Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

lynx

poweruser
4 септември 2008
3.722
3.573
Значи преку овакво ми е од такви квази стручњаци себичњаци кои „не даваат занает“
Зошто да не каже? Па тоа е супер гест за здравјето на луѓето - никој нема да му ја земе работата. Темелното чистење на внатрешната единица сепак бара демонтажа. Јас ќе ја расклопам и нема да плаќам а фреонот во што ќе го приберам?

Нејсе...

Еве мое искуство кое е зихер делотворно и се применува секаде. Набави си Ecosal од Alcaloid (го има во сите аптеки)
Ова е средство за дезинфекција на био разградлива основа, не е агресивно, не нагризува површини, лесно се плакне и има пријатна миризба и не мириса (како што велеше една баба) на „докторојна“ :D

Ставам едно капаче (да не се претерува со растворот затоа што многу концентриран тешко се плакне) во пумпица за вода и ја надополнувам со врела вода и почнувам да прскам во внатрешната единица. Врела заради тоа што побрзо ќе се исуши.
После ова (после едно 10-15 мин) ја повторувам постапката со врела вода (со пумпица) и ја оставам да се исуши. Ја пуштам на греење и добивам свеж воздух.

Ова особено го препорачувам пред сезона на ладење за да не се случи акумулираната прашина да се затести заради кондензатот кој настанува во лето и оттука се сите проблеми со алергии и глупости.

Фала
Пријатно


П.С
Во грција има пењи кои се наменети за чистење на климатизери од автомобил. Не сум користел но наводно се добри.

Значи вака сега, вадам филтрите и прскам со раствореново средство, оставам 15-тина минути и повторно прскам, оставам некое време и после тоа пуштам на топло за да се исуши? Колку треба да се прска онака лабаво прскање или асално да се натопи внатре единицата? Ако не се исуши како што треба или премногу се испрска да не почне да капе од течноста па да направи поголема беља внатре, и спомна правосмукалка треба ли да шмукам со нејзе за секој случај водата да испадне?

До сега климите јас ги чистев со четка за прашина, ќе извадам филтрите и исперам, а единицата ќе ја фатам со четката и ќе извадам колку што можам прашина фатена на решетките внатре.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Не треба многу прскање. Јас обично пола пумпица прскам (со благ раствор)
Второто прскање го правам за да ја испланам. Повторно ја оставам да се подисуши и потоа ја пуштам на топло. Ако не ја оставиш да се исуши ќе бидеш изненаден :)
Ако претераш со растворот ќе ти мириса троа повеќе ама нема потреба за тоа. Згора на се тој раствор, ако е концентриран, е леплив.
Уште еднаш! Да не се претерува со растворот - одокативно би било: На газерот од пумпицата еден прст (мал) и до врв полна со вода

17500 ден VIVAX 3.5 KW со монтажа и гаранција 3 год комплет во цената за форумов цена:)п.с не барајте поевтино-НЕМА-078 433 639
кој модел
Кој ќе ја мести?
 

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.500
31.940
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Пишува со монтажа...
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Пишува со монтажа...
Да, ама гаранцијата не важи ако не ја монтира овластено лице. Не признаваат ни делови кои не се грешка од монтажата како клапна/лептир за воздух на внатрешната (знае да откажи), електроника...

Затоа и прашувам.
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
Фала на советите. Финтата е што надворешната единица би била релатвно блиску до монтирањето на двете внатрешни единици т.е. на 2-3 метри и до едната и до другата соба каде би се ставиле. Не сум решен дали со мултисплит или единечен сплит систем.

Џамбаз, пиши туку или по пп цени за се што можеш да понудиш, и квалитетни и неквалитетни. Однапред фала.

За клима незнам дали одма ќе пресечам бидејчи во моментов не е потребна ептен но мора да се почне со разгледување за до кај мај да биде инсталирана.
 

