Јас дома имам инсталирано нешто слично, и имам веќе двегодишно искувство со надворешна топлинска пумпа и фенкојлери.Воздух - вода?
Мислам дека со сегашните радијатори ништо не правиш, водата од топлотната пумпа нема да се загрева на таа температура како што е предвидено за радијатори (грејни тела со таа површина, се предвидени за вода/флуид со повисоки температури). Ќе треба или да ја загрееш водата на повисока температура (неможно или неисплатливо), или да ја зголемиш површината на грејните тела (радијаторите). Опциите се следниве две:
- Или подно греење со хидропонска инсталација (целиот под станува грејно тело). Ова е супер, затоа што заради големата површина на грејното тело водата не мора многу да биде загреана за станот/објектот да се загрее. Тоа што не е супер, е што зафатот е многу заебан за ретрофит на стан кој веќе се користи. Опција е ѕидно греење, што е инфериорно но поедноставно решение.
- Или употреба на фен којлери. Во случајов тоа е глупаво решение по мое мислење, затоа што фен којлерот по функција не е ништо поразличен од внатрешната едница на клима уредите кои исто така (воздух-воздух) топлотни пумпи. Разликата е во цената, односно климите се многукратно поевтини во однос на воздух-вода изведбите со фен којлери.
Дневната соба е 55 квадрати + 5 квадрати од ходникот пред собите и е покриена со три фенкојлери, и по еден во двете соби спалната и детската и двете се по 18 квадрати, вкупно 5 фенкојлери, и еден регистер во бања (заостанат од стариот систем на греење) тој е проблематичен за загревање на бањата(наредната година ставам и на тоа место фенкојлер). Подот е цел залепен со плочки и под плочката имам поставено подно електрично греење Деви кое е поставено на кошулица од д=6см., под неа има накрсно поставен 2х1см стиропор. Зимно време подното е константно на 22 степена, по потреба оди и до 28 степена (кога е екстремно ладно).
Топлотната пумпа е константно вклучена во работа исклучува самата кога ќе достигне 55 степени водата, вклучува веднаш штом падне под 45 степени. Два до три пати дневно оди во дефрост(тоа е јас што сум приметил).
Сега за сега е одличен системот и претерано економичен