1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од psyside, 19 Август 2011.

  1. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    175
    430
    4 Септември 2012
    Машко
    Ако сакаш бас пробај со филтри (EQ APO и Peace GUI) не слушалки нови.

    Еве ти еден филтер пресет за Philips 9500 кој ми изгледа добар и следи харман таргет за бас, одличен до 200Hz. Ако ти треба повеќе можеш да додадеш секако, ама квалитетот на истиот ќе зависи и од квалитетот на драјверите во слушалките. Некои драјвери трпат такви децибелни промени, други лошо реагираат.

    Philips 9500 изгледа прилично неутрално ама им фали бас зошто се отворени, но тоа се решава со Filter 1: ON PK Fc 31 Hz, Gain 6.8 dB, Q 0.83. Колку се детални и каков саундстејџ имаат, не можеш да видиш од овој график. Еве еден водич за тоа што можеш да очекуваш и како се читаат графици.

    Многу можеш да направиш со еквилајзер на компјутер, барај само слушалка која може да се „испегла“ лесно, не секоја е таква. Бас лесно се пегла, треблот е проблем секогаш. 9500 изгледаат рамни во таа секција.

    Дополнително 9500 можеш да ги направиш гејминг слушалки со микрофон, не сум навлегол ама има опции ако пребараш.

    Ако сакаш понатаму да слушаш музика на „хи-фи“ левел (што и да значи денес таа дефиниција), тогаш види ги производите што ги препорача @TheMarshal. Topping E30 e неверојатна вредност на почеток и можеш да почекаш на Topping L30 amp.

    Тоа со шетање на музика низ глава и јас сакам некој да ми го објасни, изгледа дека си го губам времето со стерео 2.0 наместо да ставам 7.1 :D
     
    Последна промена: 9 Април 2020
    StalkeR, WeiWuWei и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  2. Goran995

    Goran995
    On your way to fame

    355
    557
    16 ноември 2019
    Машко
    ИТ
    Ги порачав со кутија, 1800 денари ми повлече...
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WeiWuWei

    WeiWuWei
    Gaining Experience

    222
    126
    17 Јануари 2020
    Машко
    Мизантроп
    Музиката што ја слушам и онака си шета низ глава, само ми требаат подобри нозе.. Ај ако не те мрзи препорачај ми некој по сериозни слушалки до кај $70 дека имам верба во тебе :D
     
  4. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    175
    430
    4 Септември 2012
    Машко
    Не можам да ти препорачам нешто што не сум пробал, ама според графикот изгледаат одлично за парите и ги фалат лево-десно, прочитај рецензии од корисници на Редит и форуми. Штета што нема каде да ги чуеш.

    The 8 Best Audiophile Headphones - Spring 2020: Reviews
     
    На WeiWuWei му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    759
    1,218
    3 Јануари 2019
    Машко
    Земи ги или Philips-от или Shure-то и ќе завршиш работа. Со Shure ќе ти остане и кусур.

    А за подобри нозе, иди во теретана. Чув тоа помагало.
     
    На WeiWuWei му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gokica

    gokica
    Модератор

    8,578
    10,742
    13 Јуни 2009
    Boom3D, best Volume booster & equalizer for Mac and Windows | Feel the Bass

    Boom 3D намален од 40 на 12 долари за Велигден (се наоѓаше за 16-20 долари). Како за Виндовс така и за Apple Mac. Има и трајал да си симнете па кој сака може да проба сараунд звук на стерео слушалки :)

    Тамам да си го купам зашто ми се смачи APO да ме замара со рестарт на виндовс или бач фајлови за рестарт на аудио енџинот.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NikolovskiM

    NikolovskiM
    Gaining Experience

    63
    107
    20 Април 2019
    Дечки некој искуство со Huawei FreeBuds 3?
     
  8. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    759
    1,218
    3 Јануари 2019
    Машко
    Купи QCY T5, батали ги тие.
     
    На NikolovskiM му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NikolovskiM

    NikolovskiM
    Gaining Experience

    63
    107
    20 Април 2019
    Ги имаш лично користено/пробано? Ако да, искуство?

    Ја иам QCY QY8 и сум прилично задоволен освен што веќе батеријата почна да паѓа и држат 2-3 саати и им пожолте жицата..
     
  10. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    759
    1,218
    3 Јануари 2019
    Машко
    QCY Q5 се топ и искрено за цената од околу $25 не верувам дека може да се најде нешто подобро. Јас сеуште ги користам и се топ во однос цена/пефроманси. Во догледна иднина не планирам да ги менувам.
     
    На NikolovskiM му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    175
    430
    4 Септември 2012
    Машко
    Ако не брзаш, нарачав SoundPeats TrueDot и QCY T4. Ќе видиме дали се подобар избор од T5.

    KZ S2 од друга страна слабо изгледа, ама па и не очекував многу од овој бренд.
     
    Последна промена: 10 Април 2020
    На Goran995, WeiWuWei, NikolovskiM и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. draey

    draey
    Gaining Experience

    190
    226
    15 Јануари 2010
    Инспириран од членот @Rikimaru, решив да направам постоље за монитори и јас. Одлична занимација која ми траеше цел ден. Резултатот е овој.

    93027818_235514267806079_5056074370305228800_n.jpg 93131116_215057879592100_7303221905480220672_n.jpg 93423780_2575068232812142_5029101125282824192_n.jpg

    Тука се склопени само, па се растурени и се офарбани црно/бордо комбинација, такви бои имав во гаражата.

    Димензиите се 24x20 цм.

    На горната даска кај ќе стои мониторот ќе залепам 20x17цм стари маус падови (знаев дека некогаш ќе ми се најдат), од оние 1-2mm што се дебели ради вибрации. Исто и на долу кај што лежи постољето на масата.
     
    На Rikimaru и CBB_6 им се допаѓа ова.
  13. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,137
    1,494
    26 Март 2016
    Даскал
    Помајстор си. Јас сум кабадаја. xD Инаку јас од иверици грди склопив нешто. Гледам ти си имал убаво дрво. Гревота само боја да му опниш. Туку:

    1. Шмиргла погруба
    2. Шмиргла пофина
    3. Color stain (не знам на наше како го преведуваат она што го валка дрвото наместо да го бои. Лазури ли се викаа?)
    4. Средство за зачувување на сјајот како лак или нешто на водена база

    Јас неам време, материјали и трпение да го направам сето тоа ама планирам во иднина да направам баш баш како што треба со сите мастрафи. Инаку овај ми е планот: ЗЕмам идеи од Pinterest:

    FROSTA Speaker Stands | Speaker stands, Ikea hack, Diy speakers

    избирам нешто што ми се допаѓа или комбинација од две и го градам со убаво дрво (треба да купам), после тоа купувам темен НАЈТЕМЕН Stain (лазура, го премачкувам после брусење со 3 слоја. Го оставам да исуши и на крајот лак. Добиваш homemade DIY постолја што би коштале од продавница и стотици евра. Валјда не можам да се жалам дека немам време сега во карантинот а?
     
    Последна промена: 10 Април 2020
    На draey му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NikolovskiM

    NikolovskiM
    Gaining Experience

    63
    107
    20 Април 2019
    Нема журба :D

    Ги имаш и Т5 за да споредиш со Т4 коа ќе ти стасаат?

    Инаку ја од KZ иам позитивно (океј) искуство. Уше пред 4-5 години зедов 3 пара за околу 50 усд. Едните од нив ги скинав од носење и уште се здрави. Единствен проблем е што едната слушалка почна да фаќа малце струја при нагли движења со главата, неам везе шо е работата.
     
  15. draey

    draey
    Gaining Experience

    190
    226
    15 Јануари 2010
    Најверојатно ќе иде 1 слој лак за сјај и тоа ќе биде се. За фино/грубо смирглање немам материјали, но шмирглано е прилично, мазно е дрвото на допир, така да доволно е.

    Уште еден слој лак за сјај кога ќе биде сува бојата. Ќе видиме како ќе излезе на крај. Како за прво мислам дека е супер, за понатаму може да се направи некое по-профи.
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WeiWuWei

    WeiWuWei
    Gaining Experience

    222
    126
    17 Јануари 2020
    Машко
    Мизантроп
    На тачот не можам барем јас да се навикнам никако, стиска кога не треба а не стиска кога треба
    Уши се потат и после паѓаат, тиа врвови што идат со нив се заникаде како да е задолжително СпинФит врвови да се земат
    После долго стоење у уши слободно можеш да ги измиеш под чешма, тестирано и во ред се


    За повеќе провери си ја темата од Андреј - Мини опис на SSK BT03, Shanling MTW100 DD и QCY T5
     
    На NikolovskiM му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,137
    1,494
    26 Март 2016
    Даскал
    Среди го и пушти нови слики.
     
  18. WeiWuWei

    WeiWuWei
    Gaining Experience

    222
    126
    17 Јануари 2020
    Машко
    Мизантроп
    Знае ли некој каде можам да најдам Beyerdynamic Custom-One-Pro-Plus за онлајн нарачка? Во амц анхоч сетек претпоставувам ги нема
     
  19. gokica

    gokica
    Модератор

    8,578
    10,742
    13 Јуни 2009
    Само да се надоврзам. „No clipping“ не е имплементирана кај верзијата за виндовс. Ова е разочарувачки. Сепак APO е каде каде подобра опција па макар и барала рестарт од време на време. Плус и фри.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,137
    1,494
    26 Март 2016
    Даскал
    Инспириран од инспирацијата на @draey од моите постолја, решив денес, утре да направам нови какви што треба овој пат со вистинско дрво, со сите зулуми (боја, лак, итн.). Изборот го сведив на следниве 4 избори. Да ве замолам да ми помогнете да го сведам на 1:

    1.jpg
     
    На draey му/ѝ се допаѓа ова.
  21. CBB_6

    CBB_6
    On your way to fame

    155
    536
    9 Декември 2016
    Машко
    Нели под број 3 е метален, од метален профил??
     
  22. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,137
    1,494
    26 Март 2016
    Даскал
    Нема везе, дрвени прачки од цело дрво имам можат да се закојат, ќе крепат. Tоа таму седи само за формата.
     
  23. NikolovskiM

    NikolovskiM
    Gaining Experience

    63
    107
    20 Април 2019
    Ако можеш да го изведеш добро, ја би идел со бр. 1. „Најчисто“ ми изгледа и има огромна предност шо можеш да го склопиш ако не го користиш и ќе ти фаќа скоро ич место :)
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,137
    1,494
    26 Март 2016
    Даскал
    Тој под 1 е најлесен од сите инаку. xD Само што е заебан бидејќио треба понизок да го направам за каблите одназад да имаат простор.
     
  25. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,667
    3,391
    24 Септември 2012
    Секако дека 1.

    Немора понизок само ќе го засечеш во средината да е 10-20цм понизок од страниците.

    Аголов ми е нејасен ама тоа е друг муабет.
     

Сподели

Вчитување...