DJAMBAZ

hello world
15 февруари 2011
191
145
Овластен сум за сите модели и имам договор со сите увозници.Имам дилерски цени по кои и ги давам климите на форумов.Климите ги местам лично и имам монтирано повеке од 3000 клими.За парите моментално би ви препорачал VIVAX имаат лански модели по ниски цени.Посебно 3.5 KW GEXI модел кој троши 830W на час(a e помокен од многу 5,5KW модели) koj грее и на -20.Не ви препорачувам BEKO и NEO.Бекото нема врска со моделите од пред 3 години а Неото со моделите од пред 5-6 години што сигурно уште ви работат без проблем.Ако планирате да купувате клима сега се најниски цените бидејки се чистат ланските модели и ке ви монтираат квалитетни монтери,додека летоска монтира и ќоро и сакато:).Така да до мај месец сум послободен па кој сака монтажа со комп. прецизност тука сум;)
 

DJAMBAZ

hello world
15 февруари 2011
191
145
Уште да пишам јавно:) за GEXI моделот во продажба е 45000 ден.Монтажата е 70евра и 40евра продолжување гаранција.Форумска цена нека биде 45000 ден комплет.(нешто ми дојде како ТОП-ШОП:D)
 

DJAMBAZ

hello world
15 февруари 2011
191
145
Која од овие две би била подобра, и зошто...? :)
По спец.се идентични,GEK-от има +јонизатор а е повеке приметлива(невклоплива) а GEF-от ми е некако поличен и има понов модел на компресор,другото е ствар на вкус
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
За 49000 се купува тошиба Инвертор со 3г гаранција, а беко обична со 3 години гаранција за 17000 3.5кв. Зошто би купил вивакс или гекси..?
 

Alucard

poweruser
22 октомври 2012
2.036
2.073
Скопје, Македонија
За 49000 се купува тошиба Инвертор со 3г гаранција, а беко обична со 3 години гаранција за 17000 3.5кв. Зошто би купил вивакс или гекси..?
Не знам за Toshiba-та, ама за Beko-то, претпоставувам поради ова:
Не ви препорачувам BEKO и NEO.Бекото нема врска со моделите од пред 3 години а Неото со моделите од пред 5-6 години што сигурно уште ви работат без проблем.
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Јас немам некое огромно искуство со клима уреди, ама од она мое скромно што го има, и од некој други сознанија и извори можам да го кажам следново:
Најдобрите инвертори кои се продаваат кај нас се Тошибата. Цената за Авант-от во Енергија се како што реков 49000 комплет со монтажа и 3 години гаранција.
Бекото во Нептун е некој си 17-18 илјадарки со 3 години гаранција.
Какво е унатре немам појма, но знам едно од искуство: Одлично грее и одлично лади.
За Тошибата нема што да дискутирам. Се е веќе кажано.
Е сега што и како има внатре, кој компресори и какви тракатанци немам појма, но како год, 3 години си се 3 години.
Знам дека НЕО едно време имаа Тошиба компресори, истото важеше и за Бекото.

Инаку јас имам Филиа од пред 10 години и се уште работи беспрекорно и на ладење и на греење. Нити фреон има дополнувано ниту ништо. Единствено што се чистат филтрите за прашина на месец или два. И еднаш што ја растурив до дел за да заменам некој дефектни делови, односно шпулна за четвороктракиот вентил, која чини 250 денари и кондензатор за старт на вентилаторот, цена некој си 100 денари. Климата при тој зафат ја расклопив до штраф, комплетно ја исправ со вап па со еден куп средства за перење од типот прашаци и детергенти, и на крај со парочистач за да светне како нова.

На вас оставам да си одберете што и како ке купите. Јас можеби немаше да ја купам Бекото, но кога купував ТВ ми дадоа ваучер во вредност од 4000 денари, па климата ми испадна малтене за џабе, т.е. 200 евра. За тие пари нека работи во гаранција, а после ке ја фрлам ако се расипе...

Инаку кога би требал да бирам помеѓу Киа и Хонда, погодете што би одбрал....
 

Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
@SaleSk Саше, си ја терал 10 години без да и правиш ништо, освен што си и опнал еден ремонт :) И убаво за тебе што знаеш што правиш и можеш да ја расклопиш и оправиш.

Генерално се согласувам со твојот став за климите и брендовите. Јас имам две Беко низ дома, веќе не знам колку години работат перфектно. Сепак мислењето на Џамбаз треба да се земе во предвид затоа што човекот од прва рака ги гледа работите како се реално (внатрешни компоненти/делови).
 

stavrov69

lurker
26 ноември 2008
514
327
И јас имам 2 AKAI клими дома непамтам од кога (мислам од 2002 ра) па сеуште си работат без проблем. Дали тоа го прави AKAI добра марка?
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Tие клими беа со јапонски делови а не со кинески, така да ти држи вода муабетот.
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
@SaleSK

Зашто баш AvAntot го зема? Цената беше пресудна или нешто друго (непотребни фукнции/филтри)? Доколку би имал поише пари на располагање би зел поскап модел?

Јас би ја земал за догревање после 9 бидејќи сум на парно и за ладење во лето.иако знам дека Тошиба е една од најдобрите марки за АС што се нуди кај нас (гледам ги какаат Хидросет поради превисоките цени за Fujitsu) сакав да чујам збор-два од човеќ што всушност има таква клима наспроти пишување од работи прочитани на нет.

Однапред ти благодарам на одговорот
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Авантот го земав затоа што беше на попуст со се монтажа и слични работи, а тргнав по сузумито. Бидејќи се познавам со момците од Енергија, како другари ми рекоа да не давам екстра пази затоа што нема потреба. Сузумито и Авантот се исти во машината, разлика е само филтер + кај сузумито кој многу многу не ми значи. Значи зборувам за моделите 10 и 13. 16-ката има друг тип на мотор, тој е друга класа, но реално немав потреба од толку јака клима...Ке ми треба за греење на 32 - 35 квадрати а оваа е сосема доволна што ја земав.
Има и на кајгана дискусија за истава тема, да не ги копирам постовите можеш и таму да прочиташ еден куп работи, од технички и од кориснички аспект.
Ако не сакаш да ја разбереш работата на климата со променлива брзина така наречена кај нас инвертор, и онаа обичната која нема регулација на брзината на моторот, ондак најдобро да ја земеш онаа клима која е најефтина и која ти нуди највеќе гаранција.
Е сега прашањето дали ако имав повеќе пари ке го земев Даисекот кој е најдобриот модел, можеби. Не е дека немав и него да го земам во моментот, но мислам дека немав потреба. А ако веќе давам толку многу пари, ке одев на варијанта топлотна пумпа за греење и ладење. И повторно ке имав електричен котел за греење како бекап.
Во твојот случај мислам дека и обична клима ке ти брка работа штом е за дозагревање и за ладење во лето. Како поквалитетна варијанта можеш у тој случај да одиш и со ЛГ обичните или пак ако одиш на инвертор, оди со Тошибата.
Гледам GRЕЕ ги фалат многу, ама стварно немам никакво искуство со нив. Но доколку за 50 до 70 евра ми мудат гри во споредба со тошиба, сигурно би ја одбрал Тошибата.
Киа и Хонда не се баш за споредба, нели? :)
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.900
4.580
Не се за споредба, се слагам.

Да, ги имам прочитано сите постови на кајгана, од убедувањето кој знае што е инвертер а кој не, па се до убедувањето дека Виваксот е подобар од Тошибата, така да одприлика знам како стојат работите.

Грее немам намера да погледнам поради лошото искуство кое го имал дечкото од Гостивар кој остана со месеци со полу-фукционален клима уред поради монтерите од увозниците на Грее - извесна фирма Зорба. За мои пари мајмун некој да ме прави мене нема шанси.

Ми се допадна што Енергија (твоите другарчиња :) ) ги фалат за супер односот и педантната инсталација. Тоа ми е многу битно, преку глава ми е од мајстори што само ќе зашљакаат и ќе си отидат.

Знам дека кај мене и обичен АС ќе врши работа, НО, ако некогаш се исклучам од градско парно повторно ќе морам да купувам АС со инвертер така да пак ќе морам да давам пари за иста работа. Пре би еднаш ама да вреди. Затоа е и дилемата.

Не ми е АС потребен во моментов, има време до летово, ќе се рашетам низ Скопје и (повторно) ќе го контактирам Џамбаз бидејќи е во таа бранша, па тек после ќе пресечам. Што и да земам ќе пишам тука.

Уште еднаш ти благодарам на брзиот и опширен одговор!
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Нема проблем. Затоа сме тука, да споделиме искуства, нормално.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Не се за споредба, се слагам.

Знам дека кај мене и обичен АС ќе врши работа, НО, ако некогаш се исклучам од градско парно повторно ќе морам да купувам АС со инвертер така да пак ќе морам да давам пари за иста работа. Пре би еднаш ама да вреди. Затоа е и дилемата.

Затоа што маглите се честа појава во Скопје инвертер клима со грејач на надворешна единица или на масло на компресор.
Мрзнењето е незгодно особено ако седиш во зграда па не можеш да интервенираш.
 

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно