Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
Статус
Затворена за нови мислења.

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.118
14.245
Јас нешто слично имам приметено на кајфун 5, на пример некои течности што ми биле убави на друг тенк како на пример Уникорнот на кјосмофон, на кајфун 5 е скроз мутирана. Ми нема вкус дури. Сега земав Bad Blood од шарло и пак осеќам дека нешто не е ко што треба, а гарантирам дека е до тенкот. Едвај чекам да ми стигне сирената да видам разлика.

Ќе се преродиш. Слични сме во вкусот за ароми. Само не знам дали посилен троут хит ќе ти пречи.

Е сега можно е да има нешто со тутунските ароми и кајфун зашто јас одамна не користам такви. Баш ќе турам една таква па да видам дали нешто ќе смени.
 

GoCe_

hello world
18 ноември 2007
291
301
Ќе се преродиш. Слични сме во вкусот за ароми. Само не знам дали посилен троут хит ќе ти пречи.

Многу долго време сум на дтл на мали вати.. рестриктивно. Користев его оне и кубис, долго време мерлин и кајфун. Ме интересира како ќе се навикнам пак на МТЛ :D
Можеш ли да земаш директ колку-толку на сирената 2?
 

fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.299
Скопје
@fis1976
AWG 29 кантал?
Веројатно мислиш на 28-ца, тоа е некој стандард. Како и да е, ако не ти прави разлика при вејп, оди си на 2.5 мм дијаметар. Така обезбедуваш посигурен дотур на течност кон греачот (повеќе памук) и избегнуваш потенцијални непријатни моменти (dry hit). Особено што се работи за кантал (нема температурна контрола).

Кога сме на таа тема, ако не си, обавезно да пробаш SS 316L AWG 28. Челикот побрзо реагира и на вати, а со ТЦ е вистинско уживање. :)
Мене топ ми е 2.5 мм, 8 круга. Зависно од атомајзер/мод, добивам 0.8 - 0.9 оми, но тоа не игра голема улога во ТЦ.

29-ка е канталот, 28 и 30 порачав UD од Фастеч (и уште не сум ги пробал) а 27 и 29 порачав од Германците . Имам некој метар Германски SS Wire-V4A 0.28mm / 0.011" / AWG 29 така да следно е да пробам од него да свиткам.

Шо убо вака ко ќе напреш неуба течност и имаш покритие “Шарло, абе нешто манџава... До тенкот е, не знам јас..." :hay:

Ова нешто познато ми е :( :p

Добро мајко му, кајфунот е закон во областа на MTL вејпот. Сите ги купуваат, сите ги фалат.

Дали е до мене не знам. Но иако ми беше прва љубов (после ендурата и Его Мега В2), сега никако не можам да дознаам зошто толку го сакаат.

Doggystyle има двојно повеќе арома, Сирена 2 има тродупло повеќе троут хит и најмалку 30% повеќе арома. Што пропуштам? Дали е до мојот примерок? Едноставно ми е потпросечен во секој поглед после ова време дружба со овие танкови. Дали ми се декалибрирале моите сетила за вејп?

Едноставно не можам да најдам ништо што веќе би ме привлекувало кај кајфун прајм.

Какви се вашите искуства?

Јас немам со што друго да го споредам Прајмот освен со Ендурата и не е некоја WOW разлика особено со нов грејач на Ендурата. Сега видов дека денес Сирената стигнала во пошта и се надевам дека до крај на неделава ќе ја имам па ќе можам да кажам повеќе (посилен троут хит мене сигурно нема да ми пречи пошто малку и намалив на никотин од 9 на 6, а МТЛ без троут хит не е МТЛ :hay:).


 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.118
14.245
Многу долго време сум на дтл на мали вати.. рестриктивно. Користев его оне и кубис, долго време мерлин и кајфун. Ме интересира како ќе се навикнам пак на МТЛ :D
Можеш ли да земаш директ колку-толку на сирената 2?

На сирената со сите отворени дупчиња може и тоа како рестрикт директ инџекшн. Зависно од количината на памук и манџата може да си подесуваш лесно како ти одговара. Иако мене ми е најкул најзатворена ама јас сум ти закоравели МТЛ-џија. Значајно потесно е кецот дупче на сирената во однос на кајфунот.
 

fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.299
Скопје
Ако е в пошта, земи си ја :)

IMG_8750.JPG

Доцна видов веќе бев дома стигнат а и почна да врне а јас со мотор, шо знам утре да отидам до главна пошта дали ќе е уште таму, да не ја пратат накај Чаир. Ако ја однесат во Чаир нема да ми ја дадат утре пошто мрзливиот поштар стално остава ливче а на ливчето ќе пише датум од наредниот ден и тоа е.
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.118
14.245
Погледнете го атачментот 65528

Доцна видов веќе бев дома стигнат а и почна да врне а јас со мотор, шо знам утре да отидам до главна пошта дали ќе е уште таму, да не ја пратат накај Чаир. Ако ја однесат во Чаир нема да ми ја дадат утре пошто мрзливиот поштар стално остава ливче а на ливчето ќе пише датум од наредниот ден и тоа е.

Фина е женичката со очила во Чаирската пошта. Инаку прво добиваат информација за пратките а им ги носат навечер околу 6 во Чаир тој ден. Затоа поштарот пишува на ливчето за подигање наредниот ден.
 

fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.299
Скопје
Фина е женичката со очила во Чаирската пошта. Инаку прво добиваат информација за пратките а им ги носат навечер околу 6 во Чаир тој ден. Затоа поштарот пишува на ливчето за подигање наредниот ден.

е сега она моето од скриншотот што би значело, дека од главна пошта е испратена во пошта Чаир во 2:47:47 PM ?
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.118
14.245
е сега она моето од скриншотот што би значело, дека од главна пошта е испратена во пошта Чаир во 2:47:47 PM ?

Не го користам овој тракинг метод и не знам ама ми излгеда дека е во главна пошта примено тогаш. Ќе појасни некој друг што знае повеќе.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.118
14.245
Ајде аирлија. Со душа ја чека сирената фис.

Само ако е така требало денес да добие извесување. А можда и системот не е баш најажурен. Или па мене ме лажат во пошта за наредниот ден.
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.062
1.014
За убаво, многу добро го осмислиле викувањето т.е. само протинаш памук, без некое титнарење, а пошто е потопен во џусот не му е проблем подолго влечење, нема да се исуши ни на верижно тргање, 2,5 мм диамеар збира без проблем а и 3 мм може да се нагоди со малце зорт. Со уште намотка-две мислам дека ќе се добие малце по сочна пареа, што за рестриктивно дробно на 0,5-1 ом најверојатно ќе ги задоволи сите критериуми.
Фабричкиот греач мислам дека е оптимален за мтл, дава по сув чад, по остар вкус и доста идедо израз никотинот т.е. трот хит и со "помека" манџа. На 1-2 дупче за ваздух многу наликува на аналогна. И тоа на тие танките :)
П.с. Инаку не знам брат ми како успева да трга од прајмот дтл :)
Кај сирената е многу добро што се отвараат сите дупки одеднаш и една по една.
 

Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.679
13.738
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
@gokica Тоа е она што го викаат дали атомизерот вади средни, високи или басови (ноти на аромата). :hay: Јас сум антиталент за такви работи и ако ми дадеш да пробам некој атомизер со заврзани очи, најчесто нема да погодам кој е (или ќе ми треба многу време).

Кајфунот јас го знам/памтам како сув и остар, да, погоден за тутунски. Сув затоа што не може премногу да натопува - грејачот е над дотокот на џус и wick-от треба да се бори со гравитацијата, а остар затоа што воздухот забрзува долго низ тенкиот шраф низ кој патува (повеќе зборувам за старите Кајфун Лајт, но и кај новите е слично, иако малку ублажено). Има и други работи (големината/обликот на комората/оџакот и слично), но популарноста на Кајфунот не е заслужена затоа што е извонреден за вкус, туку затоа што е Голф двојка (или некоја друга бројка, од добрите) - нема да се тркаш со него, но доверливо ќе те однесе од точка А до точка Б без да се расипе. :hay:

Друга работа што сум забележал, кај повеќето вејпери е присутен моментот на „прва љубов“ - атомизер или манџа со кои почнале и најдолго ги користеле (а ги користеле затоа што им одговарале), па за тебе во тој случај (според Ендурата) ти би сакал Нектар Микро со тенка жица. :)
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.118
14.245
Да не беше ти немаше да го забележам догито и немаше да знам што пропуштам. Јас затоа си прашувам повремено што опрема користиш за да си бидам сигурен. Затоа му се мислам и на кајфун В3. Само што ич веќе не ги сакам атомизери со милион гумици. Камо сите да беа како доги и сирената 2.

Инаку Ендурата така лежи одамна. Заборавив и каков вејп нуди. А не ја користам зашто менувам грејачи често и таа излегува недомаќинка.

Баш ќе го видам нектар микро. Благодариме.
 

fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.299
Скопје
Ништо од пратката денес, бев до пошта и ми рекоа (женичката со очила) дека не се донесени денес (така демек пишувало а ги носеле наредниот ден). Договорив утре сабајле да отидам да ја земам пред да пише поштарот ливче за задутре :) . Ќе видиме дали ќе испадне така, ако не задутре ќе биде сигурно :)

@gokica
Те читам од кога ти стигна Догито и да ти кажам право пишман се сторив што ја порачав Сирената :) Се мислев меѓу 3 варијанти: Берсеркер мини (оригинал), Берсеркер мини (клон, ама ме испишмани @Metuzalem ) + Доги, и Сирена 2. Превагна леснотијата за билдање и викување. Како и да е на толку фалење кога тогаш ќе мора да се порача :)
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.118
14.245
Да не ти е мака. И двата си имаат зошто да се купат. Догито не е за жешки денови наспроти сирената која е мелем на душа деновиве.

Со нетрпение чекам утро/вечер/ладовина или врнежливи ладни денови како денес па да си го пафкам догито на раат. Но пладневните часови во лето не се сакаат со догито. Бар не кај мене зашто си сакам подолги вејпови. Дури и се заборавам да престанам :) А кога е жешко дрип типот му е непријатен и плус ме плука скоро на секој чекор после 10-20 пафа :)

На берзеркер му се мислам и јас ама некако во последно време не ми е приоритет. Читам течел и сл. а мене од тоа уплав ме фаќа.
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.757
15.845
youtu.be
@fis1976
Пошто денес е препратена до твојата локална пошта, утре од 6АМ саат ја сортираат по реони и накај 7 или 8 ги пуштат поштарите со торбите да ги разнесуваат пратките.
 

fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.299
Скопје
@fis1976
Пошто денес е препратена до твојата локална пошта, утре од 6АМ саат ја сортираат по реони и накај 7 или 8 ги пуштат поштарите со торбите да ги разнесуваат пратките.
Бев до пошта Чаир, ми рекоа дека денес не им се донесени и дека утре ќе им ги донеле. Ми рече да отидам кај 10 па ќе видиме што ќе излезе.
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.757
15.845
youtu.be
Бев до пошта Чаир, ми рекоа дека денес не им се донесени и дека утре ќе им ги донеле. Ми рече да отидам кај 10 па ќе видиме што ќе излезе.
Да, така е.
Физички пратката ти е таму во Чаир во вреќи но нераспределена, а тоа ќе се случи утре.
 

Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.679
13.738
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Статус
Затворена за нови мислења.
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно