Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Audiofil

user
28 октомври 2007
1.155
556
Beyer и дупка околу 8khz? Да чујам да не верувам.
А ти мислиш дека слушалки од тој ценовен ранг па и поскапи се избалансирани со минимални отстапувања?Купи ги,пушти ги на тон генератор па сам ќе слушнеш тие фреквенции што се спуштени на графиконот за колку децибели се потивки од останатите.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.765
2.778

Друже Аудиофиловиќ, Бајердинамик се познати по пикови во тие фрекфенции, а не дупки. Тоа е нивниот звучен потпис. Сум имал можност да слушнам повеќе различни модели и тој е пристуен. Патем и имам DT770 PRO и знам за што зборувам.

Чекај, дали тоа ти имаш ТОЛКУ истренирани уши па можеш да го одредиш фрекфентниот опсег без било каква опрема пуштајќи тон генератор да сиври? Интересно, ќе им пишам на Rtings да ја фрлат опремата од неколку десетици илијади евра и да те вработат тебе!
 
draey

hello world
15 јануари 2010
237
263
Куманово
draey's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 7 3700X + beQuiet! Dark Rock 4
Motherboard
Asrock X570 STEEL LEGEND
Storage
M.2 Samsung NVMe 970 EVO Plus 250GB + Samsung 860 EVO 500 GB + 1TB WD EZEX
PSU
650W RIOTORO ENIGMA G2
RAM
32GB G.SKILL Trident Z RGB NEO
Video card
GIGABYTE GTX1660 SUPER GAMING OC 6GB
Case
Cooler Master Storm Scout 2
Mouse
Logitech G403
Audio
Phillips BTD7170
Monitor
Acer Nitro VG252Q IPS, 240hz, Full HD
OS
Windows 10 Pro
Инспириран од инспирацијата на @draey од моите постолја, решив денес, утре да направам нови какви што треба овој пат со вистинско дрво, со сите зулуми (боја, лак, итн.). Изборот го сведив на следниве 4 избори. Да ве замолам да ми помогнете да го сведам на 1:

Погледнете го атачментот 86420
Inspiraception? :D Излакирани се денеска, утре ги местам на бирото.
 
Audiofil

user
28 октомври 2007
1.155
556
После стотици часови тестирање на еден куп нумери од различни жанрови на Samson SR 850 преку балансирање на цел фреквентен опсег во софтверскиот параметарски еквилајзер APO според моите истренирани уши ова се следниве параметри што треба да се внесат за да се добие линеарен опсег и со тоа да имате претстава како звучат мониторски слушалки и квалитетот на продукцијата секоја снимена нумера. Отстапувањето не би требало да биде поголемо од 1db плус минус од она што го имам внесено и секој според свој слух нека си направи своја корекција но во глобала мислам дека тоа е максимумот што може да се извади од слушалкиве.Сите што имаат Samson SR 850 нека пробаат дома па нека си кажат нивни впечатоци за ова балансирање:
10hz +3db, 20hz +2db, 40hz +1db, 70hz -1db, 100hz -1db, 200hz -3db
500hz -4db, 750hz -5db, 1000hz -6db,
1140hz -7db, 1200hz -5db, 1700hz -3db, 2000hz -1hz, 2200 -5db, 2350 -5db, 2500hz -6db, 2600hz -7db, 2800hz -8db, 3000hz -9db, 3300 -10db, 3600hz -8db, 3800 -4db, 4000hz -2db, 4250 +1db, 4350hz +4db, 4400hz +5db, 4600 +8db, 4800 +7db, 4900 +6db, 5000hz +3db, 5150 0db, 5250 -4db, 5350hz -5db, 5400 -5db, 5600hz -5db, 5700 -4db, 6000 -4db, 6200 -5db, 6300 -6db,6500 -11db, 6600hz -12db, 6800hz -13db, 6900hz -13db, 7000hz -13db, 7200hz - 13db, 7500hz -11db, 7700hz -11db, 7900hz -11db, 8000hz -10db, 8200hz -11db, 8500hz -12db, 8800hz -14db, 8900hz -14, 9000hz - 14db, 9200hz -17db, 9300hz -17db, 9400hz -17db,
9500hz -17db, 9600hz -17db, 9900hz -17db, 10000 -14db, 11000 -4db,
11500 -2db, 16000 0db.Еве на фотографија Untitled.png како изгледа графиконот после балансирањето:
 
Последна промена:

TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.765
2.778
После стотици часови тестирање на еден куп нумери од различни жанрови на Samson SR 850 преку балансирање на цел фреквентен опсег во софтверскиот параметарски еквилајзер APO според моите истренирани уши ова се следниве параметри што треба да се внесат за да се добие линеарен опсег и со тоа да имате претстава како звучат мониторски слушалки и квалитетот на продукцијата секоја снимена нумера. Отстапувањето не би требало да биде поголемо од 1db плус минус од она што го имам внесено и секој според свој слух нека си направи своја корекција но во глобала мислам дека тоа е максимумот што може да се извади од слушалкиве.Сите што имаат Samson SR 850 нека пробаат дома па нека си кажат нивни впечатоци за ова балансирање:
10hz +3db, 20hz +2db, 40hz +1db, 70hz -1db, 100hz -1db, 200hz -3db
500hz -4db, 750hz -5db, 1000hz -6db,
1140hz -7db, 1200hz -5db, 1700hz -3db, 2000hz -1hz, 2200 -5db, 2350 -5db, 2500hz -6db, 2600hz -7db, 2800hz -8db, 3000hz -9db, 3300 -10db, 3600hz -8db, 3800 -4db, 4000hz -2db, 4250 +2db, 4350hz +4db, 4400hz +5db, 4600 +8db, 4800 +7db, 4900 +6db, 5000hz +3db, 5150 0db, 5250 -4db, 5350hz -5db, 5400 -5db, 5600hz -5db, 5700 -4db, 6000 -4db, 6200 -5db, 6300 -6db,6500 -11db, 6600hz -12db, 6800hz -13db, 6900hz -13db, 7000hz -13db, 7200hz - 13db, 7500hz -11db, 7700hz -11db, 7900hz -11db, 8000hz -10db, 8200hz -11db, 8500hz -12db, 8800hz -14db, 8900hz -14, 9000hz - 14db, 9200hz -17db, 9300hz -17db, 9400hz -17db,
9500hz -17db, 9600hz -17db, 9900hz -17db, 10000 -14db, 11000 -4db,
11500 -2db, 16000 0db.Еве на фотографијаПогледнете го атачментот 86644 како изгледа графиконот после балансирањето:

Што е ова бе?! И баба ми знае да испегла слушалки со волку филтри, поентата е со најмногу 10 филтри да ја испеглаш слушалката.

Мислам секоја чест си се потрудил. Но искрено, подобро да видеше графици од некој професионалец што ги измерил овие слушалки и врз основа на тоа да си направел филтри. Не верувам дека твоето уво е толку добро да распознавa фрефенции.
 
Audiofil

user
28 октомври 2007
1.155
556
Што е ова бе?! И баба ми знае да испегла слушалки со волку филтри, поентата е со најмногу 10 филтри да ја испеглаш слушалката.

Мислам секоја чест си се потрудил. Но искрено, подобро да видеше графици од некој професионалец што ги измерил овие слушалки и врз основа на тоа да си направел филтри. Не верувам дека твоето уво е толку добро да распознаве фрефенции.
Можеш и со 10 да пеглаш но ќе има многу повеќе отстапувања во целиот опсег односно со повеќе толеранција во децибели поради квалитетот на драјверите.А што се однесува до мерењето од професионалци секаде има различни податоци за графиконите односно отстапувањата така што некое пиштење што на уво се слуша на одредена фреквенција на графиконот не е регистрирано.Кај што на графиконот некоја фреквенција е пик на уво не е баш истата туку малку пред или после истата.На истиов принцип имам балансирано уште неколку пара бубици од ефтините кинески и бојата на звукот во 99% е истата.Единствена разлика има само во ширината на стеро сликата и во поставеноста на вокалите,некаде е поназад а некаде понапред.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.765
2.778
Можеш и со 10 да пеглаш но ќе има многу повеќе отстапувања

А фунцкионалноста за Q (Quality) на филтерот ко да ја имаш заборавено. Преку таа можеш да доловиш да нема многу отстапувања.

Епа добро, но сепак, тоа е цела наука и се купува скапа опрема да се измери фрекфентниот опсег на некоја слушалка. И јас можам да балансирам од уво, но секако дека тоа нема да е прецизно.

Сакаш да кажеш дека со EQ успеваш да постигнеш сите слушалки да звучат исто? Браво, секоја чест. Од денес стварно престанувам да ги пратам сите блогови и професионалци и тебе ќе ти ги праќам слушалките да ми правиш филтри. Може?

И може да ми објасниш каква сцена има на "бубици"? Јас мислев дека за да имаш осет за сцената, треба да има интеркација со надворешното уво... А бубиците немаат никаква интеркација со надворешното уво.
 
Audiofil

user
28 октомври 2007
1.155
556
А фунцкионалноста за Q (Quality) на филтерот ко да ја имаш заборавено. Преку таа можеш да доловиш да нема многу отстапувања.

Епа добро, но сепак, тоа е цела наука и се купува скапа опрема да се измери фрекфентниот опсег на некоја слушалка. И јас можам да балансирам од уво, но секако дека тоа нема да е прецизно.

Сакаш да кажеш дека со EQ успеваш да постигнеш сите слушалки да звучат исто? Браво, секоја чест. Од денес стварно престанувам да ги пратам сите блогови и професионалци и тебе ќе ти ги праќам слушалките да ми правиш филтри. Може?
Само ќе ти кажам дека дома слушам музика на Focal драјвери од средна серија на JM Lab со правени кутии пред 20 години и отстапувања од плус минус 2db.Ако имаш некои со повеќе отстапувања донеси било да се слушалки или бубици и на истиов начин ќе ти ги избалансирам бесплатно.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.765
2.778
Само ќе ти кажам дека дома слушам музика на Focal драјвери од средна серија на JM Lab со правени кутии пред 20 години и отстапувања од плус минус 2db.Ако имаш некои со повеќе отстапувања донеси било да се слушалки или бубици и на истиов начин ќе ти ги избалансирам бесплатно.

Фала, јас користам Dynaudio студиски монитори и знам што е всушност неутрален звук. Но, пробемот е во тоа што мислам дека само на слух, не може да се испегла слушалки. Но, ќе имам во предвид понатаму да донесам слушалки па да ги избалансираме.
 
Audiofil

user
28 октомври 2007
1.155
556
Фала, јас користам Dynaudio студиски монитори и знам што е всушност неутрален звук. Но, пробемот е во тоа што мислам дека само на слух, не може да се испегла слушалки. Но, ќе имам во предвид понатаму да донесам слушалки па да ги избалансираме.
Мислам дека кај мониторите дури и поскапите има отстапувања од плус минус 3дб што според мене е многу посебно ако варираат на многу пократко растојание.Кога ќе ги навикнеш ушите на ваков звук ќе почнеш да слушаш голема разлика помеѓу квалитетот на продукцијата кај различни нумери кој што дури сега го приметувам а не сум го забележувал порано без разлика дали се работи за странски нумери од било кој период снимени или од бившите ју простои.
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
780
2.092
Сите што имаат Samson SR 850 нека пробаат дома па нека си кажат нивни впечатоци за ова балансирање:

Ова делува како многу потрошени часови, што е за почит. Немам Samson SR 850 но во искушение сум да купам за да го пробам овој начин на корекција...

...единствено - како да го направам ова за извори кои не се компјутер?

Еве на фотографија како изгледа графиконот после балансирањето:

Дали може да поставиш фотографија за изгледот на графиконот после балансирањето со идентичен опсег на апциса и ордината на двата сегменти?

Зошто на финална крива имаш спуст од речиси 20dB на подрачје ~3.5kHz и повеќе од 20dB на подрачје ~10kHz? Ако ова е финалниот одзив, не гледам како е "балансирано". Ама оставам простор дека не ја разбирам фотографијата.

Само ќе ти кажам дека дома слушам музика на Focal драјвери од средна серија на JM Lab со правени кутии пред 20 години и отстапувања од плус минус 2db.

Би било извонредно ако можеш да напишеш (1) кои точно драјвери, (2) која точно кутија и (3) слушна референца, ако веќе ова тврдење е подлога за аргумент на авторитет.

20 години е многу богата аудиофилска кариера. Земајќи ја предвид посветеноста која води кон ова...

според моите истренирани уши

...дали редовно го проверуваш слухот кај аудиолог за слушни оштетувања кои следат со стареење на слушниот апарат?

Секое искуство би било добредојдено.
 
Audiofil

user
28 октомври 2007
1.155
556
Ова делува како многу потрошени часови, што е за почит. Немам Samson SR 850 но во искушение сум да купам за да го пробам овој начин на корекција...

...единствено - како да го направам ова за извори кои не се компјутер?

Дали може да поставиш фотографија за изгледот на графиконот после балансирањето со идентичен опсег на апциса и ордината на двата сегменти?

Зошто на финална крива имаш спуст од речиси 20dB на подрачје ~3.5kHz и повеќе од 20dB на подрачје ~10kHz? Ако ова е финалниот одзив, не гледам како е "балансирано". Ама оставам простор дека не ја разбирам фотографијата.

Би било извонредно ако можеш да напишеш (1) кои точно драјвери, (2) која точно кутија и (3) слушна референца, ако веќе ова тврдење е подлога за аргумент на авторитет.

20 години е многу богата аудиофилска кариера. Земајќи ја предвид посветеноста која води кон ова...

...дали редовно го проверуваш слухот кај аудиолог за слушни оштетувања кои следат со стареење на слушниот апарат?

Секое искуство би било добредојдено.
Ако немаш компјутер тогаш ќе мораш на друг начин да пуштиш уред кој генерира цел фреквентен опсег па да слушнеш каде има скокови и падови на опсегот.
Фотографија имам поставено погоре само не си ја отворил.На 3.5khz има скокови од околу 10db спрема интензитетот во однос на оние под 1khz кои ги имав како репер а најголемите пикови се токму од 9 до 10khz иако почнуваат веќе од 5200hz постепено да се качуваат.Еве најдов еден сајт кај што е мерен опсегот на слушалките па види го графиконот и спореди го со моите подесувања:
Samson SR850 Review [With Video] - Home Studio Basics
Драјверите ги купив од еден дечко кој ги носеше од Белград преку КОРАТО фирмата а ми ги препорача Владимир Филевски и тогаш китот чинеше 700 марки.Кутиите ми ги правеа легендарните браќа Сашо и Душко од Ченто и мислам дека ме чинеа 120марки.Што се однесува до слухот сега за сега ми е феноменален и досега не сум имал проблеми.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.765
2.778
Мислам дека кај мониторите дури и поскапите има отстапувања од плус минус 3дб што според мене е многу посебно ако варираат на многу пократко растојание.Кога ќе ги навикнеш ушите на ваков звук ќе почнеш да слушаш голема разлика помеѓу квалитетот на продукцијата кај различни нумери кој што дури сега го приметувам а не сум го забележувал порано без разлика дали се работи за странски нумери од било кој период снимени или од бившите ју простои.

Драјверите ги купив од еден дечко кој ги носеше од Белград преку КОРАТО фирмата а ми ги препорача Владимир Филевски и тогаш китот чинеше 700 марки.Кутиите ми ги правеа легендарните браќа Сашо и Душко од Ченто и мислам дека ме чинеа 120марки.Што се однесува до слухот сега за сега ми е феноменален и досега не сум имал проблеми.

Супер, тогаш ќе ги продадам моите монитори и ќе идам на DIY решение. Сигурен си дека можам да добијам апла неутрален звук со вакви звучки? Што драјвери би ми препорачал да купам за денешно време? Дали е тешко сам да ги сколопам?

Инаку, дали сеуште се активни браќата од Ченто или можеш да ми препорачаш некој други типци да ми направат квалитетни кутии. Би сакал да бидат од оплеменета иверица, ама да им се додаде piano лак финиш. Исто, дали ќе се приметуваат шајките на местата каде што се ковани кутиите?

А што појачало би требал да купам? Или сам да си направам и тоа? Имаш предлог и идеии како?
 
Полека не брзај.Ако сакаш ќе се видиме во живо кај тебе и на лице место ќе слушнеш 3 или 4 пара слушалки избалансирани на ваков начин па сам ќе си донесеш заклучок.Инаку чим имаш Динаудио монитори треба да се слушнат колкави варијации имаат и каде па да ги избалансираш инаку фирмата е врв и на твое место не би ги продал.Што се однесува до браќата се видов лани кај нив и активни се само повеќе работат со фирми.Треба да разговараш со нив за драјвери кои можат денес да се најдат а искрено воопшто не сум информиран дали некој увезува и што па да правиш математика за изработка на кутии.Инаку секогаш е за околу половина помал трошокот со правени кутии и драјвери со фабрички свртници отколку да ги купуваш готови под услов ако имаш нацрт скица од изгледот на кутијата.
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
780
2.092
На 3.5khz има скокови од околу 10db спрема интензитетот во однос на оние под 1khz кои ги имав како репер а најголемите пикови се токму од 9 до 10khz иако почнуваат веќе од 5200hz постепено да се качуваат.

Е така де - истото го реков и јас - ама во форма на прашање. Еве го пак - како е ова "балансиран" график со дипови од (пардон) -10dB на ~3.4kHz и -20dB на 10kHz?

Драјверите ги купив од еден дечко кој ги носеше од Белград преку КОРАТО фирмата а ми ги препорача Владимир Филевски и тогаш китот чинеше 700 марки.Кутиите ми ги правеа легендарните браќа Сашо и Душко од Ченто и мислам дека ме чинеа 120марки.

Чинам дека се разбравме и првиот пат, ама еве повторно - кои точно драјвери? Focal TC90, TC120, Audiom? 2-појасна, 2.5-појасна, 3-појасна кутија? Акустичка суспензија, портирана, трансмиссиона линија?

BTW, "свртница" е одличен збор. Крадам.

Што се однесува до слухот сега за сега ми е феноменален и досега не сум имал проблеми.

Гледаш, тоа е она кое ме интересира.

Не твојот слух, да не се разбереме погрешно, туку коефициентот на деградација/ослабување зависен од возраста. Верувам дека знаеш, слухот, како и останатите сетила, е (во најгруб концепт) предмет на интерпретација на надворешни импулси во однос на праг на чувствителност. Проблемот на тој концепт е што интерпретацијата ќе се адаптира како ќе се менува прагот (зависно од староста) и затоа мора да се следи.

Накратко, речиси е сигурно дека деградација на слушниот апарат постои со возраста, а ние не ја перцепираме. Ама затоа, аудиолог ја перцепира.

Или, на малку поинаков начин. Кога користиш мерен инструмент од било кој тип, истиот мора да се калибрира.

Како калибрираш истренирани уши?
 
alek99

hello world
28 јануари 2008
476
398
Субјективна работа е звукот/слухот:
1. Секој слуша различно
- докажано е дека со годините паѓа максиманлната фреквенција на слушање..., сум сретнал луѓе кои не слушаат една фреквенција (на пример само 9KHz).
2. Различни звучници, различно звучат
- иако на мерења и по спецификации покажуваат 'рамен' фреквентен одзив во слушното подрачје...
 
igor_xxxx

user
10 септември 2010
1.309
1.756

Audiofil

user
28 октомври 2007
1.155
556
Е така де - истото го реков и јас - ама во форма на прашање. Еве го пак - како е ова "балансиран" график со дипови од (пардон) -10dB на ~3.4kHz и -20dB на 10kHz?

Чинам дека се разбравме и првиот пат, ама еве повторно - кои точно драјвери? Focal TC90, TC120, Audiom? 2-појасна, 2.5-појасна, 3-појасна кутија? Акустичка суспензија, портирана, трансмиссиона линија?
Focal TC90 со 8 инчни басови двосистемски со полиглас мембрана.
BTW, "свртница" е одличен збор. Крадам.

Гледаш, тоа е она кое ме интересира.

Не твојот слух, да не се разбереме погрешно, туку коефициентот на деградација/ослабување зависен од возраста. Верувам дека знаеш, слухот, како и останатите сетила, е (во најгруб концепт) предмет на интерпретација на надворешни импулси во однос на праг на чувствителност. Проблемот на тој концепт е што интерпретацијата ќе се адаптира како ќе се менува прагот (зависно од староста) и затоа мора да се следи.

Накратко, речиси е сигурно дека деградација на слушниот апарат постои со возраста, а ние не ја перцепираме. Ама затоа, аудиолог ја перцепира.

Или, на малку поинаков начин. Кога користиш мерен инструмент од било кој тип, истиот мора да се калибрира.

Како калибрираш истренирани уши?
Ми поставуваш нелогично прашање или пак не ја разбираш суштината.Ако на некое место фреквенцијата отскокнува за 10db од нормалата по фабрички спецификации истата треба да ја стишиш најмалку за 10db за да ја израмниш со останатите под услов ако тоа пиштење не ти смета па продолжиш да ги слушаш така како што драјверот фабрички го изработиле.А дали отскокнува за толку споредуваш со фреквенциите пред и после таа за да слушнеш колку децибели треба да се зголемат или намалат како би се добил приближно иста јачина изразена во децибели. Што се однесува до драјверите Focal TC90 со 8 инчни басови двосистемски со полиглас мембрана.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.765
2.778
И јас би играл така, но само ако DIY решението помине барем низ сличен производствен процес како на примеров:

How Jupiter delivers Dynaudio’s trademark quality - Dynaudio

Епа моиве поминале низ ова. Тогаш можеби треба да си ги чувам afterall. :p

Дечки, ја мислам дека нема потреба више да дискутирме на оваа тема. Some of us had fun, други пробаа на доловат невалидна поента што не е поткрепена со факти...
 
Audiofil

user
28 октомври 2007
1.155
556
И јас би играл така, но само ако DIY решението помине барем низ сличен производствен процес како на примеров:

How Jupiter delivers Dynaudio’s trademark quality - Dynaudio

Е вака треба звучат избалансирани звучници или слушалки.По она што го слушнав немаше падови или скокови на ниедно место и се слушаше линеарен звук.Нормално за тие неколку секунди колку што се слушна целиот опсег никој не може да каде точно каде има осцилации но и да има не се поголеми од 1 или 2db.
 
Audiofil

user
28 октомври 2007
1.155
556
Еве интересно видео каде што присутните слушатели на врвна опрема можат да слушнат иста музика на 2 различни извори односно едниот е грамофон а другиот студиски магнетофон од легендарниот швајцарски производител STUDER:
View: https://www.youtube.com/watch?v=XT8ytRoJblo
 
Gaston

user
9 февруари 2011
1.732
3.159
Gaston's setup  
Audio
AR
Субјективна работа е звукот/слухот:
1. Секој слуша различно
- докажано е дека со годините паѓа максиманлната фреквенција на слушање..., сум сретнал луѓе кои не слушаат една фреквенција (на пример само 9KHz).
2. Различни звучници, различно звучат
- иако на мерења и по спецификации покажуваат 'рамен' фреквентен одзив во слушното подрачје...
Така е, само да се надоврзам.
Околу докажувањето, не е многу потребно нештото да се докажува, едноставно е логично.
Упростено вака изгледа нашето полжавче кое е одговорно за нашиот слух:

An-illustration-of-the-cochlea-and-its-tonotopic-development-across-the-frequency.jpg

На сликава јасно се гледа распоредот на фреквенциите.
На самиот почеток/влез* (овде илустриран како BASE) се високите фреквенции, а на крајот/врвот (APEX) се ниските.
Чеканчето кога удира на наковалната првенствено ги стимулира првите нервни влакненца кои се одговорни за прием на високите фреквенции.
Но тука интензитет на ударот е најсилен, а кон внатрешноста (кон Апексот) више значително слабее.
Тие нервни влакна на почетокот најмногу се изложени на трошење и оштетување, а нервните клетки не се регенерираат.
Hence, како старееме, така ги губиме високите фреквенции се повише и повише.

Па од таа причина, не е срамота малце да појачаме високи на појачалата со текот на годините :)

*влезот е исто така и излез кон евстахиевата туба. Има мембрана на средина од полжавчето, на сликава горе е со бледа розева боја. Кога ќе стигне звучниот бран до крајот (Апексот) врти назад кон излезот.
Евстахиевата туба е многу тенок канал. Лесно се затнува нели при нагли промени на висина/притисок, па пошто таа е одговорна за ослободување на полжавчето од заостанатиот звучен притисок, ни се дешава тоа што ни се дешава кога ни се „затнуваат ушите“.
 
k3b

hello world
12 декември 2017
404
331
Ме интересира дали некој пробал да закачи екстернален диск на av receiver и од дискот да пушта blueray? Читам за Denon конкретно некаде пишува дека дискот треба да е форматиран во fat ама ништо конкретно и точно.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно