lynx
poweruser
- 4 септември 2008
- 3.722
- 3.573
Значи преку овакво ми е од такви квази стручњаци себичњаци кои „не даваат занает“
Зошто да не каже? Па тоа е супер гест за здравјето на луѓето - никој нема да му ја земе работата. Темелното чистење на внатрешната единица сепак бара демонтажа. Јас ќе ја расклопам и нема да плаќам а фреонот во што ќе го приберам?
Нејсе...
Еве мое искуство кое е зихер делотворно и се применува секаде. Набави си Ecosal од Alcaloid (го има во сите аптеки)
Ова е средство за дезинфекција на био разградлива основа, не е агресивно, не нагризува површини, лесно се плакне и има пријатна миризба и не мириса (како што велеше една баба) на „докторојна“
Ставам едно капаче (да не се претерува со растворот затоа што многу концентриран тешко се плакне) во пумпица за вода и ја надополнувам со врела вода и почнувам да прскам во внатрешната единица. Врела заради тоа што побрзо ќе се исуши.
После ова (после едно 10-15 мин) ја повторувам постапката со врела вода (со пумпица) и ја оставам да се исуши. Ја пуштам на греење и добивам свеж воздух.
Ова особено го препорачувам пред сезона на ладење за да не се случи акумулираната прашина да се затести заради кондензатот кој настанува во лето и оттука се сите проблеми со алергии и глупости.
Фала
Пријатно
П.С
Во грција има пењи кои се наменети за чистење на климатизери од автомобил. Не сум користел но наводно се добри.
Значи вака сега, вадам филтрите и прскам со раствореново средство, оставам 15-тина минути и повторно прскам, оставам некое време и после тоа пуштам на топло за да се исуши? Колку треба да се прска онака лабаво прскање или асално да се натопи внатре единицата? Ако не се исуши како што треба или премногу се испрска да не почне да капе од течноста па да направи поголема беља внатре, и спомна правосмукалка треба ли да шмукам со нејзе за секој случај водата да испадне?
До сега климите јас ги чистев со четка за прашина, ќе извадам филтрите и исперам, а единицата ќе ја фатам со четката и ќе извадам колку што можам прашина фатена на решетките внатре.