.309
Реално е ова сценарио/математика или си нема врска оваа логика?
Оние пресметки погоре ти беа за 24 часовна работа. Нормаллно дека во септември октомври и понекогаш до средината на ноември нема да има потреба да работи 24 часа.

24 часа работа пожелно е кога температурата почне да паѓа под +7 или на +7, како сакаш.

5 часа полнење во соба од 18 квадрати без изолација и дрвена дограма? Ти си знаеш
Како и да се свртиш климата е поисплатлива од термо печка за таа соба.

Сосем друга е математиката колку години ќе плаќаш струја со тие 20.000 за таа соба.
Тоа е друга математика. Треба да си видиш после колку време ќе ти се исплати климата
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.536
2.989
Провери на зелено пазарче (не е сарказам).
Види на тезгите кај шо продаваат универзални дајлински за ТВ и други тракатанци.
Скрос исто веројатно нема да најдиш, ама компатибилно можеби...

Испратено од телефоно.
 

klima fan

lurker
14 јуни 2021
642
359
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно