Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

CS:GO Македонија победи на првенството во Израел

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com
Репрезентацијата на Македонија во состав Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски, Александар “CacaNito” Ќулукоски, Павле “stYleEeZ” Стојановски и Кристијан “fodor” Поповски во финалето ја совладаа Романија со 2:0.

Во првата рунда која се играше на мапата Инферно, македонските „кантераши“ славеа со 16:10, додека на втората мапа „Мираж“ беше 16:11.
Најдобар резултат од македонската репрезентација оствари Стојановски со 24 убиства и 4 асистенции.

За освоената светска титула, македонската CS:GO репрезентација покрај златниот медал доби и парична награда во висина од 10.000 долари.

%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%BA.jpg

Браво дечки
@ITmkdroid добро бе јас лида те учам. 1637258103961.png

(copypasta од слободен печат)
 
toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
@pavlestyle Честитки! Online бевте етикетирани како читери па ајде сега да видиме каков изговор ќе бараат. Ги испеглавте поштено! Конечно наш CS тим со одлучност, трпение и функционалност како единка! Браво!
flat,750x,075,f-pad,750x1000,f8f8f8.u1.jpg
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
А чек истиот тим е ко АИРЛИЈА?

(ако не се лажам не е истиот тим пошо овие се БЛУ ЏЕЈС)
 
toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
А чек истиот тим е ко АИРЛИЈА?

(ако не се лажам не е истиот тим пошо овие се БЛУ ЏЕЈС)
Основата е таа со aidKit, Stylez, Kyxsan и dan1. Принова и засилување им е CacaNito, а FODOR беше замена за dan1 кој мислам дека е во Шведска и не беше присутен заради компликации со визата.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.578
8.228
Мелмак
Основата е таа со aidKit, Stylez, Kyxsan и dan1. Принова и засилување им е CacaNito, а FODOR беше замена за dan1 кој мислам дека е во Шведска и не беше присутен заради компликации со визата.

Тенкс шо ми разјасни!

Иначе ЦАЦАНИТО БЕШЕ ФЕНОМЕНАЛЕН!!! АидКит исто, а и останатите сјаеја во клучни моменти! Стајлз со awp, Kyxan мислам го имаше тој еден момент коа ги реши на мираж... Прекрасно!

ЕДИТ: Сепак ЦАЦАНИТО беше во тој моментот на мираж:

View: https://imgur.com/a/BjKVA7t

Мислењето е автоматски споено:

@pavlestyle Честитки! Online бевте етикетирани како читери па ајде сега да видиме каков изговор ќе бараат. Ги испеглавте поштено! Конечно наш CS тим со одлучност, трпение и функционалност како единка! Браво!
Погледнете го атачментот 106331

А шо се деси со обвинувањата за читинг на крај?
 
Последна промена:

toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
Тенкс шо ми разјасни!

Иначе ЦАЦАНИТО БЕШЕ ФЕНОМЕНАЛЕН!!! АидКит исто, а и останатите сјаеја во клучни моменти! Стајлз со awp, Kyxan мислам го имаше тој еден момент коа ги реши на мираж... Прекрасно!

ЕДИТ: Сепак ЦАЦАНИТО беше во тој моментот на мираж:

View: https://imgur.com/a/BjKVA7t

Мислењето е автоматски споено:

А шо се деси со обвинувањата за читинг на крај?
Па се крена фама ко ги победија Украина и супер тимот на Турција. Еве изиграа цел LAN во Израел на компјутери и периферија проверени од администратори. Witch-hunt од butthurt фановви на двете екипи/репрезентации. Правеа видеа, па Reddit circlejerk и сѐ по список. Не можат да се помират со фактите. :)

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
299
1.063
www.IT.mk
Освојувањето на првото место во Counter Strike: Global Offensive е еден од најголемите успеси на македонската е-спорт сцена, по освојувањето на второто место на Мартин „Saksa“ Саздов и тимот на Digital Chaos на Dota 2 International натпреварот 2016 година.

За освоената титула, македонската CS:GO репрезентација покрај титулата шампион доби и парична награда во висина од 10.000 долари.

Македонија на шампионатот ја претставуваше и Давид Гаревски. Тој настапи во eFootball PES Series и успеа да ги заврши натпреварите како третопласиран во Б-групата.

Повеќе @ Македонија е светски шампион во Counter Strike: Global Offensive ⋆ IT.mk

П.с. @ARMac
AdobeStock_13251100.jpeg
 
Pane-G

user
9 мај 2012
1.678
1.005
Браво за дечките гејмери . Сега нешто ме итнтересира за спортови како што знаеме на пример спортски реквизити топка или рекет кои се стандардни димензии за меѓународен натпревар , е сега прашањето ми е дали дечките гејмери сами си составуваат хардверски делови вклучувајќи и монитори или пак дали има прописи и правила околу хардверски делови како меѓународни стандарди за Е-Спорт како кај спортските реквизити ????
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.282
5.254
Скопје
hackitfree.github.io
Браво за дечките гејмери . Сега нешто ме итнтересира за спортови како што знаеме на пример спортски реквизити топка или рекет кои се стандардни димензии за меѓународен натпревар , е сега прашањето ми е дали дечките гејмери сами си составуваат хардверски делови вклучувајќи и монитори или пак дали има прописи и правила околу хардверски делови како меѓународни стандарди за Е-Спорт како кај спортските реквизити ????
Па јас колку што знам - секој организатор обезбедува подеднаква опрема за сите тимови ( евентуално мауси и падови или тастатури можат да си изберат кој што преферира )
 
Само периферијата (маус, мауспад, тастатура) е дозволена како стандардна екстерена опрема. Слушалките се регулирани зависно од организаторот. Некогаш се за сите исти заради soundproof доколку има публика, некогаш се дозволени како индивидуална опција. Сѐ друго е обезбедено од организаторот.
 
Pane-G

user
9 мај 2012
1.678
1.005
Па јас колку што знам - секој организатор обезбедува подеднаква опрема за сите тимови ( евентуално мауси и падови или тастатури можат да си изберат кој што преферира )
Аха, тоа се подразбира , но да речеме ако противникот има подобри хардверски делови со највисока класа графичка и процесори па и матична ,а другиот е средна класа делови од организаторот и дали има некаква улога за да победи натпреварот или не или пак е прекршок ?? Дали постои правила во светот на Е-Спортот?
 
Последна промена:
И

Избришан член 42370

Гостин
Честитки за дечките. Некако наградата од 10.000 долари ми делува премалку за ваков достиг, како што сте напишале "Светски шампиони" на порталот?
Не пратам eSports, не знам за која лига се работи, чисто прашувам.
 
toplel

user
18 август 2016
1.061
1.546
Честитки за дечките. Некако наградата од 10.000 долари ми делува премалку за ваков достиг, како што сте напишале "Светски шампиони" на порталот?
Не пратам eSports, не знам за која лига се работи, чисто прашувам.
Настанот е со сличен формат како WCG што беше пред 10-15 години само што со годините опадна популарноста и организаторите почнаа да соработуваат директно со креаторите на игрите и така организираат Major и Minor турнири што имаат поголеми парични награди затоа што има повеќе спонзори. Пример, Украина ги има NaVi што се број 1 во светов, ама тие како организација играат само на турнири што се во партнерство со Valve, креатор на CSGO. Затоа на нивно место играат други играчи што немаат тимски обврски. А порано на WCG играа баш најјаките поединци од секоја држава зошто WCG се сметаше како еден од најелитните турнири.

Ова доаѓа како трета лига натпреварување по награден фонд и популарност, ама скилот на тимовите скоро на ниво како најјаките екипи. Се надевам ова ќе е отскочна даска за нашите и дека потенцијалот ќе биде искористен што побрзо. Заслужуваат да бидат во топ 20 екипа во светов за да го искористат потенцијалот на поголеми сцени.
 
dastaner

hello world
3 ноември 2013
112
68
Кој го следеше натпреварот ќе сфати дека заслужник за оваа победа е всушност играчот "Uqlutzavr" од тимот: Ec-Kyiv. Иначе браво за македонскиот тим одлично изиграа.

едит:
 
Martin Arsov

hello world
17 октомври 2016
232
126
Аха, тоа се подразбира , но да речеме ако противникот има подобри хардверски делови со највисока класа графичка и процесори па и матична ,а другиот е средна класа делови од организаторот и дали има некаква улога за да победи натпреварот или не или пак е прекршок ?? Дали постои правила во светот на Е-Спортот?
Нема логика организаторот да обезбеди компјутери со различен хардверски компоненти.
Кога турнирот се игра од дома тоа си е веќе твое со кои хардверски компоненти ќе се натпреваруваш.
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.307
1.546
Skopje
Аха, тоа се подразбира , но да речеме ако противникот има подобри хардверски делови со највисока класа графичка и процесори па и матична ,а другиот е средна класа делови од организаторот и дали има некаква улога за да победи натпреварот или не или пак е прекршок ?? Дали постои правила во светот на Е-Спортот?

Кога е лан турнир, сите компјутери имаат иста спецификација (монитор, куќиште). Нема поента еден тим да има И9ки процесори, другиот И5ки. И те како ќе има разлика. 90% од времето и слушалките се организирани од организаторот а се дозволува само маус и тастатура (бидејќи тоа е единственото нешто што стварно може да има разлика во играта на поединецот).

Единствен лан турнир каде играа големи тимови што го знам (го забораив името) е каде "Cloud9" / амерички тим, се бунеа дека играле со и5ки и имале дроп на фпс од 200 на 100 во тензични моменти (за кантер многу мења фпс-то во самата игра безразлика на мониторот).

Кога се онлајн турнири од дома, кој што има - тоа. Мада веќе сите што играат во овие големи турнири или про лиги, имаат доста јаки спецификации и се изедначени.
 
Brendog

hello world
18 септември 2016
78
88
Каде ги пратите овие турнири? Години уназад сум ги прател само најголемиве. Праќајте линкови да навиваме следен пат. Убаво е чувството кога ќе си го видиш знамето. Честитки до момците.

А иначе, не знам колку знаете, едни од бендовите што компонираат музика за најголемите турнири како Katowice и остали, се Македонци. Песните им вртат на полувреме, кога даваат highlights, во таа насока. Еве подоле песнава конкретно идеше низ цела 2020 година по турнириве. Сега мислам потпишаа некој договор и извадија повеќе песни.

Конкретно овој турнир идеше на МЕСФ на твич (македонска еспорт федерација) како и на останати твич профили на федерации.
 
NightfurY

hello world
16 февруари 2018
259
439
Kрушево абер пристигна !
Браво за дечките ги изгледав речиси сите натпревари на стрим , итокако ја заслужија оваа победа од ловер бракет без загубен меч да играш и да победиш секоја чест дечки каппа доле , а за хејтерите можат да си лаат колку сакаат , баш би сакал да видам дали некој од нашиве "ФУНКЦИОНЕРИ" ке ги спомне како што Путин го направи тоа за Дота2 , а чисто се сомневам оти имаме таленти премногу во е-спортот али за жал кај нас се уште се расправаат со да му умре козата на комшијата а факултеттлии ко Елвис Притисни копаат коини , ГГ ВП ДЕЧКИ РЕСПЕКТ !
 
bugggg

hello world
21 јуни 2017
80
67
Дечкиве ги пратам од август месец некаде и се страшно талентирани, честитки за победата имаат огромен потенцијал, се надевам дека ке ги видиме на некој од огромните турнири против најдборите тимови :D Од кога го заменија cryveng со cacanito дигнаа уште едно ниво :D
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв